ИТ фирми и пракси во Скопје

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.884
Баш би сакал да знам кој се тие фирми што даваат 800евра на почетник :)
Абе различни ви се дефинициите за почетник.
Овие што даваат по 800-900 евра за почетник, во реалност бараат почетници кои во многу фирми се џуниори, т.е кадар што веќе чепкал нешто и има солидно разбирање. Не за џабе прават по 5 интервјуа, и од 300 души ќе одберат 1-2ца.

Помали фирми немаат ни време да прават такви селекции, па одат на варијанти да вработат и некој со помало познавање од старт, и да го градат како кадар со тек на време. Затоа во таквите најчесто имаш 1-2 интервјуа, и си примен, али платата е соодветно на познавањето на тој кадар.

Ако работникот не почне да прави пари за фирмата во што е можно пократок период, никој нема да го плати 800 евра, ни таму не се газди: „Мајка Тереза“ и „Далај Лама“.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.460
Поени од реакции
2.464

Знам луѓе што почнаа во големите фирми и што имаа солидни предзнаења освен работите од факултет што се учеа, па до сега не сум чул за некој над 600 евра да зема, можно е да има но би рекол дека се outliers.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.967
Поени од реакции
11.780
Може ама периодите „ме мрзи“ ти се зголемуваат :)
Знам, тој што е вработен во компанијата како CTO накај 60 години фаќа, со каква пасија зборува за архитектура и патерни, ама избрал повеќе да не програмира :D
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.198
Поени од реакции
35.747
Многу се оптеретувате за плата ко за почетници. Бар два приоритети треба да се далеку пред платата за некој само што почнува, а не да се замара дали ваму му дале сто евра повеќе или на друго место 150 евра. Малку big picture гледајте, а не уште нема еден работен ден стаж, запнал платата па платата.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.554
Поени од реакции
26.067
и за 800 знам случај
Не е почетник, гарант имал солидно познавање, иако му било прво работно место. А можеби и искуство со фриленс.

Како што кажа @Lester Freamon малите фирми без некаква посериозна селекција внесуваат луѓе, од кои доста не ни имаат капацитет. Додека сватиш дека вработениот не го бива ти отишле три месеци, а он си набилдал искуство, кое уствари и не е искуство и ќе прелаже некоја друга малечка фирма, која ќе му избилда уште малце искуство :)

Во индустријата ситуацијата во моментов ти е „видела жабата го коваат коњот и кренала ногата“. Ако немаш HR да направиш добра селекција, додека најдеш добар човек ќе се окозиш. Поготово млад кадар. А одкако ќе го најдеш одма ќе го дознаат и ти го грабаат.
Автоматски споено мислење:

Знам, тој што е вработен во компанијата како CTO накај 60 години фаќа, со каква пасија зборува за архитектура и патерни, ама избрал повеќе да не програмира :D
Не избрал да не програмира, туку да не куца, си има чираци што куцаат наместо него.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.884
Знам луѓе што почнаа во големите фирми и што имаа солидни предзнаења освен работите од факултет што се учеа, па до сега не сум чул за некој над 600 евра да зема, можно е да има но би рекол дека се outliers.
Има и со такви плати, ама најчесто се „вундер кидс“, или дечки кои веќе имаат некакво искуство (работеле фриленс со некој познат, чепкале по нешто на нет и сл.). Познавам вакви луѓе, ама од мое искуство ова е минијатурен процент, мнозинството не знае на која планета се наоѓа од 3-6 месеци, и на такви ти гарантирам со две раце дека и овие фирми не му даваат по 800-900 евра за прва плата.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.554
Поени од реакции
26.067
Многу се оптеретувате за плата ко за почетници. Бар два приоритети треба да се далеку пред платата за некој само што почнува, а не да се замара дали ваму му дале сто евра повеќе или на друго место 150 евра. Малку big picture гледајте, а не уште нема еден работен ден стаж, запнал платата па платата.
И фирмите кај нас се криви до некаде за оваа ситуација. Ги научија луѓето, дека треба да си дадат отказ, за да добијат поголема плата. Значи не само што не ја наградуваат лојалноста, туку е обратно, ги наградуваат нелојалните.

Замисли како им е на лојалните работници, кога слушаат дека колегите се заканиле со отказ за да добијат поголема плата? Каква мотивација им даваш нив, со тоа што си му зголемил плата на тој што се заканил дека ќе си оди? Замисли во војска медалите да им ги даваат на оние што се закануваат дека ќе дезертираат. Така ги научија, така прават.

Кога сакаш да си одиш од фирмата дај отказ, кога сакаш да побараш поголема плата побарај. Не ги мешај овие две работи.
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
428
Поени од реакции
582
Ако немаш HR да направиш добра селекција, додека најдеш добар човек ќе се окозиш. Поготово млад кадар. А одкако ќе го најдеш одма ќе го дознаат и ти го грабаат.
Дали може да појасниш малку повеќе околу ова? Како другиве фирми дознаваат кој е добар, и како отприлика оди процесот на грабање(headhunting?) вработен од фирма?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.554
Поени од реакции
26.067
Дали може да појасниш малку повеќе околу ова? Како другиве фирми дознаваат кој е добар, и како отприлика оди процесот на грабање(headhunting?) вработен од фирма?
Па на пример ти си вработен и одиш во друга фирма, таму те прашуваат кој е добар во претходната фирма, го викаат на интервју, го тестираат и така..
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.420
Поени од реакции
7.759
Не е почетник, гарант имал солидно познавање, иако му било прво работно место. А можеби и искуство со фриленс.

Како што кажа @Lester Freamon малите фирми без некаква посериозна селекција внесуваат луѓе, од кои доста не ни имаат капацитет. Додека сватиш дека вработениот не го бива ти отишле три месеци, а он си набилдал искуство, кое уствари и не е искуство и ќе прелаже некоја друга малечка фирма, која ќе му избилда уште малце искуство :)

Во индустријата ситуацијата во моментов ти е „видела жабата го коваат коњот и кренала ногата“. Ако немаш HR да направиш добра селекција, додека најдеш добар човек ќе се окозиш. Поготово млад кадар. А одкако ќе го најдеш одма ќе го дознаат и ти го грабаат.
Автоматски споено мислење:

Не избрал да не програмира, туку да не куца, си има чираци што куцаат наместо него.
Па добро, до некаде е така, ама реално и фирмите имаат преголеми очекувања, и реално не може секогаш одма нов лик да знае се што се случува.

Сепак постојат многу underrated ствари кои предизвикуваат тешкотии за new hires. Такви ситници има многу. Искрено филтерот на кадар не треба толку да биде фокусиран на тоа "кој колку знае" и да се сетира тајмер до моментот кога новиот ќе почне да прави пари. Исто како што спомна @Ne_sum_ja погоре за опседнатоста со плати, треба и фирмите да ја гледаат големата слика а не да бидат водени од ситни петпарачки трговски манири и пристапи.

Според мене 80% круцијално би требало да биде колку новиот recruit се труди и колку има желба да учи. Останатото е "колку го бива".
Реално преголем притисок е за некој нов да се очекува дека нема да мора да зависи од постари и да му се сетира бројчаник кога ќе почне да прави плус за фирамта. И фирмите сакаат готов производ, немаат никаков onboarding план, проектите одамна веќе се преголеми за да има било каква СМИСЛА за правење документација (која е практично непостоечка насекаде).

Се заборава фактот што 99.9% од сегашниве сениори во минатото биле џуниори во канцеларија каде што активно и очи во очи може да се праша, на цигарче или што год може да замараат сениори и поискусни ликови. Денес remote тоа дополнително отежнува, и за џуниорот и за сениорот (од аспект што не е научен да "менторира" преку Teams или Slack).

Плус, фирмите многу често не се свесни дека да се посветат УБАВО, по 1-2 саати дневно на некој џуниор 2 недели, многу повеќе ќе бенефитираат така, отколку да не му посветуваат време ич и да го чекаат 3-6 месеци да му "кликне" во глава. Демек премногу е valuable времето на сениорите за да го "трошат" на менторирање, во очите на огромен дел од фирмите. Ако фирмата премногу хардкор влегува во пресметка на саати и пари, наместо просперитет тогаш тоа треба да е аларм.

Документација мислам дека веќе е научна фантастика во многу компании. Барем за преглед на архитектура да имаа еден power point, а многу често ни тоа го нема.

Cамите фирми кои уште на интервју ти ствараат притисок со разни корпоративни финти и ти даваат до знаење "Другар, имаш тајмер од прв ден".
Реално денес 3 месеци простор за "адаптација" на џуниор треба да биде default. Ако се труди (80%) и ако го бива (20%) тој треба да продолжи и да му се даде простор барем уште неколку месеци.

Премногу места и фирми со пристапи од типот "Еве ти бебче топка, играј сеа ракомет" или "Еве ти бебче море, ајде пливај да те видам".

Секако, си има секакви и фирми и работници, без оглед на големина и сениоритет.
 
Јас сум секогаш за обука, ама што правиме со моменталниот тренд на наддавање и менување фирми како чорапи?
Еве ти го земаш, да речеме за 700 евра месечно, 0 искуство, инвестираш ресурси да го обучиш интензивно, и за 6 месеци создаваш некој што конечно ќе почне на фирмата да и ги враќа парите што ги давала додека учел, па тек по месеци и да заработува. Дигаш плата, 20%, пак си на 850 евра, работникот фаќа магла во друга фирма каде му нудат 1000ка бидејќи добиле готов кадар и не си трошат време, ти остануваш заебан.

Затоа на некој начин се помалку фирми посветуваат време на обука, и горење на сениорите. Едноставно во ИТ моментално работите се сведени како да имаш размазано детенце кое со троа плачење добива поклони од: родители, баби и дедовци, и пак си го лади и не покажува резултати на школо.

Ако веќе летаат луди цифри, треба да лета и луд квалитет, а за тиња квалитет поарно ќе си ангажирам ѓупци од Пакистан и Индија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom