ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
22 јуни 2021
Мислења
12
Поени од реакции
12
Ќе ги наброи ли некој конечно тие 50+ најдобри ИТ фирми во Македонија?
 
Член од
4 август 2012
Мислења
158
Поени од реакции
57

Не си го губи времето во групава. Мој совет ти е да бараш помош и насоки на странски форуми, дискорд групи, јутјуб канали итн, верувај дека далеку повеќе ќе се офајдиш. Помалку его и суета има.

ОК, прашањево има врска со македонскиот пазар, па за да добиеш одговор пробај распрашај се по колеги/колешки од факс, професори/асистенти, познаници, па кажи ми и мене да знам кои се фирмите. Вработен сум, но сепак ме интересира оти јас од луѓето што ги познавам немам слушнато вакви работи какви што прочитав во претходните постови :D... а за се друго што те интересира применувај го горе напишаното.
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
730
Поени од реакции
924
Кога ќе стигнеш до medior-developer статус, колку е лесно да се мигрира во странски фирми/remote фирми ? Дали откако ќе имаш солидно искуство во индустријава, дали можеш брзо да најдеш работа ? Исто така гледам има многу ИТ фирми што нудат и помош за relocation ?
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Време е да се симнете од облаците и да го прифатите фактот дека просек за џуниор за првите 2-3 месеци е 350 еур во мк (нето) за било која технологија.

Едноставно е, секоја година излегуваат ~1000 нови џуниори а ~200 огласи. Принцип на понуда - побарувачка. То е то.
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
6
Поени од реакции
8

Тој што се помирува со тој факт значи дека нешто не е во ред со него - 350 ЕУР за кодирање од било која сфера е смешка. 350 ЕУР земаат чистачи/чистачки (не дека имам нешто против професијата) и интернисти. Доколку си интерн ОК е да земаш 350 ЕУР во МКД.
Од мое искуство како сениор што има спроведено над 100 интервјуа со потенцијални работници (од различни фирми) од интерн до сениор позиција можам да кажам дека просечна плата за интерн (на факс/свежо излезен од факс) е 400-500 ЕУР, џуниор 700-1000 ЕУР, се останато до 4000 еур.

Ова за огласите е сосема неточно, голем број од 'елитните' фирми не ставаат НИКАКОВ оглас за работа, но имаат headhunters кои тие самите ќе ве контактираат ако сте суфициентни со знаење и имате добар профил направено. Луѓето што ги вработуваат за ова навистина знаат што прават и се доста дискретни....
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516

Спомна 4000 евра. Е сега ја наеба. :D
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.571
Поени од реакции
17.970

Елитните фирми да беа толку прецизни со бројките кои што си ги ставил немаше да прашуваат колку плата очекуваш туку хедхантерот прво нешто што ќе направеше ќе му кажеше salary range на кандидатот кој што го контактирал.
 
Господе боже... Свесни ли сте дека ваквите глупости ги чита некој што скоро влегол во индустријата, па макар и некој што работи веќе подолго време и можеби навистина ќе си помисли дека нешто не е во ред со него вака како што сте тргнале вие 2-3 со муабетиве...
 
Јас стварно немам слушнато во последниве неколку месеци на некој без некое посебно искуство да му понудат договор со сума што надминува 400-450 еур. Можеби треба да сменам друштво јер изгледа нешто не е во ред со нив, не знам.
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
6
Поени од реакции
8
Спомна 4000 евра. Е сега ја наеба. :D
Нема врска, знам лично неколку души што земаат 6к+, остај ти тоа што на форумов 1.5к - 2к еур е табу тема. Ги прочитав сите страни одкако се регистрирав пред неколку дена. :D
Елитните фирми да беа толку прецизни со бројките кои што си ги ставил немаше да прашуваат колку плата очекуваш туку хедхантерот прво нешто што ќе направеше ќе му кажеше salary range на кандидатот кој што го контактирал.
Чоек не зборувам за хедхантери и што не кои што се замараат со почетници во професијата. Ако си џуниор или подолу што к*р ќе правиш освен ако не испраќаш CV-а 24/7 по огласи реални да бидеме. Има фирми со специфични потреби и на кои им треба професионалец на кој ќе може да му веруваат (ти праќаат понуда и NDA самите кои ти треба да си ги разгледаш со твојот адвокат пред да потпишеш).
Господе боже... Свесни ли сте дека ваквите глупости ги чита некој што скоро влегол во индустријата, па макар и некој што работи веќе подолго време и можеби навистина ќе си помисли дека нешто не е во ред со него вака како што сте тргнале вие 2-3 со муабетиве...
Можеби лошо се изразив во минатиот пост. Сосема нормално е да се прифати џуниорска позиција со 300 еур плата доколку поединецот се наоѓа во лоша финансиска ситуација и то му е единствена понуда, во секоја друга ситуација јас би рекол дека сам си ги кратиш нозете. Еден живот имаш и да се решиш да го трошиш со тоа што се продаваш самиот за поефтино автоматски те става во многу лоша позиција за следната работа што ќе ја бараш.
Автоматски споено мислење:

Јас стварно немам слушнато во последниве неколку месеци на некој без некое посебно искуство да му понудат договор со сума што надминува 400-450 еур. Можеби треба да сменам друштво јер изгледа нешто не е во ред со нив, не знам.
Не мислев никој да навредам, озбилно, извини така малце арогантно што го напишав постот. Многу е песимистичко настроена темава уште од прва страна, си реков да се уфрлам со неколку вистини.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.571
Поени од реакции
17.970
Чоек не зборувам за хедхантери и што не кои што се замараат со почетници во професијата. Ако си џуниор или подолу што к*р ќе правиш освен ако не испраќаш CV-а 24/7 по огласи реални да бидеме. Има фирми со специфични потреби и на кои им треба професионалец на кој ќе може да му веруваат (ти праќаат понуда и NDA самите кои ти треба да си ги разгледаш со твојот адвокат пред да потпишеш).
Околу 8 години сум околу IT секторот, 6.5 активно работно искуство. Вакво нешто од македонски хедхантери ко што ти ги нарекуваш немам доживеано. Најблиско нешто до тоа што ти го збориш беше компанија од Србија т.е нивни HR која имаше планови т.е отвори канцеларии тука кои ми дефинираа плата од колку до колку би се движела уште пред да се случи техничкото интервју. Со амерички компании искуството ми е исклучиво вакво, се дефинира salary range па после интервју.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Околу 8 години сум околу IT секторот, 6.5 активно работно искуство. Вакво нешто од македонски хедхантери ко што ти ги нарекуваш немам доживеано. Најблиско нешто до тоа што ти го збориш беше компанија од Србија т.е нивни HR која имаше планови т.е отвори канцеларии тука кои ми дефинираа плата од колку до колку би се движела уште пред да се случи техничкото интервју. Со амерички компании искуството ми е исклучиво вакво, се дефинира salary range па после интервју.
Платата се најнебитниот детал во тие муабети. Бизнис планови, таргети, продукти, кај тебе те гледаат во целата приказна, планови на среден рок, градење тим, бонуси, па тек последна точка во цела таа приказна е плата.
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
6
Поени од реакции
8
Платата се најнебитниот детал во тие муабети. Бизнис планови, таргети, продукти, кај тебе те гледаат во целата приказна, планови на среден рок, градење тим, бонуси, па тек последна точка во цела таа приказна е плата.
Во мојата кариера било сосема спротивно, најверојатно бидејќи влегов одамна во идустријата како сениор и тој што ми понудил работа во последните 7-8 години гледал да ми угоди мене и на моите потреби најпрво. Тоа со цел за да те задржат што повеќе, да не ствараат анксиозност и лош прв впечаток, но се знае секогаш дека единствен начин да се качува таа бројката на платата е да се менуваат компании, ако остануваш лојален на една компанија единствениот што ќе биде f*cked во ситуацијата си ти.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom