ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Кој кога некогаш побарал плата на прво интервју? :) Те прашуваат за сума.
Да, ама на хр интервју. Техничките евалуатори немаат пристап до таа информација. Барем кај нас.
Автоматски споено мислење:

Па истото им го правите и на овие што си го искажуваат своето негативно искуство, им викате дека се разгалени, дека лажат, дека ИТ не е за нив штом се пожалиле за ситуацијата бла бла. Не зборувам конкретно за тебе, ама овие сениориве со 100 годишно искуство опасни се, они се во право и туѓото кажано не важи, дезинформација е... Не секој може да се вработи во фенси фирма кај што даваат почетна плата од 500 евра, не секој има доволно информации и познаници по фирмите да им ги знае платите и условите за работа. Форумов стана "ситиот на гладен не верува".
Па ако дојдат тука и читаат ќе мислат дека нема работа за џуниори и дека платите се 300 евра. А не е баш така. Затоа е убаво да се чујат различни информации, дека не секаде е хорор, и дека не секаде е бајка.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.570
Поени од реакции
17.969
Да, ама на хр интервју. Техничките евалуатори немаат пристап до таа информација. Барем кај нас.
Зборам за интервју по скајп каде се присутни HR от и девелоперот. И не станува збор за мала фирма воопшто.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Зборам за интервју по скајп каде се присутни HR от и девелоперот. И не станува збор за мала фирма воопшто.
Те сфатив, ама ја никад не сум била на такво интервју. Обично муабетот за плата бил прво со хр, после со хед, менаџер и сл. Техничките интервјуа ми биле посебно.
 
Член од
22 јуни 2021
Мислења
12
Поени од реакции
12
Извинете на речник ама преку кур само да се плачело за нешто. Ништо не ви чини. Вакви у тим ич не сакам, го губат денот обвинувајќи се околу нив без да прифатат некоја критика или совет. Еве 2 страни се губат за членот што со 0 денови работен стаж и прва пракса се откажал губење време му било, ама парите не му се битни. И вакви у ИТ индустрија? Никогаш. Радо би чистачката у канцеларија да ја научам нешто.
1. Прашав само дали има некоја добра, саглам фирма во државава затоа што во претходните постови се изначитав за еден куп фирми што не чинат.
2. Споделив свое искуство, за жал негативно и за тоа добив повеќе потсмев наместо совети.
3. Кај бе прочита ти дека сум се откажала од ит?!?!?!
4. Да, парите не ми се битни на почеток, битно ми е да немам некој ваков "сениор" како тебе во тим, преполн со "разбирање" и "совети" према помладите и неискусни колеги.
5. Доколку моите постови не се во склад со темава, слободно админот нека ги избрише. Мислев дека поентата е тоа, да се добијат информации и да се споделат искуства. Сакам јас да ги избришам, бидејќи гледам дека сметам, но не ми се прикажува никаква опција за бришење.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Кај мене во тим, од 40тина луѓе, има петмина што земаат таква плата. Тоа се носителите на проектите. 5000 евра од човек месечно без проблем се наплаќа за било кој посериозен ресурс во ИТ горе (се наплаќа и 2 - 3 пати повеќе од тоа без некој посериозен проблем ако човекот го бива). Плус, ако си сервисна фирма и имаш таков човек, заради него може да добиеш уште 10 други позиции, ако го имаш, или да ја изгубиш тезгата ако го немаш.

Ако си продуктна, и продаваш продукт на запад, годишната сума на најдобриот човек многу веројатно е половина од месечната што ти ја плаќа било кој корисник на системот.

Некогаш е паметно да се слушаат совети...
Браво, ќе видиме ајде како ќе оди, засега моиве клиенти не се спремни да даваат толку, сме во преговори и со други па ќе видиме како ќе испадне.
Инаку имам сервиси, а по нарачка и кастамизиран продукт (еден работиме во моментов, и генерално за замарањето има помалку кеш на овој начин отколку чисто како сервис).
 
Член од
25 март 2019
Мислења
58
Поени од реакции
210
Па истото им го правите и на овие што си го искажуваат своето негативно искуство, им викате дека се разгалени, дека лажат, дека ИТ не е за нив штом се пожалиле за ситуацијата бла бла. Не зборувам конкретно за тебе, ама овие сениориве со 100 годишно искуство опасни се, они се во право и туѓото кажано не важи, дезинформација е... Не секој може да се вработи во фенси фирма кај што даваат почетна плата од 500 евра, не секој има доволно информации и познаници по фирмите да им ги знае платите и условите за работа. Форумов стана "ситиот на гладен не верува".
Јас на ситуацијата повеќе гледам дека баш пробуваат да ви ги отворат очите дека постојат и фирми кај што може да земеш таква почетна, и дека треба повеќе да си го цените трудот. Постојат срање фирми и газди - да. Постојат и такви кај што може ќе добиеш и поголема почетна плата, ама не нудат можност за учење и кариерна прогресија или ќе те забутаат да работиш со некои технологии од минатиот век што нема да ти додадат никаква вредност во ЦВ. Ама постојат и сосема коректни фирми кај што можеш добро да се продадеш, ако те бива, нормално. И најголем дел од нив се баш тие, како што ги викаш, „фенси фирми“, кои даваат солидни плати, ама и бараат квалитет.
Јас немам многу искуство во мк фирми, ама дел од сениориве со стогодишно искуство што сега тука ви пишуваат многу ми се најдоа со совети на почетокот на кариерата, иако тогаш немаа стогодишно искуство. А и сега гледам, во повеќе наврати кога ќе се пожали некој почетник дека не се наоѓа работа, се нудат да испратите ЦВ, за да го проследат во фенси фирмите.
Е сега, најголем дел од ИТ сме арогантни по дифолт. Како што ни расте сениоритет (и плата), ни расте и егото. Ама ти гарантирам дека информациите што ги даваат тука се сосема на место. Не одете одма во дефанзива, tough love почесто помага многу повеќе од тапшање по грб.
 
Ја уште чекам цв од дечкото што тврдеше дека на интервју викаат само со врски. Да не го тагнувам, ќе се препознае
 
Член од
25 март 2019
Мислења
58
Поени од реакции
210
Ја уште чекам цв од дечкото што тврдеше дека на интервју викаат само со врски. Да не го тагнувам, ќе се препознае
Па сакаш да му фатиш врски за интервју, нормално дека нема да ти пише. Од принцип.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
1. Прашав само дали има некоја добра, саглам фирма во државава затоа што во претходните постови се изначитав за еден куп фирми што не чинат.
2. Споделив свое искуство, за жал негативно и за тоа добив повеќе потсмев наместо совети.
3. Кај бе прочита ти дека сум се откажала од ит?!?!?!
4. Да, парите не ми се битни на почеток, битно ми е да немам некој ваков "сениор" како тебе во тим, преполн со "разбирање" и "совети" према помладите и неискусни колеги.
5. Доколку моите постови не се во склад со темава, слободно админот нека ги избрише. Мислев дека поентата е тоа, да се добијат информации и да се споделат искуства. Сакам јас да ги избришам, бидејќи гледам дека сметам, но не ми се прикажува никаква опција за бришење.
1. Праша и сама си даде одговор демек нема бе затоа сите за странски работат. Има ама ни месец дена не си барала одма си сигурна дека нема добри фирми.
2. Доби потсмев затоа што во ИТ индустрија треба многу живци, трпение, упорност. Ти се откажа после 4 месеци пракса, те молам прочитај си го уште еднаш тој пост да видиш колку смешно звучи.
3. Не реков дека се откажа од ИТ, туку од "напорната" пракса после 4 месеци.
4. Супер чим не ти се битни, и не треба да ти бидат на почеток. Искуството и знаењето јас го гледам како инвестиција за подобра иднина и работна позиција. И јас ваквите ги избегнувам у тим. Јас не се сметам за сениор без разлика на титулата, ама во секое време сум спремен да помогнам и да дадам совет. Затоа што и јас сум бил долги години на ова ниво кога сум имал милион прашања и ми требало помош. Ама немам трпение искрено за некои луѓе што се откажуваат на прва посериозна задача или препрека у животот/кариерата.
5. Еве совет, твоите постови се супер за темава, во склад се и не се за бришење. Погрешен ти е пристапот.
Доаѓаш на тема и одма обвинуваш без да почекаш некој да ти даде мислење.

И не мислам само на тебе да не ме сфатиш погрешно, ама дај малку размислете. У време на корона се жалите како е тешко да се најде работа за џуниор. Цел свет економијата е погодена, ИТ барем во мојот дел има повеќе работа отколку претходно... АМА се работи хоум офис и да ниеден сениор нема време да се замара да се објаснува со џуниор. Ама со упорност, желба за учење се се постигнува. Јас на пример не сакав да работам за МК компании, највеќе ради луѓето не за парите. Бев на ФИНКИ, работев друга бранша и меѓувремено зимав курсеви и сертификати за да најдам работа во ИТ сектор како што ми одговара, без да се жалам дека немало добри фирми.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.455
Поени од реакции
2.462
А кои се тие најголеми фирми во државава?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Па истото им го правите и на овие што си го искажуваат своето негативно искуство, им викате дека се разгалени, дека лажат, дека ИТ не е за нив штом се пожалиле за ситуацијата бла бла. Не зборувам конкретно за тебе, ама овие сениориве со 100 годишно искуство опасни се, они се во право и туѓото кажано не важи, дезинформација е... Не секој може да се вработи во фенси фирма кај што даваат почетна плата од 500 евра, не секој има доволно информации и познаници по фирмите да им ги знае платите и условите за работа. Форумов стана "ситиот на гладен не верува".
Апсолутно никој на никому не вика дека не е точно дека тој или таа не се наоѓал во ситуација во каква се наоѓал. Ама кога се прави муабет за општата слика во секторот, тенденциозно е да се гради на лично искуство.

Објективните критериуми на пазарот се овие:
1624569009357.png

Секторот за кој збориме во 2010 имал 1301 вработен. Во 2019та (за жал тоа е последна година во која ДЗС имаат официјален податок) има 8385 вработени. Отприлика пораснал за 6 пати. И во тие 8300 луѓе (мислам дека сме над 10.000 денес, раст за 7 пати) нема многу сениори со 10+ години искуство. Теоретски може да имам максимум 1301. Иако не се ни толку, повеќе од пола од нив заминати во странство за време на гадните години.

Така да, прво, опасни сениори не постојат. Ова е пазар на претежно млади луѓе, во кој секој се снаоѓа според капацитетот.

Втор податок, просечната плата.
https://www.stat.gov.mk/publikacii/2021/Bilten 05 MAK.pdf страна 70
За првите 3 месеци годинава, на околу 10.000 вработени е 71.000 денари. Пред десет години, кога биле 1300 вработени била околу 26000 до 30000, немале ни посебна ставка. (https://www.stat.gov.mk/Publikacii/Bilten_04_10_M.pdf, страна 68 и 70).

Слободно најди било кој друг сектор во државава што толку го зголемил бројот на вработени, а притоа ја триплирал просечната плата.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.919
Поени од реакции
11.593
Ја уште чекам цв од дечкото што тврдеше дека на интервју викаат само со врски. Да не го тагнувам, ќе се препознае
Јас сам ти се понудив за интервју, а ти не ми ни реплицираше :(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom