ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
22 јуни 2021
Мислења
12
Поени од реакции
12
Не те сфатив, се откажа зашто не добиваше доволно супорт од посениори? Можеби фирмата не ти се погодила, ако си вложил толку труд можеби едноставно треба да пробаш во друга фирма. И да, има периоди и во најлабавите фирми кај што се убиваш од работа, сонуваш работа не стануваш од столче. Ама на крајот на денот тоа е животот на еден вработен. Минус оние од администрација, во секоја фирма ти бараат да си го заработиш лебот.
Автоматски споено мислење:
Конечно некој со нормален одговор, а не одговори од типот "многу сте разгалени, сакате високи плати бла бла". Два пати потенцирав дека парите не ми се важни, а тие почетни суми од 450-500 евра што ги споменувате ги има само во Нетцетера и уште 3-4 фирми максимум,во другиве фирми треба да си среќен ако стигнеш до 350-400 евра после една година работа.

Да, не добивав скоро па ич супорт и сметам дека тоа не е добро за почетник. Прегорев од нервоза и разочараност, ама очигледно за некој тоа е "разгаленост" и не треба да "мрчиме", треба се да прифаќаме и да си ќутиме дека нели "Знаеш ли ти како беше јас кога се вработив пред 100 години, па не се жалев".
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.138
Поени од реакции
25.568

Ако после година дена треба да си среќен да стигнеш до 350-400 евра, ИТ не е за тебе. Тоа е тоа, не се може да се погоди. Можам д ги набројам над 50 фирми во кои почетната плата е повисока од тоа.
 
Не знаеш да прочиташ работи што сто пати ги потенцирам, те молам не ми реплицирај веќе. Поздрав.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.913
Поени од реакции
12.402

МММ не.
Јас почнав пред 5 години со 300 еур плата, првата година стигнав до 400-450, така нешо. И сите околу мене што ги знам почнаа со толку, ретко кој почна со над 500 еур.
Шо мислам дека е ок за почетник. После 2рата година на сите им скока нагло платата, ама не си толку изгубен германец.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.138
Поени од реакции
25.568
Не знаеш да прочиташ работи што сто пати ги потенцирам, те молам не ми реплицирај веќе. Поздрав.
Не, ти од твоето искуство правиш генерално правило. Затоа што ти си немал таква плата, немало такви плати. Затоа што ти си немал сапорт, немало сапорт. Затоа што тебе ти било тешко, ИТ секторот бил хорор.

За човек со 0 денови искуство, носење такви генерални заклучоци е прилично смело. И е мислидинг за други луѓе што ја читаат темава. Така да, се додека од твоето искуство правиш генерално правило, нема да поминеш без реплицирање. :)
МММ не.
Јас почнав пред 5 години со 300 еур плата, првата година стигнав до 400-450, така нешо. И сите околу мене што ги знам почнаа со толку, ретко кој почна со над 500 еур.
Шо мислам дека е ок за почетник. После 2рата година на сите им скока нагло платата, ама не си толку изгубен германец.
Пред 5 години, да. Денес, 800 се новите 500.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.913
Поени од реакции
12.402
Пред 5 години, да. Денес, 800 се новите 500.
800? :pos::pos:

Не се согласувам. Баш сега има многу повеќе расположлив кадар, најтешко според мене во моментов е да се вработиш како џуниор.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.138
Поени од реакции
25.568
800? :pos::pos:

Не се согласувам. Баш сега има многу повеќе расположлив кадар, најтешко според мене во моментов е да се вработиш како џуниор.
Ти може не се согласуваш, ама јуниориве што ми се во тим, ако после првата година не се на 800 евра, фаќаат штрафта ко од шала. 30% ги губиме во првата година. А расположлив кадар што да ти кажам, имаме повеќе отворени позиции од луѓе што ги поминуваат елиминационите тестови. :)
 
Член од
22 јуни 2021
Мислења
12
Поени од реакции
12
Не, ти од твоето искуство правиш генерално правило. Затоа што ти си немал таква плата, немало такви плати. Затоа што ти си немал сапорт, немало сапорт. Затоа што тебе ти било тешко, ИТ секторот бил хорор.

За човек со 0 денови искуство, носење такви генерални заклучоци е прилично смело. И е мислидинг за други луѓе што ја читаат темава. Така да, се додека од твоето искуство правиш генерално правило, нема да поминеш без реплицирање. :)

Пред 5 години, да. Денес, 800 се новите 500.
1. Си интерпретираш работи како што тебе ти одговараат
2. Живееш во друга држава или во некој паралелен универзум
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.138
Поени од реакции
25.568
1. Си интерпретираш работи како што тебе ти одговараат
2. Живееш во друга држава или во некој паралелен универзум
Јас сум спремен да зборам со цифри и имиња на фирми. Ајде раскажи ти за твојот универзум, па да ги споредиме.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.913
Поени од реакции
12.402
Ти може не се согласуваш, ама јуниориве што ми се во тим, ако после првата година не се на 800 евра, фаќаат штрафта ко од шала. 30% ги губиме во првата година. А расположлив кадар што да ти кажам, имаме повеќе отворени позиции од луѓе што ги поминуваат елиминационите тестови. :)
Ако 800 еур зема џуниор со една година искуство, колку земаат сениорите? Не сум во МК, немам допир со платите, баш ме интересира.

Ако некој знае дека вреди 800 и може да се продаде за толку, па и за повеќе, супер. Реалноста е дека голем број џуниори се изгубени првата година, година и пол.
 
Член од
25 март 2019
Мислења
59
Поени од реакции
216

Епа тука е разликата од кај вас и просечна фирма во Македонија. Ако имате елиминациони тестови и интервјуа доволно добри за да го исфилтрираат кадарот, значи примате прилично способни џуниори и не е ништо чудно што ќе сакаат да си го наплатат знаењето и трудот.
Помаливе фирми имаат пониски критериуми, и се водат по тоа плаќај му 3 месеци по 300 евра, па ако се погоди - се погоди, ако не дај друго дете.

Земаат, не се веќе ретки тие со година-година и пол искуство и 800-900 евра плата. Далеку од тоа дека сите џуниори земаат толку, ама поспособните немаат проблем да стигнат до таа сума, ако добро истражат пред да изберат фирма.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Конечно некој со нормален одговор, а не одговори од типот "многу сте разгалени, сакате високи плати бла бла". Два пати потенцирав дека парите не ми се важни, а тие почетни суми од 450-500 евра што ги споменувате ги има само во Нетцетера и уште 3-4 фирми максимум,во другиве фирми треба да си среќен ако стигнеш до 350-400 евра после една година работа.

Да, не добивав скоро па ич супорт и сметам дека тоа не е добро за почетник. Прегорев од нервоза и разочараност, ама очигледно за некој тоа е "разгаленост" и не треба да "мрчиме", треба се да прифаќаме и да си ќутиме дека нели "Знаеш ли ти како беше јас кога се вработив пред 100 години, па не се жалев".
Се согласувам дека не е добро. Ама пак ќе речам, не знам во која фирма било ова, ама не се сите исти. Големите фирми кубурат со кадар и единствен начин да растат во бројка е да обучуваат џуниори зашто и ним им е во прилог да станат што побрзо корисни. Информациите со кои располагаш ти се во голема мера неточни и штета би било поради тоа да се откажуваш. Пробај си во други фирми. Не се 3-4 што бараат џуниори и даваат убави плати. Повеќе се.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.138
Поени од реакции
25.568
Ако 800 еур зема џуниор со една година искуство, колку земаат сениорите? Не сум во МК, немам допир со платите, баш ме интересира.

Ако некој знае дека вреди 800 и може да се продаде за толку, па и за повеќе, супер. Реалноста е дека голем број џуниори се изгубени првата година, година и пол.
Изгубени се од аспект на цел девелопмент циклус, ама во код добро се снаоѓаат, знаат да искуцаат ствари и има фирми што им даваат 800. Сениори земаат од 1500 (ентри левел, некое поамбициозно дете) до 2500 (баш сениори). Ако покрај кодирање има и менаџерски или лидерски одговорности од 2000 нагоре, до колку договориш.

И ова не е само во една фирма или една технологија. Знам доста луѓе што работат во .NET и Java, во различни фирми со слични рангови.
Епа тука е разликата од кај вас и просечна фирма во Македонија. Ако имате елиминациони тестови и интервјуа доволно добри за да го исфилтрираат кадарот, значи примате прилично способни џуниори и не е ништо чудно што ќе сакаат да си го наплатат знаењето и трудот.
Помаливе фирми имаат пониски критериуми, и се водат по тоа плаќај му 3 месеци по 300 евра, па ако се погоди - се погоди, ако не дај друго дете.
Кај нас не е дозволено да не се погоди, зошто не сакаме да отпуштаме луѓе.

Ама ок, дури и да е така, ако се погоди, ќе мора после тие 3 месеци да му дадат повеќе од 300, инаку ќе замине, нели? Ако не се погоди, јебига, на кој му е гајле?
 
Член од
25 март 2019
Мислења
59
Поени од реакции
216
Кај нас не е дозволено да не се погоди, зошто не сакаме да отпуштаме луѓе.

Ама ок, дури и да е така, ако се погоди, ќе мора после тие 3 месеци да му дадат повеќе од 300, инаку ќе замине, нели? Ако не се погоди, јебига, на кој му е гајле?
Точно, во право си. Ама ако после 3 месеци му понудиш да речеме 400, па после 7-8 месеци 500, а тоа е дете кое само што излегло од факултет и нема искуство во индустријата, нема да има поим дека со истото знаење и труд во друга фирма ќе може да извади 800 евра, освен ако нема многу контакти во различни фирми. Да не збориме за фактор самодоверба и убеденост дека тие што ги земаат тие 800 евра се вонземско интелигентни и способни. :rolleyes:

Мене првото покачување ми беше од 15500 на 20000 денари. И се радував тогаш, пошто не знаев дека можело подобро. :D После со искуството, расте и самодовербата и не ти е проблем и сам да си побараш колку мислиш дека заслужуваш.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.138
Поени од реакции
25.568
Мене првото покачување ми беше од 15500 на 20000 денари. И се радував тогаш, пошто не знаев дека можело подобро. :D После со искуството, расте и самодовербата и не ти е проблем и сам да си побараш колку мислиш дека заслужуваш.
Пак не можам да преминам преку ова. Имаше газда на фирма што ти понуди плата од 15500? Или некој генијален ти рече толку да побараш? :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom