ИТ фирми и пракси во Скопје

LustingVertigo

Puppets. I pull their strings,they dance.
Член од
1 декември 2017
Мислења
402
Поени од реакции
367
Другар не ме сфаќај погрешно ама ми имаш упаднато во очи дека по форумов само прашуваш за фирми и работни места :) Не губи време со пребарување и аплицирај секаде каде што мислиш дека ќе бидеш од помош. Ми делуваш дека си на почеток од кариерата, не треба да те интересира од почеток дали се нудат бајки и розеви приказни, туку искуство да собираш.
Бев на интервју, затоа прашувам бидеќи сакав да дознаам малку за самата фирма.

Точно, џуниорче сум сеуште. Не ме интересираат бајки и розеви приказни, не прашувам колку плаќаат и какви се условите, туку како што пиша, најбитно ми е искуството и знаењето кое ќе го придобијам. :)

Аплицирам на сите позиции каде што мислам дека можам да функционирам.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.192
Поени од реакции
195.429
Бев на интервју, затоа прашувам бидеќи сакав да дознаам малку за самата фирма.

Точно, џуниорче сум сеуште. Не ме интересираат бајки и розеви приказни, не прашувам колку плаќаат и какви се условите, туку како што пиша, најбитно ми е искуството и знаењето кое ќе го придобијам. :)

Аплицирам на сите позиции каде што мислам дека можам да функционирам.
Каде и да те викнат влези:)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
9.631
Поени од реакции
18.861
Бев на интервју, затоа прашувам бидеќи сакав да дознаам малку за самата фирма.

Точно, џуниорче сум сеуште. Не ме интересираат бајки и розеви приказни, не прашувам колку плаќаат и какви се условите, туку како што пиша, најбитно ми е искуството и знаењето кое ќе го придобијам. :)

Аплицирам на сите позиции каде што мислам дека можам да функционирам.
Искуството зависи од многу фактори: од тебе, во кој период си бил во одредена фирма, од тековни проекти/клиенти, колегите...
Какво ќе ти биде искуството генерално зависи од колегите, а не од сопственичката структура на самата компанија, нив ги гледаш секој ден, а газдата ретко/никогаш.

Освен ако не си чудо од дете не пребирај многу-многу, почни таму каде што ќе те примат (нормално за технологиите кои те интересираат и имаш некакво знаење).
 
Член од
17 август 2011
Мислења
6.529
Поени од реакции
10.427
Бидејки не сум бил на интервју до сега, малце помош:) Се мислам да се пријавам на ова академијата на Scalefocus. Во предзнаења бараат дата структури, алгоритми и ООП принципи, како и познавање на гит. Ме интересира од кој тип се генерално тестирањата во фирмите. Задачи како на факултет, прашања?
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
438
Поени од реакции
879

Секаде е различно.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
438
Поени од реакции
879
Може некој пример :) Дали треба да вежбам задачи, или поише се за практични проекти прашањата.
Имавме мислам во темава дискутирано подетално. Иначе сакав да кажам зависи од фирма до фирма, некаде те прашуваат теоретски прашања во врска со тек-стекот, некаде решаваш алгоритми, а некаде може и да ти дадат да изработиш проект/задача дома, па тек после на техничко интервју. Во најголем дел од фирмите комбинација од се по малку. :D
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.170
Поени од реакции
7.127
Сте виделе ли до сега по огласи повик за џуниор или практикант за NodeJS? Единствено сум сретнал за NodeJS Devs со 3+ години работно искуство, чудна работа максимално. Како би нашле работа/пракса за да стигнат до тие 3+ години ...
 
LustingVertigo

Puppets. I pull their strings,they dance.
Член од
1 декември 2017
Мислења
402
Поени од реакции
367
Дали 32K е добра сума за Junior позиција ?
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.507
Поени од реакции
9.667
Дали 32K е добра сума за Junior позиција ?
Ако штотуку почнуваш со работа, многу добра плата.

Ако си џуниор со околу една година искуство може и подобро.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom