ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.260
Поени од реакции
1.077
Не мислев никој да навредам, озбилно, извини така малце арогантно што го напишав постот. Многу е песимистичко настроена темава уште од прва страна, си реков да се уфрлам со неколку вистини.
Не е фрка, ко што викаш, навикнати сме на се и сешто во темава. Примарно е наменета за пракси и фирми во Скопје а над 50% од мислењата се за сениорски плати и како е во странство. :D

Сакав само да ви ја доловам малку од малку реалноста во Скопје јер од мислењава заклучувам дека ви избегала од поодамна или едноставно не сте во тие кругови па зборите од ракав.
Кај мене мислам дека почетна е 20.000. Свесен си дека од 10 луѓе најмалку 9 би ја прифатиле понудата, така? На тие 9 да им речеш за минималец 14.300 или колку и да е, убеден сум дека најмалку 3-4 би прифатиле. Поентата е, платата воопшто не е битна за интернист или џуниор во првите 2-3 месеци. Не е дека се удрени во мозок, туку дека едноставно тешко доаѓаат до шанса (ма да пишав и пред некој месец, од тоа што го читаме на темава од некои со каков став настапуваат и разбирливо е и зошто) и е дај шта даш само за искуство и да се научи нешто плус. Тоа што чистачка зема 350 е битно само после 2-3 месеци доколку има стагнација во платата.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.044
Поени од реакции
14.106
Од мое искуство како сениор што има спроведено над 100 интервјуа со потенцијални работници (од различни фирми) од интерн до сениор позиција можам да кажам дека просечна плата за интерн (на факс/свежо излезен од факс) е 400-500 ЕУР, џуниор 700-1000 ЕУР, се останато до 4000 еур.
Абе секако, 700 - 1000 евра како џуниор можеби во 5 фирми во државава.

Реалноста е таа што е пишана погоре.
Почетна плата за џуниори во 95% од фирмите се движи до максимум 400 евра. Тие 5% се исклучок.

Со муабетиве дека џуниор зима 1000 евра маркетинг тераат и академиите, а реалноста е дека поголемиот дел од кај нив тешко доаѓаат и до позиција за пракса, а не пак 1000 евра почетна плата.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
9.935
Поени од реакции
19.824

Мислам дека проблемот лежи во семантиката.
Едните говорите за некој што бара работа после пракса и го третирате за џуниор позиција, а другите за џуниор бараат работи што не се учат во година и кусур.
Сум видел огласи за џуниор со барања:бекенд јазик, фронтенд фрејмворк, клауд, бази и тн.
1 од 100 што завршува факултет/академија прашање дали го знае ова после година работа.

Да, за ваков да ќе дадат 800 евра, ама ова е готов кадар а не почетник, овие за 400 евра бараат пола од ова и се подобра опција за почетник од големиве што имаат далеку поголемо очекување.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
13.518
Поени од реакции
20.367
Човек со 0 дена работно искуство не е џуниор. Тој едноставно не е дел од професијата.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
9.935
Поени од реакции
19.824
Па тоа е муабетот, не се разбирате тука семантички.

Децава тука кажуваат дека на почеток никој не им дава повеќе од 300-400 евра, вие викате 800, ама тој почетник што го барате треба да има работено мин година дена на место каде има шанса да учи за да влезе на тој оглас, или 2 ако учел на потежок начин т.е самиот.

Значи пак доаѓаме на истото: почеток после факултет /академија (пракса) 8-10к денари, прво вработување после праксата 300-400евра макс, после 2 години работа џуниор 650-800 евра.

Таа е реалноста во моментов, па и во последните неколку години.

800 евра после факултет (читај на 22-23 год најчесто) се апла реткост, обично луѓе кои паралелно на факултетот имале поминато и екстра курсеви/прилика да учат од некој.
 
Никој не пиша 800 за почетник, туку 800 за јуниор, после година релевантно работно искуство. Почетници, во сериозните фирми (кои креираат 60% од новоотворените во просек 1000 работни места годишно) почнуваат бар со 450 евра (максимум за кој имам слушнато е 600). И имаат степови, после 3, после 6 месеци.

Моментално (во последниве 4 месеци), пазарот е раздвижен како што последен пат бил во 2015-2016та.
 
Член од
4 август 2012
Мислења
158
Поени од реакции
57

Тоа е тоа друже :bravobe: Ова е реалноста и не ги депримирајте луѓето говорејќи им дека нешто не е во ред со нив што земале и прифаќале позиции за вакви плати. (Пре)голем е бројот на ентри-левел дечки што не можат ни пракса да најдат, а камоли вработување, така да нормално дека ќе работи некој за овие суми. Соодносот на понудата и побарувачката си го прави своето и тоа е тоа.
 
LustingVertigo

Puppets. I pull their strings,they dance.
Член од
1 декември 2017
Мислења
403
Поени од реакции
368
Па тоа е муабетот, не се разбирате тука семантички.

Децава тука кажуваат дека на почеток никој не им дава повеќе од 300-400 евра, вие викате 800, ама тој почетник што го барате треба да има работено мин година дена на место каде има шанса да учи за да влезе на тој оглас, или 2 ако учел на потежок начин т.е самиот.

Значи пак доаѓаме на истото: почеток после факултет /академија (пракса) 8-10к денари, прво вработување после праксата 300-400евра макс, после 2 години работа џуниор 650-800 евра.

Таа е реалноста во моментов, па и во последните неколку години.

800 евра после факултет (читај на 22-23 год најчесто) се апла реткост, обично луѓе кои паралелно на факултетот имале поминато и екстра курсеви/прилика да учат од некој.
Држи вода ова !
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
9.935
Поени од реакции
19.824
Никој не пиша 800 за почетник, туку 800 за јуниор, после година релевантно работно искуство. Почетници, во сериозните фирми (кои креираат 60% од новоотворените во просек 1000 работни места годишно) почнуваат бар со 450 евра (максимум за кој имам слушнато е 600). И имаат степови, после 3, после 6 месеци.

Моментално (во последниве 4 месеци), пазарот е раздвижен како што последен пат бил во 2015-2016та.
Џуниор е многу општ термин.
Во претходната фирма после пракса тие што беа примени беа со титула џуниор и плата од 20-24к. После 2 години беа уште џуниор или постар џуниор со плати од 650-750.
Ова што го пишуваш за 800 е "постар џуниор", не апла нов, семантиката треба да се потсреди.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
1.928
Поени од реакции
4.786

Абе со очи да видиш нема да веруваш нели?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
9.935
Поени од реакции
19.824
Тоа е тоа друже :bravobe: Ова е реалноста и не ги депримирајте луѓето говорејќи им дека нешто не е во ред со нив што земале и прифаќале позиции за вакви плати. (Пре)голем е бројот на ентри-левел дечки што не можат ни пракса да најдат, а камоли вработување, така да нормално дека ќе работи некој за овие суми. Соодносот на понудата и побарувачката си го прави своето и тоа е тоа.
Тоа е реалноста, како и да се свртиш.
Ти зборувам и од аспект на искуство и како сопственик на ит фирма.
Апла почетници едноставно нема како да ги платиш над 300 евра, се што работат мора да го проверат поискусните (трошат и нивно време кое и така е мањак), плус продуктивноста и знаењето е мало.
Автоматски споено мислење:

Абе со очи да видиш нема да веруваш нели?
Кажав и погоре, почетници што знаат бекенд јазик, фронтенд фрејмворк, бази, клауд, протоколи се апла ретки. Тоа ќе го знае после 1-2 години работа.
Огласот може да вика џуниор, ама дефиницијата за џуниор е лабава.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
6.810
Поени од реакции
11.225
https://scalefocus.academy/
Ми излезе ова на линкедин,бесплатна академија со можност за вработување. Е сега бараат одредено предзнаење (ќе тестираат) за објектно, алгоритми и тн. Веројатно може и од кај нас да се пријавиш, имаат претставништво тука.
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.260
Поени од реакции
1.077
Џуниор е многу општ термин.
Во претходната фирма после пракса тие што беа примени беа со титула џуниор и плата од 20-24к. После 2 години беа уште џуниор или постар џуниор со плати од 650-750.
Ова што го пишуваш за 800 е "постар џуниор", не апла нов, семантиката треба да се потсреди.
Тоа е тоа. Изгледа според сениориве гапот од 1 година по вработување се нарекува интернист, а потоа настапува џуниор позиција. Тоа што има дечки што се убиваат од куцање и имаат деливери во таа една година нема везе, тие не се дел од професијата.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
13.518
Поени од реакции
20.367
Тоа е тоа. Изгледа според сениориве гапот од 1 година по вработување се нарекува интернист, а потоа настапува џуниор позиција. Тоа што има дечки што се убиваат од куцање и имаат деливери во таа една година нема везе, тие не се дел од професијата.
Има везе. Тие почнуваат како сите, со 500 евра, после 3 месеци ако двојат добиваат 700. После 6 - 900. Ако стварно имаат деливери, после година најмногу што стигнал човек за кој јас сум бил одговорен после една година е 1150. Годинава се надевам дека ќе успеам да ја подобрам таа бројка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom