ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
17 август 2011
Мислења
9.765
Поени од реакции
17.477
Не знам баш дали е така...
Зависи колку си "подобар".
Да речеме бараат некој со 3/4 години искуство (иако нели искуството не е меродавно, ама во Македонија сеуште најбитно е искуството пошто сме затуцани).
А ти, ако си со 6 години искуство, бараш 700-1000 евра повеќе од некој што има 3.5 години искуство и го процениле дека "ќе му треба време, ама после 2 месеци ќе брка работа", ќе го изберат другиот и око нема да им трепне.
Приметувам дека самите отпуштања и пореметувањата на пазарот предизвикуваат да луѓе со 6/7+ години искуство не аплицираат на lead/principal позиции, туку аплицираат на сениорски позиции. До таму е дојдено да мораат на пониски позиции да аплицираат. Сениори аплицираат на мид позиции, мидови на џуниор позиции и тн и тн...
Сеуште ми е прилично бизарно како еден цел сектор кој до пред 2 години беше ултра просперитетен, одеднаш се претвори во "мала бара пуна крокодила", ултра хардкор сектор.
Demand and supply :D ali da ne se lazeme, nema niso hardcore tuka. Za ova so platata od moe iskustvo ne bilo bas taka, bar za golemive servis kompanii. Ali i ja sum relativno nov, mozhe sum greska.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.932
Не знам баш дали е така...
Зависи колку си "подобар".
Да речеме бараат некој со 3/4 години искуство (иако нели искуството не е меродавно, ама во Македонија сеуште најбитно е искуството пошто сме затуцани).
А ти, ако си со 6 години искуство, бараш 700-1000 евра повеќе од некој што има 3.5 години искуство и го процениле дека "ќе му треба време, ама после 2 месеци ќе брка работа", ќе го изберат другиот и око нема да им трепне.
Приметувам дека самите отпуштања и пореметувањата на пазарот предизвикуваат да луѓе со 6/7+ години искуство не аплицираат на lead/principal позиции, туку аплицираат на сениорски позиции. До таму е дојдено да мораат на пониски позиции да аплицираат. Сениори аплицираат на мид позиции, мидови на џуниор позиции и тн и тн...
Сеуште ми е прилично бизарно како еден цел сектор кој до пред 2 години беше ултра просперитетен, одеднаш се претвори во "мала бара пуна крокодила", ултра хардкор сектор.
Муабет на место, во моментов е момент кога се исплати да избркаш некој што е примен пред 2 години, да си најдеш поискусен за многу помала сума, и да не осетиш загуба поради промена на кадар. Едно чудо од фирмите што имаат отворени огласи го прават ова, собираат CV-a, си наоѓаат добар кадар за ефтини пари и се спремаат за подобри времиња.

Инаку ништо чудно за ситуацијата, 2 години трубам на темата дека беше неизбежно да стигне до ова, огромни економски проблеми во западниот свет, високи каматни стапки, многу народ без работа во нивните земји, ѓупци и азијати на стероди (со АИ) за упола цена.

Уште пред година и кусур почнаа проблеми со клиентите, откажување на проекти кои биле најавени, кратење на буџети и промена на функционалности на работи кои ги побарале претходно, со денови пазарење за саатите кои се потрошени, ценкање за попусти после потпишани договори. Ако ги имаме главоболките ние, ќе ги имаат и вработените, можеби не веднаш, но тоа се пренесува на пазарот.

Дополнително има страшно голем страв за инвестирање од страна на инвеститорите, пазарот е претрупан со апликации, многу и не успеваат, многумина и се изгореа во изминатите години и внимаваат повеќе. Не е исто да инвестира со пари кои ги добил со 2% камати, и со 7-8%, поефтино му е да купи недвижности и да чмае да поскапат.

Исто има и многу конкуренција и од луѓе кои се најдоа без работа во нивните земји, ако пред 2 години истиот во Англија им барал 80к за да работи, после неколку месеци седење дома ќе се нафати и за 50че. Сигурно нема да се заебаваат со некој од Македонија за 35-40к, ако на тој локалниот може да одбегнат и данок, да земат помош од државата (има доста мерки со рецесијата), или да го пише како да работи R&D и да куртули на даноци, плус ги знае локалните правила и ќе го гледаат во канцеларија.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.083
1 :D ali tolku i e dovolno. Ali ja ne sum i bas dobar na intervjua, mozhe drugi proagjaat i bojle. Lugje so koj licno sum rabotel vadele ponudi daleku nad nivniot skill lvl.
Да не ви упаѓам во муабетот. Али пошто знам каква беше ситуацијата пред 10 години тука, да пишам нешто. Ако ти кажам дека без никакво работно искуство пред некои си 9 години од 3 аплицирања, најдов работа, плус едно од тие беше понуда за пракса. Денес е непоимливо за човек ко мене од пред 10 год. да успее да најде работа за толку краток период. Во последниве 6 - 7 месеца на мак пазар за сениор фул-стек девелопер ко мене видов само 2 огласа/бев контактиран од регрутер. Се останато ми беше за remote позиции за странски фирми, па и понуди за преселби. За тие позиции за странски фирми бројот на кандидати никогаш не е под 100. Едноставно пазарот е преплавен од програмери, особено џуниори. Интервјуата се претешки, на live coding интервју за фулстек дев ти поставува прашања за traceability на network пакети, што е идемпотентност на датабаза и разлика помеѓу сторни функции и сторни програми во датабаза (ова ти е веќе прашање за дб администрација, за кој кур прашува девелопер кој ќе работи со ОРМ освен да го елиминира?) и после ти дава да решиш алгоритамски проблем за 20 минути и после имаш уште едно интервју да му нацрташ архитектура на e-commerce апликација преку дијаграми.

Моментално работам за германска фирма remote (пошто фирмата за која што работев пропадна - facebook/meta се повлекоа од соработка со аутсорсинг компании), со мене има уште еден Кинез и еден Германец CTO. Германецов нема поима што се дешава, само вришти кога нешто не му работи, кодот е салата, ко да го пишувал некој папагал во 2001, какво AI, какво срање и Кинезов не знае да сврзе две реченици на англиски. Е таква е ситуацијата во ИТ секторот глобално, дефинитивно не би се одлучил за оваа работа сега, во овие услови, освен што кодот ми е пасија.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.085
И кај мене е слична ситуацијата во однос на понуди за работа. Сеа баш отворив да видам, од МК фирма сум добил само 1 понуда во последниве 6 месеци :D.Слична е состојбата во однос на странски фирми што ме контактирале.
Само што ми се чини дека тука улога има и linkedin алгоритамот / што имаш на профилот.
Пример имам другар кој редовно добива понуди од МК фирми (збориме за сениор позиција).

Во однос на кадарот, ова има и голем ефект на фирмите. Пример, ние имаме голем проблем да најдеме квалитетен кадар. Форматот и нивото на интервју ни е исто со години. Секоја недела има еден куп интервјуа, ама никој не го поминува. Тоа не беше случај пред 1-2 години. Луѓето се плашат да сменат работа сега, бидејќи не знаат како ќе тера новата компанија.

Во однос на интервјуата, се сложувам дека во голем дел од компаниите се "претерани". Прашања од типот "разлика помеѓу сторни функции и сторни програми во датабаза" ме тераат да мислам дека интервјуерот гуглал "how to interview developerz".
Глупаво е кога некој на интервју ќе те истестира за се живо и диво, а на крај ќе ти даде да куцаш CRUD.
Од друга страна, кога имаш многу кандидати, мораш да најдеш начин да направиш разлика меѓу нив.
Поради тоа големите играчи имаат долги и тешки процеси на интервјуирање. Ќе ти направи 10 интервјуа, па после тоа има многу подобра слика за тебе. Овие другите, ќе те прашаат некоја глупост (ко оваа за процедурите) и ќе рече: овој не знаеше тоа, го скокаме.
 
No worries, i ja sum resaval zadaci po elektrotehnika za posle da rabotam rabota ko majstor + excel :D Koa imas mn kandidati toa e, mora nekako da gi izdvois. So razlika so mojata filozofija e deka pre bi odel so prosek za prosecna pozicija(pomotiviran kje e), megjutoa groto od firmite odat so overkvalifikacija.

Inaku ne mi bese poentata deka pred 10 god pazarot bil polos. Tocno e deka e potesko da najdes rabota, no seuste ima visoki plati. Inaku I ova e logicno da se slucuva, ima golem procent na lugje koj imaat sposobnost da go rabotat ova, i da zimaat dobra para, i normalno deka kje go preplavat pazarot. Tuka spagjam i ja i mnogu drugi sto dojdovme od drugi struki, i mislam vremeto za tie kadri e zavrseno.
 
Член од
8 ноември 2022
Мислења
10
Поени од реакции
0
Tuka spagjam i ja i mnogu drugi sto dojdovme od drugi struki, i mislam vremeto za tie kadri e zavrseno.
Не би рекла дека е завршено. На крај од денот тој што за најмали пари знае да го напише кодот ќе добие можност. До пред месец имав "чест" да работам со 3ца штотуку завршени на финки. Само имаа слушнато за foreign key, објектно ориентирано и SPA frameworks. Примена и познавање на истите никаква.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.249
Поени од реакции
3.173

Епа кога ги примате со трик тестчиња за „што ќе испечати програмот“ (напишан код кој никој нормален не би го напишал и не би го одобрил) место прашања за foreign key, oop и архитектура, такви ќе добиете. Што сте посеале тоа ќе жнеете. Голем проблем е што има ХР што сакаат да им светнат очите на кандидатите и да се заинтересирани за фирмата, а најдобриот кандидат најчесто ќе биде индиферентен за фирмичето, кое патем нема „И“ од иновативност. Е на тие неписмените им светат очите, дека они не можат да го искуцаат тој глупиот круд. Место на форум, бунете се во фирма, да си го подобрат процесот.
 
Член од
8 ноември 2022
Мислења
10
Поени од реакции
0
Не ги примав јас. Ни ги донесоа во тим да работиме со нив. Едно едноставно user story (conditional rendering на click)неможеа да склопат макар и заедно работеле на него. Гуглање никако. Мораше помош од другите. Реално и на финки студенти се зголеми квантитетот и нормално е се губи на квалитет. За академии ич не дискутирам. Хаотично е. Губиш време за нови членови од друга страна те гњави BI пошо истекува времето на естимацијата што ти ја дале. Од друга страна ако дојде некој што разбира автоматски за него онбординг нема.
Тешко е реално и на ХР да најдат чоек ем што нивното знаење од програмирање е ограничено ем што треба да бараат човек за се, навидум експерт за се а уствари премија е ако најдат добар генералист. И фронтенд и бекенд и девопс и дба уште чешмата што протекува ако може да се фиксне. Ретко фирма со дев специјализиран за една работа.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.788
Едноставно нема идеален процес на интервјуирање.
Може некој тебе да ти е попогоден, може некој на некој друг.
Пример, јас карактерно сум интровертен и на прашања кои "имаат неколку точни одговори" нема да шпекулирам, бидејќи во глава имам повеќе "добри" пристапи, е сеа проблемот се јавува при филтрација на "идеалното" според мене решение на лице место...
Исто на vague прашања on the spot често крахирам. Често пати ќе постават прашање од типот (лупам ептен) "How would you transfer one large file over a network optimally"... Вакво прашање има многу точни одговори, едно 10 минути прашуваш повеќе за контекст на прашањето пошто е многу нејасно... И од тој момент натака целото интервју иде у пм...
Сеа јас ја разбирам намерата на фирмата, сакаат да видат како размислува кандидатот на такви прашања и да испитаат проблем солвинг...
Но, ептен vague...
Можеби е skill issue, можеби и јас имам празнини кои претставуваат проблем. Не знам...

Од друга страна, на теорија, hackerrank и live-coding каде што ми е претставен код, или take home тестови многу боље поминувам.

Гадно и педерски е што фирмите секогаш инсистираат техничките интервјуа да бидат во работно време, а нели, техничките интервјуа се исцрпувачки.
Е сеа или ќе поминам лошо, пошто у работно време имам интервју, или ќе треба да земам пола ден само за тоа да поминам добро и пак на крај "можеби" ќе ми дадат шанса... Мало сутра...
Имало и ситуации каде намерно те заебуваат со некои ненормални прашања ко што спомнаа горе за датабази, имало и блатантни превари каде што ти викаат "ќе ти пратиме тест со 3 прашања ала hackerrank, можеш да куцаш во C#/Java или C++", за да кога отворам има прашање од фронт енд јаваскрипт.

Ете имаше еден член кој пиша дека аплицирал на повеќе места а не добил одговор или го одбиле.
Мој совет е тоа да не го сфати лично и да продолжи да се надоградува.
You are not your job, you're not worthless if you fail an interview.

Цел овој хаос е пошто фирмите апла се гадни и ептен се иживуваат, затоа и луѓето во индустријава станаа такви. Малку замарање, сопки поставување, големи барања и тн и тн...
 
Не секогаш е битно најдоброто решение. Почни со некое, па ако видиш дека на интервјуерот не му се допаѓа премини на следното. Не секогаш интервјуерот бара специфичен одговор. Ако можеш добро да го објасниш зошто би отишол со твоето решение, тоа е тоа.

Во овој случај, наместо да поставуваш прашања, можеш да ја превземеш иницијативата и да самиот да го изградиш контекстот. Ќе почнеш со: "Да претпоставиме дека владее правила Х и Y, во тој случај одиме со решение Z". Ако одиш во погрешна насока, тогаш интервјуерот ќе те поправи. Овие прашање исто како тие погоре, не секогаш го бараат најдоброто решение. Едноставно луѓето сакаат да видат како ќе се снајдеш во ситуација каде што работите не се 100% дефинирани. Ако прашував 10 минути за точен context, тогаш што ќе биде ако утре некој ти даде недоволно дефиниран таск? Дали ќе успееш сам да го скоцкаш или ќе поставиш 1000 прашања и ќе го влечкаш со недели?
Оpen-ended прашањата се едни од најбитните за мене. Тука се гледа дали некој има инженерски или програмерски пристап.
На пример, ако имаш искуство со Spring, ќе те прашам "What do you like most about Spring"? Ако почне некој да ми поставува 100 прашања од типот: "Can I talk about Spring Boot? Do you mean from a technical or a user perspective? Can I compare java with XML configuration?...", тогаш не ме ни интересира неговиот одговор.
Интересно е што ако на овие луѓе им ги цепкам прашањата, сите ќе ги одговорат точно. Пример, баш пред некој ден зборевме со еден кандидате за Depedency Injection во Spring. Кандидатот знаеше што е bean, што е IOC, како работи во spring итн. И јас му викам супер, еве кажи ми како ти би имплементирал Dependency Injection во plain java код.
Ликот се збуни скроз. Мислам, Spring е факинг java библиотека. Можеше истиот процес да го повтори.
Ама кандидатот никогаш не помислил на тоа. Тој се фокусирал да разбере како работат деталите во Spring, ама не седнал да ја разбере големата слика.
Не ме сфаќај погрешно, не викам дека ти си таков, само сакам да кажам како изгледаат работите од другата страна.

Види,во однос на времето за интервју, треба да сфатиш дека и тој што те интервјуира исто така е вработен. И тој човек сака да си заврши со работата во нормално време. Рачунај дека некој што прави интервјуа во големи фирми може да има по неколку интервјуа во неделата. Ако сите ги прави надвор од работно време, тогаш јебем ти позиција на intervivewer.
Во однос на фирмата, не треба да мислиш дека фирмите пробуваат да те заебат. Исто како ти што трошиш време, така и фирмата троши. Ако процесот на интервју не ти се допаѓа, тогаш супер, сфаќаш дека фирмата не е за тебе и си продолжуваш понатака. Многу луѓе не разбираат дека интервјуто не е само за фирмата да те процени тебе. И ти треба да го искористиш за максимално да ја процениш фирмата. Ќе поставиш максимално прашања до ХР,па ако поминеш техничко ќе бараш состанок со твојот иден менаџер и со твоите идни колеги. Ќе им поставиш милион прашања, се што те интересира.
Па тек тогаш ќе одлучиш дали ти се допаѓа работата или не.
 
Uchiha Sasuke

Sharingan User
Член од
21 март 2013
Мислења
3.619
Поени од реакции
7.379
Некој мислење да дај за какви се прашањата на Challenge days од ит фирмите?
 
Добар муабет и на некој начин фидбек. Поштувам скроз :)
Голем дел од ова што ми го зборуваш ми е јасно, но на лице место, под притисок, при разни прашања, изморен од куцање ,кога веќе си "заебал" некое прашање или кога не си им 100% фит,нештата стануваат различни.
Зависи од каква позиција го даваш интервјуто, дали веќе си вработен или не.
Што се однесува до вториот твој пасус, види, има разлика од Spring/DI во Spring, па има разлика од сувопарно лудо прашање од типот "Пресметај ми ја масата на сонцето".
Кога правиш feature ти имаш каква-таква специфична acceptance criteria, кога фиксаш баг имаш каква таква дескрипција како да се репродуцира и добиваш идеја каде е проблемот... И тие таквите прашања се сосема очекувани и океј.
Сеа ако некој те праша "треба да трансферираш огромен фајл, како би го направил тоа оптимално"...
има милион прашања овде, милион параметри кои не се зададени...
Каков е фајлот, што подразбираш под огромен, какво е трансферирањето, меѓу колку учесници се врши и тн и тн, you get my point.
Далеку од тоа дека не сум знаел како да одговорам на начин на кој што они очекуваат, ама осеќам дека тука покажувам несигурност која во нивни очи ми била слабост, не нужно по моја кривица бидејќи реално многу се дебилни такви прашања. Обично доаѓале на 3то интервју откако претходно сум имал 1.ХР и 2.тест.
Тешкотијата е да се најде еден approach на одговор и да се истера до крај и да се игнорираат недоследностите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom