Зрачење и хемотерапија. Измама или вистина?

  • Креатор на темата cige
  • Време на започнување

Помагаат или не?

  • Помагаат

    Гласови: 13 65,0%
  • Го продолжуваат минимално животот

    Гласови: 4 20,0%
  • Чиста глупост

    Гласови: 2 10,0%
  • Само ги оштетуваат останатите мускули

    Гласови: 1 5,0%

  • Вкупно гласачи
    20
C

cige

Гостин
Поминав доста време на интернет во читање портали и форуми барајќи информации за третирање рак на мозок. Па наидов на доста интересни размислувања, па решив да издвојам еден цитат и да поразговараме во врска со него:

Клеточните отрови користени во конвенционалната терапија против ракот, денес, не можат да прават разлика помеѓу карциномните и некарциномните клетки.Наместо тоа, тие ги разликуваат клетките што брзо растат од тие што растат бавно или не растат воопшто.Целта се клетките коишто активно се де-лат.Како последица на тоа, тие ги убиваат, не само канцерните клетки кои се делат туку и множество нормални клетки насекаде по телото, кои се фатени во актот на делење.Во случајот на ракот, којшто се дели со иста брзина или дури и побавно од нормалните клетки, не постои дури ни теоретска шанса на успех во убивањето на карцинмоните клетки пред отровот да го убие пациентот.Труење на системот е целта на овие лекови.Токсините ги фаќаат крвните клетки во акт на делење и предизвикуваат труење на крвта.Гастроинтестиналниот систем е ставен во грч предизвикувајќи мачнина, дијареа, губење на апетитот, болки и прогресивна слабост.Клетките на косата брзо растат, па косата опаѓа за време на терапијата.Зафатени се и репродуктивните органи предизвикувајќи стерилност.Мозокот станува уморен. Видот и слушањето се ослабени.Секоја функција е пореметена со таква агонија за пациентот што многу од нив избираат да умрат отколку да продолжат со терапијата.
Хемотерапијата исто така го поттикнува ширењето на ракот преку слабеење на имунолошкиот одбранбен механизам плус општата токсичност.Го прави пациентот чувствителен на други болести и инфекции, често водејќи го во смрт од овие причини.Екстремно сериозни несакани ефекти.Нема доказ дека третираните пациенти живеат подолго, во просек, од нетретираните пациенти.
Статистичката стапка на долготрајно преживување по метастазирањето е близу нула.
 
Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
Прочитав еден факт што вели
Доколку премногу истражувате за канцерот, шансите да го добиете се 15% поголеми. :facepalm: (незнам кој е авторот и знам дека не е точен фактот) Инаку мислам дека го продолжуваат жживотот за минимален период.
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
За ракот биохемиски е познато дека тој има забрана гликолиза, хексокиназава кај луѓето со рак ненормално се зголемува.

Она што хемотерапијата го прави е што навлекува во канцерозната клетка и ја убива, но тоа се зависи од типот на ткивото, пример несемиомите реагираат извонредно на хемотерапија, има многу случаи во метастазиран рак 3 стадиум што се живи повеќе од 5 години (значи преживеале) и немаат знаци од метастази.

Хемотерапијата не делува селективно, сите надежи се свртени кон изнаоѓање на лек кој ќе ја инхибира хексокиназата тоа е ензим кој му дозволува на ткивото да расне и да се шири, како и некои ензими кои го стимулираат транспортот низ клеточната мембрана.

Од мое гледиште, хемотерапијата е нож со две оштрици, помага но и одмага, но ете се покажала ефективна во раните стадиуми. Многу луѓе имаат проблеми после примање на хемотерапија, сува уста оти плунковите жлезди им се оштетени, проблеми со имунитет, често качуваат температура додека се под терапија - но онколозите имаат начини како да се справат со тие пропратни проблеми.

Тоа вие е слично ако испушите 2 кутии цигари за 6 сата на гладно, а претходно да сте истрачале 2 километри, организмот е ослабнат, а вие се изложувате на отрови, секако дека ќе ви се слоши и ќе ви се јави нагон за повраќање.

Кај радијационата терапија секогаш се приспособува дозата, но и при планирање на методата секогаш се оди и „во здраво“. Покрај заболеното се уништува и здраво ткиво, но во мал процент. Понекогаш се јавува црвенило, јадеж на зрачените места.

Она што ме нервира во државава е што сите ракот го сметаат за табу тема, ко што кажа една докторка, ракот може да се излечи додека се открие на време. Во подоцнежните фази никој не може да дава прогнози, оти зависи од многу работи.

Не би рекол дека хемотерапијата и зрачењето се измами, крај краева секој има право да прифати или да одбие лечење.

Прочитав еден факт што вели
Доколку премногу истражувате за канцерот, шансите да го добиете се 15% поголеми. :facepalm: (незнам кој е авторот и знам дека не е точен фактот) Инаку мислам дека го продолжуваат жживотот за минимален период.
Имаш поголема шанса да откриеш нешто на време и да си ја спасиш главата. Но, не треба да се претерува и некој да стане опседнат.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Ниту еден од трите понудени одговори не ми се допаѓаат. Ракот, неговото лечење, секој посебен човек.... сите овие работи се едноставно премногу ебено сложени. Слободно може да се залажувате дека 100% или приближен лек за рак има ама големите лоши корпорации и фармации го кријат од нас. Во нашиов животен век шансите за лек се next to none.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Во 50тите години има двајца нобеловци кои ја заслужија наградата благодарение за откривањето на најефективниот, најефтиниот лек некогаш измислен за ова срање од болест. Но по некоја ,,случајност" целото нивно дело, труд, пишани документи се изгубени, замачкани оти треба ПАРИ да се вадат.
Секој рак е приказна сама по себе, вид сам за себе. Секој организам реагира различно, но хемотерапијата е далеку од најдобар начин за лекување. Многу далеку.....
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Имам Другар, кој пред повеќе од триесет години, оболе..
Беше опериран, зрачен и третиран со цитостатици..
Болеста запре и тој е и денес жив живее нормално...
Што значи има случаји кога терапијатa помага
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Ниту еден од трите понудени одговори не ми се допаѓаат. Ракот, неговото лечење, секој посебен човек.... сите овие работи се едноставно премногу ебено сложени. Слободно може да се залажувате дека 100% или приближен лек за рак има ама големите лоши корпорации и фармации го кријат од нас. Во нашиов животен век шансите за лек се next to none.
Да постоеше лек за Рак сигурен сум дека Стив Џобс би можел да си го дозволи.
Така да тешко на оние кои се залажуваат дека ако си богат смртта ќе ја измамиш.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Додадов уште еден одговор затоа што анкетата беше многу сугестивно поставена, односно во старт авторот не дозволуваше да се даде мислење за овој тип терапија туку предлагаше дека секако е неуспешнa како тераписка опција.
Не може да се каже дефинитивно дека оваа терапија е лек за сите пациенти болни од рак. Но факт е дека има помогнато на многу. Реакцијата на терапијата е многу индивидуална и зависи од многу фактори, не може и не смее да се генерализира. Напреднатоста на болеста, состојбата на пациентот, неговиот одговор на терапијата (различни луѓе различно реагираат), квалитетот на самите лекови, условите во кои се лекува, живее, стручноста на докторот, има милион и еден фактор...
Да, уништува здрави, но ги уништува и болните клетки. Gregor одлично го објасни тоа. Не може да се каже дека е измама заради пет заговорнички сајтови од Ивона Живковиќ и неа сличните.
Не знам колку сте свесни но за одредени типови на рак процентот на излечени е зголемен од 5% на 95% во последните четириесетина години.
Оваа терапија за жал сѐ уште не може да се каже дека е дефинитивен лек за ракот за сите, но постојат огромен број луѓе за кои е и кои се доволен доказ дека е ефикасна. На линковите ќе најдете живи примери.
И немој да ми раскажувате дека треви, соларна вода и макробиотика се подобри од конвенционалната терапија. Можеби се подобри кај луѓе кај кои болеста е во терминална фаза и подобро е да се остават така отколку да се пробува со терапија, па со тревкиве колку да се каже дека нешто се прави.
 
Член од
22 април 2010
Мислења
93
Поени од реакции
186
Поминав доста време на интернет во читање портали и форуми барајќи информации за третирање рак на мозок. Па наидов на доста интересни размислувања, па решив да издвојам еден цитат и да поразговараме во врска со него:

Клеточните отрови користени во конвенционалната терапија против ракот, денес, не можат да прават разлика помеѓу карциномните и некарциномните клетки.Наместо тоа, тие ги разликуваат клетките што брзо растат од тие што растат бавно или не растат воопшто.Целта се клетките коишто активно се де-лат.Како последица на тоа, тие ги убиваат, не само канцерните клетки кои се делат туку и множество нормални клетки насекаде по телото, кои се фатени во актот на делење.Во случајот на ракот, којшто се дели со иста брзина или дури и побавно од нормалните клетки, не постои дури ни теоретска шанса на успех во убивањето на карцинмоните клетки пред отровот да го убие пациентот.Труење на системот е целта на овие лекови.Токсините ги фаќаат крвните клетки во акт на делење и предизвикуваат труење на крвта.Гастроинтестиналниот систем е ставен во грч предизвикувајќи мачнина, дијареа, губење на апетитот, болки и прогресивна слабост.Клетките на косата брзо растат, па косата опаѓа за време на терапијата.Зафатени се и репродуктивните органи предизвикувајќи стерилност.Мозокот станува уморен. Видот и слушањето се ослабени.Секоја функција е пореметена со таква агонија за пациентот што многу од нив избираат да умрат отколку да продолжат со терапијата.
Хемотерапијата исто така го поттикнува ширењето на ракот преку слабеење на имунолошкиот одбранбен механизам плус општата токсичност.Го прави пациентот чувствителен на други болести и инфекции, често водејќи го во смрт од овие причини.Екстремно сериозни несакани ефекти.Нема доказ дека третираните пациенти живеат подолго, во просек, од нетретираните пациенти.
Статистичката стапка на долготрајно преживување по метастазирањето е близу нула.
Пред се, немој немој да го сфатиш постов лично, се однесува на тебе и на многу останати на форумов бидејќи гледам дека работи се нејасни околу ракот и се се сведува на рекла-казала.

Најпрво, место времето што си го изгубил по форуми читајки размислување, би можел да прочиташ научни труди и статии во научни весници, па да зборуваме за факти. Повели страна на која можеш да ја најдеш било која научна статија http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/ .
Вториот болд е она што најмногу ме изненади, дали знаеш што е рак? Повели Википедија http://mk.wikipedia.org/wiki/Рак_(болест). Ракот е токму спротивното, клетки кои се делат со брзина поголема од нормалната, клетки кои не умираат како нормалните. А што се однесува до хемотерапијата, моментално е најупотребуван третман за рак, и покрај несаканите ефекти. Зарем би бил толку употребуван ако нема никакви позитивни ефекти?! Зарем лекарите имаат за цел да нивниот пациент почине што побрзо во што поголема агонија со појаки болки?! Не, нели? Се согласувам дека не секогаш ги има посакуваните ефекти, а и што повеќе може да се очекува кај пациент со метастази 4степен.

И за крај само уште еднаш...
- и покај што е едно име, ракот е повеќе различни болести
- одредени видови на рак се многу поопасни од други, на пример со рак на панкреас само 5 од пациентите живеаат до 5 години после диагностицирањето.
- не секој рак е смртоносен и не сите ракови даваат метастази
- секоја индивидуа може различно да реагира на ист третман, во зависност од многу фактори (пред се од стадимот на болеста и видот на ракот)
- моментално не постои лек за ракот, постојат само третмани повеќе или помалку ефикасни
- секој третман е право на избор
....
--- надополнето: 10 април 2013 во 13:51 ---
A што бидна со нано технологијата на Ангела Занг?
Ако не сте запознаени...
http://www.geek.com/geek-cetera/17-year-old-wins-100k-for-creating-cancer-killing-nanoparticle-1447819/
Не сум многу запозната со девојчето, но нанотехнологијата дефинитивно ќе револуционира многу работи во медицината и природните науки.
Но било која терапија да почне да биде применувана на пациенти, мора да помине на пред-клинички и клинички истражувања кои најчесто траат минимимум 8-10 години.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Морам да ги пофалам www.rak.mk што ги открив пред кратко време, како што видов на веб страната, организираат најразлични предавања за општата јавност, но и индивидуални консултации со заболени од рак.

Инаку, јас не знам колку кај нас во клиничката пракса (ме интересира) се користат препарати со насочено ослободување, но тоа е целата поента на фармаколошката терапија на канцер. Постои цела наука зад тоа... постои пасивен таргетинг кога таргетирањето на лекот се базира на својствата на канцер ткивото кое има некои карактеристики различни од нормалното, целокупно наречено EPR ефект (enhanced permeability and retention), а постои и подобро од тоа, имено активно таргетирање, кога лекот се таргетира врз база на тоа што е врзан за специфично антитело или друга молекула која има афинитет да се врзе за рецептори кои се повеќе експресирани на канцер клетките отколку на нормалните, или пак трета опција од неконвенционална терапија е таргетирање базирано на директно имплантирање на местото, еве ти конкретно за мозок : Gliadel implants are small wafers or discs, about the size of a five pence coin, which slowly dissolve after they are placed in the brain. They contain the chemotherapy drug carmustine. As the implants dissolve, the drug is slowly released and treats tumour cells that could not be removed by surgery.

Во странство мислам дека веќе не се ни размислува за конвенционална терапија, односно да се дава на пациентот отров кој ќе ги убива сите клетки, особено оние кои брзо се делат (крвните клетки синтетизирани во коскена срцевина), што води кон анемија, имунодефициенција, замор, опаѓање на косата, гастроинтестинални проблеми. Секако и меѓу конвенционалните лекови има поделеност на оние што се користат за ваков или онаков канцер, но сепак, имаат многу несакани ефекти кога не се користат во склоп на препарати со насочено ослободување.

Дека ќе се измисли нов лек кој магично ќе реши сѐ, тешко, но дека со помошта на технологијата, може многу да се подобри и терапијата, и квалитетот на животот на пациентот, да. Со конвенционална терапија, може ќе се излечи, но зошто да трпи и триста други нови состојби? Кога докторите не би препуштале сѐ во рацете на терапија осмислена пред 20 години, судбината и негрижата на квалитетот на живот на пациентот, тогаш ќе збориме.
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Не сум многу запозната со девојчето, но нанотехнологијата дефинитивно ќе револуционира многу работи во медицината и природните науки.
Но било која терапија да почне да биде применувана на пациенти, мора да помине на пред-клинички и клинички истражувања кои најчесто траат минимимум 8-10 години.
Да, но тоа во Македонија ќе остане научна фантастика. Ќе видиме за колку време ќе го отворат PET центарот, едноставно не се вложува кај нас во клинички студии, не земаат учество!

Многу лекови не се на под фондот, а и те како го подобруваат квалитетот на животот кај пациентите. Нели до пред некоја година сите услуги за болните од канцер беа бесплатни, сега повторно плаќаат.

Во државата е потребен интердисциплинарен пристап кон карциномот, не се сведува само на онколог, хирург, радиодијагностичар и лабораториски анализи, треба да се иде подлабоко да се испитаат секвенците, да се изработат елаборати за квалитетот на животот условен од животната средина.
 
Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Не, хемотерапија е уште еден прилив на профит во медицината. Зошто покрај толку ветувачки пронајдоци за лекување ни еден од нив не е патентиран и експониран? Зошто на медицината не и одговара да се излечат болните од рак, и одговара да се лекуваат и да плаќаат за тоа.
Класичен пример, масло од коноп. Многу луѓе се излечиле без никакви негативни последици, а хемотерапија е уште прво нешто што се препорачува на луѓе болни од рак.
http://www.youtube.com/watch?v=D16-Z5P-OuA
Да не ме сфати некој погрешно, не пропагирам ништо илегално, ама жално е тоа што се случува со медицината.

p.s. да не испадне дека само зборам на празно, на странава https://www.facebook.com/pages/Rick-Simpson/298774923502987?fref=ts има многу луѓе што ги опишуваат своите лични искуства и како се излечиле.
 
D

Daedalus

Ова што го кажуваш, уште се вика и conspiracy theory, голема доза на алтернативна медицина и неуспешни обиди за марихуаната да се направи полезна и лековита.
Ништо од тоа не е поврзано со реалноста и начините на кои функционира науката и медицината.
Марихуаната помага за лечење на болести како ракот исто колку што помага пивото или хамбургерот од седмица.
 
Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Ова што го кажуваш, уште се вика и conspiracy theory, голема доза на алтернативна медицина и неуспешни обиди за марихуаната да се направи полезна и лековита.
Ништо од тоа не е поврзано со реалноста и начините на кои функционира науката и медицината.
Марихуаната помага за лечење на болести како ракот исто колку што помага пивото или хамбургерот од седмица.
Доказите го кажуваат спротивното. Станува збор за CBD, не THC.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom