Зошто широките народни маси не го зборуваат јазикот на културата?

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Пред некој ден во Хрватска изби скандал каде уметникот Јанез Јанша исецка на делчиња хрватско знаме како дел од неговиот уметнички перформанс во Ријека. Уметникот, си го сменил името од Емил Хрватин во Јанез Јанша и живее во Словенија (ако добро го преведов тешкиот хрватски јазик) но е роден ријечанин. Целата таа контроверзна и провоцирачка слика успеа да му донесе притвор бидејќи националистичките чувства на Хрватите беа повредени па негов колега поднесе кривична пријава против него.

Пред некоја година во Скопје, се појави голем билборд како реклама за изложбата на Атанас Ботев на кој беше претставено грчкото знаме кое место крст ја имаше свастиката, директно укажувајќи на фашистичкиот однос на Грција кон малцинствата и соседите, нешто од кое самиот автор се огради, но беше прилично очигледно.

Овие две случки ме првоцираат да прашам, дали просечниот граѓанин толку малку знае да ја цени уметноста и толку многу е лицемерен кога вели дека слободата на говорот ја поддржува? Дури и премиерката Јадранка Косор јавно изјави дека Јанша ќе биде уапсен и не го поддржува неговото дело.
Нормално е тоа?
 
MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Затоа што некои тоа го сметаат како навреда, а зошто !?

Затоа што го обичната маса на народ не го гледа сето тоа од истиот агол, како што го гледаат уметниците...Во секој случај треба да има големо објаснување за сето тоа, за да не се дојде до недоразбирање и како во овој случај со притвор и кривична пријава.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Сега брзо не можеа да го разберат Станковски во Малта кога му го направија цензура на едно дело http://http://www.blesok.com.mk/gallery.asp?lang=mac&izdanie=46&avtor=1009&mediaID=2564

Темата беше насловена како Сон на душата или Сон во душата арно ама конзервативните Малтежани не го разбраа неговиот сон
 
bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Кога идејата да се створи некое културно, уметничко дело е поттикната од национализам, желба за расна провокација, за мене губи секаква вредност.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Доста широко и недифинирано објаснување за ова има. Одговорот може да го има во тоа зошто нема публика на уметничка изложба, зошто "Аватар" е најгледан филм, зошто класична музика ја слушаат само ако е на некој голем настан, зошто сите сметаат дека "Мона Лиза" е најголемо уметничко дело, зошто книгите за светски заговори се најчитани, зошто како балет ја знаат само "Оревокршачка" и многу други примери. Како широка народна маса воопшто не сме запознаени со уметноста и до неа доаѓаме само преку сугестија, препорака или едноставно преку мода.
На уметничка изложба не одиме но ете сите би оделе да ја видиме "Мона Лиза", зашто некаде сме прочитале (сугестија) дека е најголемото уметничко дело, насликано од Леонардо Да Винчи а во основа има многу подобри уметнички дела. На балет сме отишле само еднаш, во средно, кога професорката по музичко не натерала да посетиме балет и тоа по нејзина препорака била "Оревокршачка". Сме отишле во кино и го гледаме "Аватар" зашто сме виделе дека многу други го гледале (мода) а сме пропуштиле многу други филмови кои имаат поголема уметничка вредност но ете не биле гледани како "Аватар".
Едноставно како широка маса не сме критички расположени кон уметноста, сами да одредиме што е добро а што не. Кога уметноста буквално ке не удри по нос, тогаш кога мораме да дадеме критика, не се водиме според уметничката слобода и уметничкиот говор туку сме понесени од секојдневните чувства, морални и традиционални вредности и даваме критики баш од тие основи. Знаеме да познаеме уметност но не автокефално туку врз основа на претходни знаења од некој друг или повеќе луѓе.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Еве и друг пример... за навреда, која каде како е сфатена:

Перуанските власти ќе покренат кривична пријава против манекенката Лејси Суарез за фотографиите на кои таа гола јава коњ, а знамето на Перу го користи како седло.

Суарез би можела да добие четири години затвор за навредување на патриотските чувства на Перуанците

Фотографиите на Суарез, кои се најдоа и на насловната страница на магазинот „DFarandula“ ја згрози перуанската јавност која се подготвува за прослава на 187-годишницата од независност на државата.

„Тоа се патриотски симболи кои заслужуваат целосно почитување. Нивното несоодветно користење заслужува казна. Тоа е навреда“, изјави перуанскиот министер за внатрешни работи Антеро Флосер.

Според Лесли Суарез самото позирање за спорната фотографија претставува патриотски чин.

„Не направив никакво злосторство. Го сакам Перу и тоа го докажав и со телото и со душата“, изјавила Суарез која повеќепати е прогласувана за најсексапилната жена во Перу“.

Угледниот адвокат Марио Аморети вели дека се зависи од тоа како се користи црвено-белото знаме на Перу.

„Едно е да се го користите знамето како наметка, но сосема е друго доколку сте голи и знамето го употребите како седло за коњ“, вели Аморети.

сликата
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Видете... затоа се вика национално ЧУВСТВО зашто си ја сакаш земјата и знамето (нејзин симбол) со душа па не е сеедно ако некој се заебава со нив нели? Макар и уметнички. :) Сепак има претерувања како што постираше апокалипто.
 
Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
Можеби апсењата на горенаведениве „уметници“ се прегруба постапка, ама јас сепак би ги осудил не заради патриотските чувства, туку заради тоа што нивните „перформанси“ не се уметност, туку лечење комплекси!
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Пред некој ден во Хрватска изби скандал каде уметникот Јанез Јанша исецка на делчиња хрватско знаме како дел од неговиот уметнички перформанс во Ријека. Уметникот, си го сменил името од Емил Хрватин во Јанез Јанша и живее во Словенија (ако добро го преведов тешкиот хрватски јазик) но е роден ријечанин. Целата таа контроверзна и провоцирачка слика успеа да му донесе притвор бидејќи националистичките чувства на Хрватите беа повредени па негов колега поднесе кривична пријава против него.

Пред некоја година во Скопје, се појави голем билборд како реклама за изложбата на Атанас Ботев на кој беше претставено грчкото знаме кое место крст ја имаше свастиката, директно укажувајќи на фашистичкиот однос на Грција кон малцинствата и соседите, нешто од кое самиот автор се огради, но беше прилично очигледно.

Овие две случки ме првоцираат да прашам, дали просечниот граѓанин толку малку знае да ја цени уметноста и толку многу е лицемерен кога вели дека слободата на говорот ја поддржува? Дури и премиерката Јадранка Косор јавно изјави дека Јанша ќе биде уапсен и не го поддржува неговото дело.
Нормално е тоа?
Некој да ја опцуе мајка ти, ти што ќе направиш ќе му честиташ?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Некој да ја опцуе мајка ти, ти што ќе направиш ќе му честиташ?
Со оглед на тоа дека мајка ми е актер, често пати на сцена како дел од сценариото е опцуена, тепана и што сè не. Тоа се нарекува театар и е уметност и да, на крајот тој што ја опцул му честитам за добро одиграната улога.

Можеби апсењата на горенаведениве „уметници“ се прегруба постапка, ама јас сепак би ги осудил не заради патриотските чувства, туку заради тоа што нивните „перформанси“ не се уметност, туку лечење комплекси!
Лечење комплекси? Признавам дека во последно време за уметност се смета и одењето во тоалет, но порака во денешно време се пренесува на илјадници начини, се прифаќа како уметност и не знам зошто не би било во ред да се изразат чувствата дури и на ваков начин. Може да не ни се допаѓа, може и да не го сметаме за уметност ние лично, ама забрана или апсење во краен случај? :lud:

Кога идејата да се створи некое културно, уметничко дело е поттикната од национализам, желба за расна провокација, за мене губи секаква вредност.
А од што треба да се влече инспирација за уметничко дело? Само од скршена љубов? Само во моментите кога мораме да мастурбираме?
И зошто не ги апсат музичарите кога пејат против системот? Зошто не ги апсат писателите кои пишуваат против државата? Знаеш зошто? Зашто никој не приметува што напишале, сликата и снимката се очигледни. Ако треба да се апси, треба да се уапсат сите интелектуалци бидејќи сите тие имаат став и го изразуваат јавно, само може да не сте приметиле, бидејќи колумните се долги за читање. Тоа е проблемот на кој Дарк Кинг посочи, проста раја која нема време за размислување, камо ли за читање текст подолг од една реченица. Кратка по можност.

Патем, ниту Станковски во Малта, ниту Јанша во Ријека, ниту Ботев во Скопје немаа намера да провоцираат, но исто така и немаа намера да бидат лицемерни кон себе и општеството криејќи ги очигледните проблеми, напротив, сакаа да покажат на нив, сакаа да ги срушат табуата, тоа што уметниците всушност и треба да го прават. Ама јебига, џандарите рушат побрзо... :toe:
 
bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Виктор јас напишав "национализам, желба за расна провокација". Ако некој сака да изиграва будала, да сечи, да пали знаме, сметајќи го тоа за уметност за мене губи секаква вредност и тоа не го сметам за уметност.

Има милион начини да се направи уметничко дело без притоа да се омаловажи еден народ. И јас сум за бунтовни креации против системот, против денешното водење на светот, против владата, против се`...ама тоа не значи дека некој треба да плука по државата, оти државата не е само моја и твоја, туку е на сите и сите ние треба да се трудиме животот во неа да го издигнеме на едно повисоко ниво, да имаме поквалитетен живот, да имаме поквалитетна држава со култура, историја и ред други работи од кои само би се гордееле.
 
Токму против тоа зборам. Рајата не го перципира уметникот и неговата порака. Тие само го гледаат кукастиот крст на нивното знаме и си влечат заклучоци кои ги тера да бидат навредени. На ист начин, ако јас го забодам јарболот со македонско знаме во еден голем куп гомна и го прикажам како се вее, јас да застанам покрај него со десната рака на срцето и да ја пеам химната, тоа ќе биде сфатено како прекрасен момент?!?

Подобар пример, од реалноста. Буш во сред Тирана успеа да го загуби саатот. Му го украдоа луѓе кои го гушкаа и бацуваа. Значи првиот впечаток воопшто не беше поентата, не сите луѓе кои го гушкаа американецот го сакаа, иако тоа беше толку очигледно на прв поглед. Тие беа само таму да му го украдат саатот.

Сецкањето на знамето на една нација носи симболика која поинаку не може да се прикаже. Всушност, може, ама ништо нема да биде различно ако уметникот сака да ја докаже својата поента директно инспирирана од срањата кои ги прави Хрватска, начинот на кој живее, размислувањето кое го има. Дури, неговото апсење уште поубаво му ја докажува идејата која ја имал и го истакнува она кое сакал да го каже.

Луѓето погрешно го доживуваат, токму зашто не го зборуваат јазикот на уметноста. Прости се.
 
bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Ај објасни ми ја симболиката на сецкањето знаме на една држава. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom