Зошто сте сами?

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Ама и толку провидно е, јас женско немам така слушнато да тропа бисери од негде средно школо. Сродни души, пеперутки во стомак, ти реков, ми рече ... ако ги имате овие размислувања над 20+ години, а не сте трол, идете излезете од дома, запознајте луѓе, не знам, опипајте реалност.

Ај ботовите што го зезнаа скоро цел форум, ама подфорумов е шит одамна. Порано и да беа измишљотини, бар проблемите беа интересни, сега ни имагинација, ни ништо.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Жена која се декларира како повлечена, како ќе најде маж на форум кога во живо не знае да врзе 2 реда муабет.
Ако некој е повлечен не значи дека не знае да сврзе два реда муабет. Едноставно некој не сака да се истакнува премногу пред други луѓе. Затоа постојат интроверти и тука нема ништо лошо. Интровертот не зборува многу и обично не сака да прави празни муабети. А некогаш знае многу повеќе од некој што збори по 20 саати на ден а пак не кажува ништо корисно.
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
74
Поени од реакции
210
Не сум сама во вистинска смисла на зборот (т. е. имам партнер) но се чувствувам сама.
Исто, ако не и полошо од вистинската самотија.

Зошто сум со него? За да заборавам, демек да продолжам напред. А не успевам. Можеби ми треба некое време да бидам навистина сама, само јас и моите нерасчистени мисли и чувства...
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Не сум сама во вистинска смисла на зборот (т. е. имам партнер) но се чувствувам сама.
Исто, ако не и полошо од вистинската самотија.

Зошто сум со него? За да заборавам, демек да продолжам напред. А не успевам. Можеби ми треба некое време да бидам навистина сама, само јас и моите нерасчистени мисли и чувства...
Јас не ја разбирам поентата да бидеш со партнер со кој се чувствуваш како да си сама.

Погрешно е тоа што го правиш. Вака се гушиш сама и плус го завлекуваш момчето и му го трошиш времето. Треба да си дадеш мала пауза и да си ги средиш мислите и чувствата. И секако да му кажеш на момчето како се чувствуваш. Не заслужува да му правиш вака, оти не е тој виновен за тоа низ што си поминала. И не заслужува да ја плаќа цената поради тоа.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.630
А шо као партнерот ќе и смени внатрешно како се чувствува? Тоа е чувство кое зависи од нас самите, и никој на светот не го менува тоа, без разлика на личноста. После некое време, веројатно време на зрелост, треба секој ова сам со себе да го осознае и да научи со тоа да живее и да престане суштината во другите да ја бара. После тоа може да помине чувството на осаменост.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
некои луѓе се такви, да ги речам депресивни, и кој и да дојде да им биде партнер ќе го уништат. Најдобро тоа под мач од почеток и чао пријатно.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.630
И јас синоќа осамено се осеќав, досадно депресивно ми беше, а капак на се ми беше запушениот одвод у кујна, за кој мислев мајстор да викам, зашто средства не помагаа. Па ме погледа Бог и ме натера безвезе работа да си отворам, извадив цело црево, импровизирав со дршката од метлата зашто сајла немав, кај Билјана ми е, па ко се растекоа муљови кречови по вецето мислам дека црева ми се превртеа, се испотив во секунда, пцуев све живо и неживо, родено и неродено, купено и продадено, од језа мислев болест дека сум фатил и почнаа нозете да ме чешаат, на нервна база валда, кога види чудо, веќе ни осамен ни депресивен ни ништо, и се деси преокрет, уживав во муљот и кречот и мрснотијата кои ми се излија во цело веце. Сфатив дека поише вакви моменти ми фалат за целосно досегање на суштината на животот.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Не сум сама во вистинска смисла на зборот (т. е. имам партнер) но се чувствувам сама.
Исто, ако не и полошо од вистинската самотија.
Зошто сум со него? За да заборавам, демек да продолжам напред. А не успевам. Можеби ми треба некое време да бидам навистина сама, само јас и моите нерасчистени мисли и чувства...
... смени го карминот, тоа што користиш иста боја, не ти дозволува да идеш напред!
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
74
Поени од реакции
210
Јас не ја разбирам поентата да бидеш со партнер со кој се чувствуваш како да си сама.

Погрешно е тоа што го правиш. Вака се гушиш сама и плус го завлекуваш момчето и му го трошиш времето. Треба да си дадеш мала пауза и да си ги средиш мислите и чувствата. И секако да му кажеш на момчето како се чувствуваш. Не заслужува да му правиш вака, оти не е тој виновен за тоа низ што си поминала. И не заслужува да ја плаќа цената поради тоа.
Од почеток на врскава се согласивме да не вложуваме многу емоции, му ја објаснив и ситуацијата и двајцата се согласивме на тоа. Од моја страна нема чувства, но сомнително ми е дека тој почнува да развива некакви емоции и приврзаност...

Подолго време бев сама, па ми требаше постојан сексуален партнер ако ништо друго.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom