Зошто сте сами?

C

CoolIris

Гостин
Зшто сте сами? Зшто ваши су на одмор : D

Не озбиљно,сами сте зшто немате муда и самодовербу да покренете иницијативу за едну ебану врску.Место да знаете како да приступите, да га извадите фраерлук од вас, да знате како да га запалите жарче на спротивну страну, Ви сакате да фатите партнера на социјални мреже, форуми или слично. Тапа е тој еј. Лупате лајкови на сфе тртлесто и набилдано,гледате кој куде еде, иде на ормор. Абе треба у живо да се осети тај магија на флертување, да се пушти некоја фора, комплимент,некој хумор, па и малце директност. Ама јебига има сфакакфи људи, срамуеф се у очи да погледнеф, да кажеф некој збор. Ало бре едн е живот, дајте сфе од себе, па и да кикснете ништо страшно идемо даље.Ако не пробате ск, кд ке пробате? У лимен сандук по најново ни куде црви нема да ве едеф. Сфе е до самодовербу бе, треа малце да поработите на њума. Мислите трезвено, сфесно, не летите у облаци,бидете искрени и скромни, некад сродна душа сама ке си налети, а некад мора и да гу уловите сс фрљену удицу, тоес сс некој флер муабет.Па крај краева немора да значи дека се работи за партнера сс кога ке живите до крај на живот, има време за сфе, не треа да се избрзуе.
Лепота е пролазна, паре се трошиф,ама чустфо на праву љубаф никад не згаснуе. Најдете си гу, она е можда туј блиско до вас.Отфоите очи, гледајте и бирајте правилно, гледајте сс памет, разум. сфест. Д мајдн хас а таузнд ајс.

Тија што мрчиф и замараф дека нема добри људи за да најдеф партнера, тија не ни сакаф да најдеф.Жалиф се што су сами. Па човек што највише ужива кд е сам, тј наише ужива у живот. Тј најубаво ке се снајде сс сфите. Океј осфен Могли од џангл бук.Па и он се заљуби у тој британско девојченце,а и азбуку гу научи : D Тија људи и да најдеф партнера на њима па ништо нема да ги биде како што треба.Едноставно некои људи не се заслужуеф сами себе, тоес не си га заслужуеф сфој живот, а камоли да упропастуеф туѓ.
Али тија кој ги ебе. А и на туј на форум знаемо ги, препознааф се л'сно.
Ама греаота е фини људи да останеф сами, да нема кој да ги гушне, муабет да ги каже. Ама ипак мислу дека и они можеф, само не гу искористуеф праву шансу у право време. Самодоверба само, тражите паметно, бирајте мудро.

Поздраф Нездраф!
Најискрен и најдобар одговор!
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Тоа е вистина, моите отидоа на одмор, сите заедно, јас си отидов во викендица, некој го следи секој мој чекор. :sneaky: Се одморив како никогаш до сега.

Битно е и прашањето "дали заслужуваме да бидеме сами?", даде убав одговор. Треба да се сфати секој поединец, а тоа и баш не е лесна работа. Башка преку форум е уште потешко, затоа што ја нема посредноста. Па затоа и форумите се само за насоки, многу тешко дека некој кој се разбира во тоа подрачје ќе седне и ќе ви го реши проблемот или ќе ви помогне сами да го решите проблемот.

И самокритиката (која повторно, како и секоја критика може да биде позитивна и негативна) е битна, ама ова од крајно себеомаловажување и до себефалење не е од полза. "Грда сум."!!! Чим еден Рибери можеше да најде жена, не знам зошто некој не би можел. За женските е уште полесно. Скоро пак секој (слободен) маж или дечко сака внимание, каква и да си, можеш да се наметнеш кај некого.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.614
Поени од реакции
34.802
Секогаш на заеднички државни спортски припреми (мажи и жени), кога се мешаат разни карактери, навики, дијалекти од разни градови, па и генерациска разлика, пак за некои не може да се среди тоа „зашто сте сами“ иако ете во вакви групни дружења се добива повеќе самоувереност, храброст, фраерлук со толку млади на едно место, затоа што све што е направено на вештачки начин - нема резултат,

Прегледај го приврзокот 265587 Прегледај го приврзокот 265586

... двајца поблиски пријатели, меѓу себе се опкладиле за нешто што може или не може да го направат и едниот и другиот, за првиот беше да се преплива Мавровско Езеро, а за другиот вечерта на забава да се доближи и да се „удвара“ барем за нив, на најзгодната женска од женскиот тим, ама според нивно мислење и најнедопирлива и најтешка за било која љубовна интимност,

Прегледај го приврзокот 265588 Прегледај го приврзокот 265589

... две опклади што на прв поглед неспоредливи по тежина, ама секогаш потешкото не значи неуспешно или полесното не значи успешна и завршена работа, додека едниот два три дена се подготвуваше колку толку да го запознае езерото, од каде до каде да исплива за колку време, кое време е најдобро, кој да го придружува со чамец и како да не дознае ниту тренерот и придружниците, другиот вежбаше поинакви манири, што ќе каже, како да се облече и како ќе изгледа сето тоа пред присутните,

Прегледај го приврзокот 265592 Прегледај го приврзокот 265594 Прегледај го приврзокот 265593

... за првиот и колку да изгледаше сложено и тешка опкладата успешно ја добил со бодрење и навивање на сите присутни како сведоци на пливање од едната до другата страна на езерото без никаков проблем, после тоа следеше свечена вечера кога вториот мораше да ја реализира втората опклада, која за некои би била пичкин дим, а за други невозможна мисија,

Прегледај го приврзокот 265596 Прегледај го приврзокот 265595 Прегледај го приврзокот 265597

... кога е во прашање ноќното дружење зачинето со музика, со по некој скриен пијалок, многу млади спортисти, хумор, вицеви, насмевки спонтаните зближувања не се некое чудо, а најмалку и по некое интимно, но секогаш без цел и иднина туку онака само за добро помината ноќ, така да под инерција и самото удварање на другиот со опклада не би требало да биде некој проблем, барем не во таков момент и ситуација, ама кога на некого не му е природно врежан лесен пристап кон женско само тој си знаеше со кој напор се исвои од групата приближувајќи кон одредената женска која мораше да ја освои вечерта,

Прегледај го приврзокот 265599 Прегледај го приврзокот 265602 Прегледај го приврзокот 265600

...разговорот почна сосема спонтано за обични работи околу припремите и општо дружењето, како и за идните планови на спортски терен, неколку вицеви, повеќе смеење и несериозност, да за кратко време како гром од ведро небо стигне предлогот од дотичниот со љубовни комлименти и предлог за зближување на двајцата во иден љубовен пар или поинаку кажано „дечко и девојка“, со паѓање на договор да другиот ден да се чекаат покрај езерото кај единствената клупа, што помина позитивно и со одобрување од женската која за многуте била неосвојлив планински врв,

... и така среќен од прифатената понуда од „недопирливата женска“ и мушки добиена опклада, се вратил назад со извици и овација кај друштвото каде сите почнале да го тапшат по рамо, да го задираат за успешна завршена работа и добиената опклада која била многу потешка од тој што го препливал езерото, „фраер од невидени размери“!

Прегледај го приврзокот 265603 Прегледај го приврзокот 265605 Прегледај го приврзокот 265607

... и све што е убаво има свој крај за да остане убаво, така завршија и припремите и додека сите се прибираат пред автобусите, пријателката на „недопирливата женска“ и честита новиот дечко онака малку погласно со доза на љубомора, што ете таа не успеала да се зближи со некој за разлика од пријателката, на што добила одговор дека и покрај напорите да има дечко вечерта на забава дури прифатила таква понуда, несудениот иден дечко следниот ден не се појавил кај договорената клупа, каде дотичната „недопирлива женска“ чекала повеќе од два часа да се појави на прв состанок новиот дечко со буја фантазија што би правела со него- така да не постои никаков дечко!

Прегледај го приврзокот 265608

го слушнале сите тоа и дотичниот „љубовџија“ кој ја добил опкладата фрлајќи ја торбиата се стрчал до несудената женска да и побара извинување дека бил крив другарот, тренерот, претседателот, комшијата, месецот, времето, патиката, тесните гаќи, што не дошол на состанок, дека мислел сриозно и бескрајно ја сакал, дека све би направил за неа... а за тоа време женската со жалосна насмевка качувајќи се автобусот со жалосен глас изусти „можеби во некоја друга прилика ќе ти кажам што пропушти“!

Прегледај го приврзокот 265609Прегледај го приврзокот 265611

... и така дечкото важно ја добил опкладата, беше повеќе од самоуверен, сигурен во себе, фраерчина на таа вечер,осхитување од сите пријатели за мачо мен, ама сето тоа без верба во самиот себе, тој самиот не веруваше дека може такво нешто да се случи...иако се случи, како да не се случи... и пак остана сам!
...дома пак по старо, иако со видливи промени на личноста, фраерлук, атлета, самоувереност, околината сеуште го прашува: „ -Зошто си сам?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom