DBack
gloveless
- Член од
- 19 декември 2007
- Мислења
- 5.372
- Поени од реакции
- 2.556
Деновиве ја препрочитувам Библијата.
Настрана стилските разлики помеѓу првиот и вториот дел, воочливи се и концептуалните разлики во пристапот на Господ кон стадото.
Во првиот дел е многу силен, горд, љубоморен, импулсивен... Во вториот дел, во телото на Синот, е правичен, толерантен, милостив. Не личи многу-многу на себе, ама мене лично повеќе ми се допаѓа.
Е сега, на почетокот на Матеј (6) зборува за скромност, за прибраност, искреност, наспроти „старите начини“ на формализам, фалење пред господ и чатал пред „сограѓаните“.
Тука, Исус (у ствари Господ, нели) јасно и многу во детали објаснува како треба да му се молат луѓето...

Ако црквите не се место каде вистинскиот христијанин треба да се моли на Господ, тогаш ЗОШТО ПОСТОЈАТ ЦРКВИТЕ?!?5 ”И кога се молите, не бидете како лицемерите, кои сакаат да се молат стоејќи по синагогите и на аглите од улиците, за да ги видат луѓето; вистина ви велам, ја имат својата награда.
6 А ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба, затвори ја вратата и помоли Му се на твојот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.”