Зошто не направиме карневал по теркот на Рио?

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Ги имаме сите предиспозиции: желни сме за добра забава, не бива за музика, многу лична нација сме, креативни, со малку организациска подршка би направиле туристички бум.

Се разбира, не смее да биде копија на Рио, но секако дека може да има Македонска варијанта!

Кога можеме да имаме светски џез фестивал, зошто не и карневал?

Ќе ве молам, само сериозни "за" и "против" аргументи на темава.

Сеириџискиот негативизам ќе биде безмислосно бришен, а авторите санкционирани.


http://www.youtube.com/watch?v=aOX_dkpLFg0&feature=fvwp&NR=1

Sequins, samba and lots of skin on display: Brazil's jumbo Carnival celebrations kick off

http://www.dailymail.co.uk/news/article-2103026/Carnival-kicks-Brazil.html















 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
имаме свои традиционални карневали: вевчански, струмички и се разбира прилепски.
додуша нашиве веќе почнаа да преземаат некои делови од Рио Карневалот :)
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
како што кажа членот горе, па имаме ние веќе голем карневал во Вевчани (а и други али тој е најпознатиот кај нас мислам)... Така да не ја сфаќам поентата на идејава...
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Коку што јас знам Карневалот во Рио е дефиле на самба школите, кои од различни, градови, населби или квартови се собираат и секоја ги претставува своите вештини. Секое самба школо припрема кореографија и ја презентира преку маски и танц. Тие кои не ја познаваат смислата на карневалот го гледаат како дефиле на девојки кои се полуголи и се палат на тоа која какви гради или задник има.

Кај нас карневалот е маски и исмејување на политичари, религии, групи, држави, настани. До некаде е во ред, но сепак знаат да претераат како што беше и случката со вевчанци.

Не го подржувам кај нас и мислам дека концептот им е промашен.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Знаеш ли колку пари треба да се фрлат за карневал? Али зборуваме екстра добар карневал. Треба многу инвестиција, многу пари да се дадат.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
а зошто да копираме константно? си имаме ние свои фестивали и карневали!
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Од една страна викаш зошто да не направиме карневал по теркот на Рио, а од друга страна да не е копија?!Мислам дека не е можно, а и непотребно е, имаме веќе 2 карневали со традиција.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
хе..невозможно ...немаме РИО..., а таков градежен проект ќе признаете е сепак прескуп..во овој момент:)....,
...........но бар за почеток да напраиме еден Исус од фиберглас, како обвивка околу крстот на Водно , па после да видиме како понатака....жичара веќе има ..каква таква..;)
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.382
Имаш Струмички и Вевчански карневал , со многу добр омлислена и стара традиција и голем потенцијал . Ако некој вложи повеќе пари во нив , можат да бидат светски познати. Во Струмица има во просек 20.000 гости само на главната вечер, со 3000 маски , у чесници. Така да ние имаме карневал, само треба поголема подршка и повеќе финансии , колку пари толку музика.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
За карневал кој ќе биде туристички бум, освен добра организација помогната од државата, и освен добри маски.... ќе треба да има и голотија, нешто налик на горниве слики.
Убаво би било сето тоа, само тешко е да се реализира.
Маски и креации со голотијата во рамките на нормалата, ќе привлечат голем број на туристи од соседството. А само со маски без голотија течко да се направи туристички бум, не за џабе карневалот во Рио е најпосетуван од туристи a воедно и најледан.
Нормално дека таму играат улога и други нешта, како самиот град, убавите плажи, и се она што е карактеристично за Рио.

Организација добра може да се среди, ама не верувам дека кај нас има девојки кои можат да излезат со слични маски и креации како горниве, за машки ќе се најдат, али девојки јок, ќе треба да увезуваме моми од други земји. :)

Е сега, горе пишува дека не смее да биде налик на карневалот у Рио, искрено незнам со какви маски би привлекле голем број на туристи освен со маски слични на оние у Рио.

Само кај нас КОЈ би сака да си ја види сестрата у такво издание или девојката да му ја гледаат огромен број на другари, соседи, сограѓани, туристи, у слични еротски маски и креации ?

Така да, кај нас тешко мислам дека може да се направи карневал кој у буквална смисла ќе биде туристичка атракција.

Имаме ние голема историја од која произлегуваат многу добри маски, сепак тоа е недоволно за туристички бум.

А, карневал кој ќе има солидна посетеност, како од наши сограѓани, така и од некои соседи, веќе имаме. И тоа два.

Струмичкиот е одличен карневал, карневал со одлични маски, со традиција и историја, и карневал проследен со одлична забава по кафиќите и клубовите.

Вевчанскиот карневал е со огромна историја, мислам над 1000 години, поразличен од другите, спечифичен по многу нешта, спојка на паганското и современото.

Според мене, доста ни се овие два карневали. Карневали со голема традиција и историја и со солидна посетеност за наши услови.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
....џабе пари...џабе традиција....она што ни недостасува е организација....
....голотија на нашите карневали не може да има од неколку причини
1. бројот на жители (секој се познава со секого) - Рио 6 300 000 - Струмица 92 500 со се селата
2. клима - карневалите во Македонија се во зима
3. балкански менталитет

....туристите не треба само да ги привлечеш...туку треба и да ги задржиш...и да им пружиш 24 часа активност
....прво треба да се разработат туристички мапи (водичи)...да се организираат општините со знаци разбирливи и прифатливи за сите...да се обезбедат нормални места за кампување (младите од Европа преферираат камп наспроти валкани подруми наречени соби за издавање)....да се обучат локални луѓе кои на тустите ќе им прават приказни...бидејќи посета на одредено место без соодветна локална приказна е досадно.....да се обележат патеките до интересните места и природните реткости....да се изработат и лесно да бидат достапни ГПС мапи за поблискиот регион на случувањето...и најважно од се....да се обезбеди организиран превоз до настанот
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.925
е да бе да правиме карневал по теркот на РИО ДЕ.... и покрај зима да правиме дефиле со босоноги и голотии нема шанси ние си имаме
свој начин како што е венецијанскиот карневал така и ние си имаме вевчански,струмички па и мајмунски карневал,но јас сум против вакви будалаштини и немаат никаква традиционална вредност освен само вевчанскиот зашто тоа е одлика за актуелниот политички,економски живот додека верскиот и националистички не смее да се прикажува.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032


зашо да прајме карневал по теркот на Рио ко струмичани го направиле тоа :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom