Конкретно за електронската музика, со минималот уништи се, bass линии ги снема а со тоа и игривоста на музиката. Значи секоја музика си има своја публика и тие како ја доживуваат, доколку го смени тој курс т.е се прави за поширок аудиториум музиката станува срање. Пример за тоа е David Guetta, порано имаше добри house песни сега е живо срање да се слуша т.е откога почна да меша и поп.
Исто пробајте да слушнете микс CD-а од Paul Oakenfold од 90-тите и денес има и тоа каква разлика.
Поентата на електронската музика е да создаде еуфорија, отпуштање на луѓето и да ги зближи повеќе т.е да ти даде некое возвижено чуство и тоа се постигнува со длабока ритам bass линија во позадина, ја снема нејзе не е веќе таа музика го немаш тоа чуство од претходно. Да секој вика дека музиката треба да се менува ама основната поента треба да биде иста.
На пример последниот албум на Prodigy е направен по стар рецепт и кога го слушаш мислиш дека дечките допрва треба да освојуваат публика а тие се да не речам ама легендарен бенд на електронската сцена.
Проблемот денеска е што оние кои стекнуваат слава тоа го прават на многу млади години и не се сеуште созреани и не знаат како да се носат со тоа и за тоа после неколку години никој не се ни сеќава на нив, анти пример се The Rolling Stones, на почетокот биле тешки лузери немале ниедна добра песна на концерти едвај 5000 луѓе ама тоа било до нивна 25 годишна возраст, после само еден хит Satisfaction стануваат популарни. За разлика од денес, прва песна и одма се ѕвезди и кога ќе осетат пораз и одма нервен слом, како Бритни.
Затоа мислам дека музиката од нашето време е подобра од сега бидејќи тогашните музичари биле созреани, денешните не се