- Член од
- 18 мај 2008
- Мислења
- 7.560
- Поени од реакции
- 17.592
Па сега има македонци муслимани кои учат албански, менуваат презиме и стануваат албанци или станале турци порано. Тоа што некој презел и зборувал нечив јазик нема врска со тоа дали во минатото биле или не ист народ. Или па мислиш дека власите се римјани?Единствена освен Романија и Молдавија
Не знам што возраст си, јас основно учев во екс-Југа и имав само негативни искуства, не беше професор него наставници, во средно тоа беше многу помалку изразено, знам како си поминував и вреѓања и потценувања па досетки па стереотипи, not much love lost here, ако денес е поразлично тоа е добар знак дека некои работи се промениле на подобро и добро е да се прочита ако е тоа така
Не се еден народ, не биле и нема да бидат, постои асимилација на власи во македонци, интересно како македонци се жалат на асимилација во други земји, кај бугари или грци, но кога тие асимилираат власи тогаш тоа е ок, еден народ сме, нема проблем
Знаеш колку е различен романешти од македонски јазик? Немаат никаква допирна точка, баби и дедовци од двете страни си зборуваа по дома, јас не го научив пошто ми беше срам како мал, подоцна изгубив интерес и сега ако знам две реченици да составам, нешто како Ирец во Англија Имено, ирците имаат свој келтски јазик но го знаат само 2% ирци, остало говори англиски само.
Автоматски споено мислење:
Има секакви искуства, помлади генерации околу 20-25 па и 30 како што читам имаат поинакви искуства, јас и брат ми имавме многу полоши, не дискриминација него цело време несвесно те тераат да се осеќаш различен, немаше да помине барем недела дена а да не се спомене некоја глупост или навреда. Ама ти немаш живеано во екс-југа...
И има разлика од асимилиација до асимилација. Ако е насилна или за бенефити, како таа на србите, бугарите и грците над нас, тоа не може да се спореди со тоа што некој се асимилирал доброволно.
Ај небитно, не би да разглабам тука со овие муабети, ќе требаат километарски постови, а и офтопик е.