Зошто македонските веб страни не користат Google Adsense?

Член од
27 март 2009
Мислења
180
Поени од реакции
4
Се прашувам зошто македонските веб страни не користат Google Adsense? Зборувам за оние кои имаат голема посетеност како што се кајгана, точка, идивиди, а1, он нет, мотика и др. Би направиле многу пари од овој систем на Googlе. Единствено Таратур има поставено Google Adsense на својот сајт. Е сега колку заработува ...
 
P

Princ

Гостин
Многу едноставен е одговорот: бидејќи Google Adwords не работи за веб страници на македонски јазик.
Затоа.

Патем, 2 појаснувања.
1.
Google Adsense -> рекламатори
Google Adwords -> страници кои објавуваат Google реклами

2.
Ако мислиш на Adwords, одговорот е погоре
А ако навистина мислиш на Adsense, тогаш грешиш дефинитивно. Знам многу фирми што се рекламираат на Adwords, јас рекламирам на Adwords. Иако скоро џабе е, поради Adwords (односно, рекламата скоро и да не ми се прикажува бидејќи нема сајтови на македонски јазик кои користат Adwords, причината во првиот ред од цитатов).
 
Член од
27 март 2009
Мислења
180
Поени од реакции
4
Сакаш да кажеш дека Adsense не подржува македонски сајтови. Јас знам дека не подржува ама ако е за така како се прикажуваат реклами на таратур. Моментално на таратур гледам три македонски огласувачи: Nova solutions, Генел и Аргос.
 
P

Princ

Гостин
Значи, гугл прифаќа пари од нас ако сакаме да се рекламираме на гугл, Adsense работи за цел свет. Но, рекламите нема да одат по сајтови што користат Adwords (бидејќи не можат да прибираат реклами на македонски јазик) туку на срч енџинот.
Но, ако сакаме на нашиот сајт (македонски) да ставиме гугл реклами, нема да можеме да го направиме тоа бидејќи последен пат кога проверив (пред некои 2-3 месеци), немаше опција во листата јазици Македонски. Најблиски беа српски или бугарски, македонски нема. Е сега, како некој успеал не сакам да зборам. Ти кажувам регуларно како си е.
 
Член од
27 март 2009
Мислења
180
Поени од реакции
4
Како бе не гледаш. И тоа е Adsense, а не Adwords. Adwords го користат тие што сакаат да се рекламираат (advertisers), а Adsense го користат тие што сакаат да огласуваат (publishers). Таратур немаат Adsense на насловна, туку на останатите страни. Еве еден пример:http://www.taratur.com/node/10363
 
P

Princ

Гостин
Ако мислиш на овој квадрат



ова не е ни адсенс ни бутур. Ова е httpool. И нема реклами ниедна. Значи нема пари за таратур.
 
Член од
27 март 2009
Мислења
180
Поени од реакции
4
Не зборам за тој туку за овој банер на кој моментално има македонски реклами. Еве ти доказ screenshot и линк до банерот.

 
P

Princ

Гостин

Има и руски/бугарски реклами :)

Ќе повторам уште еднаш.
Адсенс не се користи бидејќи гугл не го поддржува. Таратур или кој и да е, лажат дека нивната содржина на сајтот е бугарска/српска, меѓутоа, директна содржина, македонска, не е поддржана.
 
Член од
27 март 2009
Мислења
180
Поени од реакции
4
Јас знам дека не се само македонските, дека има и руски и бугарски, тоа е така затоа што македонскиот е сличен на рускиот и бугарскиот јазик, но поентата е дека таратур користи адсенс. Македонија не е во системот на адсенс, бидејќи многу е мал бројот на македонски фирми кои се рекламираат на адсенс.
 

D-Wade

Miami Heat
Член од
13 октомври 2009
Мислења
597
Поени од реакции
69
а може ли да ми кажете како да променам јазикот на сајтот во мојот акаунт на адсенс.. моментално ми е наместен дека сајтот ми е на англиски и не можам да најдам каде се менува :vozbud:
 
P

Princ

Гостин
Оф мори мајко...

Не можеш да аплицираш за адсенс бидејќи кога аплицираш, те прашува
Website language:

• Tell us your website's primary language to help our review process.
и во листата имаш српски, бугарски, руски... македонски нема.

Е сега, ако одбереш српски а сајтот ти е на македонски јазик, при review-от ќе добиеш одговор дека многу лажеш и ти смрдат нозете, и ќе ти ја одбијат апликацијата. Не се криви они, навистина сајтот не е на српски/руски/бугарски (јазикот кој си го одбрал). Некогаш може ќе ги измамиш, ама тогаш веројатно ќе ти направат проблем кога ќе треба да ги земеш парите.

Во секој случај, македонскиот јазик не е поддржан од адсенс, и затоа македонските сајтови не го користат адсенс. Не ни можат да го користат, и да сакаат. Јас аплицирав за еден од моите сајтови, одбрав српски, ме одбија затоашто сајтот не бил на српски јазик.
Се разбравме сега?
 
Член од
27 март 2009
Мислења
180
Поени од реакции
4
а може ли да ми кажете како да променам јазикот на сајтот во мојот акаунт на адсенс.. моментално ми е наместен дека сајтот ми е на англиски и не можам да најдам каде се менува :vozbud:
Јазикот можеш да го менуваш на почетната страна на адсенс, односно кога се логираш, во drop down менито. Еве screenshot.

 
Член од
9 април 2008
Мислења
790
Поени од реакции
357
Дали сега можам да ставам ад сенс на мојот веб сајт па да си ја вратам инвестицијата ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom