Зошто македонската музичка сцена е тапа?

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.515
Сакав да ги пишам и нив ама не ми текнуваше во моментот на името на бендот.

Се појавуваат млади таленти на македонската музичка сцена, не е тапа, прашање е на вкусови а за нив не се дискутира, на некој ќе му се допадне на некој не. Како што пишав фалат менаџери, премногу маркетинг, радио станиците да пуштаат цел ден македонска музика а не тоа да биде еднаш во 2-3 часа, да има музички телевизии, да има што е можно повеќе концерти со македонски музичари.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.364
Поени од реакции
38.337
Како е тапа, ги имаме Тајзи, ДНК, Јоце Панов, Викторија Лоба, Даниел Кајмакоски, нашето македонско девојче Каролина, неповторливиот Владо Јаневски, кршачите на женски срца Куку Леле и уште многу други ѕвезди на нашето ѕвездено музичко небо.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
модерно, него како...
младалачки
мора така
21-ви век сме или што сме...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.515
Еве нешто што на повеќето можеби и ќе ви се допадне.

Ваквите треба задолжително да ги вртат по мак топ листите на радио па и на телевизија за да има освен овие модерниве звуци со електроника и нешто со тапани со гитари. И не само на мак топ листи туку и секојдневно да се вртат. Што повеќе се врти по медиумиве тв и радио македонската музика повеќе опстојува.

Алтернативната музика треба да биде третирана онолку колку што е и онаа премногу комерцијалната музика.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Има тука и таму по нешто интересно, не е за фрлање. Сепак фали поголема промоција. Колку и да велиме дека телевизијата не е важен медиум, сепак не може да се игнорира. Скоро некаде затекнав интервју со Пеце Суперхикс каде кажа дека спотот за „Луда главо“ лани бил емитуван едвај 5-6 пати на нашиве телевизии. Тоа е премалку.

Неколку пати ми се има случено, додека возам (пошто искрено само во кола слушам радио) да слушнам некоја добра македонска песна. И си мислам ова е нешто ново. А кога ќе ја побарам на YouTube да видам дека песната е од 2012 година. Па се чудам како тоа до сега не сум ја чул. Којзнае уште колку песни се имаат загубено „под радарот“ поради немање скоро никаква промоција.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.515
Пуштете Антена 5 и ќе сфатите дека македонската музика во текот на еден ден е само поплнување програмска дупка. Навечер после полноќ македонска музика колку сакаш а тогаш ретко кој да е буден да слуша радио само заради македонската музика.

Метрополис иако немам одамна слушано и тие како Антена 5 македонската музика им е само за пополнување програмска дупка.

Македонско радио радио 2 деновиве слушав и таму истата работа, само што таму барем секој ден еден час имаат емисија за македонска музика.

Канал 77 можам да ги пофалам иако сега оваа година воопшто и не сум ги слушал они пуштаат секојдневно доста македонска музика и тоа цел ден по нешто македонско се врти а и се пушта и нешто што никогаш не си ни помислил дека постои во македонската музичка сцена.


За други радио станици не знам овие ги има и во мојот град Тетово па можам за нив и да пишам.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.515
Eве уште нешто од новата генерација македонски пеачи кој си тераат со модерни звуци. Секако вкус е во прашање на некој ќе му се допадне на некој не.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.515
Последното од Сара Мејс. Мене песнава ми е чудна но интересна и убава.

Браво Сара:aplauz:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.515
Синот на Зоран Џорлев, Наско искина со неговата прва песна
 

Kajgana Shop

На врв Bottom