Зошто користам Windows?

Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.939
Намерно ја кладов темава во Линукс.

Целта ми е да докажиме дека можиме да се одлепиме од Windows-от. Мислам дека многумина сеуште користат Виндовс оти или не знаат да ракуваат со линукс т.е. имаат некој непријатен обид и заглавиле со нешто или пак не знаат Линукс алтернатива за програмите кои ги користат во виндовс.

Значи се надевам дека темава ќе ги реши вашите проблеми со Линукс.
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.147
Поени од реакции
30.684
Ок. Прашање.... Зошто да се "одлепам" од Windows-от кога буквално се' што ми е потребно - ми е овозможено преку него? Не дека не користам Linux, но едноставно: Windows повеќе ми лежи, повеќе го познавам, полесно функционирам на него.

Нормално, речиси се' би можел да имам и на Linux, но едноставно - во моментов немам време да читам Wiki/туторијали/упатства за на Linux да остварам нешто што веќе одамна знам да го правам на Windows. А искрено, се каам што многу порано не инсталирав Linux паралелно со Windows-от.

Од Ubuntu-то се откажав затоа што никогаш не успеав да го прикачам на интернет, а Linux без интернет што ќе ми е... Буквално се пробав (сам, а и мои другари - повеќегодишни linux корисници) - но бев приморан проблемот да го решам на полошиот начин - инсталирав Vista и го избришав Grub-от :)

Ако некој сака да ми помогне да го вратам Loader-от за него и да го средам интернетот, нека ми помогне на оваа тема. А дотогаш, јас останувам верен корисник на Windows. :wink:
 

Птичји Грип

Без влакна на јазикот!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
770
Поени од реакции
7
И јас добро го познавам Windows-от. Зошто да мењам нешто што веќе ми го пружа тоа што го барам. Сите програми што знам да ги работам се на Windows. Така да сеа за сеа останувам на Windows.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Изборот меѓу Windows и Linux е работа на менталитет.. навикнати сме да купуваме Windows XP/Vista за 100 денари, програми од $700 долари исто за 100 денари, или да ги симнуваме бесплатно од интернет. Се` додека нема казни за пиратерија насочени спрема корисниците, ќе има луѓе чијшто најсилен аргумент ќе биде: "Што ако Linux е бесплатен, кога јас за Windows не плаќам ништо?"

Не велам дека сите треба да се префрлат на Linux, ама сметам дека треба барем да се проба. Ако нешто е доволно добро, не значи дека не може да биде подобро.

Моето искуство со Linux се сведува на година ипол работа со неколку различни верзии на Ubuntu. Не знам се`, не сум ни почетник, а ни fanboy, па да тврдам дека нема нешто подобро од оваа дистрибуција. Ама, со оглед на тоа што после 25 минути инсталација секој дел од компјутерот ми работи, исто како и скоро секој програм и игра од Windows што ми треба (а нема соодветна замена за Linux - што е реткост); скоро секоја потребна ситница се симнува и инсталира преку Synaptic во два чекори; и што Ubuntu + Beryl изгледа многу подобро од Vista - јас сум прилично задоволен од нешто за што не сум потрошил ни денар :)

Јас, кога ми треба програм за одредена намена, прво барам на SourceForge, па на Download.com (оддел: Freeware), и ако стварно нема таков (доволно добар) програм (а најчесто има), тек тогаш барам по разни torrent тракери. Проблемот е до стравот од непознатото, чувството на сигурност (додуша, лажно) при користење на Windows, и, пак, менталитетот. На крај, се` се сведува на тоа дали крајниот корисник ќе користи, на пример, Windows + Internet Explorer + Maya + WS_FTP (~$8000) или Ubuntu + Firefox + Blender + FileZilla ($0)..
 

IsusHristos

Bojan CPU
Член од
1 март 2007
Мислења
256
Поени од реакции
1
затоа што се имам навикнато на него.и 98% апликации и игри се за Windows.И кога ке го инсталирам Linux или Knoppix da пуштам ми се губи затемнува сликата од монитор и неможам да гледам ништо.
плус Visual Basic неможе на Linux(ако знае некој решение нека каже)
него јас да прашам а зашто Linux?
 
P

Princ

Гостин
Имам два компјутери. На едниот кој секојдневно и ми е за се и сешто имам XP а на другиот во моментов SuSE (имав и Fedora Core и Ubuntu) освен како рутер, го користам и за Apache, mySQL, и за општо учење на Linux и неговите дистрибуции. На неколку теми се имам изјаснето дека Linux освен за сервер, не го препорачувам воопшто за секојдневна употреба (како на пример да видиш некој клип на кејра џејмисон затоашто премногу кодеци апликации и незнам што ќе мораш да инсталираш).

Linux - НЕ: Зошто... затоашто Linux средината е толку одбивна за новите корисници. Никој никому не сака за ништо да му помогне. Ќе прашаш некого како да направиш pppoe конекција, ќе ти даде линк да прочиташ се живо и диво за мрежите. Или нема ниту еден да најдеш што ќе сака вистински да ти помогне, или пак ептен ретко некој, откако ќе поминеш стотина од првиот тип на луѓе.

XP: Затоашто во моментот кога сакам да гледам порно, сакам да гледам порно. Не сакам да учам како се инсталира rpm package, не сакам да барам апликации кои пуштаат wmv, не сакам да учам ништо. Сакам да гледам порно. Двоен клик на порното и магично ти се отвара. Веднаш уживаш во благодетите.

Темава мене ми нема смисла (има исти/слични, нема некоја тематика во нејзе), ама нека стои некое време отворена.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.545
Поени од реакции
995
Линуксаш, колку тоа опасно звучи.
Освен неколку предности во конкретна намена (сервери, стабилност...), линукс сакс биг тајм. А се кладам дека и тие кои глумат најтврдокорни линуксаши, за одредени намени користат Виндоус.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
За глупости од типот инсталирање кодеци имам пишувано и порано.. дали кога инсталираш XP, за да гледаш DivX филм, не инсталираш кодеци? Дали не треба да гуглаш, да симнеш, да инсталираш, итн итн, се` тоа сам?

Во верзиите на Ubuntu пред 7.04, кодеци се инсталираа(т) преку Synaptic. Кликаш на името на пакетот, кликаш на Apply. Самиот програм симнува и инсталира. Во новата верзија на Ubuntu целата постапка е уште повеќе скратена. Ако пуштиш фајл за кој моментално нема кодеци, самиот оперативен систем инсталира и го пушта фајлот. The end.

За дечкото што бараше Visual Basic во Linux.. колку и да е апсурдно, и тоа го има - Mono имаат VB compiler.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
940
Зошто windows? Па едноставно може се да свари, а и не сум почуствувал потреба од линукс. Не ми е ниту страв, ниту тешко да се префрлам а и да се навикнам на него (ќе ми требаат само едно добри 2-3 месеца), ама едноставно немам потреба.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.939
Па можам да кажам дека и очекував неколку вакви постови.

Зошто Линукс, ајде нема да ве убедувам сите да го користите знам дека виндовсот е по јузерфрендли. Арно живееме во Македонија па можиме да си дозволиме виндовс за 100 денари. Дали некој од вас размислувал што ако за ваква работа можите да бидете дадени на суд и да плаќате соодветна казна.
Пример имаше еден корисник кој прашваше за ВБ добро некој му одговори за моно. Арно ама што ако истиот тој сака да го комерцијализира неговиот производ во ВБ (Си размислувал за трошоците кои следуваат(ако профункционира правната држава кај нас)).
Ќе кажам пример дека имам неколку проекти направени во комерцијални алатки. И секогаш кога ќе дојди момент за презентирање на нештото ми текнува чекај бе сето ова е напраено со пиратски работи. И ова те води во ќорсокак. Си трошел време си праел нешто и на крај поради глупости кои не си ги предвидел сета таа работа ти пропаѓа.

За сите оние кои мислат дека Линукс е помалку јузерфрендли нека го причитаат текстов (Споредба на Убунту и Виста):
http://www.informationweek.com/shared/printableArticle.jhtml?articleID=199201179

За Acid> Темата е од пред една година. Патем не те советувам да го чепкаш бутлоадерот. Зависи од неколку опции како си ги поставил при инсталација. Најлошото шо можи да ти се случи е да ги заебиш и це и де (без гајле податоците ќе ти останат на хардот само шо нема да знајш кај ти се :))

А за Принцот: Веќе пишав пост на Прашања до администраторите, за тоа колку ви е организиран форумот за компјутери, а на него знајш како заврши дискусијата. Извини ако отворам дупли теми. Ама не можев да најдам некоја соодветна (Причините ти ги напишав во прашањето до администраторите). Сепак фала шо се изјасна дека ќе ја оставиш активна.
 
P

Princ

Гостин
Ти си втор на темава кој парите ги спомнува како причина да одиме на Linux. Тоа кај мене остава лош впечаток. Мислиш дека ако МОРАМ да инсталирам и користам Linux дека тоа ќе го направи подобар OS? Побезбеден (и XP е доста безбеден, проблем е екпсанзијата... кој би правел вирус за 2 компјутера кога може да направи вирус за 2 000 000?) ? Потреба од помалку ресурси (веќе последните дистрибуции на Linux имаат побарувачка од ИСТИ ресурси како и XP)? Fedora Core со X GUI има потреба од најмалку 256 MB RAM меморија... па и XP на толку работи.
Немој да ме разберете погрешно... Linux е тежок оперативен систем за луѓе кои сакаат да го инсталираат, поврзат на нет, пишуваат во некој текст едитор... Linux е најдобриот OS за серверска околина. Мислам дека сме јасни.

Убунту е гола вода. Нема ни добро GUI, ни добар код. Благодарност што некоја таму организација им дава пари за да даваат цедиња безпари па луѓето го инсталираат (за после 2 саати да си го вратат стариот добар XP, бидејќи заглавиле некаде на Ubuntu и никој не сака да им помогне).

И пак за тебе: И во темата Прашања до администраторите се изјаснав дека подфорумов за Оперативни Системи и Програми е многу малку збунувачки и лошо организиран. Му треба мала шминка, ама само мала (програмирање и програмски јазици може би било добро да се отвори подфорум). Друго све си е во ред.

јас напиша:
Извини ако отворам дупли теми. Ама не можев да најдам некоја соодветна (Причините ти ги напишав во прашањето до администраторите).
Има, и тоа три до втора страна. Повелете:
Ми кажуваш дека подфорумот не бил добро организиран а не си го ни разгледал? Немој така молим те, тукушто ме разочара.

Уште еден едит:
Ова ми го кажува за тебе кога проверувам кој си-што си:
Mozilla/5.0 (Windows; U; Windows NT 5.1; en-US; rv:1.8.1.3) Gecko/20070309 Firefox/2.0.0.3
Лажни идеали... Кажи ама е добар M$, а? :)
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.939
Браво за логот (не си бил некој абдал кој само лај наоколу по форумов)

Токму тоа е и причината поради која јас ја отворив темава. Има многу работи во линукс кои повеќе ми се допаѓаат од виндовс (не се, има неколку глупости во дизајнот на кернелот) и поради тоа сакам да се одлепам од виндовсот ама стално има некоја заебанција која ме врзва за него. За моменталната причина нема да зборам на форумов (Дефинитивно не можи да се прај на линукс).

За Убунту не знам зошто сите на форумов кога ќе видат Линукс го читаат како Убунту. (Патем незнам да не го имаш читано кодот од Убунту шо рече дека не чинел, а за гуито (новиот гном не чини :) xp gui-то можи е поарно) Има и други здрави дистибуции како Сусе, Дебиан, Генту, Федора и сл. Арно призна дека како серверска платформа е поздрав од windows.
И кажи ми шо ти беше финтата со вирусите демек појќе му се исплаќа на некој да прај вирус кој ќе се рашири на 2000000 машини. На кои на некоја како твојот компјутер дома а. ПА на тој шо го прај вирусот и многу не му е гајле за твојот компјутер. и за порничите шо ги имаш. Ако некој прај вирус би го праел за некаков профит (пример да ти ја дигни базата од кајгана :), се заебавам ќе атакува на компјутер кој има важни информации (и претпоставувам дека тој е клаен на линукс)). Ај да скратам. И линукс е платформа која е интересна за праење на вируси.

За темите шо ги напиша: Каков ос користите И Најсигурен ОС малку се различни од ова (ПС: анкетата најсигурен ос :tapp:, кажи ми колку ти се меродавни корисниците овде да оценат). За третата тема Линукс вс Виндовс можи има место за праење муабет. Ама овде целта ми е да видам дали и ако сакаш да користиш Линукс врзан си со Виндовсот за глупости кои можеби и не ги знајш дека постојат и во линукс (како на пример ти со плеерите и кодеците.)
 
P

Princ

Гостин
На погрешна врата лаеш. Јас имам два компјутера. На едниот од секогаш имало и ќе има Linux (само дистрибуциите ги менувам повремено), а на другата од секогаш имало и ќе има Windows. Јасни сме до тука? Значи јас лично имам корист од двата OS и ги користам секој со својата намена. Крај.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.680
Па во никој друг систем нема игри со карти. Само заради картите и пинбал :):)
Сега озбилно... според моите информации (можи да не се точни) 2/3 од компјутерите во сетот користат виндоуз. Зашо незнам. А и 80% од апликациите се само за виндоуз (па барај емулатори бла бла бла). Така да... тоа е од мене.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.939
Арно за серверска околина повеќето се сложуваат па нема да дискутирам на та тема. За десктоп мислам дека конфигурабилноста си го напрај своето и затоа сите кревате раце. (Дзисх фала за статистиките :) мислам дека на сите овде му е јасно).
Инаку овде не планирам да изигравам Ричард Сталман. Значи не планирам да ве терам да користите линукс. Ако некој има желба да користи линукс а неможи да најди алтернатива бујрум ако некој сака да го фали виндовс нека оди на Виндовс вс Линукс
 
На врв Bottom