Зошто девојките не ги сакат добрите момчиња?

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Кој е штосот со волот и бикот?
Стојат на ритче млад потентен бик и постар опитен вол, доле пасат дваесетина крави!
Бикот цел возбуден му вика на волот: глеј глеј путки, ај да се стрчаме и да изе*еме една, а што викаш, што викаш?
Волот онака спокојно: А нели бива да се симнеме пополека и да ги изе*еме сите?
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.555
Поени од реакции
8.382
А можеби и добро момче кое престанало да биде момче.
Онда мора да биде лошо момче па пак добро :D
Приказната е на Ниче и трансформацијата на духот во три фази
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Моабетите им немаат врска со темата, а имаат посебна тема за служење воен рок, ама нема везе, они си верглаат и понатаму, модератор нема.....еххх мажи, ние анте а тие анти курела :facepalm:
Ако добро добро размислиш ќе увидиш дека не сме офтопик. Дали мажите стравуваат мажи по служењето на воениот рок? Дали стануваат поодговорни? Дали стануваат посериозни? Дали побрзо созреваат?

Воениот рок е бесцелно загубена година од животот. Стариот пораснал на улица каде машкоста се пресметувала со тупаници. Тоа бил ментален склоп. Војската не го променила менталитетот. Те учи на слепо следење авторитет. Родителите, дома, треба да воспостават авторитет над децата. Што друго те учи? Дека се сака и се брани државата? Им се распадна Југославија (тука без војна)! Златна ЈНА! Кога требаше да си ја бранат и сочуваат таа држава...никаде ги немаше. Пративме бран доброволци, ок тоа е вистина.

Професионалната војска треба да си остане. Граѓанинот не треба да има обврска да служи воен рок. Кој сака може да се пријави. :)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.010
Што ако татко ми бил у војска кога е слепец. Никад ни бил сериозен ни одговорен. Ден денес на 60 години не може да превземе одговорност за најситна работа. Се некој друг му е крив за се.

Едино што знае да кажува е само бајки како он имал купишта пари, со вреќи, на времето. Гледам еве јахтите го чекаат у Грчка.
@Darling ова не ли класичен пример на злоупотреба на мајчината наклоност, за намерно изоставање на таткото од воспитување на детето, преку девалвација на карактер. Или што би се рекло народски криење под сукњата на мама.

Ова не се зборови на син, туку на исфрустрирана сопруга.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
@Darling ова не ли класичен пример на злоупотреба на мајчината наклоност, за намерно изоставање на таткото од воспитување на детето, преку девалвација на карактер. Или што би се рекло народски криење под сукњата на мама.

Ова не се зборови на син, туку на исфрустрирана сопруга.
Me prasas ko so clenot doma da ziveam ili mi e rodnina.
Prasaj si go nego.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.010
Me prasas ko so clenot doma da ziveam ili mi e rodnina.
Prasaj si go nego.
Ова не беше твој пост?
Ko za mazi sho go vospevaat Malenko so 4 rastureni braka i 5 deca koi sigurno nemaat dovolno tatkovsko prisustvo, mnogu nekako se komentira za majkite.
Tie sho ziveat u stako neka ne frlaat so kamenja.
Чисто како пример кај што таткото е присутен а исто ко да не е, поради мајката.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Ова не беше твој пост?

Чисто како пример кај што таткото е присутен а исто ко да не е, поради мајката.
Malenko e javna licnost koja ima ostaveno deca u Rusija.
Forumski clen e privaten covek za koj ne znam nisto vo zivotot.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.010
Malenko e javna licnost koja ima ostaveno deca u Rusija.
Forumski clen e privaten covek za koj ne znam nisto vo zivotot.
За Маленко знаеш она што пишуваат таблоидите за него. А за овој човек знаеш тоа што он лично го напишал за својот родител :)
Автоматски споено мислење:

Нема врска, ќе поќутиме малце и така :)
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Што се однесува до машка емоционалност, топење сладолед и животот со смисла, дозволете ми да ви раскажам една приказна.

Седиме мешано полово друштво 4 женски и 3 или 4 машки во станот на една од девојките. Сите (сега веќе екс) форумџии. И тргнува вечерта алкохол, фиш...
Почнува тема на муабет кој е попатетичен, машки или женски. Тој муабет кратко траеше, со апсолутно мнозинство заклучивме дека мажите се попатетични. Надоврзувајќи се на таа тема, меѓу девојките почна муабет чив дечко е попатетичен. Е тука настана жестока дискусија и дебата која траеше се додека една од нив не предложи еден генијален начин како да се разреши дилемата, што веднаш без размислување беше прифатен. Да им се јават и да ги стават на спикерфон.

Никогаш ни пред ни после тоа не ме јадел толкав туѓ срам. Сакав во земја да пропаднам, сакав да ги прекинам разговорите, ама што фајде, секако јас а бил a не бил таму тоа ќе се случеше, вака ќе бев партибрејкер, плус од каде ќе учиш и стекнуваш искуства за да ги пишуваш овие работи. Еден од дечковците беше охриѓанец. Луѓе, апсолутно ништо на светот не е попатетично од охриѓанец како се лигави на телефон со охридски дијалект. Секако, победникот беше тој, не само поради дијалектот, се испостави дека е реално најпатетичен. А не заборавајте дека после тие дечковци требаше да ги гледам во живо и да правам муабет со нив.

Needless to say, ниту еден од тие дечковци не е сега со тие девојки, сите беа исшиканирани порано или подоцна. Значи дечковциве не згрешиле ништо па овие да им се светат. Се ова беше направено онака, за вечерта да биде поинтересна, да победиш во натпреварот на имање најпатетичен дечко, за забава. За девојкиве се ова беше една забавна, смешна, хумористична ноќ. Каква грижа на совест, каков бутур. Еден дури и примети дека е на спикерфон и кога ја праша зошто, оваа како од пушка му одговори дека е во Ве Це и се шминка/спрема па затоа, што е само доказ плус колку итро, проникливо и брзо може да биде женско фатено во незгодна ситуација.

Е така дечки, додека вие ја топите како сладолед, ја држите на дланка и и изразувате љубов и се тоа, другарки нејзини и некои бараби пукаат сеир од другата страна на слушалката, мониторот...

И не само ова, да знаете вашите девојки што чуваат, од СМС пораки (на времето повеќе), принтскринови, скриншотови и се што остава електронски траг, кои подоцна се споделуваат со другарки некогаш заради заедничка анализа што си сакал ти да кажеш, колкав шупак си излегол на тој и тој чат и слично, а некогаш е овака за забава и мајтап. Памет во глава, толку ќе ви кажам.
Јас сум само љубопитен дали сеуште се дружиш со дечкиве, и на која возраст биле кога го правеле ова?
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Јас сум само љубопитен дали сеуште се дружиш со дечкиве, и на која возраст биле кога го правеле ова?
Ова беше пред многу години и нема толкаво значење по моменталните животи на присутните на таа вечер па затоа си земам слобода вака малку за нијанса подетално да го споделам, сепак некои работи што ги знам и што сум ги посведочил со годините биле поради довербата што ми била укажана и која сум ја заслужил вака нескромно ако смеам да кажам. Да, сум користел примери од тие ситуации но секогаш со минимални информации за да не се изаде трага за кого се работи, никогаш имиња или детали што можат да наговестат нешто. Со дечковците на тие не се дружам, и тогаш дружбата беше само поради фактот што им беа дечковци. Со присутните таа вечер се гледам ретко понекогаш, две од нив се мажени, после одредена возраст си идат фамилии, работа, кариери и слично, тој интензитет на дружба од младоста и да сакаш не можеш да го тераш. Тогаш бевме сите средина на 20-ти најмладиот/најмладата од прилика 23-24, најстариот/најстарата 26-27.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Тогаш бевме сите средина на 20-ти најмладиот/најмладата од прилика 23-24, на
Ау многу лошо. Инфантилно однесување на возрасни луѓе, ние тука мислевме дека средношколци сте биле, ова е веќе радикално однесување за таа возраст.
Впрочем Суси девојките од твое време не се веќе девојки, и нивните преференци и желби се ирелевантни во ова време и ера.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Ова беше пред многу години и нема толкаво значење по моменталните животи на присутните на таа вечер па затоа си земам слобода вака малку за нијанса подетално да го споделам, сепак некои работи што ги знам и што сум ги посведочил со годините биле поради довербата што ми била укажана и која сум ја заслужил вака нескромно ако смеам да кажам. Да, сум користел примери од тие ситуации но секогаш со минимални информации за да не се изаде трага за кого се работи, никогаш имиња или детали што можат да наговестат нешто. Со дечковците на тие не се дружам, и тогаш дружбата беше само поради фактот што им беа дечковци. Со присутните таа вечер се гледам ретко понекогаш, две од нив се мажени, после одредена возраст си идат фамилии, работа, кариери и слично, тој интензитет на дружба од младоста и да сакаш не можеш да го тераш. Тогаш бевме сите средина на 20-ти најмладиот/најмладата од прилика 23-24, најстариот/најстарата 26-27.
Не го дискутирам делот дали ти си човек од доверба, или не, поентата ми е друго:
  • ова е далеку од возраст на која може да се „оправда“ вакво глупирање, искрено мислев дека сте биле далеку помлади;
  • човек што е спремен да му го направи ова на некој што „демек го сака“, може да замислам што може да направи на некој кој му е само „познаник“/„пријател“;
  • да сум на твое место, два пати би размислил пред воопшто да продолжам контакт со вакви луѓе;
  • си можел да се обидеш да го прекинеш чешитов, ако навистина го осудуваш;

Ми текнуваат и други работи, ама ме мрзи да пишувам, искрено за вакви не ни вреди да се троши време/енергија.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Ау многу лошо. Инфантилно однесување на возрасни луѓе, ние тука мислевме дека средношколци сте биле, ова е веќе радикално однесување за таа возраст.
Впрочем Суси девојките од твое време не се веќе девојки, и нивните преференци и желби се ирелевантни во ова време и ера.
Станко од ФИНКИ е популарен избор за дечко сега? Не тролам, озбилно прашувам.

Не го дискутирам делот дали ти си човек од доверба, или не, поентата ми е друго:
  • ова е далеку од возраст на која може да се „оправда“ вакво глупирање, искрено мислев дека сте биле далеку помлади;
  • човек што е спремен да му го направи ова на некој што „демек го сака“, може да замислам што може да направи на некој кој му е само „познаник“/„пријател“;
  • да сум на твое место, два пати би размислил пред воопшто да продолжам контакт со вакви луѓе;
  • си можел да се обидеш да го прекинеш чешитов, ако навистина го осудуваш;

Ми текнуваат и други работи, ама ме мрзи да пишувам, искрено за вакви не ни вреди да се троши време/енергија.
Сега ќе ти одговорам на прашањава и воедно и ќе ти ја откријам "тајната" што не е уствари никаква тајна, работиве што ги пишувам тука од каде ми се и како сум стигнал до нив.

Во животот кога се во прашање социјални ситуации сум сакал да знам, да научам некои работи, да стекнам што повеќе информации од што повеќе разноврсни страни.
Кога една другарка моја го извара дечко и на одмор во Грција со Грк, можев да и морализирам, да и држам предавања, да и викам ти си оваква, ти си онаква. Наместо тоа јас не настапив во улога на морален судија туку се заинтересирав за повеќе информации. Ја прашував како дојде до тоа, што конретно се случувало вечерта, каков бил Гркот, што поточно и се засвиѓало кај него. Кога луѓето, посебно девојки ќе видат во тебе човек што под а) не ги осудува и под б) држи дискреција, ти веруваат и ти кажуваат и повеќе и понезгодни работи. Затоа што некогаш ти ќе бидеш Гркот или пострашно дечко и. Некогаш ти ќе бидеш од другата страна на слушалката. Контактирав со секакви луѓе, седев со секакви во кафана, нормално не сите ми станаа ни блиски другари, нити пак девојки. Постои дебела причина зошто со тие од примерот погоре само сум се дружел. Сакаш да не ти се случи ова на пример:


седни некој пат на кафе со некоја која има потенцијал да го направи тоа. И што ако го прекинев чешитот? Следниот пат ќе беше направен без мое присуство. Јас лично никогаш не бил направил такви работи, никогаш би немал доверба во такви девојки, ама за да ги познаеш таквите девојки, треба да ги запознаеш таквите девојки. Едно нешто најбитно посебно за жени ќе ти кажам:

Ни 10% нема да дознаеш за неа како твоја девојка, како што ќе дознаеш како другар. Најбитните работи се учат од другарките и познаничките. Ехе на колку им играв на свадби, прашувајќи се дали нивните сопрузи ги знаат работите јас што ги знам (нормално дека не ги знаат). Твојата идна девојка/жена ќе скрие многу мрсни детали од тебе поради страв, срам и слично. Ти мислеше дека ти се усреќило и си фатил еснаф девојче пошто ти раскажала се за својот живот и можеш да направиш проценка за неа од кажаното? Think again! Ама од другарите и другарките нејзини нема да скрие многу работи, а посебно нема ако не изиграваш морален судија и ако не ги трачариш наоколу.

Е од таму Лестер ги црпам работите за луѓето и жените. Затоа што тие 4 точки погоре што ги спомна погоре сум ги држел за себе. Да не било така ќе го немав ова непроценливо социјално искуство што ниедна пара не го плаќа. Овие работи не ги сонив и не ги измислив. Ги стекнав како искуство затоа што седев и со пијаници и со екс хорсајли (и место да ги осудувам детално ги распрашував за се), преваранти, фини девојки, нефини девојки. Тоа не значи дека ги сакав, дека ги ценев, дека ги почитував сите или дека во себе ги оправдував нивните постапки. Ама за да седнам на едно кафе, на некоја ракија, да направам муабет, да научам нешто, толку требало.

А еве и нешто лично за мене ќе ти кажам. Моето искуство со моите девојки било многу добро, и сега некој ќе праша-Епа ако било многу добро, зошто пишуваш тоа што пишуваш? Па баш затоа што сум знаел некои работи сум направил да биде многу добро. Тоа е исто како некој да те праша-Па како го проживеа автопатот на смртта? Па баш заради тоа што ги знаеш сите кривини, потенцијалните одрони на земја, каде е лизгаво, каде има дупки по асфалтот, затоа. Ама тоа не значи дека патот е многу добар само затоа што ти си знаел како да го преживееш.

Затоа кога тука на форумов луѓе а и во вистинскиот живот мислат дека претерувам за некои работи, ги разбирам зошто мислат така. Затоа што се движат и избираат луѓе само од својот бабл (меур), а ги избегнуваат тие останатите со друг бабл што се. Затоа и ти ми ги поставуваш овие прашања. Затоа што луѓе со твоите прашања и заклучоци би постапиле под твоите подточки и правејќи го тоа ќе добијат само површна слика за нивниот соговорник, само убавите работи што тој сака да ги истакне. Другите работи ќе ги скрие затоа што се плаши или срами дека ќе го осудуваш или покажуваш со прст пред други. Секој/а ќе ти се смешка, ќе ти прави фин муабет. Кој/а ќе ти каже-јас сум преварант, лажам луѓе за работни визи во Словенија (на пример). Или јас кај маж гледам само пари, друго не ме интересира. Кој ќе ти ги каже тие неубавите работи? Е тоа е Лестер, што знам, како знам, зошто знам и од каде знам. Некои работи, не се.

За крај изгледај го видеово за црнецов. Црнец што се дружел со ККК па дури и им помагал, се грижел за нивните фамилии и слично. Сите црнци го осудувале и дури и му се заканувале зошто го прави тоа што го прави. Ама па затоа тој успеал да стигне до менталниот склоп на своите непријатели, да ги сфати нивните побуди, нивните мотиви, нивните причини. А тоа е многу потешко отколку да ги опцуеш или да се степаш со нив.


Школа е Лестер. Ја плаќаш како тепан и ебан или како набљудувач на некој кој е тепан и ебан. За да не бидеш утре ти.
 
Последно уредено:
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.240
Поени од реакции
3.137
Станко од ФИНКИ е популарен избор за дечко сега? Не тролам, озбилно прашувам.
Имаш малку грешна перцепција за луѓето што одат на ФИНКИ. На ФИНКИ идат паметни деца и имавме сфатено како идат работите уште како тинејџери. Оние деца што беа социјално изолирани, не идеа на ФИНКИ, зашто тато им рекол дека не е признат факултет. Да не се земам себе за пример, ама поголемиот дел од машките со кои сум бил во контакт, воопшто не беа наивни. Има такви ама не се правило.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Станко од ФИНКИ е популарен избор за дечко сега?
Не знам кој е, не анкетирам студентки по улица, ниту па самата сум, за да се палам на Станко од ФИНКИ.

Уште поважно, луѓето за мене не се статистика што јас ќе ја категоризирам во некој фолдер на "популарни дечковци" и "непопуларни дечковци" за триумфално да ги презентирам резултатите на мојот социјален инженеринг на форум.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom