Bada Bing!
шшшшшш
- Член од
- 14 јули 2006
- Мислења
- 2.671
- Поени од реакции
- 114
За некои гледањето претставува релаксација. Дали гледате затоа што сакате да се чуствувате подобро за себе, животот? Дали гледате (хорор на пример:ija за после се чуствувате безбедно во светот кој на моменти ве разочарува? Неколку часовно бегство? Можеби гледате поради естетиката на седмата уметност, монтажата, глумата, свесно и потсвесно ги оценувате како што тече филмот? Зошто оваа уметност? Затоа што е достапна, популарна, сите-речиси-гледаат-филмови или ви нуди нешто повеќе од другите уметности? Како ги оценувате филмовите? Што е добар филм и зошто е добар филм?
Сам ќе си одам Офф топик но морам да напишам нешто блиско со темава. :icon_mrgr
Филмот уште од своето раѓање пред повеќе од 100 години и официјалната употреба како алатка за изразување (читај: нова уметност) беше во главно за општа конзумација. Значи, не беше средовековна поезија читана на дворците од благородниците, класична музика слушана од елитата, тоа беше парче целулоид вртено во машина во големи сали со многу луѓе, меѓу кои и ниските класи. Чаплин го претставуваше малиот човек. Толку рано во уметноста се појавија такви ликови во филмот, што кажуваше дека нема да стане само уште едно парадирање на маката на високиот слој се додека не се јави некој и спасоносно го донесе на масата. Бидејќи медиумот е да речам, брз за примање, тогашните филмови траеле мошне пократко и се исплаќало на продуцентите и тие што ги проектирале филмовите брзо да снимат и да пуштат филм за гледање. Но, филмот премина во цела уметност, вештина на раскажување, претставување на движечките слики. Затоа, за разлика од сите други фини уметности, ме пизди кога луѓето не сакаат да знаат нешто повеќе за раѓањето и развитокот на филмот ниту пак за правењето на таков со оглед на тоа што сакаат да потрошат пари на двочасовна забава. Сите елементи што ги гледаме денес користени здраво за готово од режисери како Мајкл Беј кој зема големи пари од студијата за да донесат забава со Брус Вилис и Ебано Голем Астероид, пред само 60 години беа хорор за иновативните режисери кои тогаш ги измислуваа истите тие елемнти, режисер како што беше Орсон Велс, кој направи филм за нешто што личеше и личи на вистински човечки живот, за осаменоста, желбите, врзувањето на минатото и сегашноста и (само)деструктивната страна на човечката природа. Граѓанинот Кејн беше еден од тие bad-ass филмови на минатиот век (иако не прифатен од тогашната публика) затоа што ги кршеше/реконструираше сите дотогашни начини за правење филм наспроти налозите од тогаш многу строгиот студиски систем :kickbox:... И после дојдоа Трансформерс. И пушеа курови. :buum: :angry3:
Кхм, значи да, зошто гледате филмови?