Зошто бодрење на странски клубови, а не на домашни?

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.512
МЗТ ПРЕД СЕ!!:) бар за Фемили нема да видиш поише да дркаат на некој странски тим Лејкерс или сличен.
 
@@@@@@

MAKEDONEC
Член од
15 мај 2008
Мислења
539
Поени од реакции
33
Сите ја прават оваа споредба ама верувај не е до менталитетот, туку тие се спортски далеку подобро организирани и сеуште се конкурентни. Не зборувам само за врвни спортисти кои ги имаат во тенис, кошарка, фудбал... туку и на клупски план, еве последниве години, Партизан ќе се протне во ЛШ па ќе одигра 1-1 со Реал и слично... значи пак, конкурентни се.

И еве конкретен пример: Вардар против ЦСКА и Спарта. Игла немаше каде да падне. Вардар беше конкурентен со посилни екипи, народот се тепаше за карта повеќе. ИСто е со репрезентацијата кога беше во подобра форма па земаше некој бод тука и таму, со репрезентациите во кошарка и ракомет... секаде каде што можеме да им парираме на посилните, стадионите и салите се преполни.

И уште еден пример: фудбалската и ракометната лига во времето кога тоа што се играше личеше на фудбал и ракомет. Сум бил на локални дерби натпревари на кои требаше да се оди 2 часа порано, или може да останеш надвор дури и со влезница.

Нас не ни треба кузнае што, ние сме скромен народ. Ни треба организација и пристојни резултати. Кога одиме на некој натпревар да знаеме дека се игра чесно и дека ќе се забавуваме, дека нешто од нешто ќе има да се види. Да знаеме дека клубовите и лигите постојат за навивачите, а не за некоја мафијашка будала со три грама памет да се богати. Тоа е се што ни треба и ќе се навива и ќе се бодри, ќе биде како што беше.

А странски првенства и лиги секогаш ќе се гледаат и секој човек ќе си има фаворити, тоа не е ништо ново и го има секаде.
:cuc:
 
Член од
19 април 2008
Мислења
302
Поени од реакции
25
А за шо се игра бре? За безделничките групи кои се самонарекуваат големи навивачи чија цел е гага влез на стадион, гага патување на гости и ако бидува и гага јадење и пиење, кое секако, ќе треба да се плати од тие шо платиле влезници?
То не е љубов кон клуб, то е паразитство.
Коа подразмислив сеа имаш право..абе друже извини,ама погрешно ти е мислењето..али твое си е шо сакаш си мисли...
 
F

fantomX

Гостин

Кое мислење ми е погрешно?

Дека самонаречените наши „ултраси“ кои се гагаџии покажуваат паразитство, а не љубов кон клуб?

Нека пропаѓа клуб по клуб, па па ќе прајме муабет.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799

Љубов кон клуб не покажуваме? Ова ти е исто ко да речеш заљубен сум у Шакира пошто е поубава од сите девојки што ги знам. Па така и ти за Челзи ваљда навиваш, иако ама баш ништо не те поврзува со тој клуб. Едно е да имаш симпатии кон странски клуб едно е да бодриш клуб и да го сакаш од се срце. Паразитство не знам дали ние покажуваме или поточно ти што дремеш со пуканките у недела гледајки го Челзи на тв?
 
Дали ти плаќаш влезница за сите домашни и гостински дуели и за патот кога патуваш на гостински дуели на Вардар, па и за навивачките реквизити кои ги користиш(-те)?
И двата можни одговори се многу едноставни, а објаснувањата кои следуваат од нив уште се поедноставни.

Можеби за Челзи директно ништо не ме поврзува, ама за една Победа ме поврзуваше единствено Прилеп, а ме одврзуваа сите други работи кои шо ги гледаав со мои очи и слушав со мои уши. Не само шо ме одврзуваа, туку и ко ветар ме оддувуваа шо подалеку од нив.
 
Да плаќам за се, домашна утакмица, гостинска утакмица и карта, нормално реквизити. Сакаш и докази ?

А, болдот е тоа што го чекам од почеток на темава... Едноставен е одговорот, чекате се на тацна и се да е како што треба, едноставно клубот да е перфектен во било кое поле, од играчки кадар до управа до финансии. Епа зашто не си се обидел како што ние го спасувавме клубот 6 месеци, зашто сите фанови на Победа не преземеа нешто за да му помогнат на клубот? Победа кога беше исто бренд во фудбалот, тогаш убаво беше нели ? Па јасно ми е сега утре ако Челзи падне во втора лига дека ти и од него ќе се откажеш, според ова напишаново.
 
Докази не ми требаат за ништо, не ми менува ама ич дали би ти верувал или не. Ако си плаќаш се, браво за тебе и за Вардар, можи и да биди нешто од таа организација. Ако не плаќаш и си гагаџија, тогаш си паразит.

Од кого да чекаме се на тацна? Никогаш не сум бил ни во управа на Победа, ни дел од „ултрасите“, т.е. Мајмуни. Мојата позиција беше и е таква да сакам да одам на фудбалски натпревари во градов Прилеп како забава, рекреација и малку одмор. Тоа и го правев, секогаш со редовно платена карта од 100 денари. Се додека работата не стана лакрдија. Дури ни од волот печен шампионски не каснав мамата нивна, од шо беше сето гагаџии.
Фановите му помааат на клубот со тоа шо ги плаќаат своите влезници. „Најголемите фанови“ на Победа тоа не го правеа, сите влегуваа од вратата од дворот на Брзата помош. Дури и на главните влезови на трибините можеше да не платиш, а да влезиш, ако сте биле војска заедно со тие на врата, ама ова додуша последните години, пред то и не толку.

Шо да му правам јас на Челзи ако „утре падне во втора лига“? Ништо, работите со амблем на Челзи и натаму ќе ги имам и ќе ги користам, ќе се надевам на што побрзо да се врати на стари патеки и во меѓувреме ќе се забувавм со други работи. Слично ко и за Победа впрочем, тоа шо едни лешпери, коштаплери и простаци ја уништија таа организација, не значи дека не ми е криво за тоа. Но секој треба да си ја гледа работата, ако некој не си ја гледал ко шо треба, не е мој проблем.
 
Сум плаќал, и Комити скоро секогаш плаќаат барем карта, некогаш се знаело гага да се влезе на домашен терен, но вече 2-3 години не е така, а реквизити од секогаш се плаќале. Ни ни има потреба да бидеш во управа нити дел од ултрасите т.е. Мајмуни. Доволно е да го сакаш клубот и ако нешто ти смета да се обидеш да го промениш тоа, зошто утре твојот син можеби ќе сака да гледа домашен фудбал но уништен му е клубот поради некој апаши, а никој не го променил тоа. Кога се сака се се може нели ? Ене ги едни Сејмени го спасија клубот, молеа по фирми по маркети каде не карти плаќаа и влегоа во прва лига.

Зборот за Челзи ми беше доколку утре почнат фановите да се гагаат и клубот да тоне, ти ќе прекинеш да навиваш за него исто како и за Победа, така е или грешно сум те разбрал ? :)
 
Ако се сака, се се може. Точно. Ама само голема група. Поеднец сам никогаш.

11 Октомври не го сметам за сериозна работа, па веројатно е дека нема да ме видат на стадион, иако еве играат во првава наша лига. Со Победа искрено не знам шо се случува најточно, последно слушнав Победа Јуниор се викала и напраеле некои фузии за да играат во втора лига. Абе ај?! Победа ЈУНИОР?!?! Бламажа. Оди од најниска лига, тргни од дното кај шо и реално си, ама тргни сериозни и организирано, пред се од младинските погони - пошто наш клуб можи да опстанува само од продвање на свои млади играчи во странство. А ова вака е неуба и несериозна работа. Не исклучувам да појдам на некој натпревар и покрај целата несериозност на клубов, ама пред то ќе мора да се распрашам подетално шо и како се моментално работите. Иако скорешното гага патување и влезница за Кавадарци не е знак дека работите се менуваат.

Зависи шо подразбираш то под навивање, уште не разрешивме то.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom