Зошто англицизми во военото воздухопловство?

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.797
Поени од реакции
8.385
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116783

Читајки ја веста, ми текна дека и порано сум размислувал за овие два збора.

Сквадрон (Squadron) = Ескадрила

Винг (Wing) = Група (обично составена од 2 или повеќе ескадрили во западните ВВС) или полк (во случај да е во Германската Luftwaffe каде секој полк/Geshwader има 3 или повеќе групи/Gruppe од која секоја има 3 или повеќе ескадрили/Stafel).

Немам ништо против и да ги викаат стада летечи мечиња ако си ги бива али малку ми е бљееах...геј да се користат англиски зборови кога имаме сосем добри Македонски.

Ете, толку од мене, ако еден ден станам диктатор, ке ги вратам нашите зборови и оној кој ги ставил Англиските ке го фрлам од хеликоптер од 2км без падобран.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.065
Поени од реакции
4.714

Јас колку што знам Винг е крило во превод од Англиски.
Инаку јас мислам дека така е наречена намерно воздухопловната единица на АРМ.

Ете, толку од мене, ако еден ден станам диктатор, ке ги вратам нашите зборови и оној кој ги ставил Англиските ке го фрлам од хеликоптер од 2км без падобран.
Хаха, јас би го фрлил од 20 метра, да го боли :pos2::pos2::pos2:
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
И авион инаку француски збор така да за некакво исфрлување на странските зборови од авијацијата нема шанси.

Хрватите имаат...зракоплов....русите...самољот...
Ние имаме збор воздухо-плов......ама тоа се однесува на било каков вид летало не само на авион...

За авион...предлог...?????
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116783

Читајки ја веста, ми текна дека и порано сум размислувал за овие два збора.

Сквадрон (Squadron) = Ескадрила

Винг (Wing) = Група (обично составена од 2 или повеќе ескадрили во западните ВВС) или полк (во случај да е во Германската Luftwaffe каде секој полк/Geshwader има 3 или повеќе групи/Gruppe од која секоја има 3 или повеќе ескадрили/Stafel).

Немам ништо против и да ги викаат стада летечи мечиња ако си ги бива али малку ми е бљееах...геј да се користат англиски зборови кога имаме сосем добри Македонски.

Ете, толку од мене, ако еден ден станам диктатор, ке ги вратам нашите зборови и оној кој ги ставил Англиските ке го фрлам од хеликоптер од 2км без падобран.
ВИНГ е скратено од Воздушно извидувачко напаѓачка група,значи не е како Wing по НАТО формациската поставеност.

Сквадрони согласно НАТО стандарди.Мора.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Не се сложувам.

Ако постои Македнски збор, тој треба/ќе се користи!
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Не се сложувам.

Ако постои Македнски збор, тој треба/ќе се користи!
Да знајш колку има македонски зборови, па не се користат... нарочито по Скопјето и околината. Сношти гледав емисија на Сител (ninja warior)... Прво името на емисијата не се потрудиле да го преведат. Второ тој коментаторот ваљда беше неписмен па почна да кажува како некој лупел помаранџи и јабуки, иако на македонски се викаат портокали и јаболка.

Дури имаме вакви покондирени тикви во државава, кој како ќе стигни ќе не онади.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.797
Поени од реакции
8.385
Јас колку што знам Винг е крило во превод од Англиски.
Инаку јас мислам дека така е наречена намерно воздухопловната единица на АРМ.

Хаха, јас би го фрлил од 20 метра, да го боли :pos2::pos2::pos2:
Да, буквален превод е крило, али тоа означува единица составена од неколку ескадрили, или во другите воздухопловства е група.

Али ова со 20 метри може, по 5-6 пати.:pos2:

ВИНГ е скратено од Воздушно извидувачко напаѓачка група,значи не е како Wing по НАТО формациската поставеност.

Сквадрони согласно НАТО стандарди.Мора.

Фала ти, значи Винг е ОК, не сум го знаел ова.

А сквадрон = ескадрила. Во Германското луфтвафе е стафел а кај Французите е ескадрил или нешто слично. Кај нас се одомаќила за време Југославија ескадрила (веројатно под Француско влијание) и може дека сум од постарата генерација па мењавањето ми дојде чудно.

.

За авион...предлог...?????
Хмммм......ај да смислиме некој. Има некој предлог? :)
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Немаме соодветен збор за сквадрон,или барем јас не сум чул.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
според

http://www.babylon.com/definition/сквадрон/Macedonian

сквадрон
(анг. squadron) вој. основна тактичка и административна единица во воздухопловството на некои земји
може да биде летачка, ракетна и нелетачка
се состои од две или од повеќе одделенија

----------------------------------------------------

..quad...најчесто се мисли на нешто со „четири во себе’’

е сега поимот „четворка’’ колку е соодветен, незнам.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Па затоа и реков.Во пешадијата неколку оделенија прават вод.Авијацијата има различна поставеност и користи различи термини,слично како во артилеријата каде место чета и вод се користат термините батерија и дивизион така во авијацијата се користи сквадрон и ескадрила.Така да како што реков посоодветен термин не постои,а да се измислуваат ке треба цела терминологија да се промени.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.065
Поени од реакции
4.714
Така да како што реков посоодветен термин не постои,а да се измислуваат ке треба цела терминологија да се промени.
Па и нема потреба да се менуваат засега, ние и онака користиме многу англицизми и во другиподрачја...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom