Зошто Србија може да ги открие и промовира нашите музички таленти а ние не?

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Зато шо сме килава нација и секош се ориентираме кон некој веќе постоечки. Ако се јави добар гитарист, тоа треба да биде новиот Влатко Стефановски, ако се јави нов пеач, тоа треба да биде замена на Тоше Проески, и не само тоа, ако се јави добар поет тоа треба да биде новиот Блаже Конески и секоја појава во уметноста оди вака некако, и се губиме некаде низ оригиналноста, ја гушиме со овие ретардирани споредби, по вечита трка на нешто кое постоело некогаш и не подзадоволило. Од друга страна од старт го истиснуваме како понеквалитетно со споредбите од претходно и не го почитуваме.
Неоргиналноста е резултат на образовниот систем кој не те учи да мислиш со своја глава туку те учи секогаш да учиш на памет и да цитираш некого. Затоа јас не би рекол дека е до нацијата туку до тие што треба да ја потикнуват креативноста. Згора на тоа во музиката се имат формирано тие неколку продукциски монопола на кои не ги интересират многу таленти туку повеќе ги интересира брза пара која ја заработуваат преку организрање на концерти на пејачи од соседството кои го собират кајмакот од нашата публика. Викаме ние сме мал пазар, ДА мал сме но ако некој пејач го направиме дома ѕвезда ќе му биде полесно да се пробие и во соседните држави. А очигледно е дека и Србите и Хрватите исклучително ги ценат нашите пејачи дури повеќе од нас самите.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Арно Србија ќе ги открие, само нема кој да ги покрие ќе настинат на ова време.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Прво, аман со споредбите на ново излезени пеачи со Тоше. Еден беше Тоше и кој нов и да излезе неможе да го наречеме новиот Тоше.

Второ, како пример за сето ова би ги спомнал Некст Тајм. На почетокот се појавија, тинејџерките урлаа по нив, ама сета популарност за 1-2 години. Седум години они постојат на нашава сцена, а без никаква популарност, како и останатите Македонски пејачи. Неможат да се искажат пред другите.
Требаше да поминат 7 години, па да дојде моментот кога ќе се здружат со Боки 13, па во неговата продукција заедно со Марина Туцакович, да станат познати.


Трето, многу е значајно што им нудиш на слушателите. Нашите пејачи, посебно забавњаците, прават песна, но не со цел хит да стане, туку со цел да бидат видени, да не бидат заборавени, за да колку толку да се најде некој кафич кој ќе ги побара за тие да можат да заработат бар 200 евра.

Четврто, многу се значителни слушателите, т.е. пазарот. Во Србија кога некој ќе сними песна, во рокот од еден ден песната добива 300.000 гледаност, 5.000 лајкови и 3.000 дислајкови. Коментарите кои ги добива се секакви, од добри до лоши, што значи има за што да се збори околу песната.
Како стои тоа кај нашите песни?
Кога некој ќе сними песна, во рокот од еден ден песната добива 1.000 гледаност, 10 лајкови и 700 дислајкови. Коментарите кои ги добива не се секакви, повеќе има лоши од добри. Тука стојат коментарите од типот...... мрсна е, свиња дебела, сељак, педер, курва, срам, ужас......., а оние кои се во поголем број и имаат добро мислење за песната ни стискаат лајк, ни коментираат во одбрана, зошто имаат некој пусти срам да не бидат нападнати од плукачите.
Па бегајќи од тие предрасуди за нашата забавна музика, бегаат кон спската.

Петто, рекламата е најзначајна работа. ВО Србија има 100 продукции, 100 телевизии, 100 емисии, 100 шоуа, а ние имаме 5 продукции, 10 телевизии кои не се бават со реклама на нашата музика, 2 емисии, 0 шоуа. Нема реклама, нема ни бараност.
Фестивалите да ни ги коментираме. Ај, веќе кога се мести, бар нека пружат добра програма, а не шкарт. Сцена, осветлување и организација, нула.
Како еден пејач ќе ја испромовира песната пред присутните во една сала и пред гледачите пред малите екрани, кога во салата има 5 сјалици кои трепкаат на исто место во иста боја, кога има само 2 камери кои снимаат една од напред, друга од страна.
Едноставно народот ќе побара нешто подобро за очи, а тоа го имаат Србите.

Шесто, нашите пејачи/пејачки, не вложуваат во својата работа. Без разлика дали крадат песна или не, бар нека се обидат таа песна да не биде со текст, музика, аранжман и продукција од само 200 - 1000 евра, аматерски направена. Кај сите песни и спотот игра улога.
Аматерски и никако направен спот за 1000 евра, никој не би сакал да гледа. Србите, без разлика машки или женски ако не со квалитет бар со голотија во спотот привлекуваат внимание. Нашите глумат повлечени, а и не се до толку. Но чим силиконите на нашите пејачки и пејачи сеуште им се табу теми, не дека можеме да ја надминеме Србија.


Затоа и така постапуваат нашите пејачи/пејачки. За да станат познати во Македонија, се промовираат прво во Србија. Знаат дека така ќе бидат видени и кај нас. А ние сите, како прифатлив народ мораме да прифатиме се што е српски производ.

Така да додека и ние не прифатиме и испочитуваме нешто наше, да не кукаме зошто слушаме туѓо.

:)
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Џамбазов Игор во последната емисија кај Јанко кога гостуваше многу убаво објасни колку е жално што на нашиве телевизии има се освен Макдонска програма и објасни исто така зошто така ни функциониаат телевизиите. Епа нема слога првенствено... Друга работа секој гледа кај нас да заграба од проектот и затоа не се нафаќаат да се органзираат. Немаме ли ние музичари и музички критичари кои знаат да ценат... Да не зборувам за музички таленти... Али тоа е толку ни е свеста национална и затоа на ова ниво сме. Игор кажуваше им нудам готов проект се средно и смислено топ емисија која ке биде и повеке одгледано и не бре брате никој не се нафаќа, ке вложат 70, 80 000 денари за една вечер а не сакаат да вложат 50, 60 000 денари за проект, емисија која ке трае најмалку месец дена и ке се гледа и ке се памти. Епа ако ни е. :mad: :(
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Пошто цела држава ни е корумпирана од јајца до чело и таков успех кај нас се постигнува само со врски. Смејте им се на естрадата на Србите, тие бар ја имаат и промовираат секакви таленти по различни вкусови, на сите им даваат шанса и затоа кај нив све е поразвиено, додека кај нас треба 10 години еден асален да се протне некако, и кога ќе се појави, нашето его, љубомора и завист произлегува по интернетов, све тоа во вид на мемиња, шеговити статуси на фб и твитер, огромен хејт базиран врз ништо друго освен личен комплекс пошто тој успеал а ти не и човекот од старт е утепан од своите. Think about it. За да дојде до промена на ова поле (и на многу други), од себе треба да почнеме да се променуваме.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Затоа што Македонија нема продукција.Тоа што го прави Гранд продукција е вадење на анонимуси со талент и лансирање на пазарот во нови ѕвезди во тој жанр на музика од кои имаат заработка. Џабе е талентот ако позади тебе не стои тим кој ќе создаде комплетен пакет на песна со текст, композиција, аранжман. Тоа моментално во Македонија го нема. Овде пеачите сами ги сносат трошоците од правењето на песни. Ретко вадат нови песни затоа што тоа доста чини и треба вложување, а мала е заработката. Во некои минати времиња имало експанзија затоа што зад нив стоела МТВ. По падот на МТВ по домино ефект паѓаат и музиката, филмот, емисиите, проектите.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.985
Затоа што имаат продукција што оргранизира шоуа.

Затоа што кога во Србија ќе излезе пеач сите ќе му кажат "Браво", а кај нас ќе го заебаваат "Врска нема, со врски го бутаат", "За пола година ќе се заборави", "Шо концерт ќе има ? Па не сум глуп да плаќам за некои анти таленти" и слични муабети.."брат4е ќе си спуштам дискографија на некој бенд ќе ги слушам него ли тоа 6упа4ет0 македонско да го слушам".

Еве види пример Кајмакоски..направи успех детево и кој е консензусот на форумот за него ? "Хехе врска си нема, стар е, во виена тули местел хехе дај да го заебаваме малце хехе"

И зошто тогаш продукции би форсирале македонски таленти знаејќи дека луѓето во главном не би го прифатиле тој талент што треба да биде со отворени раце ?

Поради ова и немаме ни филмска продукција во Македонија..еве сите се жалиме немало хумор по каналиве само политика било така ? Замислете утре да излезе ПРВ МАКЕДОНСКИ СИТКОМ за група на колеги на пример ? Која ќе биде реакцијата на интернет заедницата знаете ? "АЈдеее глупи фори..од 63та фори..ајдее твитер фори..ајдее глумење лудилоооо..ајдее исто како Пријатели се..ајдеее исто како Биг Бенг Тиори се..ајдеее исто како Хау Ај Мет јор мадр се.....тапаааа ќе си симнам Д Офис ќе си гледам овие не вредат....тапааааа"

А за ова шоу можат да дојдат креаторите на најдобрите ситкоми во светот и да кажат дека е јако шоуто пак реакцијата на народот ќе биде таа..

Истово важи и за фудбал,филмови,писатели и се живо и диво.

И поради тоа што не си го вреднуваме своето, затоа српските ѕвезди ќе прават пари кај нас.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Пошто ние, повеќе и од најзакоравените chetnici, сметаме дека Србија е centar sveta. Па, ако некој се “промовира“ во Србија, ние тоа го перцепираме како светски успех. А тоа е всушност истиот ШТАЛСКИ квалитет, само понашминкан, и продаден на поголемо село.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.330
Поени од реакции
4.895
Како прво никој никого не открива. Србија прави музички шоуа на кој се пријавуваат Македонци затоа што имаат интерес од лиценци и поголема гледаност - читај повеќе пари.
Македонија нема интерес односно нема пари да промовира или инвестира во такви шоуа. Многу е полесно да се купат 200 епизоди од некоја турска серија одошто да се органицираат 200 луѓе и да се платат неколку илјади евра за 2-3 месечно ТВ шоу.

Ако ви работи тоа РАМ/РОМ меморијата ќе се сетите дека Влатко Лозаноски го откри Драган Вучиќ !!!

Ќе се сетите на "М2 Потрага по ѕвезди" и г-динот Иво Јанковски кој организира, финансира и им направи кариера на Елена Ристеска, Ламбе Алабакоски, Александра Пилева, Туна, Бојана и др.

А ќе се сетите и на првиот и последен "Македонски Идол" на сега веќе покојната A1 телевизија. Дали се сеќавате кој победи таму? Дали знаете за некој спот или песна од тие пејачи и пејачки. Јас едино се сеќавам на дечкото со ринглата и онаа на која ми се дигаше кога го поткасуваше јазикот на "Т" буквата. Дали тие дечки направија кариера? Не!
Сигурно све тоа деца на СДСМ пееа таму :lol: па сега не можат да пркнат

А овај Кајмакоски. Човекот нешто ко недоветен ми изгледа. Кога ќе излезе на телевизија да бекне нешто мењам канал пошто ме фаќа блам :LOL:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Неоргиналноста е резултат на образовниот систем кој не те учи да мислиш со своја глава туку те учи секогаш да учиш на памет и да цитираш некого. Затоа јас не би рекол дека е до нацијата туку до тие што треба да ја потикнуват креативноста. Згора на тоа во музиката се имат формирано тие неколку продукциски монопола на кои не ги интересират многу таленти туку повеќе ги интересира брза пара која ја заработуваат преку организрање на концерти на пејачи од соседството кои го собират кајмакот од нашата публика. Викаме ние сме мал пазар, ДА мал сме но ако некој пејач го направиме дома ѕвезда ќе му биде полесно да се пробие и во соседните држави. А очигледно е дека и Србите и Хрватите исклучително ги ценат нашите пејачи дури повеќе од нас самите.
Јас повеќе алудирав на оној момент кога влетува некој бомбастичен настап од ретардираните ни онлајн сајтови во стилот-Се роди новиот Тоше!!!!!!!

И одма на ретардираниот наслов следуваат ретардирани, сентиментални статуси. Тоше е еден. Никој како Тоше!. Дечкото е арен, ама Тоше е Тоше.

ОСтавете го човекот нека почива на мир. Другиов не мора да се споредува со никој. Може само да се назначи дека е квалитетно момче. И од овие што пејат моментално по телевизииве, има подобри, некој кој во моментов става дрво во пампурот во некое село Плачикур, али ете не му дошло времето да стани пејач или не ни сака.

На секој чекор скандали со гласањето, со местењето, со форсирањето секакви глупаци и отстапување медиумски простор на истите. Критичка мисла нула. Тоа што се сервира на големо, тоа и се голта. Ти му велиш еве бендов слушај пример, тој ти вели бендот е срање. И сето тоа е ок, до моментот кога тој глупакот ќе му посочи да го слушаат истиот бенд или изведувач, и наеднаш сето тоа постанува најок. Ако е срање, нека остани и понатаму срање.

Србите имаат поширок пазар, нивна корист е да ни продаваат тука коски, додека ние се филмаме дека јадеме месо.

Научени сме да се забавува по веќе воспоставен шаблон. Не плаќаме пари за бендови кои свират авторска музика или промовираат албум, затоа што немаме интерес, желба да прошириме хоризонт, па и не ни се познати песните, чунки мора да свират некои преработки ко Кингс оф Леон за да се забавуваме и им покажеме на присутните дека познат ни е текстот од песната, чунки рокери сме в душа.

Жими таквово сме.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Да надополнам од кога талент се смета тоа да испееш само една, две или пак три песни? и да победиш на некое шоу?

Во Македонија се кладам има луѓе кои пеат навистина со талент и секако тие пејат пред мала публика бидејќи или не сакаат да бидат познати или пак нема некој менаџер да ги воздигне.

Србија има воспоставена мрежа за промовирање на луѓе кои произлегуваат од гранд па така секогаш ги споредуваат со некои познати личности па така и овој пат го направија тоа Филип е новиот Тоше додуша не само Србија туку и во Македонија истото го прават со секој пејач кој ќе во некое шоу што навистина докажуваат дека медиумите немаат како прво ни м од Медиуми далеку се од тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom