Зошто Македонците (Балканците) се зависни од пиратерија?

Член од
7 април 2015
Мислења
2.649
Поени од реакции
1.538
Еве една интересна тема, не знам дали има слична некоја, пред некој ден прочитав еден текст посветен на оваа тема. Според мене има неколку причини, како прво и најважно тоа е од Финансиски аспект, за било кој дел од дигиталната пиратерија, скоро секогаш цените во МК и на Балканот се изразени во ЕУРА и се идентични со цените во ЕУ и УСА. Па така многу често една иста работа ја плаќаме поскапо во споредба со нашиот стандард. Пример Овервач кошта 40/60€ и тоа значи многу повеќе кај нас отколку ЕУ/УСА кои имаат поголеми финансиски примања. Слично е и за другите медиуми како софтверот, филмовите, сериите.
Друг аспект е менталитетот, за жал многу од нас се пораснати во Комунистичко друштво или она што останало после него, слична судбина делиме како другите источно-европски држави. За разлика од нас, во другите европски држави имаат традиција на капитализам и подршка на креаторите на дигитални содржини. Многу луѓе кои имаат пари или се добро ситуирани и можат да си дозволат, не сакаат да даваат пари за нешто што можат да го имаат “бесплатно“. Еве има многу начини на кои може да се намали цената, еве конкретно за игри, многу често има попусти за малку постари игри, има разни страници кои продаваат дигитални клучеви, има услуги како Ориџин Акцес каде за одредено време може да се играат некои ЕА игри, како Фифа, Ватлефиелд, Титанфалл итн. Слична работа е и за софтверот, додека за филмовите и сериите е малку покомплицирано, ете јас се снајдов со усернаме и пасворд од Американска Кабле телевизија преку мој пријател, тука се и сервисите како Нетфликс и Хулу.
Но да не го должиме многу воведниот пост, за крај ќе ја спомнам Полската компанија ЦД Проџект Ред, која за жал ја имала среќата да се формира во овој дел на Источна Европа и згора на се да прави СингПлејер игри, кои се мека за пиратите (за разлика од Мултиплејер игрите). Многу пати им се заканувало распад, но на крај се завршило успешно благодарејќи на совесните играчи, кои ги наградиле за својот труд и денес се една од најуспешните компании во Полска и општо во гејминг светот.
Еве дел од изворната вест од еден гејминг портал секако вреди да ја прочитате:
http://www.hcl.hr/kolumne/kupovina-igara-109615/
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.662
Поени од реакции
4.730
Пазар.
Кога нема пазар нема цени прилагодени на тоа население.

Русија,Бразил,Кина,Индија,Јужна Африка,Тајланд;Индонезија и ред други имаат цени во своја валута далеку пониски од оригиналните за ЕУ пазарот.Хрватска,Бугарија,Грција бараа неколку пати посебни цени - и беа одбиени оти и тие не се дел од пазарот што е зацртан,Турција од друга страна доби свои цени.

Цд проект ако нишо друго ги има цените во долар во евро а не долар-евро и дрм верзиите или у превод не си претплатник како на другите сервиси каде што не ги поседуваш игрите кои си ги купил.

И ја ќе најдам некоја поново пиратска гог верзија и ако ми направи мерак играта купувам клуч најчесто за стим.

На попусти е штета да не купиш некоја игра за 150/200/300/500 денари шо ќе ти овозможи часови забава у споредба со филм или друг медиум.
За чисти цени и мене не ми се плаќа најскапата можна цена како за земјите од ЕУ.

Ретка е навиката тука да се купуваат игри кежуал,уште ги има оние познаници ,роднини шо не се ни замараат со друг извор освен пиратерија и не се ни запознаени со самото онлајн купување а не па дигитални производи.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Нема превентивни мерки, нема свест, нема казни, не ја почитуваме туѓата интелектуална способност, нема...нема.....
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Еве една интересна тема, не знам дали има слична некоја, пред некој ден прочитав еден текст посветен на оваа тема. Според мене има неколку причини, како прво и најважно тоа е од Финансиски аспект, за било кој дел од дигиталната пиратерија, скоро секогаш цените во МК и на Балканот се изразени во ЕУРА и се идентични со цените во ЕУ и УСА. Па така многу често една иста работа ја плаќаме поскапо во споредба со нашиот стандард. Пример Овервач кошта 40/60€ и тоа значи многу повеќе кај нас отколку ЕУ/УСА кои имаат поголеми финансиски примања. Слично е и за другите медиуми како софтверот, филмовите, сериите.
Друг аспект е менталитетот, за жал многу од нас се пораснати во Комунистичко друштво или она што останало после него, слична судбина делиме како другите источно-европски држави. За разлика од нас, во другите европски држави имаат традиција на капитализам и подршка на креаторите на дигитални содржини. Многу луѓе кои имаат пари или се добро ситуирани и можат да си дозволат, не сакаат да даваат пари за нешто што можат да го имаат “бесплатно“. Еве има многу начини на кои може да се намали цената, еве конкретно за игри, многу често има попусти за малку постари игри, има разни страници кои продаваат дигитални клучеви, има услуги како Ориџин Акцес каде за одредено време може да се играат некои ЕА игри, како Фифа, Ватлефиелд, Титанфалл итн. Слична работа е и за софтверот, додека за филмовите и сериите е малку покомплицирано, ете јас се снајдов со усернаме и пасворд од Американска Кабле телевизија преку мој пријател, тука се и сервисите како Нетфликс и Хулу.
Но да не го должиме многу воведниот пост, за крај ќе ја спомнам Полската компанија ЦД Проџект Ред, која за жал ја имала среќата да се формира во овој дел на Источна Европа и згора на се да прави СингПлејер игри, кои се мека за пиратите (за разлика од Мултиплејер игрите). Многу пати им се заканувало распад, но на крај се завршило успешно благодарејќи на совесните играчи, кои ги наградиле за својот труд и денес се една од најуспешните компании во Полска и општо во гејминг светот.
Еве дел од изворната вест од еден гејминг портал секако вреди да ја прочитате:
http://www.hcl.hr/kolumne/kupovina-igara-109615/
Aко соберам софтвер кој го имам на ПЦ, (Виндовс, Фотошоп, Премиер, Офис...) ќе ми требаше барем 2000 евра да го имам легално, плус секоја година би излегвал некој нов кој би требало да го доплатам за да ја имам новата верзија. Од друга страна кога ќе видам колку се богати софтверските компании и нивните газди, ич немам грижа на совест кога си ги користам пиратските верзии
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
За игри не знам.
За филмови и серии, па пиратеријата е прва и веројатно единствена добра работа во Мкд за разлика од странство која ми текнува. Да, прва и единствена.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.649
Поени од реакции
1.538
За игри не знам.
За филмови и серии, па пиратеријата е прва и веројатно единствена добра работа во Мкд за разлика од странство која ми текнува. Да, прва и единствена.
Зависи каде во странство, во Шпанија е дозволено, или барем беше. Но ЕУ ќе најде начин да ги принуди сите земји да се придружуваат. Еве пред некое време ги забранија стримовите нелегални за каналите Канал+/Мовистар+ кои пренесуваат фудбал и се ултра скапи за доплата. За Германија и УК мислам дека има таков закон во употреба. Но еве на мене не ми се многу да доплатам 10€ за Нетфликс/Спотифај, дури и помалку со пасворд шеринг. Иако тука се 10€ многу повеќе. За споредба една кино влезница кошта цирка 10€ (зависно од денот) па дури и повеќе ако одиш со девојка+пуканки+кокакола :toe::toe::toe:
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Најголем проблем се финансиите. Со плата од 12-15.000 денари никој не може да си дозволи игра или филм од 50-60 евра. Тоа е лудост, особено за single player игри или multi player игри од кои секоја година испаѓаат нови продолженија ( Call of Duty, Battlefield... ).

Втор проблем е пристапноста до содржини. Овој проблем кај игрите е во голема мера надминат последните неколку години благодарение на Steam, Origin, Uplay и слични сервиси. Меѓутоа кај филмови и серии проблемот преостанува. Иако Netflix како платформа е достапен и во Македонија сепак, во однос на западните земји, нуди ограничена содржина. Исто така постари серии речиси и не е возможно да се најдат кај нас во тврда копија.
 
Последно уредено:
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Главен проблем е што сме сиромашен народ. Луѓето од нормалниот свет не се замара со пиратерија оти не им е проблем да си купат оригинал.
 

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.723
Поени од реакции
2.479
Главен проблем е што сме сиромашен народ. Луѓето од нормалниот свет не се замара со пиратерија оти не им е проблем да си купат оригинал.
Не е само тоа, и во менталитетот е проблемот. Ако на некој балканец му е мерак за игра од педесетина евра, а зема да речеме 2000 евра плата он пак ќе се испонаша како секој друг балканец кој зима не повеќе од 400 евра месечно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.087
Не сме ние балканци највоши, најназадни, најнекултурни, муфтаџии итн итн, освен што самите сметаме дека сме, се пот или преценуваме, а сме прилично сиромашни.
Далеку сме ние од најпиратски полуостров. Според економијата, уште подалеку од тоа дека ние најмногу ги оштетуваме производителите на софтвер и тие психотипови, тата види купио сам острво, наречени глумци.



The bar chart below shows the full top 10 based on the absolute number of infringements that were detected, with the United States, Italy, Brazil and Spain completing the top five.
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Што убаво вака во сиромашна земја, нема нешто за кое не можеш да се оправдаш, hehe nema pari mala plata.... ;(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom