Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
и сега, истите тие, што се бунеа против оваа нова фирма-претпријатие, сега баш тие го направија да бид епо џебот и здравјето на граѓаните, и истите тие се фалат колку пари заработиле оваа година...
Јас сеуште незнам со сигурност кој има интерес да се прави ова. Само во едно сум 100% убеден: Ние ќе победиме!
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Жителите на Општина Аеродром од локациите каде што се наплаќа зонско паркирање, од 1-ви јануари оваа година се ослободени од плаќање надомест.
Како што информираат локалните власти, тоа значи дека граѓаните бесплатно ќе паркираат на зонските паркиралишта пред своите згради.
Исто така, граѓаните кои досега плаќале за паркирање повеќе немаат обврска да поднесуваат барања за паркирање во пунктовите на ЈП „Градски паркинг“, бидејќи веќе се влезени во системот. Граѓаните кои досега не биле регистрирани и не плаќале за зонско паркирање, потребно е да достават барање во пунктовите за да се евидентираат.
Ослободувањето од плаќање надомест за зонско паркирање важи само на паркинзите каде што живеат граѓаните, поточно доколку сакаат да паркираат на друг паркинг во општината, тогаш треба да платат 25 денари за еден час.
извор
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не се предавајте Мои Сограѓани!
Во март 2009, го посетив ЈП „ Паркинзи на Општина Центар “ за да се бунам. Тогаш една таму вработена Директорка или Шефица, инаку убава и шармантна плавуша ми рече: „ Ќе легнеш и ти на брашното ..“
Нивна желба е да „ легнеме на брашното “ и да се согласиме со тоа што тие го прават, за да тие продолжат да ги примаат своите директорски платички.
За да задржиме борбениот морал, предлагам да поставиме некои духовити коментари од наши сограѓани во врска со зоните и пајак – возилата, а кои се претходно објавени по медиумите.
За почеток јас одбрав 5 коментари:http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=22112040371&id=12&prilog=0&setIzdanie=22197
Kiril
Zbesnaa, prasajte gi policajcite sto mislat za toa naplatuvacite da zemaat pogolema plata od niv. Za toa treba policiskiot sindikat da se zainteresira. Sramota. Treba i Koce da reagira i da go resi slucajot i nasilnikot da se najde na ulica. Steta , Koce kako gradonacalnik na Gazi Baba bese car a sega ?????


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=7CFD512736310D4BBCD616C98D176DB4
jimmy1, 14.12.2011 02:51:20
Pajaci da ve izedat site. Samo barate bilo kakov nacin da udrite po dzepovite na graganite. Na narednite izbori graganite treba da razmislat za kogo da glasaat, zosto od vas nemaat nikakva korist tuku samo steta, taka sto zakonski gi plackate. Pajacite i lisicite se vo upotreba, me interesira koga ke vovedite nekakvi si volci i lavavi???
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=719101026242&id=14&prilog=0&setIzdanie=22037


Pepi
Uste vo WC da mi dojdat i da postavat tajmer, ne daj boze da ne se zaboravam podolgo.


http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=3D404E499A0E6E41BD45EB3533686C95
toe e lopovluk, 28.12.2011 11:55:13

12000000 denari ukradeni od racete na narodot nas beden






Anonimen, 28.12.2011 14:37:18

Imam prijatel vo aerodrom, mu bev na gosti 4 sati i parkingot me cinese 100 denari. Moram da biram prijateli kade ne se placa parking. Da zivee Stevce i opstina Karpos, tie mislat na budzetot na svoite gradjani, a gradonacalnikot na Aerodrom prodava demagogija
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
http://imgur.com/S9uRP
http://imgur.com/xDYsd
Мислам дека сликиве доволно ке кажат и дека нема потреба да објаснувам ништо повеке за нив..

После 1 саат телефонски неуспешни расправии и убедувања дека сме СТАНАРИ и дека имаат објава дека рокот е до 25.01.2012(многу правописно напишана со нов ред ! ! ! - слика и прилика за (не)писменоста на вработените) морав да си платам. Прво што операторите се незаитересирани дека си НОВ станар и дека уво не ги боли колку време ти треба да извадиш документи и дека самото вадење има и соодветна цена. Второ што теренците се толку арогантни едниот од нив едвај извади легитимација а камо ли да беше во униформа за да знам дека е од нив, гад невиден незаинтересиран да имав нешто потврдо ке го оставев на лице место. Неколку постови погоре прочитав дека доаѓале со манги и кељавици.. Во овој случај не дојдоа иако провоцирав ко луд. Трето што највеќе ме заболе, 10 минути покасно излегувам пак и легенot на точак во едносмерната во спротивен правец на сред улица (Владимир Комаров) и правец дома. МАМИЦАТА МАМИНА ДА НЕМААТ ЗА ПОГРЕБ ! ! ! Четврто, заокруженото место не е во обележано паркинг место а и не попречува пешаци и возила во нивното движење, за оние што го знаат местово - пред фото студио ИРИС(Палма Аеродром) до оградата. Веке кога ги спомнав ИРИС, сакам да им се заблагорадам што ги убедувале да не ставаат шепи и им кажувале дека сме нови станари. Уште неможам имотни листови и основни документи да си средам па камо ли паркинзи.. АЛООООООООООООООООООООООООООООООООООО ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! ! !

п.с. Ги замолувам администраторите и модераторите да не ми ги бришат "несоодветните зборови" за поубаво да бидам разбран;

п.п.с. Ке го најдам вработениот - "АРОГАНТЕН МОМАК" (со желба што побрзо да го прочита ова) , само што ке бидеме во обратна ситуација па има да му се врати за секој кажан а богами и за помислен збор.. ДО ПОСЛЕДЕН ДЕНАР ! ! !
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Работничките синдикати би требало да ги заштитуваат правата на работниците. Тешко ми е да замислам дека некакви синдикатати ќе ги штитат правата на директорите на ЈП.
Но и тоа го има кај нас.
Прочитајте и насмејте се
Синдикатите го бранат „Градски паркинг“
Синдикатите на шесте градски јавни претпријатија, како и на Зоолошката градина и Противпожарна бригада ќе ги бранат паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ доколку Општина Центар ги оствари најавите за уривање на уште два паркинга откако го стори тоа со оној кај „Треска“.

Синдикалците потпишаа меморандум со кој се обврзаа во случај на потреба заеднички да ги штитат поединечните и колективните интереси на претпријатијата, а договорија и заедничко настапување пред сите релевантни институции во државата.

„Нашите настапи и барања ќе бидат транспарентни, искрени и издржани, со цел да се обезбеди подобра иднина на вработените и, конечно, Градот Скопје заедно со своите јавни претпријатија да стане вистинска европска метропола“, стои во меморандумот кој го парафираа синдикалците. (Дс.Т.)
http://www.vesnik.mk/?ItemID=0482C2DB45B4A442BE1181CF1E3A2873
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Работничките синдикати би требало да ги заштитуваат правата на работниците. Тешко ми е да замислам дека некакви синдикатати ќе ги штитат правата на директорите на ЈП.
Но и тоа го има кај нас.
Прочитајте и насмејте се
Синдикатите го бранат „Градски паркинг“
Синдикатите на шесте градски јавни претпријатија, како и на Зоолошката градина и Противпожарна бригада ќе ги бранат паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ доколку Општина Центар ги оствари најавите за уривање на уште два паркинга откако го стори тоа со оној кај „Треска“.

Синдикалците потпишаа меморандум со кој се обврзаа во случај на потреба заеднички да ги штитат поединечните и колективните интереси на претпријатијата, а договорија и заедничко настапување пред сите релевантни институции во државата.
„Нашите настапи и барања ќе бидат транспарентни, искрени и издржани, со цел да се обезбеди подобра иднина на вработените и, конечно, Градот Скопје заедно со своите јавни претпријатија да стане вистинска европска метропола“, стои во меморандумот кој го парафираа синдикалците. (Дс.Т.)
http://www.vesnik.mk/?ItemID=0482C2DB45B4A442BE1181CF1E3A2873
Гарант им запретиле по работните места...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Oва го пишувам крајно бесен и револтиран,
Пред 10 минути, враќајќи се дома, видов, на паркингот позади Инвалидски на еден млад Дечко, на колата и ставиле лисици. Му се понудив да му помогнам да го смениме тркалото. Ме одби... ќе ги чекал и ќе ги убедувал дека не треба да плати.
Одејќи понатаму, кај Зелен пазар, гледам една жена плаќа 500 денари, бидејќи го изгубила влезниот билет. И реков, зошто плаќаш, повеќето од нас цел ден не заработуваме 500 денари. Излезе рампаџијата, зошто јас се бунам, а жената не се бунела. И реков на жената друг пат да ја тргне рампата таа е на четири шрафа
Ве молам сите, не им плаќајте, посебно за овие незаконски казни, барајте да ве тужат па таму нека добијат.
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Oва го пишувам крајно бесен и револтиран,
Пред 10 минути, враќајќи се дома, видов, на паркингот позади Инвалидски на еден млад Дечко, на колата и ставиле лисици. Му се понудив да му помогнам да го смениме тркалото. Ме одби... ќе ги чекал и ќе ги убедувал дека не треба да плати.
Одејќи понатаму, кај Зелен пазар, гледам една жена плаќа 500 денари, бидејќи го изгубила влезниот билет. И реков, зошто плаќаш, повеќето од нас цел ден не заработуваме 500 денари. Излезе рампаџијата, зошто јас се бунам, а жената не се бунела. И реков на жената друг пат да ја тргне рампата таа е на четири шрафа
Ве молам сите, не им плаќајте, посебно за овие незаконски казни, барајте да ве тужат па таму нека добијат.
Другар апсолутно се согласувам со тебе дека не треба да им се плати за измишљотини ама наидуваме на еден проблем..Се заглавува во лавиринтот на правилата на Величенствените.

1. Нема вадење на лисицата додека не платиш
2. Не пали кај нив ако им се заканиш со суд. Ти викаат плати ми па тужи ме. ЏАБЕ
3. Ако не платиш одма ке ти викнат полиција сосе пајак и ке ти ја земат

Мислам дека треба народов малку да се свести и да се дигне малку повеке галама. Иако живеам во Аеродром и годинава ми е бесплатна. Разбирам да се стават рампи и да се определат места за станарите а останатото да се наплаќа по редовна цена и да биде по реална цената да може секој без да размисли да си плати. Тоа подразбира 10-15 денари од саат. Зошто да платам за нешто што не ми гарантира безбедност и паркинг, а да не збориме што паркинзите не се пипнати (освен линиите што ги нацртаа колку да се рече дека инвестирале нешто). Зошто моите гости кога ке сакаат да дојдат ВООПШТЕ да размислуваат на темата треба да платат 100-150 само за паркинг. Друго што страшно ме вади од такт е селективноста на вработените, а тоа ке го документирам во прва прилика и ке го објавам на секое можно место. Влагаат 2 коли на паркинг кои што не се жители од таа зона, едниот го проверува пошто беше обичен смртник со Фиеста а другиот господин со Мазда 6. Искрено добивам нагони да прегазам некого од нив иако они се само пиунчиња.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
А стварно и во сабота и недела се наплаќа во Скопје? :O
Во Скопје наплатата на паркирање е изведена така да Јавните претпријатија „ заработат “ максимум.
ЈП Паркинзи на Општина Центар, на четирите паркиралишта со кои „ стопанисува “ наплатува нон-стоп 24 часа и делник и недела и празник.
Своевремено напишав „ молба “ до Општина Центар да барем во новогодишната ноќ ги дигнат рампите за да може дедо-мраз, да им дојде на децата. На ова општинарите, ниту ги дигнаа рампите, ниту одговорија.
ЈП „ Градски паркинг “ на повеќето паркиралишта со рампи исто наплатува 24 часа нон-стоп. Но има и такви каде што наплатува „ само “ до 22 часот.
Зонските паркиралишта наплатуваат од 7 до 23 часот, сабота до 14 часот, а недела „ пуштаат срце “ - бесплатно. Во Центар зонските само зимно време „ попуштаат “ па наплатуваат „ само “ до 21 часот.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Бидејќи наплата за паркирање почна да се појавува и во други градови на Македонија, упатив представка до ЗЕЛС, да превземат активности за да зоните и рампите не се шират.
Таа представка е на 140 КВ и има 9 страни. Ќе ми значи, ако ја прочитате и ми ги кажете Вашите коментари.
 

Attachments

Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во денешните Утрински весник и Дневник се објавени написи во кои директорите се чаламат дека ќе воведат зонско во Кисела Вода и Ѓорче, дека ќе купуваат нови пајак - возила и други глупости. Еве го написот во Дневник:
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=45BD364417D17F418A9F16A5FA8FCB41
Нека се чаламат. Видело Скопје и поголеми чаламџии и поголеми кападахи. Нив деновите им се одброени.
Денеска ја добив повратницата од поднесокот број 3. Влезниот печат е од 02. јануари 2012. Веројатно досега поднесокот е преведен и сега Судиите во Стразбур читаат за, Жената што ја клоцаа, за Блонди, и за Црквата Свети Димитрија.
Време е да почнам да го подготвувам поднесокот број 4. Дајте предлози што би можел да ставам во овој поднесок.
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Предлози - колку ке ти значат одлучи
1. Колку наплаќаат а колку инвестираат
2. Кодекс на однесување Вработен - Клиент (Ароганција - 99 левел)
3. Немање право на жалба - присилна наплата (мислам дека го имаш спомнато ова ама пак да си пишам)
4. Селективност (Уште дремам ко мањак по тераси и прозори чекам прав момент)
5. Неиздавање на документ и договор од ЈП дека си нивни клиент, што значи не си ги знаеш правата кои произлегуваат од истиот.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На 28. 12. 2011, пратив барања за информација до Советот на Градот и Советот на Општина Центар со прашање: Дали Советниците добиваат билети за повластено паркирање на јавните паркиралишта на своите јавни претпријатија?
На ова многу јасно и недвосмислено прашање, Општина Центар, на 28. 01. 2012, одговори со следниве зборови: „ Ве известуваме дека немаме сознанија дали Членовите на Советот на Општина Центар добиваат билети за повластено паркирање на ЈП „ Паркинзи на Општина Центар “. А Советот на Градот одговори со зборовите: „ За вториот дел од прашањето, барањето бр. 21 – 5443/1 е доставено до ЈП „ Градски паркинг “.
Денес добив од Градот допис, во кој ЈП „ Градски паркинг “ , повторно неодредено, одговора вака: „ Ве известуваме дека Членовите на Советот на Град Скопје ги користат услугите за паркирање на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кој стопанисува ЈП „ Градски паркинг “ – Скопје, согласно „ Ценовникот на услугите кои што ги извршува ЈП Градски паркинг – Скопје“ со арх. бр. 02 – 211/4 од 25. 02. 2011 год., за кој што Ценовник Претпријатието има добиено Одлука за давање согласност донесена од страна на Советот на Град Скопје.“
На 3. 02. 2012, до двата Совета упатив, повторено барање со истото прашање.
Ги молам сите што ќе го прочитаат овој пост, а познаваат некој од Советниците, да се распрашаа дали Советниците добиваат билети за повластено паркирање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom