Зобајте-кампања за 500.000 евра

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Тераме малце офф топик. Темата е за новата кампања на Владата на РМ за здрава исхрана.
Не знам кои фаци се вртат нагоре или надолу. Едноставно не ме интересира. Немам намера да трошам енергија и мозочни клетки за едно затворено и мизерно парче земја каде што има помалку од милион и пол луѓе, каде што властите се изживуваат врз сите останати, и каде што малцинството го измачува мнозинството.

Здраво се јадеше порано. Сега, сите акции и кампањи се џабе. Едноставно џабе. Самото производство на здрава храна е уништено.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
хахаха:pos:
- кампања со Dg.Orthorexia nervosa
ќе ве направат орторексична нација- со огранучување во изборот , единствена у свет:pos::pos:
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Па што чекаш, здувни му ја.
ха, да е само тој -арно, но бројките говорат нешто сосема поинаку.Македонија станува земја на пензионери
Да не случајно следната владина кампања од пола милион евра биде - затегнување на брчките- оти На оваа земја и те како и’ е потребна младост.
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Ја ко шо зна од стално сне се ранеле зраво ехе уш од памтивек, саде незнам шо е ова сеа ѓурултија. Се знаеше, гравче, леќа, троа ориз, зелка, марулка, моркој, по некој патлиџан недозреан и крастајци криви. Последно кулен, кашкавал, паштетче јадевме девеесетитрета и то тогај за визитата зедофме.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
ова со здравава исхрана е најголем бисер на владата за изминативе 8 години( и згора на тоа дебело платен)
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.330
Поени од реакции
4.895

Нарачател Влада На Република Македонија

ШТА ВИШЕ РЕЧИ?!

Намерно и подвалија на Алачки
Сега Владата нема да има конкуренција
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.288
Еве од кај 500.000 евра, за јавна captain obvious-демонстрација :

Ако си сиромашен и немаш пари за фенси опрема за велосипедот и си возиш некој стар Рог од времето, ќе бидеш казнет со 100 Евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да си купиш сушална, па го спростираш испраниот веш на балкон, ќе бидеш казнет со 150 Евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да побараш услуги од некој сервис ќе платиш 1500-3000 Евра.

Ако си сиромашен и сакаш да обезбедиш некој денар за да преживееш со ситни поправки ќе бидеш казнет со 1500 – 3000 Евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да си купиш ајвар од продавница или немаш голем двор за да си пржиш ајвар (на пример како жената на американскиот амбасадор), ќе бидеш казнет со 250 евра.

Ако си сиромашен и не можеш да ја завршиш градбата на куќата за три години ќе бидеш казнет со 500 Евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да закупиш тезга на пазар и продаваш на улица, ќе бидеш казнет со 300 Евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да се приклучиш на канализација, ќе бидеш казнет со 400 Евра.

Ако си сиромашен и твоето дете користи туѓ учебник, ќе бидеш казнет за секое оштетување или губење на учебникот.
 
I

izotop

Гостин
Изгледа треба да направат и реклами за нездрава храна да ги покријат инаетчиите. За потоа од инает да јадат здрава храна.:)

Него со кампањава се ми мириса дека за брзо време ќе се воведе додатен данок на чоколадите и кебапите. Можеби и данок на дебелина којзнае.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Еве од кај 500.000 евра, за јавна captain obvious-демонстрација :

Ако си сиромашен и немаш пари за фенси опрема за велосипедот и си возиш некој стар Рог од времето, ќе бидеш казнет со 100 Евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да си купиш сушална, па го спростираш испраниот веш на балкон, ќе бидеш казнет со 150 Евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да побараш услуги од некој сервис ќе платиш 1500-3000 Евра.

Ако си сиромашен и сакаш да обезбедиш некој денар за да преживееш со ситни поправки ќе бидеш казнет со 1500 – 3000 Евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да си купиш ајвар од продавница или немаш голем двор за да си пржиш ајвар (на пример како жената на американскиот амбасадор), ќе бидеш казнет со 250 евра.

Ако си сиромашен и не можеш да ја завршиш градбата на куќата за три години ќе бидеш казнет со 500 Евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да закупиш тезга на пазар и продаваш на улица, ќе бидеш казнет со 300 Евра.

Ако си сиромашен и немаш пари да се приклучиш на канализација, ќе бидеш казнет со 400 Евра.

Ако си сиромашен и твоето дете користи туѓ учебник, ќе бидеш казнет за секое оштетување или губење на учебникот.
Овие правила во унијата одамна се применуваат

Во Германија ако не ги сакаш фабричките гуми и бандажи па се одлучиш да ставиш поголеми бандаши со нископрофилни гуми да ја спуштиш треба да платиш за да го имаш тоа задоволство.
Иста е постапката и ако сакаш да го модифицираш моторот.
Осигурувањето на возилото нема да важи ако при недај боже се случи незгода а не управувал носителот на осигурувањтето.

Имаи и други закони и правила ама во моментот овие ми дојдоа на мисла

Сакате во европа епа прво требаа да се комплетно да се усогласиме со нивните закони и правила.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Последно уредено:
Л

Лигеја

Гостин
Ќе беше во ред ако имаше кампања од типот не консумирајте брза и мрсна храна,јадете умерено и вежбајте редовно.За глупостиве треснати на квадрат имам многу да пишувам...прво,од медицинска гледна точка извор на повеќето човекови болести и заболувања се трите бели супстанции доколку не се консумираат умерено:шеќер,брашно и сол.Второ,форсираат нешто за кое немаат поима како функционира во Македонија а тоа е дека немаме рибарство и живинарство за пофалба освен две или три живинарски фарми кои едвај опстојуваат и неколку рибника кои не можат да ја прехранат цела Македонија за разлика од многубројните свињарски и говедарски фарми мали или големи.Се останато е увезено замрзнато месо,риба,морски плодови и не е свежо.Голема борба се води да се стопира тоа и граѓаните да јадат свежо и квалитетно месо директно произведено од нашите фарми.Од тој аспект ги гледам како неписмени и неинформирани глупаци кои за да се доближат од ЕУ и штетат на сопствената држава од која живее пола население вклучувајќи ги и земјоделците за кои не им е гајле и поим немаат што се случува со нивните поседи и не им помагаат со ништо освен со некоја пара што останала ситно од купување на канцелариски мебел.И најважната работа:храната секое семејство ја троши по вкус и можности.Да,секако дека просечно семејство ќе си дозволи да јаде јастог на секои два дена.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Јадење здрава органска храна е скапо. Дали некој бил од вас во продавница за органска храна? Нека оди да види какви се цените. И јас знам дека таа храна е подобра и повеќе здрава, ама немам стандард да ја приемнувам.

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Нели ова ве вреѓа? Не ви доаѓа желба да го врзете за нозе и да виси со глава надоле цело „работно време“?
http://emagazin.mk/фото-пратеничката-фотелја-и-не-е-така/
имам боља идеја - не за нозе, туку за јајца
ко во времето на Сталин- кога бил казнет комесарот за финансии на СССР-1930 г
ако јајцата му издржат - ќе се смета за оправдан пред судот, а доколку не, потопете го во реката-
можеби и рејтингот на Груевски ќе рипне доколку почне да ги казнува најблиските соработници:P довербата кај народот ќе порасне - ако почне да удира по магарето , наместо по самарот ко што е пракса

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.288
Постојат повеќе примери од дејствувањето на власта, по кои е очигледно дека повеќето од многуте кампањи, за жал не се темелат врз база на искрено залагање на власта и решеност по темата, туку се само начини за перење пари и шминка во дневнополитичка служба. Така и за ова:
Додека трошат 500.000 евра за кампања за здрава храна, паралелно го промовираат ГМО прехрамбениот систем, дискретно преку платени предавања на земјоделски, со кои им ја пунат главата на студентите со памфлети од Монсанто и Дупонт, а министрите даваат срамежливи изјави околу наводната нештетност на оваа храна.
Веќе прашав, но пак ќе прашам како тоа идат паралелно тие заложби на власта и кампањава?

20.10.2014 | 17:15

Компанијата „ДуПонт“, која со ирскиот „Етанол Јуроп“ најави инвестиција во Мариово, е една од четирите компании во светот која произведува огромни количества генетски модифицирана храна, објави на прес-конферецнија зелената партија, ДОМ.

Од таму изразуваат загриженост, бидејќи американската фирма секаде во светот користи генетски модифицирано семе заради големите приноси. Партијата на Лилјана Поповска, која е дел од владејачкото мнозинство, прашува дали во Македонија „ДуПонт“ ќе направи исклучок.

Според најавите, „ДуПонт“ и „Етанол Јуроп“ во Мариово од 2016 година ќе инвестираат 250 милиони евра и ќе вработат 1.000 лица. „Пелагонија етанол проектот“ ќе одгледува растенија за производство на енергија, како и прехранбени растенија на површина од околу 20 илјади хектари на напуштено земјиште во Пелагонија и Мариово“.

Крајниот производ што ќе се произведува во рафинерија во близина на Прилеп ќе биде целулозен етанол, кој се користи како биогориво.

Министерот за странски инвестиции Бил Павлески во интервју дадено деновиве, наведе дека како суровина во фабриката за целулозен етанол ќе се користат различни растенија вклучувајќи го и тутунот. Во литературата е наведено дека пченка „стовер“, некои видови трева и трупци од дрва се некои од популарните целулозни материјали за производство на етанол.

Од партија ДОМ денеска побараа, поради специфичноста на проектот, тој да се води транспаретно и со целосен мониторинг од јавноста.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Ќе беше во ред ако имаше кампања од типот не консумирајте брза и мрсна храна,јадете умерено и вежбајте редовно.За глупостиве треснати на квадрат имам многу да пишувам...прво,од медицинска гледна точка извор на повеќето човекови болести и заболувања се трите бели супстанции доколку не се консумираат умерено:шеќер,брашно и сол.Второ,форсираат нешто за кое немаат поима како функционира во Македонија а тоа е дека немаме рибарство и живинарство за пофалба освен две или три живинарски фарми кои едвај опстојуваат и неколку рибника кои не можат да ја прехранат цела Македонија за разлика од многубројните свињарски и говедарски фарми мали или големи.Се останато е увезено замрзнато месо,риба,морски плодови и не е свежо.Голема борба се води да се стопира тоа и граѓаните да јадат свежо и квалитетно месо директно произведено од нашите фарми.Од тој аспект ги гледам како неписмени и неинформирани глупаци кои за да се доближат од ЕУ и штетат на сопствената држава од која живее пола население вклучувајќи ги и земјоделците за кои не им е гајле и поим немаат што се случува со нивните поседи и не им помагаат со ништо освен со некоја пара што останала ситно од купување на канцелариски мебел.И најважната работа:храната секое семејство ја троши по вкус и можности.Да,секако дека просечно семејство ќе си дозволи да јаде јастог на секои два дена.
Поголемиот процент од "месотo" кое го конзумираме доаѓа во форма на хамбургери, чизбургери и мекбургери од Вили и Ројал. Таму, сендвичите коштаат од 120 па нагоре.
Да, пеер, неаме некој стандард ама Вили и Ројал се увек пуни. Увек.

А ја пеер, пред недела дена дома бавча ги корнев пиперките пошто ми ги изедоа полжави. Патлиџани и краставици се скинав од јадење. Домашни. Убави.
Се помачив дур ги садевме во бавча позади, али ги насадивме.
Имам и праз во бавча насадено. Имам и босилок, и нане. Од дрва иам цреша, кајсија.
Е сега, нема секој бавча. Фер. Не ми е беше фората да се фалам дека иам бавча или дека сум јак бавчованџија. Мала бавча, али стуткано све, јебига.
Не, неаме сите бавчи ама колку кошта пеер кило патлиџан на зелено? Кило пиперка?
И колкав е соодносот на cost effectiveness со хамбургер?

Леб не купувам, месиме по дома и трае три пути подолго од картонот на жито лукс. Башка тоа што пак е по cost effective.
Месото приметив дека нагло поскапе во месарниците во последно време, не знам зошто така да нема да коментирам.

Да пеер, не јадам јастог на секои два дена, али доста од стварите кои се здрави не се до толку скапи и башка дел од нив можам
да ги произведам дома.
 
Ај ќе се обидам да одговорам од емпиристички аспект.Не беше моментот да се јаде месо секој ден.Доволно е да се консумира два пати неделно и секоја домаќинка дома готви мелено месо или било каков вид на здрава храна вклучувајќи го и зеленчукот и овошјето.Некој може да си дозволи и по три пати зависи рековме нели од желбата и можноста на граѓанинот.Само што,повкусни се сендвичите и хамбургерите.Моментот е што отсекогаш биле и консумирајќи ги се почесто изгледаме како разгалени идиоти кои не знаат да ценат домашно припремена храна за која некој троши по 2 часа да ја спреми.Туку друго ми беше зборот.Моментот што мене ме лути и за кој најчесто влегувам во жестоки расправии е токму тоа што си го напоменал...наместо да имаме зголемено и ефтино производство на зеленчук,овошје и месо со форсирање и финансирање на нашите земјоделци,млекари и фармери и секој да може да си дозволи да се храни убаво и здраво,да има зголемен квалитет на производите нашата влада прави се за да го саботира тоа со наметнување на инспекции,даноци,рекети итн.Македонија е плодна и убава земја која може да си го прехрани сопствениот народ,барем кај нас има поволна клима и сите услови за тоа.Штета што интересите се свртени на друго место.Деновиве гледам исмејувања на изјавата на министерот и премиерот со добро познатиот цитат од Марија Антоанета.Само што,неа ја обезглавиле за такви зборови а овие пак ќе ги изгласаат.И пеер,бавча...стварно или тролаш? :D
 
Повкусно, не повкусно јебига. Збориме за тоа колку е здраво. Не мора да се јаде месо секој ден, али така е, фората е дека стануе збор за мрза.
Ги мрзи да зготват. Полесно им е да нарачаат, да купат готово. Па и не знаат бе.
Сум идел со девојка шо једино макарони знаела да напраи. И тие мора цел живот по рецепт да ги праи оти ја мрзи да
го запамти.

За тоа шо го збориш, владата секоја година субвенционира земјоделци, по план, во периодот 2011-2015 година ќе бидат обезбедени вкупно 670 милиони евра за субвенции во земјоделството.
Ја коа ќе отидам на зелено, никад не сум бил во ситуација да речам "еј пеер нема ова или она". Пошто има, и цените горе-доле не биле астрономски.
Нормално, ако сакаш ко Панорамикс да јадеш јагоди у лето ќе те кошта али сезонското срање е увек со таман цени.
Инспекции пеер мора да има. Или сакаш некој да ти продаде пипер од полжав изеден. Ако не го провериш нема ни да знаеш дека те заебал.
А на пазар 90% гледаат да те заебат. Макар и за 5 денари.

Бавча бе пеер. Нема ништо боље. Патлиџан, пиперка, лук, кромид и тако даље. Све од зарзаватџиски стартер pack иам :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom