Кога си во врска,зошто сум во врска,кога си слободен зошто си слободен,кога се плеткаш со некого ти здосадува,кога трчаш по некого сонуваш за мигови со него,кога ќе го добиеш те снемува од планетата и стануваш недостапна...
....?
Може ли некој да се пофали дека знае што сака?
потребата да се има некој, во добро и зло, радост и тага, кој ќе ни даде мотив и причина да бидеме подобри како личност, да научиме да ја зграбуваме иднината и да бидеме некој и нешто... некој на кој ќе може да му ги кажеме најскришните тајни и фантазии, да разговараме, да очекуваме доверба, пријателство, утеха... не се работи за потребата од задоволување на сексуалниот нагон. станува збор за исконска потреба да се чуствуваме сигурно во нечија прегратка, да припаѓаеме некому и тој/таа да ни припаѓа, да се идентификуваме некако...
основната грешка која секој човек ја прави е: те имам, ти си ми сигурна, ама чекај да видам, да ѕирнам таму зад аголот, да не има можеби некој/а подобар/подобра од тебе. пошто ја заслужувам најдобро. и изневеруваме, мислејќи дека тој/таа “подобриотт/подобрата“ ќе биде замена за душичката која ни се предала, па станала неинтересна со тоа и не не предизвикува повеќе како порано. и кога таа личност ќе ја снема од животот, тогаш сфаќаме што сме сториле и што сме изгубиле. ама доцна е веќе, ахааа...
мене не ми е јасно, како може двајца, кои се заедно со години, да не разговарале за основни работи, како сексуалните фантазии, тајните желби, омилените пози, плановите за иднината, сфаќањата за светот... има парови кои се заедно 5-6 години, а не знаат ни која боја му е омилена на партнерот, или што најмногу сака да јаде. има некои кои не ни знаат дека партнерот им обожава тројка, а се доволно во врска за да склучат брак. и после пукале бракови за месец-два. епа ќе пукаат. кога клаваш потпис на брачниот договор, матичарот прашува дали добро се познаваат партнерите. ако некој/а не ги знае преференциите на идниот брачен другар, како мже да рече “да“?
да се вратам на темата. што јас сакам:
-партнер кој не сака тројки и други слични групни “општења“
-партнер кој не се срами од тоа што е, туку мене ќе ме гледа како причина некогаш и да се изложи на ризик за да успее во повисока цел
-партнер кој ќе биде искрен и ако страста спласне, ќе ми каже и ќе се обидеме заеднички да го решиме тоа, а не да бара замене за мене додека истовремено ми тврди дека сеуште ме сака. човк кој не се обидува да ја спаси врската, а најлесно му е да раскине и да си најде друг со кој сексот ќе му биде “поинтересен“ едноставно нема што да бара од мене
-и да... партнер кој нема намера да подлегне под притисоците на средината и очекувањата на блиските и да се ожени на 30-35, наоѓајќи глупави изговори за раскинување.