Знаеме ли да ја живееме младоста...?

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Младоста е нешто што го имаат само младите, а го ценат само старите.
Зошто е тоа така. Зарем не сме свесни дека сме млади и дека ја живееме младоста.
" еее синко млад си искористи го тоа, живеј додека си млад"
тоа се зборови што секојдневно ги слушаме од старите, оние поискусните...
Додека си млад уживаш, а кога ќе станеш свесен за тоа почнуваш да старееш...Знаеме ли да ја живееме младоста или пак само задоволно се смешкаме кога ќе ни речат дека ништо не сме изживеале и тогаш почнуваме да се буниме и да се инатиме, ја си го живеам животот и мислам дека сум доволна искусна, а всушност не е така...
На крај би завршила со една многу вистинита Бурманска поговорка:
"Би било добро кога младоста би знаела се што може, а староста би можела се што знае"

ајде да видиме дали вие знаете да ја живеете младоста или само така залудно ви изминува???:smir:
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
:nesvest:
Не ми се верува!! Нешто озбилно и паметно од тебе.Старееш драга!
он: Во глобала не според мене.Ок, индивидуално е тоа ама мислам дека младоста е преценета.Старите велат дека младоста е најубавиот период од животот, жалат по неа, носталгични се, а сепак ако размислат подобро повеќето од нив брзале да пораснат, созреат и станат возрасни.Човекот не се задоволува со моменталната состојба.
Плус, знаат да кажат дека е најдобар период а исто така знаат да те затрупаат во обврски и да не ти остават време ни м да видиш од младоста.
Е сеа за кого како....
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
па не е дека не знаеме да живееме....само што како луѓе секогаш сме незадоволни.
Секогаш сакаме подобро и да..луѓе сме грешиме :) и со текот на времето како што старееме се повеќе и повеќе грешки правиме зошто животот никогаш не престанува да не изненадува.
И така после многуте направени грешки старите си викаат: ехх да бевв сеа јас млад, вака ќе правев така ќе правев

инаку зависи од личноста колку е отворен...колку е спремен да ризикува, и на кој начин си го прави животот интересен..
јас мислам дека знам да си го живеам младоста..правам тоа што сакам...(добро има некои работи што сакам али сеуште не сум направил...и тоа ќе биде :XD: ) се забавувам онака како ми е ќеф...:hihi:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не секогаш. Понекогаш луѓето се однесуваат како овој живот што го живеат да им е тест период, па си велат од наредниот ќе почнам да живеам. :jaj: Така и со младоста. Многумина само претрчуваат низ неа, а не ја ценат доволно. И јас понекогаш така, затоа и ме фаќа ужасен страв дека ја губам полека и дека доаѓа време кога веќе нема да можам да ги правам работите што сум требало да ги правам порано, а никад не сум ги правела. И знае да ме фати тага...
Младоста е прекрасен период, сите треба да го искористуваат тоа највеќе што можат.
 

Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
Старите велат дека младоста е најубавиот период од животот, жалат по неа, носталгични се, а сепак ако размислат подобро повеќето од нив брзале да пораснат, созреат и станат возрасни.
Епа жалат по неа затоа што брзале да пораснат и да станат возрасни и поради тоа не ја доживеале убаво младоста.
Во денешно време повеќето млади брзаат да пораснат, да не речам трчаат. Уште од петто одделение девојчињата се на "штикли", прво сексуално искуство доживуваат на 15 и тоа е тоа. Постепено самите луѓе си ја скратуваат младоста.
За мене, мислам дека убаво ја живеам младоста, токму како што јас сакам, но се трудам и да не направам грешки што би можеле да ми го расипат животот понатаму. Впрочем, само сега сме млади, треба да уживаме и да не брзаме во ништо што би не направило "постари", имаме време цел живот за да бидеме возрасни.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Епа жалат по неа затоа што брзале да пораснат и да станат возрасни и поради тоа не ја доживеале убаво младоста.
Во денешно време повеќето млади брзаат да пораснат, да не речам трчаат. Уште од петто одделение девојчињата се на "штикли", прво сексуално искуство доживуваат на 15 и тоа е тоа. Постепено самите луѓе си ја скратуваат младоста.
За мене, мислам дека убаво ја живеам младоста, токму како што јас сакам, но се трудам и да не направам грешки што би можеле да ми го расипат животот понатаму. Впрочем, само сега сме млади, треба да уживаме и да не брзаме во ништо што би не направило "постари", имаме време цел живот за да бидеме возрасни.
Ок, во право си особено за она што денес воопшто се испомешани и речиси ерадирани тие периоди на детство и младост.
И уште нешто што се однесува до грешки и правење глупости...
Никогаш нема да станеме стари и мудри ако прво не бидеме млади и луди:smir:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
па сега не можам да кажам оти според мене се си е ОК. ама кога ќе бидам возрасен сигурно ќе имам друго мислење, а сега со овој (луд) памет што го имам мислам дека знаеме да ја живееме младоста :helou:
 
S

smart ass

Гостин
па сега не можам да кажам оти според мене се си е ОК. ама кога ќе бидам возрасен сигурно ќе имам друго мислење, а сега со овој (луд) памет што го имам мислам дека знаеме да ја живееме младоста :helou:
проблемот е што многу се гледаат америчките комедии...абе тоа влијае на младинава и Т.Е како.

луѓе сфатете...клошарот не ја ќари секс-бомбата онаа најјаката типка баш за матурска а и кремовите на крајот се изрезилени хаха...сето тоа зготвено специфично за да ви удри у хормоните,односно да има влијание врз вашиот карактер,или начин на однесување.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Глобализацијата е лоша работа.

Веќе децата немаат детство а тинејџерите и младите глумат зрлеи личности.
 

Геврек

O ALQUMISTA
Член од
6 ноември 2008
Мислења
770
Поени од реакции
483
Posle smrta i odnovo da se rodime pak istite greski ke gi napravime i istiot zivot ke go ziveeme.... koj od kakov kalap e napraven.... toa e ...:pipi:
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Глобализацијата е лоша работа.

Веќе децата немаат детство а тинејџерите и младите глумат зрлеи личности.
така е ...пребрзо расте младинава...не за џабе рекле се во свое време али тоа сега не се почитува и се ќе им здосади мнору рано и ќе викаат дека се изживеале а не е така тие ништо не виделе сироти:nesvest:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Проблеми има секогаш и секој си мисли дека неговите се најстрашни. Како и да е, животот е паричка со две страни и тие мора да се балансираат. Има и лоши и добри моменти. И сите се дел од било кој период од животот вклучително со младоста. За да знаеш да живееш, треба да ти бидат овозможени и некои социјални услови, да имаш темперамент и оптимизам. Лошото и онака ќе дојде, не мора да го чекаме. Лично, жалам што времето брзо минува. Се трудам да правам работи кои ми одговараат и да ги прилагодам на моето опкружување. Но, секогаш правиме и работи кои не ни се баш по ќеф. Ако нема незадоволство, нема да има ни задоволство. Грешно е тоа што младоста по дифолт се поврзува со среќата и можностите. Се` зависи од личноста и нејзините амбиции. А и од среќата.
 
I

InF3cTeD

Гостин
така е ...пребрзо расте младинава...не за џабе рекле се во свое време али тоа сега не се почитува и се ќе им здосади мнору рано и ќе викаат дека се изживеале а не е така тие ништо не виделе сироти:nesvest:
епа тоа е кога прават некои работи кои за нивни години се недозволиви и по некое време кога секој нормален тоа го доживува нив им е досадно бидејќи веќе го поминале а со тоа фактички губат многу и едноставно погрешиле со изборот,не ја доживеале младоста онака како шо треба..
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Кој мери кога си млад а кога возрасен? Порано на 15 години се мажеле, женеле. Пред тоа на тие години иделе да војуваат. Само последниве неколку децении, младите се млади на тие години. Тешко е да се определи, кога гледаме историски, кога си доволно стар за да бидеш способен да ги правиш работите кои се бараат од возрасните. Затоа тоа е индивидуално.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom