Златна зора во акција низ Атина

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
http://bukvar.mk/news/zlatna-zora-vo-akcija-niz-atina-video?newsid=Yx8_

Припадниците на грчката неонацистичка партија Златна зора денеска ги покажаа мускулите по улиците на Атина. Тие, во улога на некаква полиција, уриваа тезги, вршеа проверка по улиците каде најчесто на тезги од картонски кутии продаваат имигрантите. Без никаква дозвола, групата членови на Златна зора, облечени во црни маици на имигрантите им бараа некакви дозволи за продавање на улица. Во групата беа и двајца пратеници.

„Припадниците на Златна зора го направија она што грчката држава требаше да го направи многу одамна. Ние ја запревме трговијата со нелегални стоки”, соопшти по акцијата Златна зора.

Министерот за јавен ред Никос Дендиас побара од надлеежните институции да покренат обвинение
против приврзаниците на неофашистите од Златна зора и против двајцата пратеници, Јоргос Герменисs и Панајотис Илиопулос, по нападот на тезгите на имигрантите во Атина.

Ова барање може да доведе до одземање на имунитетот на двајцата пратеници. Според извори од министерството, пратениците може да бидат обвинети за оштетување на имот.

Неколку анкети покажаа дека популарноста на Златна зора, партија која освои 18 места во парламентот, е во пораст.

МИСЛЕЊА ОД ВАС ??
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не знам како е возможно на овие суштества да им се дозволило оформување на партија.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Вакво движење// партија треба да е со закон забрането. Ако се декларираат како демократска држава ова мора да е забрането. Ама ако, нека постои, овие ти се како самострел насочен кон Грција, сами ке си го испукаат.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Колку што имам читано грчката полиција не им прави ништо, т.е. ги подржува во она што го прават. Овие едно време делеа храна и облека на сиромашните грци, убиваа и тепаа имигранти и викаа дека сакаат да ја исчистат државата од имигранти.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
На овој што збори изгледа идол му е Гоце Делчев :D

заебани момци нема што...празни кутии шутираат
--- надополнето: 9 септември 2012 во 15:57 ---
Треба нешто вакво слично кај нас на Бит Пазар и другиве места да се направи. Али немаат муда нашиве.

кога ќе ти излезат од некое црно комбе браќава со каЉаши,кашикари,глокчиња,тоа ќе биде масакр...неможеш таму вака :)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Мора Европа да превземе нешто со тоа. Емигранти не само во Грција туку низ цела Европа се. Во Англија, Франција, Германија се најмногу.
 
Член од
22 мај 2012
Мислења
65
Поени од реакции
62
Стварно ова изгледа умоболно , ама дрвото се корне додека не пуштило корени оти после може да имаат Смилковски езера , училишта Бин Ладен ,да не можат да спијат со отворен прозор оти во 3.30 или 5 часот насабајле ќе те будат многу има за набројување ама ме мрзи да пишувам.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.708
Поени од реакции
12.482
:cuc:
додека ние живееме во заблуда за соживот некој се соочува со реалноста. Луѓето на време се чистат од џганот додека не им се појават убиства по езера, борци за човекови права итн.
Коа ќе се појават црнците, пакистаницте, арапите и ќе му понудат на твојот работодавач да работат на црно за пет пати помала плата од твојата ќе те прашам што мислиш...
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
:cuc:
додека ние живееме во заблуда за соживот некој се соочува со реалноста. Луѓето на време се чистат од џганот додека не им се појават убиства по езера, борци за човекови права итн.
Коа ќе се појават црнците, пакистаницте, арапите и ќе му понудат на твојот работодавач да работат на црно за пет пати помала плата од твојата ќе те прашам што мислиш...
Ова звучи толку расистички и против човековата слобода и можност да бира.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Вакво движење// партија треба да е со закон забрането. Ако се декларираат како демократска држава ова мора да е забрането. Ама ако, нека постои, овие ти се како самострел насочен кон Грција, сами ке си го испукаат.
Па самата Организација на Обединетите Нации е основана врз антифашистичките и врз антинацистичките принципи, нејзини основачи се антифашистичките и антинацистичките држави кои победиле во Втората Светска Војна, па од тука по автоматизам, секоја држава членка на ООН мора да се декларира како антифашистичка и антинацистичка и со закон да забранува создавања и организирања на било какви антифашистички и/или антинацистички групи, движења, партии, организации и слично на нејзина територија.

Но ООН од поодамна постојат само на хартија, а не и во реалност, око не им трепна цели 10 години додека САД го бомбардираше Виетнам со напалм и ги уништуваше виетнамските шуми и џунгли со најразни пестициди и хемикалии за да немаат припадниците на северновиетнамскиот Виетконг каде да се кријат, воени злосторства, масакри, силувања и што ли уште друго не и тоа не само во Виетнам, туку и во Авганистан додека советски трупи беа присутни во таа држава, па Иран по исламистичката револуција, не само што око не им трепна, туку и дадоа амин за НАТО да ја бомбардира Југославија и не превзедоа и сеуште не превземаат ама баш никакви мерки против злосторствата кои се случуваат денес во светот - злосторствата на радикалните исламисти во северна Нигерија кон немуслиманското население, кое е претежно христијанско, палењата на коптски христијански цркви и убивањето на коптски христијани во "тазе демократизираниот" Египет после таканаречената Арапска пролет, која всушност е Арапска зима, бидејќи секаде каде што поминала, со себеси донела се и сешто, освен слобода и демократија, секојдневните ракетни напади од Газа кон Израел, тероризирањето и убивањето на немуслиманите во Иран, Саудиска Арабија и ред други злосторства кои се случуваат во моментов се едноставно игнорирани од страна на ООН како воопшто да не се случиле досега, односно како воопшто да не се случуваат во моментов.

Според самата Атлантска Повелба врз која е создадена Организацијата на Обединетите Нации, Грција би требало, ако не ја исфрлат од ООН, тогаш барем да го суспендираат нејзиното членство во ООН и во сите институции и организации на ООН и да не и испраќаат никаква помош, се додека не расчисти со фашистичките, неофашистичките, нацистичките и неонацистичките групи, движења, партии, организации и се останато фашистичко, неофашистичко, нацистичко и неонацистичко што се наоѓа на нејзина територија.

Но како што веќе спомнав, ООН денес постои само на хартија, а не и во реалност.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
орда дегени-бивши затвореници , психијатриски сллучаи - макроа - ништо чудно да во овие редови го препознаете Васко Глигоров/ијевиќ
обратете внимание на бркото со ланецет :pos: типична гејска фаца
 

Kajgana Shop

На врв Bottom