Златко Марин - градоначалник на Општина Аеродром

Член од
5 февруари 2005
Мислења
121
Поени од реакции
99
Неколку прашања за аеродромци, поврзани со оваа не баш популарна политичка фигура:

1) Како сте задоволни од работата на вашиот градоначалникот?

2) Кои се вашите 3 проекти (освен расчистување на депонија) кои ги има реализирано за општината?

3) Дали ги исполни вашите очекувања?
 
Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.110
Поени од реакции
28.081
Мене како тазе дромец ме интересира кај може да се види изборната програма за да споредиме со тоа колку е остварено? :)
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
7.621
Поени од реакции
11.187
Мене како тазе дромец ме интересира кај може да се види изборната програма за да споредиме со тоа колку е остварено? :)
Не да ја има остварено, туку и надминато.
Толку е се средено у општинава и толку нема веќе што да се средува, што мораше улицата кај Ред и кај Гет 3 пати да ја реконструира...
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
3.742
Поени од реакции
1.905

Епа вие си го гласавте
 
Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.110
Поени од реакции
28.081
Епа вие си го гласавте
Јас не го гласав, си го наследив :(
Затоа и ме интересираше што вети за да победи, а што реализираше до сега. Знам дека чат-пат постира на Фејсбук дека расчистил некоја депонија, дека донирал крв и дека пуштил некој лифт, ама некој капитален проект... Т'нко :)

Башка, знам дека порано тревата имаше зелена боја, а откако се доселив - се е некако жолто и сиво. А да имаш општина со 15 сопствени бунари и да не можеш да си го организираш наводнувањето, треба ептен да си незаинтересиран или со лоши менаџерски способности.
 
Последно уредено:

Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
466
Поени од реакции
525
Човек кој беше професор по Спорт (физичко) стана градоначалник. Што очекувавте да направи? Дали има капацитет да биде градоначалник? Одговорите сами дадете си ги. Да е нормална држава нема да се случуваат вакви небулози.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
3.742
Поени од реакции
1.905
Јас не го гласав, си го наследив :(
Затоа и ме интересираше што вети за да победи, а што реализираше до сега. Знам дека чат-пат постира на Фејсбук дека расчистил некоја депонија, дека донирал крв и дека пуштил некој лифт, ама некој капитален проект... Т'нко :)

Башка, знам дека порано тревата имаше зелена боја, а откако се доселив - се е некако жолто и сиво.
Постот беше наменет за Бојан :)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
2.274
Поени од реакции
2.108
Човек кој беше професор по Спорт (физичко) стана градоначалник. Што очекувавте да направи? Дали има капацитет да биде градоначалник? Одговорите сами дадете си ги. Да е нормална држава нема да се случуваат вакви небулози.
Најмалце е важно што е по професија..градоначалници биле и глумци, правници, бизнисмени... До човекот е и до неговата енергија и визија. Марин е многу млитав и многу без идеи. (исрено и малку тапо изгледа)
Пак ќе кажам изгледот и професијата знаат да излажат ама по ова до сега далеку е од способен. Тотално е изгубен и без концепт.
Кај нас сите градоначалници имаат глобален проблем, протоколарно средуваат ситници колку да се види дека нешто работат наместо да се развива осмислен концепт за секоја општина. прво се средува канализација, инсталации, се средуваат улици и тротоари па тек потоа паркчиња и урбана опрема. Кај нас е наопаку.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
8.479
Поени од реакции
10.385
Проблемот е што паркчиња и урбана опрема снемува на сметка на зградите, сите се тепаат да станат градоначалници во општини ко Аеродром и Карпош ради провизиите што ги добиваат од Чифлиганец и сличните во форма на недвижнини, а и така само знаат да ја наполнат општинската каса преку давачки за комуналии, нема да ме зачуди и на овој во поблиска фамилија да му најдат десетици станови. Јас не знам кои депонии ги чистел ликов, имаше некоја акција на не биди ѓубре уште во ноември заедно со административците, луѓево од иницијативата го сообраа ѓубрето во вреќи и требаше да помине камион да ги собере тие вреќи на кеј, после неколку месеци после мостот близнак уште си стојат вреќите и кучиња ги парталат.
 
Сосема си во право. Нови објекти имало и ќе има. Проблемот е што не се запазува ниеден стандарт од катноста до оддалеченоста на зградички едни од други. Ама пак ќе кажам ако има генерален план пак ќе има некаква визија и планиран изглед. Сегашната состојба само е одраз на тоа што го пишуваш.
 
Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
466
Поени од реакции
525
Накмалце е важно што е по професија..градоначалници биле и глумци, правници, бизнисмени... До човекот е и до неговата енергија и визија. Марин е многу млитав и многу без идеи. (исрено и малку тапо изгледа)
Пак ќе кажам изгледот и професијата знаат да излажат ама по ова до сега далеку е од способен. Тотално е изгубен и без концепт.
Кај нас сите градоначалници имаат глобален проблем, протоколарно средуваат ситници колку да се види дека нешто работат наместо да се развива осмислен концепт за секоја општина. прво се средува канализација, инсталации, се средуваат улици и тротоари па тек потоа паркчиња и урбана опрема. Кај нас е наопаку.

Има големо влијание тоа што е по професија. На пример да имаше знаење од областа за Урбанизам и просторно планирање ќе можеше да го примени во склоп на својата професија. Јас го познавам многу добро бидејќи 4 години ми беше професор. Единствено што правеше во тие 4 години е да запише час во дневникот. Јас сметам дека секој треба да се обиде да ја гради својата кариера во областа за која учел. Баш поради тоа што од различни области стануваат градоначалници ни се случува ова. Се согласувам со вториот пасуус од твојот коментар. Баш за тоа зборував и јас. Да имал познавања од областа која ја спомнав погоре ќе знаел по каков редослед се извршуваат работите.
 
Почитувам различни мислења и тотално не се сложувам со тебе. По таа логика и политичари и државници треба да бидат правници и со општествени науки? Меркел е физичар, Рама е сликар...
Визија и способност, тоа е тоа што единствено треба. (добро да не спомнувам чесност :) )
 
Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
466
Поени од реакции
525
Почитувам различни мислења и тотално не се сложувам со тебе. По таа логика и политичари и државници треба да бидат правници и со општествени науки? Меркел е физичар, Рама е сликар...
Визија и способност, тоа е тоа што единствено треба. (добро да не спомнувам чесност :) )
Во ред е што не се согласуваш, затоа и луѓето се разликуваат.Можеби лошо е изразив. Сакав да кажам дека е потребно барем елементарно предзнаење или да се има барем некаква допирна точка со она за кое со години учел. Визија и способност секако дека е потребни , ама пред се е потребно знаење и искуство. Патем можеби и би бил подобар градоначалник да не слуша наредби од партијата, не се однесува само на него туку на голем број градоначалници. Чесните луѓе кај нас работат во компании во лоши услови, чесни луѓе на вакви позиции во нашата држава не можеш да најдеш.
 
На врв Bottom