Златен Ретривер

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Интересен факт...златниот ретривер е еден од најбараните раси во Америка(па и во светот), рамо до рамо со неговите братучеди од класата, па и од групата. А еве и зошто....

Стандардот за него вели:

FCI-Standard N° 111 / 29. 01. 1999/ GB

Земја на потекло: Велика Британија

Намена: ловечки пес

FCI класификација: Група 8- Ретривери,чуњавци и кучиња за вода.
Секција 1 - Ретривери, со работен испит.

Општ изглед: симетричен, урамнотежен- хармоничен, активен, снажен пес, со уедначено и правилно движење, цврст- добро граден, со мил и пријатен израз.

Однесување/темперамент: послушен, интелигентен, поседува способност за работа. Мил, дружељубив и сигурен.

Глава: Избалансирана и добро обликувана
Кранијален дел
Череп: Широк, без набори, добро поставен на вратот.
Стоп: Добро дефиниран.

Фацијален дел
Нос: Пожелно е да има црна боја.
Муцка: Снажна, широка и длабока. Должина на муцката- предниот дел на лицето е еднаков на должината на черепот.
Вилица/заби:Снажна вилица со совршено, правилно и комплетно маказасто забало.
Очи:Темно кафеави, размерно широко поставени, со темни рабови на очните капаци.
Уши: Средна големина, поставени на приближно еднаква висина со очите.

Врат: Со добра должина, сув(без обесена кожа) и мускулест.

Тело: Избалансирано
Грбна линија: Рамна горна линија
Слабини: Снажни, мускулести, кратко спрегнати.
Граден кош: Длабок и снажен. Ребрата се долги и добро заоблени.

Опаш: Всаден и носен во линија на грбот,достигнува до скочните зглобови, без завиткување на врвот.

Преден дел на трупот: Предните нозе се прави со јаки коски.
Рамења: Добро поставени наназад, лопатките се долги.
Надлактица: Еднаква должина како и лопатките, поставувајќи ги нозете добро до телото.
Лакти: Поставени до телото. Затворени(не смејат да штрчат).

Заден дел од трупот: Задните нозе се снажни и мускулести.
Колена: Добро заоблени(аглувани).
Бутови: Со добра должина
Скочни зглобови: Ниско поставени надолу, прави додека се гледаат од назад, не се завртени ни навнатре ни нанадвор. Кравјиот став е крајно непосакуван.

Шепи: Округли, со мачји облик.

Движење: Снажно, со добар потисок. Правилно и издашно од напред и назад. Чекорот е долг и слободен без знаци на високо дигање( каскање) на предните нозе.

Крзно: Рамно или брановите со изразени прамени и густа водоотпорна поддлака.

Боја: Било која нијанса на златна или крем боја, но не црвена или махагони. Дозволено е само неколку бели влакна на градите.

Висина:
мажјаци: 56-61см; женки: 51-56 см

Грешки: Секое одстапување од горенаведеното ќе биде сметано за дискфаликациона грешка. Секое куче кое ке покаже физички или психички абнормалности ќе биде дискфалификувано.

Напомена: Мажјаците мораат да имаат целосно развиени тестиси кои се потполно спуштени во скротумот.

golden 1.jpg
golden 2.jpg
golden.jpg
п.с. кучивања на сликите се американски линии.
Сега драги сопственици и љубители на расава, Ве повикувам на дискусија. Збор давам на @Џои и @Erich Zann да ни кажат како е да се живее со оваа раса.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Ги прочитав карактеристиките и изненаден сум од тоа што добар дел од нив, мојов исполнува :D

Ај да почнам од некаде. Околу ловењево. Си го викам сериски убиец на пилиња. Досега има официјално над 6 (толку имам собрано јас) отепано, од кои 2 пред мои очи. Најчесто ги лови кога му јадат од храната, остатоци од леб и слично. Пред некоја недела го галев онака, го чешлав и се наоштри од нигде никаде, со секавична брзина во 3 скока, го собра со устата едно убо славејче :( црвено со сино, убавина од пиле. Но што да му правам, го поткарав ова она, џабе. Ја има таа брзина, така сигурен сум дека и на некој ловџија би му завршил работа кога би одел на лов да тепа чавчиња.

Околу водата. Кога го шетам на парк, има од по страната како ископано браздиче во која течи водата од чешмата од погоре. И ако го пуштам, прва работа што ја прави влегува во браздата и ја трча скроз до чешма. Нозете кал :D Два пати во летото се случи и да легни во тоа браздата, па замислете ситуација кога кремастата боја ќе постане кал онака на градите, нозете. Луѓе ме прашуваа тој ден што си му напраел на кучево бе вака и вака, небаре јас крив сум. :pos:

Околу социјализацијата, чинам досега нема видено зорд од друго куче, па така мисли дека сите се игриви и онака тврдоглаво им пристапува да си игра. Позитивното е што ако сети некаква агресија, или знак на неприфаќање од другото куче (или ако е ептен помало во раст) само го мириса и се повлекува, му станува неинтересно. ВО последно избегнувам да го пуштам, оти ептен е загорен за парење, па така му барам мома во меѓувреме :D

Околу интелигенцијата ги има научено основните команди. Кога решавам да го врзам после прошетка не прави проблеми да се разбркуваме, туку поштено си иди и легнува да го врзам. Исто дури го галам/чешам и да е пуштен не се разлетува туку останува со мене, тек кога ќе престанам ја продолжува прошетката. Некогаш најдувам две шишарки, еднава ја фрлам во далечина, во меѓувреме ја зема, ја враќа и ја пушта до мене, па потоа ја фрлам другава и така во круг си играме

Имам голем двор и го чувам пуштен во истиот. Во гаражата во која ги чуваме дрвата за огрев каде е доста топло, му имаме ставено голема фотелја на која спие во текот на ноќта. Спанко е, не знам дали е карактеристика за оваа раса спиењето, но мојов е спанко. Чат пат го качувам горе (дома) колку да си поиграм, и во моментот кога ќе престанам ја испитува брзопотезно околината, си најдува погодно место и си легнува онака да отпочини. Го сакам затоа што во ниту еден момент не покажал агресија кон мене, затоа што во миговите кога ќе ме види се радува и истото го прикажува, затоа што ме пречекува кога сум излезен и кога се враќам на порта. Со мене е најприврзан од цела фамилија, оти ова ми е второ куче и договорот за истото да го задржам и чувам беше да се вклучам овој пат поактивно во чистењето измет и ранењето.

Кучето е лексилиум. Ја собира целата ваша негативна енергија без да ви речи нешто. Доволно е со раката да поминете неколку пати по крзното, да добиете лиз и по некој скок во знак на радост, за истата негативна енергија да исчезни. Доколку некој сака мирно, послушно, куче кое може лесно да го издресира, милениче кое нема со својата тврдоглавост да му се качува на глава, куче кое има симпатично крзно и глава за галење, мислам дека нема да погреши со ретриверот. Доколку си сака потемпераментно куче кое ќе му биде предизвик да го смири и стави во нормала, тогаш нека си бара друга раса како Малиноата пример :D

Ако ми притекни нешто ќе допишам. Еве го мангава на слика.


 
Последно уредено:

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Да ве запознаам со БАДИ

Уште 1 недела и ќе правиме 4 месеци :)



Одсекогаш сум ја сакал оваа раса, после долго размислување конечно си се подновивме :)).
Си го чувам дома, живеам во стан (преку лето сум во куќа), сега за сега не му претставувам проблем станот бидејќи го шетам 2 пати на ден и онака брливо се растрчува па после само си одмара и спие. Значи ако не го гњавам ќе си се најади ќе поиграме и спие, ама нон стоп спие. Некогаш го осеќам дека сака да биде до мене нон стоп иако е преуморно, јас ќе идам во кујна ете го тоа по мене и неможе да доседи и легнува одма тука во кујна. Јас дури и му се чудам некогаш како не му е мака онака да доаѓа само по мене.



Секоја втора недела се погодуваме сите на работа и тоа си е само од 9 до 3 часот дома. Проблеми со лаење и такви работи плачење о страна на бади немаме. Си седи по дома само си има милион играчки и коски за играње. Што се однесува за водата, засега немаме проблем кога се капиме. Бидејќи го чувам дома сега како што врни секоја вечер после шетање обавезно во када да го замијам малце на нозете бидејќи се прави лом, исто си ужива и кога го капам. Се надевам дека нема да е брливо премногу за во вода, бидејќи живеам прва линија на езеро. Секој ден е до езеро сега за сега не ми влегло во вода ама знае да си се напие кога е жедно. Сепак ќе видиме како ќе се одвиваат работиве со водава :icon_lol:.

Што се однесува до дресура, пре пре пре пре паметна раса, Јас сум изненаден од тоа колку брзо лесно можеш да ги научиш на се и сешто. Еве едно од клипче од мене да видите како напредуваме :)


P.S

Некогаш знае да ја отвори цела вреќа со орис и да го направи цел стан лом



А вака изгледаше првото запознавање со тоалетна хартија



Сепак тоа не ни ствара нервози по дома, напротив баш смеење и големо расположение.
:masa:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Џои срцкасто е скроз :love: Увцана само за галење му се.

Исто така интересен податок кој заборавив да го споделам е тоа што освен пилиња друго ништо не лови. Некогаш идат мачки да му јадат од јадењето, ова само им лае од страна и ништо не им прави. Не им се ни доближува онака. Чим лае знам дека треба да слезам долу и да ги забркам. После то откако ќе се разбегаат ова трча на кај што избегале демек ги брка :D

Овие два дена се гледавме поретко, ми излегоа некои обврски. Прееска начекав салам време и го загушкав еден сат. Се скапа радување.

Eве

12305849_10208342525705934_36415871_n.jpg

12283139_10208342525505929_1934873345_n.jpg

Горе првата слика е во летото кога читав долу на прв спрат дека поладно, и тоа дремеше на земја. А овде е на Могила сликано, пред да го скини синџирчето. Поминаа маж и жена шеткаа Пинч, и јас седам така искулиран на клупа го гледам, и едно време тргна и се скина кожното и правец на кај пинчов. Од што се исплашија луѓето го кренаат тоа малото директ на рамена. Јас шпринтот да го соберам мојов.

Тука играме со шишарките ко шо спомнав од погоре :D


Tука појма немам шо прајме, го фатив насмеано.

 
Последно уредено:

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Морам да почнам да го учам да не се радува на сите, човек неможе да излезе на мира. Си ги сака сите како да му се негови први пријатели
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
746
Поени од реакции
533
Сакам да купам златен ретривер, има ли во државава некоја добра одгледувачница за оваа раса ? На крај краева ако нема ќе барам по огласи.
 

Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
674
Барам да купам чистокрвен златен ретривер, со златникави долги влакна. Ако некој знае кај можам да најдам нека ме контактира. Позз
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Морам да почнам да го учам да не се радува на сите, човек неможе да излезе на мира. Си ги сака сите како да му се негови први пријатели
И после 3 години дечкото си е исти. :pos:
 
Член од
11 февруари 2019
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво сакав само да прашам дали и вашиот дечко бил толку многу темпераментен како Клара моја. Наполнивме 5месеци и многу сме луди,мирна е само кога и се спие
 

Kajgana Shop

На врв Bottom