Зен и други поучни приказни

Член од
19 ноември 2015
Мислења
87
Поени од реакции
86
Пуштете ме надвор!

Човечката состојба е совршено претставена во случај на беден пијаница кој доцна во ноќта лежи на улица, пред затворената порта на паркот, а потоа удира по неа, дерејќи се: "Пуштете ме надвор!"

Само вашите илузии ве спречуваат да видите дека сте слободни, и дека секогаш сте биле.


Незнаењето на Маркони


Големиот пронаоѓач на радиоапаратите, Маркони, поминал цела ноќ во лабораторијата, разговарајќи со еден пријател за најкомпликуваните аспекти на безжичната комуникација. Кога пред утрото излегле надвор, Маркони наеднаш изјавил: "Цел живот се бавам со ова прашање, но има едно нешто кај радиоапаратот што навистина не можам да го разберам." "Има нешто што не можеш да го разбереш?" зачудено рекол неговиот пријател. "А што е тоа?"
"Како воопшто функционира?", рекол Маркони.


Кралот Јанака и Аштавакра

Не постои друг свет освен овој. Но, постојат два начина на кои може да се види.

Во древна Индија живеел мудар цар Јанака. Еден ден се одморал на креветот нареден со ливчиња од цвеќе, додека робовите го ладелет со палмови листови а војниците чувале стража пред вратите. Заспал и сонувал дека бил поразен во конфликт со кралот на соседната земја. Тој сонувал дека бил заробен и мачен. Кога почнала тортурата, Јанака одеднаш се разбудил и се нашол како лежи на кревет нареден со ливчиња од цвеќеп, со робови што го ладеле и војниците што чувале стража. Потоа повторно заспал и го сонил истиот сон, па повторно се разбудил и се нашол себеси жив и здрав во својата палата. Јанака почнал да се бори со една мисла: додека спиел, светот на неговите соништа му се чинел вистински. Сега, кога бил буден, му се чинел вистински светот на сетилата. Тој сакал да дознае кој од овие два света е навистина стварен. Меѓутоа, ниту еден од многуте филозофи, научници и мудреци што ги прашал, не знаел што да му каже. Со години тој залудно барал одговор, се додека еден човекот по име Аштавакра не дошол на портата на кралската палата. Аштавакра значи "целосно деформиран" или "инвалид", бидејќи од самото раѓање беше таков. Првично, кралот не го сфатил сериозно. "Како такво деформирано суштество како што си ти може да знае мудрост што е скриена од толку многу научници и филозофи?" Тој му рече. "Откако бев роден, сите големи патишта ми беа блокирани, па жедно тргнав по патот на мудроста", одговорил Аштавакра. "Зборувај", рекол кралот. И еве што Аштавакра му рече: "О кралу мој, ниту будната состојба е стварна, ниту пак соништата. Кога сме будни, светот на сонот речиси и да го нема, а кога сонуваме, не постои светот на сетилата. Значи, ниеден не е вистински. "" Но, што е тогаш навистина реално? ", прашал кралот. "Постои состојба која е од другата страна на овие два света! Откриј ја. Тоа е единствената реалност".

Има луѓе кои сметаат дека се просветлени, но, во своето лудило, велат дека некој е добар а некој е лош, дека некои настани се пријатни, а други тажни. Оној кој навистина е просветлиен ги напушта категориите на живот и смрт, пораст и пад, успех и неуспех, сиромаштија и богатство, слава и понижување. Над него нема моќ ниту гладот и жедта, топлината и студот, затоа што ги смета за минливи низ животниот ток. Тој сфатил дека не е потребно да се промени она што го гледа, туку само начинот на кој тој го гледа светот околу себе. Така, тој ги презема својствата на водата, која е флексибилна и еластична, но незапирлива во својот тек. Не се уморува, а им чини добро на сите живи суштества. Благодарејќи на нејзината активност лишена од интерес, и другите се трансформираат; целиот свет станува побогат. Тие ја водат водата од реката за да ги напојуваат полињата. Таа е сосема рамнодушна дали е во реката или во полињата, и така и просветлениот живее и работи во склад со својата судбина. Таквите луѓе стануваат заколнати непријатели на општеството, кое ја мрази еластичноста на она што е живо, и наметнува дисциплина, ред, рутина, канони и конформизам.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.581
Поени од реакции
11.595
Немам јас одбивност.....уствари не ми се ни познати работите. Како да имам одбивност кога криете за методите(ај тоа ќе го разберам) и резултатите кои никако не можам да ги разберам. Таа твоја суфи приказна за таа истрајност е тешка глупост.....човек не треба ни чекор да направи во одреден правец ако не знае кај го води. Мирисате на превара од 100 Km....нели ви е јасно?[.
Малку знаеш, затоа не го познаваш мирисот на магика во Телема и мислиш дека е одвратен :)
Нели ти е јасно?

"Не постои нешто вредно за постигнување освен правилниот развој на Аспирантот со постојана научна работа; тој не треба да се обидува да трча пред да научи да оди; не треба да посака да оди некаде, додека не е сигурен каде сака да оди.“
- Магика, Книга 4, Дел Три - Магика во Теорија и Пракса, А. Кроули
 
Член од
19 ноември 2015
Мислења
87
Поени од реакции
86
Бабиното молчење

Бабата и дедото се скараа, и бабата толку се налутила што повеќе не сакала да разговара со нејзиниот сопруг. Следниот ден, дедото веќе беше заборавил сè, но бабата продолжила да го игнорира, одбивајќи да зборува со него. Колку и да се обидуваше, дедото не успеа да ја натера да зборува. На крајот, почна да пребарува по плакарот и фиоките. По неколку минути, бабата не издржа. "Може ли да се знае што бараш таму?", праша бесно. "Фала му на Бога, го најдов тоа", рече дедото, умно насмевнувајќи се. "Што тоа?", праша бабата. "Твојот глас!"

Ако Бог е она што го барате, најдете го на друго место.


Трагач по вистината

Ѓаволот го видел човекот кој пошол во куќата на духовниот учител и одлучил да стори сé што е во негова моќ за да го спречи да ја пронајде вистината. И така, тој го изложил сиромавиот на сите можни искушенија: богатство, задоволство, слава, моќ, престиж. Сепак, човекот лесно минал низ сите искушенија, толку била голема неговата желба за духовно просветлување. Кога пристигнал кај учителот, бил изненаден дека тој седел на стол, додека учениците седеле на подот, крај неговите нозе. "Овој човек очигледно ја нема основната доблест на светите луѓе, скромноста", помислил тој. Потоа забележал други работи што не му се допаднале, пред сѐ што учителот воопшто не му обрнувал внимание. "Претпоставувам дека тоа е затоа што не му ласкам како и другите", рекол тој во себе. Не му се допаѓала ни облеката на учителот, ниту начинот на кој тој им зборувал на учениците. Сето ова го довело до заклучок дека дошол на погрешно место. Кога излегол од собата, учителот кој го видел ѓаволот како седи во ќошот, му рекол: "Немаше потреба толку многу да се трудиш, тој човек беше твој уште од самиот почеток".

Таков е судбината на оние кои се, во својата потрага по Бога, подготвени да се откажат од се, освен од идејата дека тој ги создал.


Откривање на мантрата

Искушеникот клекнал пред учителот поради иницијација во ученикот. Гуруто му ја шепнал светата мантра, предупредувајќи го дека не смее да ја открие на ниту едно живо суштество. "Што ќе се случи ако тоа го сторам?", прашал искушеникот. "Оној кому би му ја открил мантрата", одговорил гуруто, "би бил ослободен од ропството на незнаење и страдање, но затоа ти ќе бидеш лишен од статусот на ученик засекогаш и ќе бидеш проколнат". Тек што ги чул овие зборови, искушеникот истрчал на плоштадот, собрал куп луѓе околу себе и им ја повторил светата мантра, така што секој можел да ја чуе. Подоцна, учениците му го раскажале овој настан на учителот, барајќи искушеникот да биде отстранет од манастирот. Гуруто се насмевнал и рекол: "Нему не му е потребно моето учење. Тоа што тој го направи покажува дека тој веќе станал гуру. "
 
Член од
19 ноември 2015
Мислења
87
Поени од реакции
86
Трка со рикши

Двајца војници во северниот дел на Индија се враќале со рикша
во касарната кога виделе рикша во која седеле двајца маринци.
Наскоро почнале да се предизвикуваат едни со други, за да се
претворат во трка со рикши, во која човекот што ја влечел
рикшата со војниците брзо се здобил со предност, бидејќи
неговиот конкурент бил многу постар. Војниците веќе
уживале во вкусот на победата кога, на нивна зачуденост,
ја виделе конкурентската рикша како со голема брзина
поминува покрај нив. Уште поголемо било нивното
изненадување кога виделе дека старецот кој ја влечел рикшата,
седи во неа, и наместо него, еден од маринците ја влече.

На непросветлениот победата секогаш му значи повеќе отколку на
оној што е просветлен.


Како да се добие облогот

"Пред да излезам во вечерните часови, секогаш се обложувам
со жена ми во десет долари дека ќе се вратам до полноќ."
"И?"
"И тогаш и дозволувам да го добие облогот."

Оние кои што не се просветлени душата би ја продале само за да
докажат дека се во право!


Се е најдобро

Еден ден кога Банзан поминувал низ пазарот, од една касапница го чул овој
разговор:
- Дајте ми го најдоброто парче месо што го имате - рекол
муштеријата.
- Во мојот дуќан се е најдобро, - одговорил касапот. Не постои
овде ни едно парче месо кое не е најдобро.
На овие зборови Банзан се просветлил.
 
Член од
19 ноември 2015
Мислења
87
Поени од реакции
86
Лисицата и песот

Ловецот видел нешто како минува низ грмушките и го испратил кучето. Кучето ја видело лисицата и и го заградил патот, овозможувајќи му на ловецот да пука во неа. Умирајќи, лисицата му рекла на кучето: "Зарем никој не ти кажа дека лисицата и кучето се браќа?" "Да", одговорило кучето. "Но, тоа им одговара само на идеалистите и будалите. За оние кои се практични во животот, братството се раѓа од истите интереси."

Истата реченица ја упатил еден христијанин на будист. За повеќето луѓе има доволно религија што ја мразат, а премалку од онаа што ја сакаат.
Постои интерес кој што е над сите интереси, но кој е доволно богат во душата за да го живее?


Богатството на пештерата која исчезнува

Ова е приказна која еден учител им ја раскажал на своите ученици за да им покаже каква штета може да нанесе и најмалата приврзаност кон работите на оној што е духовно возвишен. Жител на селото поминувал во близина на една пештера во планината баш во еден од оние магични моменти кога таа се отвора за да ги покаже своите богатства за оние кои би сакале да се збогатат. Човекот влегол во пештерата и открил куп злато, накит и скапоцени камења, кои веднаш почнал да ги става во торбите кое ги носело неговото магаре, бидејќи знаел за легендата според која пештерата многу кратко останува отворена и затоа било потребно брзо да се работи. Магарето било натоварено и човекот брзо одел кон излезот, радосен поради среќата што го снашла, кога одеднаш се сетил дека во пештерата го заборавил бастунот. Тој се свртел и се упатил назад, но настапил моментот во кој пештерата требало да исчезне, и така тој исчезнал заедно со неа. По долго и залудно чекање човекот да се појави, селаните го продале богатството што го нашле на магарето и така уживале во среќата на сиротиот бедник.

Кога врабецот гради гнездо во шумата, потребна му е само една гранка. Кога еленот излегува на реката, пие само онолку колку што му собира во стомакот. Луѓето натрупуваат само поради празнината во своите срца.


Смевот на Ринзај

Големиот учител на зен, Ринзај, гласно се смеел секоја вечер пред спиење, така што ходниците на храмот одекнувале, и таа смеа се слушала на широко. Тој го правел истото и во зори, толку бучно што ги будел дури и оние монаси кои најцврсто спиеле. Учениците повеќе пати го прашувале зошто се смее, но никогаш не им одговорил. Кога умрел, ја однел својата тајна во гроб.

Но вие знаете зошто. :)
 
Член од
19 ноември 2015
Мислења
87
Поени од реакции
86
Трпението на Мусо

Мусо, еден од најпознатите учители на своето време, патувал со еден свој ученик. Кога стигнале до една река, влегле во еден чамец. Пред самото поаѓање, влегол еден пијан самурај и така го занишал што речиси го превртел. Потоа почнал да се
тетерави по него, нишајќи го се повеќе, така што чамџијата го предупредил да се смири. »Стиснати сме како сардини!« остро се побунил самурајот. Одеднаш, го забележал Мусо и му викнал: "Напред! Да го фрлиме стариот во вода! «» Стрпи се «, рекол Мусо. »Скоро ќе стигнеме.« »Што? Јас да се стрпам!? "викнал самурајот. »Слушај ме ти мене - ако не си одиш сам, веднаш ќе те фрлам во реката!« Ладнокрвността на учителот во однос на неговите закани толку го предизвикало самурајот што го удрил Мусо со тупаница во лицето. Ученикот повеќе не можел да издржи. Бил висок и крупен, и бесно му викнал на самурајот: "По ова што го направи, нема да останеш жив!" "Зошто си толку возбуден поради обична глупост?" се насмевнал Мусо. "Токму во вакви случаи, се тестира сè што научивме. Да не заборавиме дека трпението не се практикува само со зборови ". Подоцна тој го напишал овој хаику:
Напаѓачот и нападнатиот,
обични актери на драма
која трае колку и сонот.


Помош во пустината

Еден човек се изгубил во пустината. Подоцна, кога зборувал за својата страшна авантура, тој спомнал дека, во очај, тој клекнал на песокот и го повикал Бог на помош. "Тогаш, Бог ти ја слушна твојата молитва?" го прашале. "Каков Бог! Пред тој да пристигне да ми помогне, еден истражувач дојде и ми го покажа патот. "


Реалност и илузија

Некој човек го замолил Господ да му ја покаже мајата, светот на илузијата. Господ се согласил и го повел човекот во прошетка. По некое време застанале на брегот на една река да се одморат. Господ легнал и задремал, а човекот решил да прошета покрај брегот. Таму видел млада девојка како полни вода, се понудил да и помогне да нацрпи вода, а потоа се вљубиле еден во друг и пошле во селото каде таа живеела. Таму се венчале и живееле долго делејќи добро и зло.
Еден ден, многу години подоцна, човекот веќе остарен, се сетил за Господ кого многу одамна го оставил на брегот на реката. Тргнал во тој правец и таму го видел Господ како стои и му вели: Па добро, каде беше до сега? Те немаше половина саат.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.507
Поени од реакции
9.408
Си бил еден крал, многу моќен и богат, но малку ексцентричен, повлечен и најмногу уживал во сликарството:):kruna:

Еден ден кралот ги повикал сите свои соработници, помошници, слуги, за да разгласат по сите места, селца, градови, дека ќе го награди богато оној сликар што ќе успее да нацрта слика на која најдобро ке го репрезентира мирот, слика која додека ја гледаш ќе го осетиш прикажаниот мир длабоко во душата:unsure:

Поминало време и дошол денот кога во дворецот се собрале сликари од целиот свет со своите дела.

Кралот сите слики многу внимателно ги разгледувал и на крај одбрал две:kruna:

На првата слика било нацртано прекрасно совршено езеро, како огледало од кое се рефлектирале високи планини, прекрасна техника на цртање со кое се доловила балансот, хармонијата, тишината на природата.

На втората слика имало исто така планини, но биле голи, пусти, без растенија, дури страотни за гледање. Над планините биле темни големи облаци од кои севале громови и големи капки на дожд помешани со снег. Поред тоа оловно и мрачно небо, на сред слика бил страотен водопад кој од голема височина паѓал врз голите карпи.

Луѓето кои ја гледале оваа слика мавтале со глави и во чудо се прашувале што врска има ова со мир:rolleyes:

Но, кралот, анализирајќи ја сликата задлабочен во водопадот кој со целата своја големина и сета своја силина, дивеел низ голите планински карпи, приметил нацртана мала тенка гранка во една пукнатина на карпата позади водопадот а на неа птица и едно мало гнездо во кое имало мали пиленца со отворени клунчиња како ја чекаат својата мајка да ги нахрани:) Од тој дел толку извирала хармонија и мир, мајката која внимателни си ги рани своите дечиња, ПОТПОЛЕН МИР во толкав немир, хаос, невреме, суровост, постои место каде извира толку внимание, љубов:)

На крај, кралот ја одбрал втората слика и богато го наградил сликарот а на луѓето кои го прашувале и не им било јасно зошто таа слика ја одбрал кога на неа немало ништо што прикажува мирност, кралот им одговорил:
Мир не значи да бидеш каде што нема галама, каде што нема тешка работа, кадешто нема искушенија и паѓања, потреси, мразови и ветрови...МИР значи да бидеш насредина на тој хаос, неред,дистракција, галама и сепак да бидеш мирен, спокоен, прибран, фокусиран и од таму да го градиш мирот во себе и околу себе, без обзир на сред каква олуја да си, тоа е правата уметност која ја дефинира состојбата на мир и љубов:)
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
Black-Nosed Buddha

A nun who was searching for enlightenment made a statue of Buddha and covered it with gold leaf. Wherever she went
she carried this golden Buddha with her.
Years passed and, still carrying her Buddha, the nun came to live in a small temple in a country where there were many
Buddha’s, each one with its own particular shrine.
The nun wished to burn incense before her golden Buddha. Not liking the idea of the perfume straying to the others, she
devised a funnel through which the smoke would ascend only to her statue. This blackened the nose of the Golden
Buddha making it especially ugly.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
8. Moving Mind
Two men were arguing about a flag flapping in the wind.

“It’s the wind that is really moving,” stated the first one. “No, it is the flag that is moving,” contended the second.

A Zen master, who happened to be walking by, overheard the debate and interrupted them. “Neither the flag nor the wind is moving,” he said, “It is MIND that moves.”
 

Kajgana Shop

На врв Bottom