Пуштете ме надвор!
Човечката состојба е совршено претставена во случај на беден пијаница кој доцна во ноќта лежи на улица, пред затворената порта на паркот, а потоа удира по неа, дерејќи се: "Пуштете ме надвор!"
Само вашите илузии ве спречуваат да видите дека сте слободни, и дека секогаш сте биле.
Незнаењето на Маркони
Големиот пронаоѓач на радиоапаратите, Маркони, поминал цела ноќ во лабораторијата, разговарајќи со еден пријател за најкомпликуваните аспекти на безжичната комуникација. Кога пред утрото излегле надвор, Маркони наеднаш изјавил: "Цел живот се бавам со ова прашање, но има едно нешто кај радиоапаратот што навистина не можам да го разберам." "Има нешто што не можеш да го разбереш?" зачудено рекол неговиот пријател. "А што е тоа?"
"Како воопшто функционира?", рекол Маркони.
Кралот Јанака и Аштавакра
Не постои друг свет освен овој. Но, постојат два начина на кои може да се види.
Во древна Индија живеел мудар цар Јанака. Еден ден се одморал на креветот нареден со ливчиња од цвеќе, додека робовите го ладелет со палмови листови а војниците чувале стража пред вратите. Заспал и сонувал дека бил поразен во конфликт со кралот на соседната земја. Тој сонувал дека бил заробен и мачен. Кога почнала тортурата, Јанака одеднаш се разбудил и се нашол како лежи на кревет нареден со ливчиња од цвеќеп, со робови што го ладеле и војниците што чувале стража. Потоа повторно заспал и го сонил истиот сон, па повторно се разбудил и се нашол себеси жив и здрав во својата палата. Јанака почнал да се бори со една мисла: додека спиел, светот на неговите соништа му се чинел вистински. Сега, кога бил буден, му се чинел вистински светот на сетилата. Тој сакал да дознае кој од овие два света е навистина стварен. Меѓутоа, ниту еден од многуте филозофи, научници и мудреци што ги прашал, не знаел што да му каже. Со години тој залудно барал одговор, се додека еден човекот по име Аштавакра не дошол на портата на кралската палата. Аштавакра значи "целосно деформиран" или "инвалид", бидејќи од самото раѓање беше таков. Првично, кралот не го сфатил сериозно. "Како такво деформирано суштество како што си ти може да знае мудрост што е скриена од толку многу научници и филозофи?" Тој му рече. "Откако бев роден, сите големи патишта ми беа блокирани, па жедно тргнав по патот на мудроста", одговорил Аштавакра. "Зборувај", рекол кралот. И еве што Аштавакра му рече: "О кралу мој, ниту будната состојба е стварна, ниту пак соништата. Кога сме будни, светот на сонот речиси и да го нема, а кога сонуваме, не постои светот на сетилата. Значи, ниеден не е вистински. "" Но, што е тогаш навистина реално? ", прашал кралот. "Постои состојба која е од другата страна на овие два света! Откриј ја. Тоа е единствената реалност".
Има луѓе кои сметаат дека се просветлени, но, во своето лудило, велат дека некој е добар а некој е лош, дека некои настани се пријатни, а други тажни. Оној кој навистина е просветлиен ги напушта категориите на живот и смрт, пораст и пад, успех и неуспех, сиромаштија и богатство, слава и понижување. Над него нема моќ ниту гладот и жедта, топлината и студот, затоа што ги смета за минливи низ животниот ток. Тој сфатил дека не е потребно да се промени она што го гледа, туку само начинот на кој тој го гледа светот околу себе. Така, тој ги презема својствата на водата, која е флексибилна и еластична, но незапирлива во својот тек. Не се уморува, а им чини добро на сите живи суштества. Благодарејќи на нејзината активност лишена од интерес, и другите се трансформираат; целиот свет станува побогат. Тие ја водат водата од реката за да ги напојуваат полињата. Таа е сосема рамнодушна дали е во реката или во полињата, и така и просветлениот живее и работи во склад со својата судбина. Таквите луѓе стануваат заколнати непријатели на општеството, кое ја мрази еластичноста на она што е живо, и наметнува дисциплина, ред, рутина, канони и конформизам.