Зен и други поучни приказни

Член од
19 ноември 2015
Мислења
87
Поени од реакции
86
Две убави книвчиња полни со поучни приказни и записи, Зен приказни приредени од Владислав Бајац и Дамари од Антони де Мело, на српски јазик. Можете да ги симнете од овде и ако некоја ви запне за ум да ја искоментираме.

Инаку, зенот го претставува достигот на самопознание и личните експресии на директни разбирања на Будистичките учења. Во оваа филозофија, поголемо значење содржи самостојно просветлување или со интеракција со просветлен учител, отколку на просветлување постигнато со напишаните правила на многубројни сутри и мантри.



Шолја чај


Нан-Ин, јапонскиот учител на зен во периодот на Мејџи, еден ден
го посетил некој универзитетски професор кој што сакал кај него
да се распраша за зенот.
Нан-Ин го послужил чајот. Наполнувајќи ја шолјата на својот гостин,
продолжил да сипа. Професорот гледал како чајот се прелива, но кога
веќе не можел да се воздржи, рекол: - Полна е. Повеќе не може да
собере!
- Како и оваа шолја, рекол Нан-Ин, - полн си со свои убедувања и
претпоставки. Како можам да ти го објаснам зенот ако претходно не
си ја испразнил својата шолја?



Нема вода, нема месечина


Кога свештеничката Чијоно учела зен кај Буко од Енгаку, долго не
успевала да ги достигне плодовите на медитацијата.
Една ноќ осветлена од месечина, носела вода во старо ведро
заврзано со бамбус. Одеднаш, бамбусот се искинал и дното на ведрото
отпаднало. Во тој момент Чијоно се ослободила!
Во знак на сеќавање на овој момент, напишала стих:
На овој и оној начин се обидов да спасам старо ведро,
бидејќи врските од бамбус ослабија и може да пукнат,
се додека конечно дното не отпадна.
Нема повеќе вода во ведрото!
Нема повеќе месечина во водата!
* Зен, т.е. ч'ан учителите за опишување на Наглото просветление
често користат метафора - на бурето му отпадна дното. Кога тоа
ќе се случи, целата содржина одеднаш исчезнува. Во примена кај
доживувањето на Наглото просветление, тоа значи дека сите човечови
проблеми се одеднаш решени, не во смисол на некое одредено (позитивно)
решение, туку во смисол дека сите проблеми престануваат
да бидат проблеми.



Пинг-Тинг бара оган


Еден ученик му рекол на мајсторот за зен Хоген: - Кога учев кај
друг учител, делумно сфатив што е зенот.
- И што си сфатил? - прашал Хоген.
- Кога го прашав учителот кој е Буда, а мислев кој тој буквално
бил во стварниот живот, тој ми рече: - Пинг-Тинг бара оган.
- Убав одговор, признал Хоген. - Се плашам дека ти можеби погрешшно
си го сфатил. Кажи, какво значење си придал на неговите зборови?
- Еве, почнал ученикот да објаснува, - Пинг-Тинг е бог на огнот.
Према тоа, ако се каже дека богот на огнот бара оган тоа е еднакво
апсурдно како кога и јас, чија што вистинска природа е Буда, прашам
кој е Буда. Како може некој, кој е макар и несвесно Буда, да постави
прашање за Буда?
- Ха ха! - се смеел Хоген. - Баш како што и мислев! Целосно си
ја промашил темата! Зошто мене не ме прашаш?
- Во ред. Кој е Буда?
- Пинг-Тинг бара оган, одговорил Хоген.
 

Attachments

Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.952
Покажувач кон ѕвездите
Кучето на еден Зен учител ги обожувало вечерните прошетки со неговиот господар. Toa секогаш земало еден стап, и му го давало на господарот и чекало да почне играта. Оваа вечер учителот решил да го покани неговиот најдобар ученик, момче кое било толку интелигентно што било вознемирено од контрадикцијата на учењето на Буда.


„Мораш да разбереш дека зборовите се само водачи. Никогаш не дозволувај зборовите или симболите да го спречат откривањето на вистината. Еве, ќе ти покажам“, му рекол учителот и го повикал своето весело куче.

„Донеси ми ја месечината“, му рекол покажувајќи кон полната месечина, па го прашал ученикот: „Каде гледа моето куче?“


„Гледа во твојот прст“, одговорил тој.

„Токму така. Немој да бидеш како моето куче. Не го мешај прстот што покажува со она кон што покажува. Сите зборови на Буда се само водичи. Секој човек се бори низ зборовите на некој друг за да ја пронајде својата вистина.“

Текот на реката
Ова е приказна за еден млад ученик на боречки вештини кој учел од некој многу познат учител. Еден ден учителот ги гледал учениците како вежбаат. Тој сфатил дека присуството на другите деца му пречело на младиот ученик да ја усоврши својата техника. Тој ја забележал неговата фрустрација.

„Што е проблемот?“ го прашал.

„Не знам“, му одговорил младичот.

„Колку и да се обидувам, не можам правилно да ги изведам движењата.“

„Пред да совладаш некоја техника, мора да ја разбереш хармонијата. Дојди со мене, ќе ти објаснам“, му рекол учителот.

Ученикот и учителот ја напуштиле зградата и оделе извесно време низ шумата додека не стигнале до еден извор. Учителот стоел тивко на брегот и прозборел.

„Погледни го изворот,“ рекол тој. „Камењата се на неговиот пат. Дали тој удира во нив од фрустрација? Не. Тој едноставно протекува низ и околу нив и продолжува понатаму! Биди како водата и ќе знаеш што е хармонија.“

Младиот ученик сериозно си го сфатил советот. Наскоро тој воопшто не ги забележувал другите ученици. Ништо не го спречувало да ги изведе дури и најтешките движења.

Нема објективен свет (оваа ми е една од омилените)
Еднаш одма си живеел еден свештеник кој бил специјалист за будистичките прописи, и се држел до нив целиот свој живот. Една вечер додека шетал, тој згазил на нешто. Од звукот што го направил, претпоставил дека згазил жаба која имала јајца. Ова навистина го растажило поради будистичкиот пропис за одземање туѓ живот, и вечерта дури сонувал жаби кои сакале да го убијат. Свештеникот бил многу вознемирен, но кога наредното утро го минувал истиот пат, видел дека нагазил обичен домат. Дури тогаш го сфатил значењето на изреката „Нема објективен свет“ и дури тогаш знаел како да го практикува вистинското зен учење.

- оваа ми е една од омилените

Будизам и Христијанство
Еден студент додека бил во посета кај Гасан го прашал: „Дали ја читаш христијанската библија?“

„Не, прочитај ми ја,“ рекол Гасан.

Студентот ја отворил книгата и почнал да чита од зборовите на Свети Матеј: „Зошто се грижите и за облеката? Погледајте ги полските кринови како растат: не се трудат, ниту предат. Но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече така, како еден од нив… И така, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето, на секој ден доста му е неговото зло.“

Гасан рекол: „Кој и да ги рекол овие зборови, сметам дека бил просветлен човек.“

Студентот продолжил да чита: „Сакајте и ќе ви се даде, барајте и ќе најдете, чукајте и ќе ви се отвори. Зашто секој што сака, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори.“

Гасан рекол: „Ова е одлично. Кој и да го рекол ова не е далеку од Будизмот.“


Зенот е животот, не знам како другачие би го опишал.
 

Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
351
Поени од реакции
639

Нема објективен свет (оваа ми е една од омилените)
Еднаш одма си живеел еден свештеник кој бил специјалист за будистичките прописи, и се држел до нив целиот свој живот. Една вечер додека шетал, тој згазил на нешто. Од звукот што го направил, претпоставил дека згазил жаба која имала јајца. Ова навистина го растажило поради будистичкиот пропис за одземање туѓ живот, и вечерта дури сонувал жаби кои сакале да го убијат. Свештеникот бил многу вознемирен, но кога наредното утро го минувал истиот пат, видел дека нагазил обичен домат. Дури тогаш го сфатил значењето на изреката „Нема објективен свет“ и дури тогаш знаел како да го практикува вистинското зен учење.

- оваа ми е една од омилените

.
Батка, абе јас малку постар човек сум и да ми простиш ама малку приглуп.

Ај ако сакаш да ми објасниш ова што е „Нема објективен свет“???

Овде каде живееме, на планетата земја, све е фантазија?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.952
Батка, абе јас малку постар човек сум и да ми простиш ама малку приглуп.

Ај ако сакаш да ми објасниш ова што е „Нема објективен свет“???

Овде каде живееме, на планетата земја, све е фантазија?
Нема објективен свет, нема дуализам, нема дуализам - нема судење и градација, нема судење- све е од Бог, а не тамо некои ѓаволи демони глупости.

Да, све е фантазија, него како. Ти изглеа животов на нешто реално?
 

Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
351
Поени од реакции
639
Нема објективен свет, нема дуализам, нема дуализам - нема судење и градација, нема судење- све е од Бог, а не тамо некои ѓаволи демони глупости.

Да, све е фантазија, него како. Ти изглеа животов на нешто реално?
Интересни сфаќања.....морам да признам

Нема дуализам???!!!
Што се:
добар/лош
убав/грд
машко/женско
.....и да не ти набројувам сега.

Значи све е фантазија....интересно ова будизмот...све е фантазија!
Кога некој ти залепи шамар значи не те боли...све е фантазија
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.952
Интересни сфаќања.....морам да признам

Нема дуализам???!!!
Што се:
добар/лош
убав/грд
машко/женско
.....и да не ти набројувам сега.

Значи све е фантазија....интересно ова будизмот...све е фантазија!
Кога некој ти залепи шамар значи не те боли...све е фантазија
Ај сеа сериозно, од аспект на Зенот. Има ли во Зенот убаво - грдо, добро-лошо, вакво-онакво? Нема, според Зенот умот не треба да се занимава со вакви акробации, туку треба да биде празен, ништо, нула.

Не е све фантазија, нормално, но ете пак Зенот, он вели се е маја, не?
 

Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
351
Поени од реакции
639
Ај сеа сериозно, од аспект на Зенот. Има ли во Зенот убаво - грдо, добро-лошо, вакво-онакво? Нема, според Зенот умот не треба да се занимава со вакви акробации, туку треба да биде празен, ништо, нула.

Не е све фантазија, нормално, но ете пак Зенот, он вели се е маја, не?
Немој сериозно ќе те молам....жал ми е за тебе, ќе заглавиш.

Велиш умот требе да биде празен, нула, ништо....Значи ли тоа дека требе да бидам у вегетативно стање за да не мислам.
Имаше една ако не се лажам вака велеше...„Мислам-значи постојам“
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.952
Немој сериозно ќе те молам....жал ми е за тебе, ќе заглавиш.

Велиш умот требе да биде празен, нула, ништо....Значи ли тоа дека требе да бидам у вегетативно стање за да не мислам.
Имаше една ако не се лажам вака велеше...„Мислам-значи постојам“
Ја дискутирам околу тоа што учи Зенот, не значи дека го живеам и слично. Мислам дека и невозможно е во модерниот свет. Но има доста позитивни работи кои можат да се прифатат, како одјебување и недавање на значение на одредени мисли и тоа што умот цело време го проектира. Ми има помогнато многу при анксиозност на пример.

Мислам значи се замарам, сум значи постојам. Декарт у друго време живеел.
 

Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
351
Поени од реакции
639
Мислам дека и невозможно е во модерниот свет.
Добро мислиш.....

Декарт живеал во друго време,точно.....но замисли пак во кое време живеел Сидарта.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ја дискутирам околу тоа што учи Зенот, не значи дека го живеам и слично. Мислам дека и невозможно е во модерниот свет. Но има доста позитивни работи кои можат да се прифатат, како одјебување и недавање на значение на одредени мисли и тоа што умот цело време го проектира. Ми има помогнато многу при анксиозност на пример.

Мислам значи се замарам, сум значи постојам. Декарт у друго време живеел.
Поентата е да се сфати дека зенот зборува за Реалноста од апсолутна гледна точка а човекот е релативно - субјективно битие.
Е сега, за оној што нема капацитет да го разбере тоа, неговата гледна точка е се што постои и затоа ваквите заклучоци може да ги гледа како глупост, фантазија или лага.
Има и такви што тврдат дека поради тоа што човекот е релативно битие, неможе да знае која е апсолутната гледна точка, но да го знаеш патот и да го имаш поминато не е исто. Ни Ајнштајн не летал со брзина на светлината, па сепак успеал да ги согледа аспектите на релативноста.
Тука доаѓа до израз потребата за ,,нулата" празниот ум, бидејќи на тој начин доаѓаш до самото битие, до самата суштина на постоењето а таа не е ништо друго туку Бог, апсолутноста од која зенот ја црпи својата мудрост.
 
Член од
19 ноември 2015
Мислења
87
Поени од реакции
86
Субути и празнината

Субути, ученикот на Буда, одеднаш го открил богатството и плодноста
на празнината - со спознанието дека е се нестабилно, незадоволувачко
и лишено од цврстина. Во таа состојба на божествена празнотија,
блажено седел под дрво кога одеднаш околу него почнало да паѓа цвеќе.
Боговите шепотеле: - Восхитени сме од твоето совршено учење за
празнината.Субути одговорил: - Но јас ни збор не реков за празнината.
- Вистина е, одговориле боговите. Ти не зборуваше за празнината, не чувме
никаков опис на празнината. Тоа е вистинска празнина. За тоа време,
дождот од цвеќиња не престанувал.

Кога би зборувал за својата празнина, или бар би бил свесен за тоа,
дали тоа навистина би била празнина? Музиката има потреба за флејта,
писмата за бела хартија, светоста за отсуство на себеси.


Господ не зборува

Еден старец секој ден со саати неподвижно седел во црква. Свештеникот во
една прилика го прашал што Господ му зборува.
- Господ не зборува, тој само слуша, - одговорил старецот.
- А ти, што му зборуваш?
- Јас не зборувам, само слушам.

Четири стадиуми на молитвата:
Јас зборувам, ти слушаш.
Ти зборуваш, јас слушам.
Никој не зборува, но двајцата слушаме.
Никој не зборува, никој не слуша - тишина.


Гласот на едната рака

Учителот на храмот Кенин бил Мокураи, Тивка Грмотевица. Имал мал штитеник
по име Тојо кој што имал само дванаесет години. Тојо ги гледал постарите
ученици како секое утро и вечер го посетуваат учителот во неговата соба
за да се подучат на санзен (разговор во четири очи помеѓу зен учителот и
ученикот)или лично водење, во оквир на кој се обавувале коани (коан е стручен назив
за умствени вежби кои ги обавуваат учениците на зенот под надзор на
своите учители. Тие имаат за цел да продрат кроз интелектуалните
граници на умот и да доведат до блесок на ненадејно непосредно сознание, без појмовно расудување.
Коанот се состои од прашање (проблем) кое учителот му го поставува
на ученикот, после кое овој се повлекува во самотијата на медитирањето
обидувајќи се да најде решение. Ученикот е должен да му го соопшти својот
одговор на учителот, и ако тој не е исправен, процедурата се
продолжува се додека не се дојде до решение. Вообичаено, оваа долготрајна
вежба на умот доведува до врвното барање на зенот - до просветлувањето (во
јапонскиот јазик наречено - сатори) за да се запрат лутањата на умот.
Тојо истотака сакал да обави санзен.
- Почекај уште малку - му рекол Мокураи. Премногу си млад.
Но детето било упорно, и учителот на крајот се согласил.
Навечер, во одредено време, малиот Тојо застанал на прагот на собата на
Мокураи за санзен. Удрил во гонгот да го најави своето присуство,
во знак на почит се поклонил три пати пред вратата, влегол и седнал
пред учителот во учтива тишина.
- Се слуша глас на две раце кога со нив ќе плеснеш, - рекол Мокураи.
Ти покажи ми го гласот на едната рака.
Тојо се поклонил и отишол во својата да го разгледа овој проблем.
Од својот прозор чул музика на гејши. - А, го имам! - изјавил.
Следната вечер, кога учителот го замолил да го отслика гласот на едната рака,
Тојо почнал да ја свири музиката на гејшите.
- Не, не - рекол Мокураи. Нема со тоа да успееш. Тоа не е гласот на едната рака.
Воопшто не си сфатил.
Мислејќи дека таквата музика би можела да му смета, Тојо се преместил на едно мирно место.
Повторно медитирал. Што може да биде гласот на една рака? Случајно чул капење на вода.
Го имам, помислил Тојо.
Кога следниот пат се појавил пред учителот, Тојо почнал да поддржува капење на вода.
- Што е тоа? - запрашал Мокураи. Тоа е звук на капење на вода, а не гласот на една рака.
Пробај повторно.
Залудно Тојо медитирал за да го чуе гласот на едната рака. Чул дување на ветар.
Но звукот бил отфрлен.
Чул крик на був. Но и тоа било одбиено.
Гласот на едната рака не биле ни скакулците.
Повеќе од десет пати го посетувал Мокураи со различни звуци. Сите
биле погрешни. Речиси година дена размислувал што би можел да биде гласот
на едната рака.
Конечно малиот Тојо минал низ вистинска медитација и ги надминал сите гласови. - Не можев
повеќе да натрупувам, објаснил подоцна, - па го достигнав безгласниот глас.
Тојо го појмил гласот на едната рака.

Прашањето за гласот на едната рака е едно од трите основни проблеми
во зенот кои им се поставуваат на учениците, а ги нарекуваат - прашања за природата на Буда.
Сите три носат само различни имиња за едно исто, и сите три на прашањето што е тоа природата на Буда,
одговараат исто - ништо. (не е ништо)


Ништото или празното не е ништо туку е парадоксално - сè. Вистинската празнина се постигнува само со максимална духовна исполнетост. А само со празнење на умот од мисли (бавење со симптомите, не и со суштината) се доаѓа до една ништожна состојба која ја имаат оние кои поради овие или оние причини не им е ни до материјално ни до духовно постоење. Но ни тоа не е целосно ништожна состојба, и тука има макар жарче волја.
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
One day a young Buddhist on his journey home, came to the banks of a wide river.
Staring hopelessly at the great obstacle in front of him, he pondered for hours on just how to cross such a
wide barrier. Just as he was about to give up his pursuit to continue his journey he saw a great teacher on
the other side of the river. The young Buddhist yells over to the teacher, "Oh wise one, can you tell me
how to get to the other side of this river?" The teacher ponders for a moment looks up and down the river
and yells back, "My son, you are on the other side."
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.689
Туѓата перспектива секогаш ќе не поставува „на вистинското“ место. :)

Зен Мајсторов од приказнава да ја разберел волјата на другиот дека мора да се премине реката и да не мудрувал, туку да одговорел за она што го прашуваат, немало да гледа толку од своја перспектива.
Иако реално не може да гледа од ист агол како младиот будист , но би можел да го упати будистот каде да сработи добро за да има 5 парички да ја помине реката со сплав и да биде на другата страна од реката, каде што е мајсторот, со повеќе искуство :)

Зен муабети - пиј си кавето, пиј си тутунот - азното само ќе си дојде. Македонците се првите зен мајстори :)
Што има да ја ораш земјата кога и ти еден ден ќе станеш земја. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom