Зем-зем водата и нејзината благодет

За водата Зем зем

  • сум ја пробал

    Гласови: 5 17,9%
  • не сум чул

    Гласови: 19 67,9%
  • обична вода

    Гласови: 4 14,3%

  • Вкупно гласачи
    28
  • Гласањето е завршено на .
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106

При биолошката и хемиската анализа на оваа вода, како и споредбата со другите изворски води, востановено е дека водата Зем-зем е многу побогата со калциум и магнезиум од останатите. Она што е особено интересно е фактот дека водата Зем-зем содржи висока концентрација на флуор кој е ефикасен против бактерии.
Ниту еднаш од настанокот на изворот Зем-зем не се случило тој да пресуши или поради суша да се намали дотурот на вода во него. Напротив, откако се започнало со истражувањата, утврдено е дека прилвот на вода е сè поголем. Исто така, водата од врутокот Зем-зем ниту еднаш не изгубила дел од своите биолошки и хемиски својства, што со текот на времето е карактеристично за останатите води. Анализите покажуваат дека еден литар содржи околу 2000 милиграми хемиски и биолошки елементи, додека кај останатите изворски води во Мека и околината, тоа количество изнесува 260 милиграми. Еден литар Зем-зем вода содржи:
250 милиграми натриум (Na)
200 милиграми калциум (Ca)
120 милиграми калиум (K)
50 милиграми магнезиум (Ma)
366 милиграми бикарбонат (C)
372 милиграми сулфур (S)
273 милиграми нитрат (NO3)
6 милиграми хлорид (CL)
0,15 милиграми железо (Fe)
0,12 милиграми бакар (Cu)
Истражувачите се сложуваат дека сите споменати елементи ја прават оваа вода идеална за човековото здравје.
При анализата на водата од овој извор и нејзиното водотечение е утврдено дека нема микроби кои би биле штетни по човечкото здравје. Веројатно е дека она што и дава квалитет на оваа вода се карпите и земјата низ кои минува.
Хемиско-биолошките параметри го потврдуваат тврдењето дека оваа вода ја пронашол Мелекот Џибраил[1] по наредба на Аллах џ.ш. и заради тоа и се припишуваат свети својства. Тешко е да се пронајде некое друго објаснување за исклучителниот квалитет на оваа вода.
Минатата година, на Институтот Хадо во Токио, спроведена е најнова анализа од страна на јапонските научници. И тие утврдиле дека оваа вода се разликува по својот биолошки и хемиски состав од сите „обични“ води кои секојдневно ги пиеме.
Јапонскиот научник од Институтот Хадо, професорот Масаро Имуто, има запишано дека водата е анализирана по „нано“ метода според која една капка од изворот Зем-зем била измешана со илјада капки обична изворска вода. Резултатите покажале дека таа една капка ги облагородила илјадниците капки обична изворска вода.Поттикнат од овој експеримент проф. Масаро ја нарекол благословена водата Зем-зем. Меѓу останатото, потврдил дека таа не ги променила своите биолошки и хемиски својства и покрај многуте обиди и експерименти. Битно е да се напомене дека ова истражување на Институтот Хадо не било нарачано од Саудиска Арабија. Слободно можеме да кажеме дека водата Зем-зем е единствена. Ниту на еден извор кој е познат во светот не е пронајдена вода која по своите својства би наликувала на водата Зем-зем.
www.povikkonvistinata.org
--- надополнето: 27 декември 2011 во 03:13 ---
Зем-зем е извор кој извира во Мека, во непосредна близина на Бејтулах[1]. За него се знаело уште од дамнешни времиња, пред раѓањето на Мухаммед с.а.в.с., но со текот на времето бил затрупан од песокот и неговата точна локација била заборавена. Предците на Мухаммед а.с. (неговиот дедо и прадедо) биле задолжени да ги снабдуваат со храна и вода аџиите кои доаѓале да ја посетат Ќаба. Тоа претставувало голема чест, но исто така и голема должност, бидејќи немало доволно вода. Една ноќ дедото на Мухаммед с.а.в.с. (Абдул- Муталиб р.а.) сонил на кое место се наоѓа извор и следниот ден почнал со ископување што резултирало со успех. Ова негово дело особено му го кренало угледот кај неговиот народ, а оттогаш изворот Зем-зем е добро чуван и муслиманите особено ја ценат неговата вода.
Постои веродостоен хадис кој докажува како е пронајден овој извор. Според тој хадис, Ибраим[2] а.с., предводен од мелекот Џибраил[3], ја довел Хаџер[4] и нивниот штотуку роден син Исмаил, на местото каде се наоѓа Ќаба и таму ги оставил. Пред да се врати назад во Палестина, Хаџер го прашала зошто ги донел на едно толку безживотно место, каде нема ни зеленило ни вода.
И одговорил дека тоа го направил по Божја одредба. Откако го чула тоа, Хаџера проговорила: „ Сега сум помалку загрижена.“ Ибрахим а.с. се оддалечил од местото каде ги оставил Хаџера и Исмаил а.с., и кога неговиот поглед веќе не можел да досегне до нив, Му се обратил на Аллах џ.ш. со дова[5]:
„Господару! Оставив дел од моето семејство во оваа неплодна долина, во близина на твојата куќа (Ќаба), за да ти се молат и да ја направат корисна за луѓето. Снабди ги со плодови и вода за да бидат задоволни.“
Откако Хаџера и Исмаил а.с. ги потрошиле сите залихи вода од кожениот мев, се зачул детскиот плач. Со надеж дека во близина ќе најде извор, Хаџера почнала забрзано да чекори меѓу две мали ритчиња, кои подоцна ќе бидат наречени Сафа и Мерва. Доаѓајќи по седми пат на ритчето Мерва, слушнала како ја довикува непознат глас. Проговорила: „Ако си со добра намера, помогни ми.“ Пред неа се прикажал мелекот[6] Џибраил, кој со ногата удрил по тлото од кое во истиот миг силно потекла вода.Хаџера побрзала да ја загради водата, со цел да ја сочува за да не истече, и додека го правела тоа, изговарала зборови на старосуријански јазик „зем-зем“, што значи застани-застани. Мухаммед а.с. во една прилика, коментирајќи ги овие зборови на Хаџера, рекол: „Ако Хаџера не ги изговореше овие зборови, водата Зем-зем ќе потечеше како што течат речните води.“ Она што е особено важно да се воочи, а кое, меѓудругото, е особено интересно и од хидро-геолошки аспект, е фактот дека водата Зем-зем не се меша со останатите води во Мека, дури ни со оние кои се наоѓаат во огромна близина на овој извор. Исто така досега не е забележано овој извор, кој е стар 4.000 год. , да пресуши или да се намали неговиот капацитет.




[1] Првиот Храм на Земјата, заедно со тој во Ерусалем
[2] Авраам
[3] Гаврил
[4] Агара
[5] молитва
[6] ангел
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
....ваква реклама ни Кока Кола не успеала да направи.....
....секој извор, секоја вода си има свои квалитети....без разлика дали е од Мека од Ерусалим или од Чегране

Имуто, има запишано дека водата е анализирана по „нано“ метода според која една капка од изворот Зем-зем била измешана со илјада капки обична изворска вода. Резултатите покажале дека таа една капка ги облагородила илјадниците капки обична изворска вода.Поттикнат од овој експеримент проф. Масаро ја нарекол благословена водата Зем-зем. Меѓу останатото, потврдил дека таа не ги променила своите биолошки и хемиски својства и покрај многуте обиди и експерименти
....вакви научни објаснувања палат само кај деца од предучилишна возраст и верници кои веруваат дека се што доаѓа од светите места е чудотворно
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Имаше некаде слична афера за компанијата која рекламирала вода од глечер некој во Аљаска, подоцна се испостави дека тоа било најобична вода од канализациона мрежа, а цената била убер скапа.
 
B

Black Guard

Гостин
Водава е глупост права а исто и рајата што ја купува бидејќи во една таблета олигојак(олигогал) имате повеќе минерали+витамини.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.190
Значи форумов упорно сакаш да го претвориш во нешто што не е, не отру бре сите, секој ден глупости нешто читам.
 

MakeLOVEnoTwar

Љуби без оглед на се’
Член од
10 декември 2010
Мислења
213
Поени од реакции
114
ех, да беа луѓето со малку поотворени погледи (и срца) и повеќе мудрост (толеранција и желба за знаење, а не слепо судење) ќе беше поубаво и за нив лично,а и за останатите . . . .
Ако некој го гледал филмот "Water-the great miytery" ќе види дека ова што го зборува biseri na mudrosta и не се глупости, а и колку што видов чоеков никого не фати за врат да чита од неговите статии :)
Не е лошо човек да е критички насторен, но не деструктивно (пошо прво себе си си штети). За некој да критикува треба да е добро “поткован“, а бидејќи, никој не е поткован за се’ испаѓа дека наместо да плукаме, подобро да се интересираме да научиме . . .
простете шо и јас малку критика делам, ама жалосно е да пропуштите такви факти, само ради его, информирајте се дечки, ова со водата е мало чудо, јас не сум знаел за зем-зем водата, но знаеќи други факти верувам дека постојат води кои се ’лековити’ (лековити, оти се нормални и здрави, незагадени, а оваа од чешма се полни со хлор и глупости разни) Па и во нашата култура лековитите води се многу познати . . .
Make Love not war <3
 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
274
Поени од реакции
257
Морон, во 21ви век веруваш во пророк што вршел геноциди и силувал деца. Така да никој нема да ти верува на лагите што го промовираат овој култ. Оти, за светец го сметаш психопат.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
ех, да беа луѓето со малку поотворени погледи (и срца) и повеќе мудрост (толеранција и желба за знаење, а не слепо судење) ќе беше поубаво и за нив лично,а и за останатите . . . .
Ако некој го гледал филмот "Water-the great miytery" ќе види дека ова што го зборува biseri na mudrosta и не се глупости, а и колку што видов чоеков никого не фати за врат да чита од неговите статии :)
Не е лошо човек да е критички насторен, но не деструктивно (пошо прво себе си си штети). За некој да критикува треба да е добро “поткован“, а бидејќи, никој не е поткован за се’ испаѓа дека наместо да плукаме, подобро да се интересираме да научиме . . .
простете шо и јас малку критика делам, ама жалосно е да пропуштите такви факти, само ради его, информирајте се дечки, ова со водата е мало чудо, јас не сум знаел за зем-зем водата, но знаеќи други факти верувам дека постојат води кои се ’лековити’ (лековити, оти се нормални и здрави, незагадени, а оваа од чешма се полни со хлор и глупости разни) Па и во нашата култура лековитите води се многу познати . . .
Make Love not war <3
Се е тоа во ред,но бисеров пишува дека научните истражувања потврдувале дека некои мелеци ја пронашле водава по наредба на Аллах.Мислам,ало.Што ако на местото не живееле муслимани туку христијани или рецимо хундуси?Тогаш тие ќе напишеле дека ангели или богови ја пронашле водата по наредба на Јахве/Брама.Зборот ми е никакви ангели и божества немаат врска што водата била таква.Тоа се само народни легенди во кои за жал некои и веруваат.
 
B

Black Guard

Гостин
"Water-the great miytery" ќе види дека ова што го зборува biseri na mudrosta и не се глупости, а и колку што видов чоеков никого не фати за врат да чита од неговите статии :)
Леле филмот е чиста глупост-нешто као водата да имала меморија...хех сепак интересен е парадоксот на водата.


само ради его, информирајте се дечки, ова со водата е мало чудо, јас не сум знаел за зем-зем водата, но знаеќи други факти верувам дека постојат води кои се ’лековити’ (лековити, оти се нормални и здрави
Информнирај се-некој јако профитира на водиве а бактериолошка исправност никој не ти гарантира.
,
незагадени, а оваа од чешма се полни со хлор и глупости разни)
Make Love not war <3
И двете бе,едната е делумно природна појава.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
А Јаонецов кој е најпознат истражувач на овие води, глуп ли е што го прифатил исламот? Ако некој треба да даде мислење за некакви води тоа е тој и за тоа е стручен.Разбирам дека овде на многумината омразата им го затрула умот..ама секако мене ми е познато од каде е тоа.Како и да е фала за времето потрошено да се информирате за оваа толку безначајна работа во вашиот живот, нормално изземајќи ги исклучоците.
 

factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
А Јаонецов кој е најпознат истражувач на овие води, глуп ли е што го прифатил исламот?
А кој е тој Јапонец што го прифатил Исламот? Масару Емото? Од каде таква информација?
 

Nuneee

Nune
Член од
27 декември 2009
Мислења
449
Поени од реакции
29
А кој е тој Јапонец што го прифатил Исламот? Масару Емото? Од каде таква информација?
Масару Емото не е муслиман. Полека малку со фанатизмот, Исламот како религија строго го забранува тоа (читај превод на зборот Ислам - Мир). Водата , како хемија, е неверојатно едноставна. Три молекули споени. Но мислам дека има многу повеќе од таа површна едноставност. Масару Емото е одличен научник, вистински професионалец. Откритијата му се навистина фасцинантни и зад секој свој збор застанува со поткрепа.
Она што секој лаборант може да открие за една количина вода е хемиската исправност. Неколку тестови и крај на муабет. Масару Емото укажува на енергетската страна на водата. Како таа зрачи со енергија, поради која ние имаме аура и сме всушност енергетски битија. Е сега како се енергизирани одредени води, постојат повеќе фактори :
1. Патот по кој оди водата до излегување на површина (доколку поминува покрај минерали, тие минерали ја енергизираат)
2. Близината на водата до енергетските полиња на Земјината топка (тие што се поблиску до некои енергетски чакри на Земјата се посилно енергизирани
3. Близината на водата до некои места кои се познати по ширењето позитивни енергии (секој верник со својата искрена молитва зрачи позитивна енергија)

Идејата на Исламот е да секој верник, во целиот свет, се моли во правец на Ќабата. Аналогно на тоа, енергиите на секој од овие верници се упатува во тој правец. Соодветно на оддалеченоста, и енергијата губи на интензитет. Патувајќи , оваа енергија поминува многу згради, градови, ридови, долини, реки, мориња. Доаѓајќи до крајната цел, поминува покрај овој извор. И овој извор зема дел од таа енергија.
Не го зборам ова лаички, имам дома вода од овој извор. 11 години седеше во шише (ја занемарив, ни на крај памет дека ми ја даде пријателот) и сакав да ја истурам. Но ме чепна некоја радозналост да видам каков е вкусот на 11 години стара вода. Беше посвежа од било која вода што сум ја пиел. Највкусната вода што сум ја вкусил во мојот живот. Признавам, до тогаш бев скептик. Но од тогаш сум длабоко уверен во енергетската вредност на водава. Навистина ме фасцинираше тоа што ми се случи...
Еве и едно видео што неодамна го гледав на оваа тема :
пс. Арапката е јааааами...
http://www.youtube.com/watch?v=UioAb8Ieidc
 

factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
Полека малку со фанатизмот,
Кој фанатизам бе, што збориш?

11 години седеше во шише (ја занемарив, ни на крај памет дека ми ја даде пријателот) и сакав да ја истурам. Но ме чепна некоја радозналост да видам каков е вкусот на 11 години стара вода. Беше посвежа од било која вода што сум ја пиел. Највкусната вода што сум ја вкусил во мојот живот....
Ај` што збориш..... Треба демек сега тебе да ти веруваме на збор, а? Ами можит оти водата седела во шишето, да „лежела“ ќе и се досадело и ќе се расипела...
 

Nuneee

Nune
Член од
27 декември 2009
Мислења
449
Поени од реакции
29
Кој фанатизам бе, што збориш?



Ај` што збориш..... Треба демек сега тебе да ти веруваме на збор, а? Ами можит оти водата седела во шишето, да „лежела“ ќе и се досадело и ќе се расипела...
Смешки, смешки. Фанатизмот дека секој селебрити е муслиман. Пиши на јутуб, ќе видиш за што ти зборам.
Никој не те тера да ми веруваш. Крени ја завесата од испред очи и прошири си го видикот. Слепилото е ужасна маана. Ако си заинтересиран, од тогаш минаа некои 5 години. Дојди и напиј се. Па тогаш пиши коментар. Мал си, уште имаш да учиш. Можит да започниш сас литературен македонски, добар старт...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom