Земјоделско земјиште како инвестиција (buy and hold) и цени на нивите во Македонија по градови

Член од
3 април 2014
Мислења
23
Поени од реакции
42
Глобално се намалува површината на земјоделското земјиште по глава на жител на што влијаат многу фактори (изградба на згради-Скопје, автопати, индустриски зони во најплодните котлини и речни долини). Дезертификацијата го намалува бонитетот на почвата и ја прави непогодна за земјоделие, климатските промени носат сушни периоди кои негативно влијаат на приносите и почвата. Глобалниот раст на енергентите носи се поголеми површини да се пренаменуваат од посеви за исхрана во посеви за биогориво за производство на обновлива енергија. Се очекува и понатамошен раст на светската популација, и промена на прехрамбените навиќи на населението (2 милијарди кинези и индијци почнаа да јадат во Кина 3-оброк, а во Индија 2-оброк редовно), луѓето во земјите во развој ден повеќе консумираат месо (пилешко, свинско), а производството на сточна храна од житарки е конкуренција на житарките кои најсиромашните ги користат како единствен прехрамбен извор, оваа додатно ќе го намали земјоделското земјиште поради посредно производство на храна. Овие глобални трендови доведуваат до зголемување на цената на храната и до раст на цените на земјоделското земјиште кое станува се повреден ресурс.
Ми се нудат парцели за продажба од старечки домаќинства во села што изумираат за 100евра/декар(1.000 м), субвенцијата за обработна на земјиштето е 1.200 ден/год/декар ако користам сертифициран семенски материјал, а вака гледано нивите ги отплаќам за 5 години(20% годишно) преку субвенција. Квалитетот на почвата е низок 5-6-7 класа без систем за наводнување и нема предиспозиција за вискоки приноси единствено производот (жито) ќе си го покрие производниот трошок без да создава додатна акумулација на капитал. Досега имам купено 38.000 м квадратни се мислам дали да инвестирам уште пари во земјоделска земја која не ми носи приход, но ми останува како капитал, а гледам истите катастарски класи во Бугарија одат 200-300 евра/декар, а во Србија над 500 евра декар 5-7 класа.
Кај нас парцелите кои ми ѓи нудат се со големина 2-10 декара, а во соседните земји се нудат парцели 100-200 декара во парцела.
Дали и кај нас ќе следи раст на цените на нивите како во соседството???
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.888
A koj ke gi raboti tie nivi ? Da ne praime muabet so nikoj nejke da gi kupi. Se isplaka samo vo okolinata na Skopje i mozebi vo okolinata na ponekoj od drugive pogolemi gradovi. I toa so plan deka gradot ke se rasiri pa nekoj den da gi prodades kako gradezni parceli so x10 cena od nabavnata. Ova i se sluci vo Skopje
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
A koj ke gi raboti tie nivi ? Da ne praime muabet so nikoj nejke da gi kupi. Se isplaka samo vo okolinata na Skopje i mozebi vo okolinata na ponekoj od drugive pogolemi gradovi. I toa so plan deka gradot ke se rasiri pa nekoj den da gi prodades kako gradezni parceli so x10 cena od nabavnata. Ova i se sluci vo Skopje
Во околината на Прилеп, ако местото има вода, струја и пристапен пат, цените се по 1500-2000 евра за декар. Земјиштето според мене е секогаш добра инвестиција во случај да не ти требаат парите за нешто друго. Никогаш не губиш од земјата, ако ништо друго можеш да ја обработуваш, да си направиш викендичка, да ја даваш под кирија или на крај краева да ја продадеш.
 
П

Пепси_

Гостин
ako gledas dolgorocno da....ako imas visok pari i mislis deka ke gi oplodis na toj nacin t.e. ke se zalagas i imas zelba da gi oplodis. Aama ne mozis da bidis siguren dali toa ke bide za 5 ili 50 godini.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Како што и самиот напиша во воведниот пост, земја обработлива има се помалку и помалку. Инвестирање во земја никогаш не е џабе. Секое парче земја е уникат и неоповторливо. 100% сум сигурен дека еден ден ќе има голема вредност. Размисли и за насадување на лешници, но за нив ќе мора барем 2 пати годишно да им носиш вода со цистерна, зависи од регионот каде се.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.888
Vo zemja kade sto narodot se iseluva i ima negativen prirast na naselenie ne znam kolku e pametno ovaka da se kockas. Mislam deka cenite doprva ke pagjaat.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Некои многу го читал Перл Бак и Добра Земја и продолжетоците Синови и т.н.
Јас сум ги читал со мерак одамна, книги баш према темава. Секој денар да се вложи во земја е најпаметно.
Е сега како е дозволено на 1 кл земјиште да се гради не ми е јасно,последен пример проширување на општина Аеродром.
Купи ама треба да се знае каде. На пример во Инџиково,Стајковци,Мралино,Ново село,Волково која цена беше 70 год. која е денес.
Еве последен пример камењарот позади Припор по ново Сончев град,пред 20 години ќе си го купел цел за шака пари,а сега.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Инвестирањето во земјиште зависи колку пари и време имаш на располагање ! Генерално гледано тешко дека ке изгубиш ама да ти кажам дека во Овчеполе земјиштето сега е најевтино . Пред 50 години да купиш нива од 2-3 декари 4 класа ти требале приближно 3-4 години аргатување , нека е и минимална плата еквивалент на 200 евра 50 да ти останувале тоа ти е околу 2 500 евра , сега цената на истата земја е околу 300-500 евра .
Имајки ги во предвид и фактите дека огромни земјишта се земаа така под концесија или за џабе , па и тоа дека работоспособното население во руралните краеви рапидно се намалува , сите изгледи се дека цената на обработливото земјиште допрва ке паѓа ,ако има каде !
Бидејки ке се случи бизарност од типот да нотарските трошоци и данокот на промет да бидат повисоки од цената на земјиштето!
 
Член од
12 јуни 2010
Мислења
200
Поени од реакции
61
Хмммм кај нас во кочанско цената на земјата има тренд на растење, пред 6-7 години цените на оризните ниви беа 900-1000 евра подобрата земја и 700-800 полошата, а сега достигнуваат од 1200 до 1500 за подобрата , додека пак по неквалитетната иде за цена од 950 евра па нагоре. Можеби ова е само резултат на моментално малку зголемената цена на оризот но не би рекол бидејќи цените постепено и праволиниски растат од година во година. Така да мое мислење е дека од инвестирањето во земја никогаш нема да загубиш, ти стои капиталот дури може и да се зголеми, а пак да не збориме дека доколку ги насадуваш нивите ги вадиш парите за 4-5 години, или пак ги ренташ ,нормално кај нас идат околу 50 евра по декар оризна нива, со што добиваш финансии а главниот капитал пак ти стои
 
А

Атомската мравка

Гостин
Vo zemja kade sto narodot se iseluva i ima negativen prirast na naselenie ne znam kolku e pametno ovaka da se kockas. Mislam deka cenite doprva ke pagjaat.
Па баш оти дел од народот се иселува. нивната земјоделска површина тој што е паметен ќе си ја купи поефтино ;) побарувачката на храна во светот константно расте, плус ако се земе фактот дека по влезот во ЕУ цената на земјоделското земјиште ќе добие уште многу повеќе на вредност..
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Колку што се сеќавам во економијата се учи дека вложувањата во земја донесуваат најмал профит. Ама кај нас има многу пребогати и тие го купуваат земјиштето
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не сфаќам, се купува земјоделско земјиште од расцепкани парцели низ напуштени села низ Македонија по багателна цена со цел да не се обработува него да се чека покачување на цената на тие парцели?

Или погрешно ја сфатив темава :)
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Се тоа убаво можеби за правнуците и остали поколенија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom