Зелен чај - за што се е добар?

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.767
Дали зеленот чај би ја имал истата функција ако го пијам со мед растворен ? Пробав неколку пати без ништо, неможам органски да го поднесам :icon_lol:
Ништо лошо немам прочитано за оваа комбинација, напротив некаде пишуваше дека е дури (нутриционистички) покорисно зелен чај со мед одошто без ништо (нешто беше во врска со медот кога се раствара на млака температура). Единствено треба да се пази медот да се додаде откога ќе се разлади чајот (млак или барем до температура како за пиење: топло ама не и врело).

Лоша комбинација (од нутриционистички аспект) е чај (црн или зелен) со млеко. Одредени протеини од млекото се врзуваат со антиоксидансите, што не е штетно но се намалува количината на антиоксиданси, што е една од главните поенти за пиење зелен/црн чај.
Така да сите што сте љубители на „англискиот„ чај (црн чај и млеко), да знаете дека добивате само мал дел од антиоксидансите што би требало да ги добивате. Штета, пошто вкусот на црн чај и млеко е одличен. :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
70
Поени од реакции
43
И од зелениот чај имало подобар и полековит - чај од лист од маслинка. Иначе, зелениот чај кој го купуваме по супермаркети е премногу загаден со пестициди и разни хемикалии, така да незнам дали е повеќе штетен или лековит.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.767
Дека има пестициди во чајот, тоа е точно... исто како што е точно дека ВО СЕ ИМА ПЕСТИЦИДИ (и маслинките ги прскаат).

Најдобро би било сами се да садиме и да одгледуваме... кој може и сака.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Дали некој знае кај може во Скопје да се купи органски зелен чај?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.767
Не верувам дека навистина постои органски комерцијален зелен чај, во Македонија сигурно не. Сите големи производители употребуваат пестициди, разликата би била само во количината.
Да живеевме во нормална држава ќе се вршеа испитувања на се што се продава па ќе можевме да споредуваме нивоа на загаденост (и да го одбереме помалото зло).

Инаку јас од овде купувам зелен чај (и други видови чај).
По некоја логика, во Јапан би требало да имаат построги контроли од на пример Индија или Кина. Така на пример јапонскиот Bancha зелен чај (и другите јапонски чаеви), од аспект на твоево прашање би требало да е поблизок до „органски„.

Прав органски чај, само ако сам си го насадиш и одгледаш.
Другото се превари. Кај нас немаме официјален стандард за „органско„ но таму каде има такви стандарди, се работи за пропишување на листи од пестициди кои не смеат да се употребуваат. Сите други пестициди што не се на листа (послаби или нови) смеат да се употребуваат без ограничување на количините... Превара.
Тоа што ни треба е државните инспекторати за безбедност на храната да контролираат се што се продава. Со тоа може да се носи одлука што да се консумира.
 
Последно уредено:

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
изгледа нема посебна тема за чаеви
ова колку да знаете како правилно да си приготвите вкусен чај

 
Член од
8 февруари 2021
Мислења
106
Поени од реакции
32
Не разбирам...
Вчера читав на еден куп места дека е добар за замастен црн дроб, а денес дека му штети на црниот дроб.

Некој поупатен?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Не разбирам...
Вчера читав на еден куп места дека е добар за замастен црн дроб, а денес дека му штети на црниот дроб.

Некој поупатен?
Jaс знам дека е добар. Сум го пиел кога имав проблем, настрана терапијата. Исто познавам лик кој само со чај успеа да го среди дробот во нормала.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.781
Не разбирам... Вчера читав на еден куп места дека е добар за замастен црн дроб, а денес дека му штети на црниот дроб. Некој поупатен?
zeleni-caj-lekovita-svojstva.jpg unnamedae.jpg

... и двата спротиставени факти што си ги читал за зелениот чај се точни, зависи како го читаш т.е. дали го разбираш пишаното, неферментираниот индиски (црн) чај, кој всушност е познатиот како зелен чај има многу бенифит во негово пиење по една чаша на два, три дена, но негово редовно пиење во големи количини по три чаши на ден во подолг период , ете иако хербален напиток може да даде негативен ефект хепатотоскичност т.е. да наштети на јетрата!

286669c7803497f3301c0602a56e8efc.jpg hqdefault.jpg


... најчесто најпроблематични ситуации се појавува кога некој ќе го препорача овој хербален напиток како лечлив, па ќе го предозира секојдневно мислејќи дека побрзо ќе делува за многу здравствени проблеми, проблематични ситуации се јавува кај тие што навиката на пиење на кафе 3, 4 пати на ден ќе го заменат со пиење зелен чај, што во подолг период доаѓа до штетно делување на јетрата (хепатотоксичност) и на крај кај жените најчесто при препорака како хербален напиток за слабеење (диета) , па ќе го пие почесто како вода за да ослабне побрзо,

2146561da8a07a0727976c145f7ccb4b.jpg imageser.jpg SWH099_Xl.jpeg

...ќе се прашаме со право зошто? затоа што зелениот чај изобилува со катехини, антиоксидантно соединение кое во соодветна доза дава големи придобивки како понизок холестерол и намален ризик од срцеви заболувања и карцином, но, земени во високо концентрирани дози во подолг период може да предизвикаат појава на хепатотоксичност токму од хербално потекло, чудно но возможно! тука мора да ги спомнам и суплиментите кои се со концетриран екстракт од зелен чај, што при такви високи и чести дози делува штетно на хепаталните клетки и наместо ние да направиме добро ние всушност ги оштетуваме уште повеќе клетките на јетрата,


... значи корисноста на хербалниов екстркт на зелениот чај само во умерени дози по една чаша дневно или секој втор ден, све друго што е пиење на ваков чај наместо вода или по 3,4 чаши дневно значи за кратко време појава на труење на јетрата и прашање на време кога ќе се биде дијагностицирано како хербална хепатотоксичност, затоа дури ги исфрлиле суплиментите за слабеење со ваква содржина на зелен чај токму поради ова појава на хепатоксичност што некогаш е поголема штетноста отколку би била по потекло од лекови, а не вака од растително потекло,
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2021
Мислења
106
Поени од реакции
32
Прегледај го приврзокот 283365 Прегледај го приврзокот 283366

... и двата спротиставени факти што си ги читал за зелениот чај се точни, зависи како го читаш т.е. дали го разбираш пишаното, неферментираниот индиски (црн) чај, кој всушност е познатиот како зелен чај има многу бенифит во негово пиење по една чаша на два, три дена, но негово редовно пиење во големи количини по три чаши на ден во подолг период , ете иако хербален напиток може да даде негативен ефект хепатотоскичност т.е. да наштети на јетрата!

Прегледај го приврзокот 283359 Прегледај го приврзокот 283368


... најчесто најпроблематични ситуации се појавува кога некој ќе го препорача овој хербален напиток како лечлив, па ќе го предозира секојдневно мислејќи дека побрзо ќе делува за многу здравствени проблеми, проблематични ситуации се јавува кај тие што навиката на пиење на кафе 3, 4 пати на ден ќе го заменат со пиење зелен чај, што во подолг период доаѓа до штетно делување на јетрата (хепатотоксичност) и на крај кај жените најчесто при препорака како хербален напиток за слабеење (диета) , па ќе го пие почесто како вода за да ослабне побрзо,

Прегледај го приврзокот 283360 Прегледај го приврзокот 283371 Прегледај го приврзокот 283372

...ќе се прашаме со право зошто? затоа што зелениот чај изобилува со катехини, антиоксидантно соединение кое во соодветна доза дава големи придобивки како понизок холестерол и намален ризик од срцеви заболувања и карцином, но, земени во високо концентрирани дози во подолг период може да предизвикаат појава на хепатотоксичност токму од хербално потекло, чудно но возможно! тука мора да ги спомнам и суплиментите кои се со концетриран екстракт од зелен чај, што при такви високи и чести дози делува штетно на хепаталните клетки и наместо ние да направиме добро ние всушност ги оштетуваме уште повеќе клетките на јетрата,


... значи корисноста на хербалниов екстркт на зелениот чај само во умерени дози по една чаша дневно или секој втор ден, све друго што е пиење на ваков чај наместо вода или по 3,4 чаши дневно значи за кратко време појава на труење на јетрата и прашање на време кога ќе се биде дијагностицирано како хербална хепатотоксичност, затоа дури ги исфрлиле суплиментите за слабеење со ваква содржина на зелен чај токму поради ова појава на хепатоксичност што некогаш е поголема штетноста отколку би била по потекло од лекови, а не вака од растително потекло,
Мислев по една чаша да пијам.
Фала на исцрпниот одговор
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.767
Eдна-две чаши зелен/црн чај на ден практикуваат милиони (милијарди?) луѓе, без познати штетни последици.
Тоа што е дискутабилно (за некои луѓе) е концентриран екстракт од зелен чај, но не и - самиот чај, напитокот.

Што се тиче токсичноста, па сѐ во животот - над одредени дози - е токсично.
Вода. Вода ако се испие доволно, на пример повеќе литри наеднаш, може да биде токсична па дури и фатално токсична. Алкохол, човек може да умре од литар и повеќе. Сол, фатално токсична во големи количини, евидентно популарен метод за самоубиство кај индијските фармери. Итн, итн.

Сенешто кое е корисно во умерени количини, во преголеми количини е токсично.
Зелениот чај не е различен.

Drinking green tea is POSSIBLY UNSAFE when consumed for a long time or in high doses (more than 8 cups per day). Drinking large amounts of green tea might cause side effects due to the caffeine content.
Постојат многу студии:



Тл:др пиј си зелен чај (или црн), не забегувај со количините, и не му ја мисли многу.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.781

... сепак ќе кажам, зелен чај по една чаша секој втор или трет ден ќе биде бенефит за нашето тело, не е баш така „не му ја мисли многу“, јас мислам дека нема потреба од секојдневна примена, ако дополнително се пие и некој кофеински напиток во текот на денот и дополнително зелен чај, тоа ќе биде секојдневна „бомба“ на телото и прашање на ден кога ќе имаме пречки од покаченот крвен притисок!


... апсорпцијата на железо може да се намали со секојдневна во долг период примена на зелен чај со своите инхибиторните ефекти т.е. врзување на железо од фенолните соединенија во катехолни дел на зелениот чај, така да се запазува појавена анемија од дефицит на железо предизвикана од прекумерена потрошувачка на зелен чај (дали тоа во редовно пиење во подолг период, дали при дневен почест поконцентиран внес, тоа сепак е прекумерена количина), така да тие што имаат проблем со покачен феритин (железо) во крвта со пиење на зелен чај ќе ја инхибира ресорпцијата на железото и ќе биде бенефит, но не и на анемичните кои ќе пијат редовно зелениот чај,

...така да зелен чај (ферментиран зелен преставува црн или индиски чај) се пие секој втор ден онака еднаш на ден (без кафе да испиеме), ако сакаме да ги искористиме сите придобивки од зелениот чај за нашето здравје, инаку секојдневната навика на пиење на зелен чај во подолг период носат и некои ризици по нашето здравје што не се занемарливи!
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.767
Ова заклучено врз основа на еден кејс репорт?
Еден. И тоа кејс репорт во кој случајот бил пациент со тип 2 дијабетес и долги години проблеми со притисок (третирани со лекови, типично за западната медицина, наместо да се најдат причините за проблемот). Не само тоа туку и со наследна болест која предизвикува послабо создавање на хемоглобин?
Case Report
A 48‐year‐old businessman with a long history of regularly treated hypertension and type 2 diabetes mellitus was referred for evaluation of persistent anemia first observed by a general practitioner during an examination for progressive exertional dyspnea 1 month prior. He was employed as the sales and marketing manager of a mold production and processing company. He was previously diagnosed with “low‐grade” thalassemia...
Човеков според болестите, повеќе од сигурно не се храни здраво. Дијабетес не се добива од здрава исхрана. Муабетот ми е дека проблемот со нивото на железото сигурно не му е само од консумација на зелен чај.

Познато е дека зелен чај предизвикува нешто помала абсорпција на железо, ама за мене тоа погоре делумно е извадено од контекст.
За нормални здрави луѓе со нормална здрава исхрана, секојдневно пиење на зелен чај не е проблем. Една крвна слика неколку пати годишно ќе го потврди тоа.

Само се обидувам да ги ставам работите во контекст.
Непрактикување здрава исхрана и здрав живот не се поправаат со пазење на секоја ситница - на пример нешто што малку намалува абсорпција на железо. Луѓето прават многу работи што не се здрави. Пијат по неколку кафиња на ден, не се хранат здраво, не вежбаат и не се движат доволно (или ич)... Во контекст, ако на таквите зелениот чај им го замени кафето јас велам go for it. Можеби полека ќе почнат да обрнуваат внимание и на другите работи. :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.781
Зелен чај, варијанти :

ice_screenshot_20221022-160927.jpeg

Сенча: листови во форма на игли, интензивен вкус, врвен квалитет, висока содржина на витамин Ц.

Gyokuro: Сладок вкус, богат вкус, го стимулира растот на здрава кожа и ткиво.

Тенча: Високо ниво на минерали и витамини, го зајакнува метаболизмот, го подмладува и го чисти телото.

Funmatsucha: Горчлив вкус, висока содржина на потенцијални антиоксиданси, се применува против настинка и главоболки.

Конача: Мали парчиња листови, силна арома, робустен вкус.

Шинча: Најквалитетен зелен чај, горчлив вкус, богат со амино киселини, го смирува желудникот.

Фукамушича: Мешавина од разни листови од зелен чај, потемна боја, лесен и богат вкус.

Кукича: Направено со гранчиња и стебла, жолта во боја, лесен мирис.

Банча: Горчлив вкус, високо ниво на флуор, ефикасно против орални проблеми.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom