Здравството кај нас

Член од
7 септември 2016
Мислења
20.666
Поени од реакции
36.323
...на техничкиот Министер за здравство И.Демири му пречи да доаѓаат кардиохирузи на испомош како самиот јавно вели „од Дедиње“ (Србија), при кардиоперативните захвати на Државната кардиохирургија, а исплатени од здравствениот буџет, при што истиот се труди да инсценира зголемен морталитет на оперирани пациенти на кардиохирургија обвинувајќи за сета таа одговорност Директорот М.Шокаровски суспендирајќи го, арно ама нема ист аршин за специјалистите хирурзи кои на ист начин доаѓаат од Косово, Албанија и Турција во другите локални општи болници низ западна Македонија, па и во клиничка болница каде истиот директорува(л) пред да бидне технички министер за здравство на ист трошок од здравствениот буџет.

28.05.2024:
Screenshot 05-29-2024 15.37.44.png

Screenshot 05-29-2024 15.35.16.png

...а тоа што се верифицирани пратеничките места во Собрание каде Министерот за здравство И.Демири како пратеник од ДУИ му престанува сите други јавни функции како и Министер за здравство со што неговите промени, разрешувањaта што ги прави во здравството не се законски (оти си е технички министер) и кривично треба да си одговара за прекршување на законот со одобрување на примање на несоодветни 18 договорци и тоа со само еден потпис на (од него поставена) економска директорка од клиника за токсикологија без врзан потпис и од медицински директор, а дополнително изгледа освен министерското место сеуште раководи со тетовска клиничка болница тоа се други приказни за самоволие без никаква контрола, впрочем тој е министер кој да го контролира самиот себе?! :facepalm:

...официјален сајт на клиничка болница каде се уште фигурира како медицински директор, ваму Министер за здравство, а истовремено пратеник во Собрание од партијата ДУИ, кога му се може, му се може! :toe:

Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.655
Поени од реакции
8.111
Веќе 10-20 години имаме излив на стручен кадар. Првин треба да се спрече brain-drain па после да се размислува за реформирање на здравство. Се додека примопредаја за доктор оди како наследство или по политички траки, пиши кец у финална црта.

Моментално само приватното здравство, не гледам иднина во државното.

Како беше онаа рекламата, батката ко ќе се фали колку пари скрил и колку и ебал мајка на државата. Кога го рокнува срцето, го возат со искршено возило и на земјен пат, и на крај не стигнува жив до клиника. Е таму сме, да му расти пајпата на тој што ја направи рекламата, на место беше.
Гледај ги видеата кај Васко Ефтов каде гостуваат олигарсите и БЕЗ ТРОШКА срам и страв се фалат кој колку украл од државата. Од таквиот арамилок, нема пари за ништо во државата. Се што е од страна осигурување, било здравствено, било социјално, пензиско е РАЗГРАБАНО!

Докторите бегаат и ќе бегат кога нема услови за работа. Само две државни болници има во државата и две поголеми приватни. Каде да работат?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.655
Поени од реакции
8.111
Dzabe aparatura za diagnostika koga golem broj od Doktorite ne se obuceni CEST NA ISKUCICI APARATURA TREBA NO AKO NE E OBUCEN KADAROT SE DZABE zatoa za da bide podobro treba golema promena vo celiot zdravstven sistem
Тоа со купената апаратура е мачкање на очи!

Тој муабет е како: "еве сине ти купивме кола, ама бензин да не трошиш пошто скапо е"!

Кога не се купува бензин, како детето ќе научи да вози и да ја користи апаратурата. И пак доаѓаме до муабетот на олигарсите зошто не се купува бензин.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.391
Поени од реакции
5.248
Завчера седиме и лице вработено во Кардиологија си кажа јасно и гласно - Изминатите 2 недели од 32 операции 14 со фатален исход.
Тоа е се што треба да знаете за нашето здравство.
Тешко на генерациите што допрва стареат и очекуваат да го проживеат животот во оваа држава со уништен здравствен систем.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.747
Поени од реакции
21.784

Кога го видов ова ми беше толку нереалистично но сепак правиме муабет за гордата членка на НАТО.

1000021603.jpg
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.666
Поени од реакции
36.323
...не се потресоа за изгорените живи пациенти во модуларната болница никаде ги нема да ги кажат со име презиме да се увериме дека навистина биле 15 тина или нешто споменик да им се направи за нивна тешка трагедија,

... не се загрижиле за пациенти кои поради немање лек Трикафта се задушиле немајќи здив,

... не се загрижиле ниту не се знае број на преживеани пациенти на онкологија кој знае колку време третирани со вода наместо биолошки лек,

...ама се засекирале за пациенти на кардиохирургија што јавно никој не напишал или се пожалил, од каде така наеднаш се загрижил техничкиот Министер за здравство д-р И.Демири кој истовремено е и верифициран пратеник во Собрание и де факто сеуште ја води во позадина како директор Клиничката болница оти сајтот на болницата не дека не е ажуриран, туку секојдневно бил присутен во сопствена апартманска просторија и се однесува како болницата да е сопствена своина делувајќи деструктивно на секој сегмен на болницата!!?

тенденциозно, нели?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.215
Поени од реакции
16.719
Ne znam sto tocno se desava na kardiohirurgija, ama za visoka smrtnost imase muabeti megu kolegi uste pred nekolku godini. Vtoro, kolku trae proektot drzavna kardiohirurgija i zosto uste nemaat doobucen personal za samostojna rabota, zar uste im trebaat instrumentarki od Srbija? Instrumentarka se prai za godina - dve vrv da bide. Treto, vo vreme na kovid vo isto kombe vozea kovid pacienti pa zimaa itni za transport do kh, vo istoto kombe i materijal za operacii razvozuvaa. Cetvrto, dobar del od personalot im e koj od koj, kako da go sostavuvaa kolku da se kaze deka ete, pocnale. Drzavnoto zdravstvo e mrtvo, ne znam na sto se nadevate poveke.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
469
Поени од реакции
1.421
Не знам што очекувате, кога Шокаровски ти е типичен шалабајзер што едвај завршил со просек 7 кома нешто и тоа со врски. За Јовев не ми познато како работел, а овај е така форсиран целиот живот, а е цреп. Исто и другиот помлад, заборавив како се викаше. Најтрагичното е најновите кадри што ги исповработи Шокаровски. Кој од кој послаб. Слаби критериуми,слаб здравствен систем.
Автоматски споено мислење:

Partiski ,,oboen,, kolega. Znae da ,,place i cimoli,, no i dobiva od aj da ne kazam kade //iako znam se//.
Imase priliki za nego da pecali cesno jaki pari vo privatni kliniki, no ne mu bilo, ne mu e, nema da mu bide ,,toj CHESEN izvor na pari,, nikogas od interes. Vaka em drzavna ,,pojacana plata,, //haha duri i za dezuestva prima hahhahaha// em ,,bonusi,, od drugi mesta. Dolga prikazna.
Имав прилика да присуствувам на негови предавања и како студент, но и како лекар. Колегата за еминентноста која го следи, зборувам конкретно научно-истражувачката работа, делува како да е доста слаб.
Сите студии на кои впишан како автор се меѓународни каде што придонел само со прибавување на податоци и параметри од пациенти на државна кардиологија, само тоа. Ниту учествувал во пишување на трудовите,ниту во статистички пресметки. Само преку членствата кои што ги има во европските и американските кардиолошки здруженија,што пак успеал да ги обезбеди преку работното место на државна клиника,работно место на кое едвај се појавува.
Делува како да нема познавања од толкување на статистика. На предавања за лекови прави елементарни грешки при толкување на статистички резултати од студии во кои тој учествувал.
 
Последно уредено:
Член од
28 ноември 2022
Мислења
292
Поени од реакции
484

Znam kolega. Seto napisano od tvoja strana e tocno. Nitu prv t.e posleden student t.e. specijalizant koj go kazal istoto. Jas kako dolgogodisen mentor na specijalizanti na abdomen ,,ovoj muabet,, vistinit sum go slusal mnogu pati dosega. Dopolnitelno na seto ova i licno go poznavam kolegata pa da se rece i malku povekje od toa //kako i site drugi klinicari t.e. se e odmana javna tajna za nego!//

Da nadovrzam koga e vo prasanje situacijata vo klinicki.
Salite se zakluceni vekje koja nedela po red. Vo privatno zdravstvo sum, izvrsuvam po 4-5 operacii dnevno od koi najcesto kancer, ,,vklestena,, hernija i posekako zolcki se rasturame od operiranje.
Narod kako naogja pari za da plati, sami si znaat. Na dezurstvo kolku operacii imam, kako nikogas porano. Pacienti so vekje zakazani termini //nekoi i vekje hospitalizirani// vo drzavno, pusteni doma na neopredeleno vreme do OP lekuvanje.
Hernija ednas ,,vklestila,, uspesno reponirana vo drzavno t.e. momentalno ,,sanirana,, do nokjta koga pacientot kjivnal se nakaslal i da zavrsime kaj mene na privatno so itnost vo sala. Nokeska //dezuren// ,,dobro prsnato slepo crevo,, rabotev, neli imalo iten prioritet //pacientot prethodno se javil na pregled vo 8mi, gradska, klinicki za da go vratat!// vo drzavno, nema nisto sem laga. Mizerija i stradanje nevideno za narodot.
Автоматски споено мислење:

Ne znam sto tocno se desava na kardiohirurgija, ama za visoka smrtnost imase muabeti megu kolegi uste pred nekolku godini. Vtoro, kolku trae proektot drzavna kardiohirurgija i zosto uste nemaat doobucen personal za samostojna rabota, zar uste im trebaat instrumentarki od Srbija? Instrumentarka se prai za godina - dve vrv da bide. Treto, vo vreme na kovid vo isto kombe vozea kovid pacienti pa zimaa itni za transport do kh, vo istoto kombe i materijal za operacii razvozuvaa. Cetvrto, dobar del od personalot im e koj od koj, kako da go sostavuvaa kolku da se kaze deka ete, pocnale. Drzavnoto zdravstvo e mrtvo, ne znam na sto se nadevate poveke.
Tocno napisano od a do sh.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.666
Поени од реакции
36.323
Серум против змијско каснување - антивиперинум серум Polisera или Viekvin !
( циркус во нашето здравство!) :facepalm:

...слушам дека за серум против змијски отров за холандскиот турист кој бил каснат од отровна змија во Охрид го транспортирале до општата болница во Дебар за да прими серум? :facepalm:

... кои се тие будали (со се' новинарите кои не коментираат за ваков циркус на транспорт, оти ем не знаат, ем не прашуваат, ем не се заинтересирани) која е таа глава со интелигенција која решава на 40 степени да се транспортира пациент и тоа странски гостин на пат во тие кривини 65 км до Дебар по овие вруќини да прими серум против змијски отров што се состои од еден шприц кои се дава интрамускулно ????

P-740.jpg 20180507222156_261149.jpg

...алооооо поради административни работи го малтретирате туристот по овие вруќини??? :facepalm:

...серумот лек Polisera е една кутија со вијала од 10 мл или шприц лек Viekvin од 5 мл што може да се транспортира со викенд фриџидерче или со мраз патронче во кутија и тоа може со било какво возило да се достави од Дебар во Охрид, а не пациентот да се носи од Охрид во Дебар, ауууу, значи Бог да чува, тоа никој не го констатира, срамота си играме здравство!

и друго,
еднаш засекогаш мора Директорите на сите јавни здравствени установи да научат од поискусни професиналци менаџери, дека набавка на антизмијски серум не се случува за време кога се најнеопходни во пролет/лето кога змиите излегуват од своите легла, туку треба да се снабдат со антивиперинум серум уште кога има пола метро снег - во зима, па кога ќе дојде пролет/лето сите болници ќе го имаат, а не сега за време на сезона, допрва ќе прават тендери за набавка за змијски отров :facepalm:

... сега е време за тендери и снабдување со лекови, серум, вакцини што треба за зимски период за епидемија со сезонски грип, а не во септември ќе прават тендери и набавки на вакцини против сезонски грип, а тоа веќе е прогласена епидемија крај на септември/ октомври,

...менаџирање џон, ставај партиски луѓе на раководни места, па ќе имаш здравство, никогаш, па ни тогаш!! :misticen:

П.С.

... директорот Пашоли на општа болница Дебар излегол во пресрет? па самата болница во Дебар, пред недела дена немала антивиперинум серум за нивни пациент, па се обратиле во општа болница во Прилеп за позајмица или пак тие го испратиле пациентот во Прилеп, ама новинарството некако е селективно, не реагираат подеднакво за исти случај со антивиперинум серум за различни градови со градоначалници од која партија има тоа изгледа важност да се направи атракција, а тоа е секојдневен пропуст скоро во сите болници?! :facepalm:
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.666
Поени од реакции
36.323
лек Zoladex (Золадекс)
ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија :

со две јачини, втората три пати појака од првата јачина,

- лек инплант со генерично име Goserelin имплант 3,6 mg ќесичка во која се наоѓа претходно наполнет шприц со имплант/кутија.
- Goserelin имплант 10,8 mg ќесичка во која се наоѓа претходно наполнет шприц со имплант/кутија.

цитат:
„Медицинската директорка на клиниката за онкологија д-р Виолета Клисаровска вели дека едната доза на лекот која е тромесечна како во случајот на пациентката е завршена по тендер, кој деновиве ќе продолжи и лекот ќе пристигне во земјава, а во меѓувреме пациентите можат да ја набават другата едномесечна доза на лекот како алтернатива, за која вели дека е достапна.“ затворен цитат

...што подразбира директоркава под „друга едномесечна доза како алтернатива“ што не се доискажува??
дали е таа истата генерика лек Госерелин од 3,6 mg, што е три пати послаба од дозата која треба да ја примаат од Госерелин од 10,8 mg или обратно ?

...ајде да видиме колку е искрена медицинската директорка на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија д-р Виолета Клисаровска и уште еден пример да покажеме како треба новинарите да работаат и да поставуваатт прашање, а не само да го пренесат инфото на жалба на пациентката и оправдувањето на медицинската директорка и толку!

...како прво, лекот е онколошки лек, аналог на хормон Goserelin како активна супстанца припаѓа на група лекови под име хормонски аналози кои ослободуваат гонадотропин (LHRH аналози) лекот може да се применува само во здравствена установа, не се наоѓа во била која аптека, не се наоѓа ниту во било која болница, лекот е инплант кој го снабдува само тие болници кои имаат онколошко одделение најчесто клиничките болници (Битола, Штип, Тетово) и скопската клиника за онкологија и никаде на друго место во МКД и примената не е само за жени при хемотерапија при канцер на града намалува лачење на хормон естрадиол во организмот, туку лекот го применуваат и мажите при лечење на карцином на простата смалувајќи го хормонот тестостеронот во организмот, значи двата се препишуваат при карцином на града кај жена и карцином на простата кај мажот.

...како второ, не знам колку е во ред да се манипулира со јавноста, посебно со пациентите, кога има и медицински лица кои „не пасат трева“, па ги гледат малку пореално работите т.е. не треба да се прикрива вистинската ситуација, подобро од искреност и вистина нема подобар сон и совесност, ама ајде да идеме по ред,

...транспарентно на НЕТ, се гледа дека во документот на склучен договор за набавка конкретно на овој лек Золадекс (за што се жали пациентката дека го нема во онколошката клиника) т.е. хемиско или генерично име е Goserelin имплант 3,6 mg или 10,8 mg, договорот склучен помеѓу фирмата Д-р Пановски (Златко Пановски) како економски оператор за доставување на договорената количина на лекот и медицинскиот директор д-р Виолета Клисаровска и Организациониот директор дипл.правник Халид Матоши.

...договорот склучен на 15.08.2023 година и важи во период од една година, значи до 15.08.2024 година, ако денес сме 12.06.2024 година, дали тоа значи новиот тендер ќе биде после два месеци т.е. на 15.08.2024 година, а тендерската процедурата и набавката која трае уште еден месец ќе биде завршена во септември 15.09.2024 ??

Договор Д-р Пановски 08381-2023-1.jpg

еве ги количините на лекот Золадекс во две јачини и тоа :

- Goserelin (Zoladex) имплант 3,6 mg (3.104,34 ден ) ќесичка во која се наоѓа претходно наполнет шприц со имплант/ кутија парче 1500 со вкупен износ 4.889.335,50 денари

- Goserelin имплант 10,8 mg ќесичка (9.400,00 ден) во која се наоѓа претходно наполнет шприц со имплант/кутија парче 4400 со вкупен износ 43.428.000,00

Договор Д-р Пановски 08381-2023-3.jpg

(не знам кој им ја направил ова табела со износи, очигледно има проблем со запирките во износите ги споредува со количина, цената некаде без децимали, некаде со децимали и тоа три, а би требало со две, хаос како да се милијарди износ, а не милиони денари) :(

... според сево ова изнесено, а симнато од НЕТ од Јавни набавки, ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија може само да направи анекс договор што значи 30% од вредноста да направи набавка на лекот за да го има за пациентите, инаку редовниот термин за тендер се гледа по датумот на договорот кога завршува, ако важи една година.

....бидете искрени со вашите пациенти, доста вртење веќе „како киша околу Крагуевац“, проблемите не се решават така со ескивирање и неискреност да не речам лажење, посебно од страна на високо едуцирани медицински лица, кај ви е Хипократовата заклетва, во подрум!?
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.655
Поени од реакции
8.111
Се додека нема судска одговорност за никого во државата заради корумпираново судство. Ќе си пишуваме и пишуваме на темава до безкрај!

А што да се очекува од село без кучиња?
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
782
Поени од реакции
816
Здраво на сите,
Како дипломиран физиотерапевтски техничар со средно образование видов како функционира здравството од блиску и каков е односот внатре кај вработените. Од партиски вработени до оние најквалитетни здраствени работници сите исто се платени, специјализација тешко земаат дипломирани доктори кои што ги завршиле обврските т.е. месеците за да земаат специјализација. Недостасуваат кадри од доктори, медицински сестри, недостасува различен кадар на сите болници, фалат физиотерапевти на повеќе одделенија каде што ќе работат со пациентите, особено на неврологија и на ортопедија.
Околу образованието кај нас, преовладуваат професори кои што си лечат комплекси, луѓе кои што не се трудат да те научат на најважните работи од гранката што ја изучуваш, ти како ученик си омаловажуван, депресивен, под стрес си оти очекуваш да одговараш во момент кога си најмалку спремен, катастрофален образовен систем имаме во основно и во средно образование и тоа заради тоа што програмите кои што ги направија претходната власт каша попара направија. И така, со ваков катастрофален систем стасуваме до власт во која преовладуваат пратеници со купени дипломи кои што знаат само зелено, црвено и воздржувано копче да притиснат во собрание, наместо да предлагаат закони и заради тоа сме стасани до ова дереџе.
И на крајот се запишав на Економски факултет каде што професор еден кажа искрено на овие што претходно имале економско дека ништо основно не ги учеле средно.
Луѓе, или писмени да го направат целиот систем нормален, меѓу кој ќе биди и здравствениот систем или да не гласаме на следните избори за никој од овие што ги ставаат неписмени кои што се со купени дипломи. ПС: Арно што го укинаа медицинскиот факултет на Мерко, под дното ќе бевме ако го оставеа.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.686
Поени од реакции
11.917
...

Не знам дали ова е твое лично искуство или цитираш некој друг, но како и да е, ако една работа требаше македонските гласачи да научат изминативе 30 (ТРИЕСЕТ) и повеќе години, тоа е дека политичарите ги заболе уво за бојкот на избори.

Како најтазе примери можат да ти послужат последните два циклуси на парламентарни избори одржани во 2020 и во 2024 година, а на кои над 40% (ЧЕТИРИЕСЕТ ПРОЦЕНТИ), односно над ДВЕ ПЕТТИНИ од сите гласачи воопшто не го искористија правото на глас.

Па сепак политичарите и понатаму се товат на грбот на сите граѓани - и на тие кои гласале, и на тие кои не гласале, и на тие кои гласале за нив, и на тие кои гласале против нив. Тука лежи зајакот, во подвлеченото, тотално неважно е колку луѓе ќе гласаат или нема да гласаат, и за кого ќе гласаат или за кого нема да гласаат, партиските паразити се осигурани за наредните 4 (ЧЕТИРИ) години и ќе се товат на туѓ грб, а тие кои не гласале единствено ќе можат да глумат инает бидејќи не го искористиле правото на глас, додека со парите од нивните даноци директно ги финансираат истите тие партиски паразити за кои воопшто не гласале.

Бојкот на избори може да има смисла доколку тие кои не гласале бидат ослободени од плаќање на даноци, па во такви околности ќе знаат дека всушност навистина направиле некаква пресвртница бидејќи нема со нивни пари да се товат партиските паразити за кои воопшто не гласале.

И за жал истото важи и за здравствениот систем и за образовниот систем, како што на тие кои гласаат им е сеедно, така и на даскалите во училиштата им е сеедно дали учениците навистина нешто научиле и разбрале или ќе ја завршат учебната година со било каква оценка во сведителство, додека во пракса ништо не научиле и ништо не разбрале. Исто и на лекарите кои дале Хипократова заклетва, а кои се вработиле со партиска книшка, им е сеедно дали пациентот е излекуван или мртов, веројатно приоритет им се парите кои ќе си ги заработат директно на платен список и индиректно под маса, исто како и даскалите.

Џабе се нови згради, нови возила, нова опрема, нови технологии, ако луѓето кои треба да ги искористат се тотално незаинтересирани или уште полошо, неписмени и глупави за да ги искористат таквите работни средства. Секако дека и корупцијата тука игра клучна улога, но повторно тие кои се посветени на својата работа треба први да излезат во борбените редови против корупцијата, за ова за жал единствен вистински пример во Македонија го имаме во Воздухопловната контрола, односно во М-НАВ.

Несомнено им треба едно година дена турнеја низ логорите во Северна Кореја за да добијат инспирација за да се посветат на професијата која ја одбрале, или да си бараат друга работа.

Големиот дибек во Северна Кореја треба да му послужи на западниот свет како средство за опаметување на нивните народи заспани во светот на Интернетот и телевизијата. Да трампаат на година дена по еден американец, Канаѓанец, Британец, Французин, Германец, за десет корејци од Северна Кореја, западните држави ќе станат далеку попродуктивни и поздрави, а за возврат нека му плаќаат на Големиот дибек за да ги научи нивните граѓани на ќотек и дисциплина. Тоа е во типично за методологијата за охрабрување и опаметување на еден народ позната како морков и стап, очигледно досега во своите матични држави претежно кркале моркови, сега на ред треба да кркаат стапови во Северна Кореја.

Кристално истото важи и за Македонија и за македонските државни и јавни функционери и работници, вклучувајќи ги и вработените во државното и јавното здравство, и во државното и јавното образование.
 
Затоа единствено нешто што остана е гласање за било кој, само не за истите црепови кои со години не крчмат и после ни се смеат у фаца
Screenshot_20240404_200600_Chrome.jpg

Само така и со казнување на нивните грешки, може да се надева народот на нешто и никако да не им аплаудира и навивачки да ги бодри.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom