Здраво

Член од
23 март 2017
Мислења
9
Поени од реакции
1
Здраво, имам неколку прашања па би побарала помош од вас. 4та година сум средно, планирам да запишувам факултет, па ме интересира некој поопширно да ми објасни што се тоа Родови Студии, под кој факултет спаѓа тоа, што и како се одвиваат студиите, што можеш да работиш со тоа, и дали е лесно. Друго, ме интересира што друго би ми предложиле вие да студирам, јас сакав Психологија но бидејќи не сум многу по учењето се предомислив, така да, барам мислење од вас, што е тоа што би можела да учам а да не морам премногу да се оптоварувам ( не ме сваќајте буквално, има има учење) .. И така седејќи сватив дека не сакам да запишам и студирам нешто што сакам, туку сакам да запишам нешто што е лесно, да речеме колку да се проба да се студира, па понатака Амин Боже. Ви благодарам.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.593
Педагошки на угд , лаганица.
 
B

beaverknight

Гостин
Иди зимај книшка, шо ќе ти е факултет...
Ако не иде книшката имаш и други области у општествобо у кои моеш да си влезеш, уживај.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Здраво, имам неколку прашања па би побарала помош од вас. 4та година сум средно, планирам да запишувам факултет, па ме интересира некој поопширно да ми објасни што се тоа Родови Студии, под кој факултет спаѓа тоа, што и како се одвиваат студиите, што можеш да работиш со тоа, и дали е лесно. Друго, ме интересира што друго би ми предложиле вие да студирам, јас сакав Психологија но бидејќи не сум многу по учењето се предомислив, така да, барам мислење од вас, што е тоа што би можела да учам а да не морам премногу да се оптоварувам ( не ме сваќајте буквално, има има учење) .. И така седејќи сватив дека не сакам да запишам и студирам нешто што сакам, туку сакам да запишам нешто што е лесно, да речеме колку да се проба да се студира, па понатака Амин Боже. Ви благодарам.
Паузирај година-две.
Ако и после тоа не сфатиш што сакаш да студираш, не се ни запишувај, не си дете ти за факултет.
Или ова што го кажа членката, или запиши некој приватен факултет. Бар легално да си ја платиш лесно-стекнатата диплома, секако ако имаш добра кинта.

Општество каде ојле-дојле завршува факултет само ради некакво си „бркање статус“ во истото, е осудено на пропаст.
Отаде и симнатиот критериум на студииве, а со тоа и стекнатата диплома на државниот.
 
M

Moon Child

Затоа и ја посоветував да паузира.
И стварно незнам зошто некои луѓе едноставно не се помират со тоа дека не ги бива за учење? Од мојата генерација знам двојкаши и тројкаши што се запишаа на факултет, ете колку се критериумите симнати. Во времето на сестра ми генерација 86/87 факултет запишуваа најдобрите од генерацијата.
Јас не запишав факултет и не завршив, и ич не ми е срам и не се каам поради тоа, затоа што бев свесна дека ќе го влечкам безвеза и џабе родителите во трошок ќе ги ставам.
Не се сметам себеси за помалку интелигентна затоа што не запишав факултет. Едноставно знаев дека не е за мене, не сум јас за тоа и ден денес не жалам, 8 години поминаа. Имам амбиции за други работи, и планови за себе во кои ми е сеедно дали сум или не сум завршила факултет.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
А да си фатиш занат/струка некоја па после ако ти се роди желба за нешто да студираш, тогаш да се запишеш?
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Затоа и ја посоветував да паузира.
И стварно незнам зошто некои луѓе едноставно не се помират со тоа дека не ги бива за учење? Од мојата генерација знам двојкаши и тројкаши што се запишаа на факултет, ете колку се критериумите симнати. Во времето на сестра ми генерација 86/87 факултет запишуваа најдобрите од генерацијата.
Јас не запишав факултет и не завршив, и ич не ми е срам и не се каам поради тоа, затоа што бев свесна дека ќе го влечкам безвеза и џабе родителите во трошок ќе ги ставам.
Не се сметам себеси за помалку интелигентна затоа што не запишав факултет. Едноставно знаев дека не е за мене, не сум јас за тоа и ден денес не жалам, 8 години поминаа. Имам амбиции за други работи, и планови за себе во кои ми е сеедно дали сум или не сум завршила факултет.
Дека е битен факултет,ете затоа сите учат освен сиромашните
 
Член од
23 март 2017
Мислења
9
Поени од реакции
1
Да, имам опција да учам приватен, само побарав мислење ако не би запишала приватен, да одам на државен каде што е по лесно ;)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
А да си фатиш занат/струка некоја па после ако ти се роди желба за нешто да студираш, тогаш да се запишеш?
Или ова е добра идеја. Само кај нас не знам која струка/занат можеш да фатиш без факултет, освен струшниве средни, а она веќе тера 4та.
 
Член од
28 октомври 2015
Мислења
926
Поени од реакции
1.236
Безбедносно инжинерство, со информатика и психологија најперспективни факултети. Со првиот лесно до работа, со вториот треба салам да те бива, да учиш и да го сакаш тоа што го студираш а психологија мислам дека ќе биди пренатрупана за некоја година. Така да првиот предлог е нај адекватен!
 
M

Moon Child

Гостин
Или ова е добра идеја. Само кај нас не знам која струка/занат можеш да фатиш без факултет, освен струшниве средни, а она веќе тера 4та.
Има уште една опција за занает, откако ќе го заврши средното, да запише уште едно средно вонредно, има мислам Димитар Влахов беше она каде се изучуваат занаети, козметичари, фризери итд.
Жива ми иде да се изедам што не запишав фризерка, пара ќе убиев и многу одамна на свои нозе ќе застанев, ама добро, па се пронајдов на друго место каде и планирам во иднина да се насочам откако децава ќе ми потпораснат уште некоја година :) Здравје ако имам можност планирам некогаш да запишам и завршам курс за фризерка, нема да има зима за мене :)[DOUBLEPOST=1490298310][/DOUBLEPOST]
Безбедносно инжинерство, со информатика и психологија најперспективни факултети. Со првиот лесно до работа, со вториот треба салам да те бива, да учиш и да го сакаш тоа што го студираш а психологија мислам дека ќе биди пренатрупана за некоја година. Така да првиот предлог е нај адекватен!
:facepalm:
Можеше и електро да и препорачаш да запише, или машински.
Видиш дека бара нешто лаганица да заврши колку да мафта после со диплома.
 
Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
Ја распнавте на крст, но не ве осудувам. Лаганица искрено бидна во сите факултети, како што ќе започнеш од општа медицина до сестри. :)

Јас сум на Психологија, другари имам што се за сестри-смер, како што ми кажуваат дојдоа од уџум планина, некоја си од Албанија, не знаат уста да отворат на Македонски, приглупи дечки, на среќа си ги положуваат на заокружување или евентуално одат по канцеларии им ги пушат на професорите или пак родителите им се пуни ко брод, па нив посекако нема да ги видиш на листата надвор дека паднаа на колоквиум, испити.

Уназад, во времето на таткоми, се барало учење брате, и луѓето стануваа всушност луѓе во буквална смисла, застануваа на нозе, ама сега ко ќе помислам кој се не лечи, ми иде никогаш да не стапнам во Државна, скраја да е во Чаир или Битпазар, па за да ми земат капка крв, додека ми ја погодат вената, која патем и онака јасно ми се гледа, да земам јас чинам би си ја погодила, ќе ме измачат до даске и со здравје да си ја користам модрицата, која всушност и си ја имав цела недела.

Ете од типот на ваквите девојки некои, што не знаат со својот живот што понатака... АМИН! Се запишуваат на кој факс и да им текне, од онака... Колку да имаат црно на бело. А тоа е сасвим погрешно.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: aye

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Не е никакво распнување, на децата треба дирек да му се всади дека не сите имаат капацитет за на факултет. Тоа што живееме во најбедната држава во светот во која факултетите имаат пониско ниво од средните училишта и што ако не се запиши на факултет на некого му изгледа крај на светот е друга приказна. Жал ми е за девојчето, не дека нешто беше поарно ние ко се запишувавме на факс пред 5-6 години, ти може си во најлошиот можен период. Па така ако не си од Скопје, не си губи време на факсовите во другите градови воопшто. Ако си Скопје бирај нешто таму, а ако имаш можности бегај надвор, до Словенија да имаш можности, ќе одиш во друг свет а не па некаде подалеку.
Или пак како што велат погоре ако не ти одело учењето во средно батали факс, вложи поарно во некој курс за шминкање, маникир што знам што, подобро ќе ти испадни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom