Згрозен сум од нечовечноста !

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Темава веќе стига до 100 та страна има над 1000 мислења и секое од нив го имам прочитано со се тие што биле избришани .
Можам само едно да кажам : ЗГРОЗЕН СУМ!
Од нивото на емпатија и човечност некои членови што го поседуваат, кое е 0. Се обидоа првин да го обојат политички демек опозицијата е крива, дека измислица, дека жртвата е тежок криминалец ( дувал трева) , зошто бегал . Не знам какви се не изговори се обидоа да најдат за да го оправдаат убиството. За дел од нив пола форум знае дека го вадат лебот во партиски штаб. Коментаров кажува се.

Врз основа на коментарите можам да забележам дека во Македонија се создаде нова професија, партиски форумџија. Толку.
Се прашувам колку ниско некој треба да падне за парче леб?
Каде е човечкото достоинство тука?
До каде некои луѓе би оделе за 3 стотки и бесплатен нет? До правдање на убиство? До учество во убиство?
Што стана со човечноста и солидарноста?
Можев искрено да преќутам на нивните коментари за склуптурите и останати глупости бидејќи и дел од непартиризираното членство на форумов го подржува .
Ама ова ме згрози максимално.

Темава ако сакаат нека ја кантосаат . Јас си кажав што имав да кажам .
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Пиши го ова на постоечката тема, па да ја бришам оваа. Нема потреба за истото да се дискутира на две места...
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Одамна се изгубени основни вредности.
Емпатија? Хех...
Социјална свест?
Мислење дека утре и на некој нивни близок може да им се случи нешто вакво?
Подобар живот за наредните генерации?
Одговорност?

Ништо од тоа.
Не би ме изненадило и да убијат за посочената цена...убијци и онака оправдуваат...
Тоа е накратко ситуацијата, благодарност до генерациите родени cca.1945-1970 за нивниот придонес кон штанцање ботови (воспитување!?) кои си ја сечат гранката на која живеат, образовниот систем, традицијата и религијата.
Резултатите се прекрасни...:eek:
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Пиши го ова на постоечката тема, па да ја бришам оваа. Нема потреба за истото да се дискутира на две места...
Ацид овде зборам за психолошкиот аспект коментирање на дел од коментаторите .
Не за убистовот уште тоа фалешепа калакурница ќе испадне.
Но чим ти така сметаш ок .
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Секој си има право на сопствено мислење и го почитувам тоа, и не важно дали е партиско религиско нерилигиско можи и да не се согласувам со тоа, ама избегавам да солам памет што како зошто барем во последно време. Сите што мислат дека сум субјективен дека не солам памет не знаат само колку се воздржувам да го правам тоа :D.
--- надополнето: Jun 8, 2011 12:06 PM ---
Одамна се изгубени основни вредности.
Емпатија? Хех...
Социјална свест?
Мислење дека утре и на некој нивни близок може да им се случи нешто вакво?
Подобар живот за наредните генерации?
Одговорност?

Ништо од тоа.
Не би ме изненадило и да убијат за посочената цена...убијци и онака оправдуваат...
Тоа е накратко ситуацијата, благодарност до генерациите родени cca.1945-1970 за нивниот придонес кон штанцање ботови (воспитување!?) кои си ја сечат гранката на која живеат, образовниот систем, традицијата и религијата.
Резултатите се прекрасни...:eek:
Одиме јас татко ми и едниот чичко низ ридче назад од лозје до кола, многу убаво место чиста природа, и ме прашуваат дали знам која трева е таа што ја гледам, одговорив дека цвет е. Да ама сепак била трева која што цвети во овај дел од годината се викала срамниче, и оди народна легенда колку што има црно во цветот толку народот има срам, цветот беше цел бел некогаш порано на среде имало комбинација со црна боја ама денеска не.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Не верувам дека некој дава леб за дремење на форум,мислам дека само луѓето изгубија осет за некои работи...последица од дваесгодишно медиумско перење на мозоци...
 
K

kalimer0

Гостин
Не верувам дека некој дава леб за дремење на форум,мислам дека само луѓето изгубија осет за некои работи...последица од дваесгодишно медиумско перење на мозоци...
На таквите некој треба да им нацрта дека треба да го исклучат телевизорот и да го вклучат мозокот.
Гледајте ТВ ама не им верувајте на медиумите бидејќи повеќето (читај сите) поддржуваат некоја политичка партија (секоја чест на исклучоци) и грабаат политички поени.
ПРЕКУ ПОЛОВИОВ ОРГАН МИ Е ОД ТАКВИ !
 
F

FilipMacedon

Гостин
На таквите некој треба да им нацрта дека треба да го исклучат телевизорот и да го вклучат мозокот.
Гледајте ТВ ама не им верувајте на медиумите бидејќи повеќето (читај сите) поддржуваат некоја политичка партија (секоја чест на исклучоци) и грабаат политички поени.
ПРЕКУ ПОЛОВИОВ ОРГАН МИ Е ОД ТАКВИ !
Ти уклучи на Здраво Македонијо,или на Јанко јади бурек и слушај народот какви небулози кажува...незнам дали премногу се даде слобода да се коментира или пак народот полудел??
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Партијата пред се, па дури и пред морал, етика и човечност, за жал таков е менталитетот на многу луѓе во државава.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
137
Поени од реакции
15
јас сум згрозен од човештово уште многу одамна. не ги ни читав коментарите затоа што веќе знаев какви можат да бидат. али ипак, мое мислење: од снимките што ги видов на вести од сведоци што го раскажуваат случајот мислам дека типот ств бил џанак и имал гане во него (коментар од негов другар: па он рече дека ќе оди да земе нешто, -и друг од позади дофрла: нешто влезници за во дискотека. мислам логички е), и имаше и друг коментар дека носел маица од вмро, па може да се поврзе патриски дека е.

но безразлика за тоа дали бил џанак или како е партиски определен не е ни приближно доволна причина за да се оправда убиството. мило ми е што се направија протести, само криво ми е што не успеав да стигнам за да присуствувам на нив. имаше и една тема каде што сите го искажуваа својот страв кога ќе видат полицаец иако знаејки дека не направиле нешто лошо, како они да се тука за да ни внесат страв а не за да не заштитат. а посебна група се алфашите, колку и да не си крив можеш да го наебеш ако на нив така им се сака, навистина треба да се стави крај на полициската бруталност...
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
303
Поени од реакции
247
People are crazy, and sometimes strange
I used to care, but things have changed.

Така порача Боб Дилан, еден од големите личности кои ја газеле (газат) оваа земја, но се одрекле од својот вид (како Карлин, Малакиан, Штулиќ, ...)

Јас воопшто не сум згрозен од нечовечноста.
Одамна сум свесен меѓу каков плевел виреам. И венеам.

Човек = (дива) свиња на LSD.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Па ок. се заклучоците дека многу работи не се толку добри колку што би требало да бидат, само не ми е јасно зошто многу замижуваат пред фактот дека сите нешта, па и овие, имаат почеток, кога некој едноставно дозволил да се случуваат и да ескалираат во сегашноста. Ако некои работи не се спречат навреме, стануваат лавина која тешко се контролира, ограничува, спречува... А ние сме премногу апатични и саможивни, па нема ни да се обидеме нешто да смениме (во некои други земји за слични дела имаше многу повеќе изразување незадоволство, гнев, непослушност и дури и агресивно однесување, без притоа некој сериозно да обвини дека зад тоа стои некаква политичка групација). Едноставно се навикнавме, отрпнавме и ако зборуваме искрено, баш ни е гајле што се случува околу нас, освен ако не сме директно засегнати. Навистина, ќе попискаме малку, може и ќе пишеме на форум, некој ќе направи емисија, и „најостро ќе осудиме“ некој ужасен, бесмислен и безмилосен чин, и толку, оти вечер ќе има „Кога лисјата паѓаат“, а утре е нов ден. Вчерашниот ќе го памтат само оние најпогодените. За една година, тоа што се случи пред некој ден за другите ќе биде само замаглен спомен, преплавен со слични трагични настани. Дали не дресираат да се однесуваме и размислуваме вака, дали е ова некој одбранбен механизам кај нашиот напатен народ, во последно време познат по наведнатата глава, воопшто не е важно. Се` додека некому не му текне дека на крајот на краиштата сите, освен неколкумина одбрани, сме принудени да ги кркаме последиците од нашиот колективен однос кон општествените и економските аномалии, ќе се давиме во фекалии.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom