За љубов или пари

Ф

Флеш

Гостин
Убаво образложи од негова страна Рики,за неговиот избор и студирањето на историјата.Но пак ќе соочиш со лоша ситуација,момент,точка на одлука каде што нема да можеш да најдеш соодветна работа за твојата струка и добра плата која е основата за добар живот.Ти и да бидеш како од калибарот на Чепреганов,дали ти можеш да одолееш подоцежната етапа од животот за трошкови. Дали ќе мораш да кршиш принципи и да мораш да бркаш врски за вработување.Дали да си историчар,уметник или слично,во Македонија е очаен факт дека помалку се ценети овие прекрасни струки.Надвор да отидеш,мораш да се утепаш од дополнителни мерки за докажување да те пуштат. Да го работиш или да излезеш од Македонија каде што сакаш е зуна самрака ситуација.Ќе истудираш некоја струка шо сакаш,во Македонија мора да фатиш после врска со тешку маки да се вработиш или слично. Во Македонија се потребни технички струки а и надвор се бараат кадри . Затоа одлучи некој Технички Факултет и среди се математика основно знаење и со добро да очекуваме дека ќе ти дојде :)
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Да си го слушаш сонот и душата што ти сака. Има многу луѓе што завршиле за убава професија, но не се исполнети неубаво им е на работа не се среќни. Ако се одлучиш да го учиш и работиш она што највеке го сакаш и тоа навистина ти е патот во животот се само ке си дојде ке станеш многу добар во твојата работа а со тоа заработка иде паралелно. Или пак ако сакаш да заработиш пари за сигурност работи нешто не студирај... Работи нешто што е доста платено пр. во странство и одкога ке направиш пари за да немораш да рабптиш можеш да се посветиш на тоа што максимално го сакаш.
 
G

Goldie

Гостин
Апсолутно треба да го избереш тоа што го сакаш. Поготово чим е економија, немаш гајле. Истиот совет би ти го дал и да беше нешто многу по „банално“ (барем во очите на јавноста). Ако одиш по тоа што дава некаков „просперитет“, а не го сакаш тоа, ќе си го заебеш животот. Ретки се луѓето кои ги познавам, кои така отишле, а завршиле среќни. Ги има, ама се многу поретки. А успешните од нив најчесто се многу исфрустрирани лица кои се нервираат што го утнале животниот пат. Што ако ги бива, кога се мизерни и само шират негативна енергија? Не биди таква личност, тоа води до општа огорченост, а никој нејќе такви луѓе. Башка ако го избереш второто, секогаш кога ќе си изнервиран во главата ќе ти проаѓа тоа каење дека не требало ова да го избереш, и ќе ти ја направи работата уште потешка.

Јас сакам историја повеќе од било што, и го студирам истото. Среќен сум што го студирам, колку и да ми е ограничена иднината, знам дека сепак ме бива и те како, и колегите и професорите го гледаат тоа, на повеќето предавања идам со мерак, учам со мерак и со огромен интерес, дури се случува и да не се напињам со испити, забавно ми е да си го тестирам знаењето на тој начин. Башка гледам дека со малку напор од моја страна постигнувам многу, и имам сериозна шанса за успех, ама збориме сериозен успех. Да бев на било што друго што не го сакав, сега ќе си ја трескав главата од ѕид. Моментално имам све досега положено без ниеден паднат испит, пола факултет го пројдов без многу посериозни потресувања, а притоа имам стекнато огромно знаење, повеќе од што некои луѓе стекнале на тие нивни „јаки“ факултети. Па ако ти го сакаш тоа што го спомна колку што јас ја сакам историјата, верувај дека исто ќе се чувствуваш :)
Верувај ти ќе бидеш многу повеќе ифрустриран кога си се запишал на факултет кој го сакаш и си завршил а после за да те вработат мора да имаш партиска книшка, да трчаш по митинзи отколку некој друг што избрал нешто по перспективно каде што работата не му зависи од фактори како овие погоре и заработува доволно. Чист пример тие што имам прочитано и некаде низ темиве на форумов каде член се жали како неговата ќерка завршила со сите десетки а веќе 10+ години нема работа, и што и вреди љубов кон работата ако неможе да допринесе на нејзините деца ?

Затоа секогаш би избрал пари пред љубов кон професијата, нормално тоа не значи дека ако информатиката е перспективна а мене ама ич не ми оди дека треба да се запишам таму.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146

Можеби си во право. но ако до толку треба партиска книшка за такви вработувања, тогаш книшка ќе ти треба и ако си било што. Дали работата ти е просперитетна или не, тоа не го менува. Башка мојава наука е многу специфична од аспект на тоа што не се дозволува било кој да се вработува и да едуцира, па професорите пазат на кого му даваат диплома и магистерска/докторска титула, не сакаат некој што тресе глупости утре да биде во центар на внимание, а тој да произлегол од нив.

Како и да е, ќе видиме што ќе биде, за некоја година ќе дознаам дали стварно се до таму отидени работите со книшките, или можеби дури и да има такви случаи, сепак повеќето такви мислења се производ на фрустрација од мрзоволни лица кои учат за диплома само, а не за знаење, па се вадат на тоа дека само со врски вработувале, кога всушност не ги примаат пошто стварно нив не ги бива.
 
Па не баш, има професии каде што партиската книшка и нема баш толкаво влијание.. на пример програмер, дизајнер итн може и од дома да заработува солидно. Да речеме стоматолог ако имаш финансии за сам да си отвориш ординација е исто така една од подобрите професии кај нас, речиси и да нема стоматолог на кој не му одело добро итн.

Инаку да до толку е отидена работава и сите го знаат тоа, и самите министери во еден од разговориве се чудат како некој успеал да влезе во министерство а не бил нивни :rolleyes: шансите без врски/партиска ти се минимални скоро никакви безразлика дали си капацитет или не. И тоа “не ги бива“ не важи за Македонија, оди еден куп квалитетен кадар замина од државава баш поради тоа.. неможе некој што во средно му фаќале врски за 2ка, сега завршил на приватен и во меѓувреме веел знамиња / лепел плакати да го бива а некој со 9+ просек на државен да не го бива..

И викаш мрзоволни учеле за диплома само, па тие барем учат - другиве ја купуваат дипломата без учење и на крај пак добиваат работно место.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Заеби ти економија во државава.
Уствари, заеби секакво образование во државава, за скоро секаде ти требаат врски.
Јас завршив, не студирам ко некои овде што те советуваат и што не тргнале по патот да бараш работа.

Можам за Економски да зборам. Многу не има, премногу. А уште полошо е што се повеќе ќе се запишуваат. Факултетот не е тежок за да не можеш навреме да го завршиш. Така што, ќе бидат многу и кога ќе завршувате. Ти и да си добар студент, со обуки, курсеви, сертификати милион, секогаш ќе се најде некој подобар, тоа секако. Причината е ко што реков - многу не има, голема е понудата, секој работодавец може да си бира како му одговара.
Веројатно ако размислам, не би избрала друг факултет. Ова го мислам бидејќи не сум одамна излезена од факултет и иам надеж дека ќе потрефам работа по струка за брзо. Но, верувај ми, мојата фрустрација е се поголема. Више не ми се ни разговара со колеги, да ни ги слушаш муабетите за наоѓање работа, во депресија ќе паднеш.

Јас би ти препорачала друг факултет, ти како мислиш дека треба. :)
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.501
Но од друга страна „владеам“ неколку програмски јазици и се занимавам со WEB developing со години и од секогаш сум размислувал за кариера во ИТ секторот, но тоа воопшто не го сакам и стварно не можам и не сакам да се замислам себеси како седам пред компјутер со саати нервирајќи се зошто овој пат има грешка на ред 254. Не дека кариера во овој сектор ми гарантира сигурна и богата заработка но малку е поперспективно поле од економијата. Едноставно мразам да го работам ова и психички ме исцрпува, но пред се сум добар во тоа.
Малку поперспективно од економија?
IT секторот е 100 пати поперспективен од економија. Не бе какви 100 пати, x100000.

Батали Рики што вели, од љубов не се живее.
Ќе учиш со љубов, ќе завршиш економија, и што после!? Ќе лижеш газови во партија за да те вработат!? Ќе кампуваш пред влада/собрание за 500че!? Ете, и да те вработат, и што!? Ќе бидеш обичен работник кој работи од 8 до 4, за 300-400 евра плата, цел живот.

Од друга страна па, IT секторот ти нуди неограничена слобода и можност за напредок. Кариера во IT сектор, во случајов Web Development, не подразбира дека по default мора да работиш во фирма, седнат цел ден пред компјутер, за плата. Тоа Е опција (резервна, последна), но не треба кон тоа да се стремиш.

Кога ќе почнеш дневно да вадиш три цифрени суми во евра, со неколку часа седење пред компјутер, ќе видиш како ќе прерасне во љубов. :)

Таа слобода што ја нуди IT секторот, како и широкиот спектар можности за успех, ја нема на друго место. Ако стварно те бива во тоа, продолжи. Барем за тоа не ти требаат факултети и курсеви. Комбинација, односно познавање од економија, бизнис, маркетинг + web development, ти е страшно добра комбинација, од искуство ти зборам.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Мое размислување е во професијата што ќе ја одбереш да го споиш и убавото и корисното. Зошто на пример да не учиш економски кој велиш дека те исполнува и да магистрираш на тоа што си го зацртал, а во слободно време да работиш со информатикава, еден вид на доходовно хоби. Шо би рекле, ако не тече, нека капе однекаде. На млад човек пари никогаш не му стигнуваат :D а поубаво е чувството кога и додека студираш ќе си имаш по некој денар.
Старите викаат: Две лубеници под една мишка не се носат, така е и со ова. Кај нас сите се експерти за се, па на крај се експерти за ништо!

Парите!!! Прва работа прошири си го видикот и не прави однапред планови за што ќе биде по 5 години, бидејќи може да не нема дотогаш или пак некој робот да ја брка работата и во едната и во другата струка. Во глобала ниту на едниот, ниту на другиот факултет ќе научиш тоа што очекуваш, ќе те ебаваат и таму и таму со небитни ствари за на крај да мора пак да одиш на пракса со месеци, па да имаш троа појма. Јас сум техничко лице, па можеби затоа и би те советувал да застанеш на таа страна, барем јас одам на логика дека математиката е гимнастика на умот, па откако ќе успееш да ја совладаш истата, делот од економски ќе ти биде многу поедноставен.
Бизнисмен на факултет не се станува, ако имаш осет можеш и 4то одделение да имаш и пак да си ѕверка, ако немаш осет, може и 5 докторати да имаш во сите области од економијата и ИТ и пак да немаш сол во очите да си фрлиш.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.126
Поени од реакции
1.060
Малку поперспективно од економија?
IT секторот е 100 пати поперспективен од економија. Не бе какви 100 пати, x100000.

Батали Рики што вели, од љубов не се живее.
Ќе учиш со љубов, ќе завршиш економија, и што после!? Ќе лижеш газови во партија за да те вработат!? Ќе кампуваш пред влада/собрание за 500че!? Ете, и да те вработат, и што!? Ќе бидеш обичен работник кој работи од 8 до 4, за 300-400 евра плата, цел живот.

Од друга страна па, IT секторот ти нуди неограничена слобода и можност за напредок. Кариера во IT сектор, во случајов Web Development, не подразбира дека по default мора да работиш во фирма, седнат цел ден пред компјутер, за плата. Тоа Е опција (резервна, последна), но не треба кон тоа да се стремиш.

Кога ќе почнеш дневно да вадиш три цифрени суми во евра, со неколку часа седење пред компјутер, ќе видиш како ќе прерасне во љубов. :)

Таа слобода што ја нуди IT секторот, како и широкиот спектар можности за успех, ја нема на друго место. Ако стварно те бива во тоа, продолжи. Барем за тоа не ти требаат факултети и курсеви. Комбинација, односно познавање од економија, бизнис, маркетинг + web development, ти е страшно добра комбинација, од искуство ти зборам.
Брат, колкав процент од девелоперите во Македонија вадат по три цифри во еден ден ? Јас би рекол 10^(-10).
Еве ја студирам информатика и сум во допир со доста луѓе кои работат во струката. Не можеш да речеш демек ако станеш програмер, животот ќе ти процвета.
Вистина е дека IT е сфера во која се нудат поголем број на вработувања, има поголема можност за напредување итн, ама во последно време некако премногу ја величат луѓево. Едноставно, се зависи од тебе. Ако те бива, ќе се снајдеш во било која струка. Ако не те бива и најперспеткивната да ја завршиш, пак нема ништо да стане од тебе.
Она што мене ме буни во постот на членот кој ја отвори темава, е дека од една страна тврди дека знае повеќе програмски јазици и се занимава со web-developing (повеќе години), а од друга страна тврди дека тоа го мрази.
Ако веќе со години правиш нешто што го мразиш, тогаш сигурно знаеш како ќе се чувствуваш ако истото го студираш. Па, размисли дали вреди.....
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926

Сигурно знае да направи веб страница на weebly и сличните.. може и да напише Hello world во C, евентуално да отвори head и body тагови во HTML. Он ако знаеше и имаше толку познавање, досега ќе работеше како фриленсер :D
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Вака, едно мало објаснување кое сметам дека ќе ви помогне при размислувањево за тој просперитет. Барем ова е моето мислење, верувам некои нема да се сложат.

Колку повеќе простор и места за работа има, толку повеќе конкуренција има, тоа природно само по себе си се налага. Од друга страна, на местата каде што има помалку работни места, конкуренцијата е многу помала. На крајот се се сведува на карактерот. Каде гледате можност за личен просперитет. Каде вашиот веќе постоечки и изграден ментален склоп поефикасно ќе го примените. Дали се истакнувате и сте поефикасни во поголема група, да сте дел од процентот кој го бива заедно со уште многу други, или во мала група каде лично вие доаѓате до израз, поседувате работи кои другите не ги имаат и станувате најдобри во тоа, веднаш сте забележани дека ве бива, па секогаш како индивидуа сте прв избор кога конкурирате. Бидејќи мора да разберете, колку е поголема групата која конкурира со вас, толку се помали шансите да добиете можност својата личност да си ја истакнете. Не е невозможно, но квантитетот има огромно влијание.

Едноставен секојдневен пример за да го појаснам ова. Излезени сте со друштво од кои повеќето првпат ги среќавате, десет души сте. Мали се шансите да ги запознаеш убаво сите, да ти остават впечаток, а камоли да ги запомниш. Но, ако сте четворица, огромни се шансите да научиш многу повеќе за сите четворица и да ти останат личностите во сеќавање. Такашто ако го споредиме примеров со ова што го збориме на темава, лесно е да се заклучи дека во првиот случај во вашите очи би се истакнала личноста која е „најдобра“ (од било кој аспект кој во моментот го барате), додека другите некако ќе ви паднат во заборав. А во вториот случај сите ќе се истакнат, но сепак ќе ги имате подредено, кој над кого го рејтувате. Исто е и со конкуренцијава што ја зборите, понуда и побарувачка. Каде сметате дека полесно се истакнувате, таму идете. Не е универзална работа.

За себе да си кажам, често оваа споредба ја правам со другари кои студираат економски и финки. Нивните групи бројат по над 100 души. Мојата група на историја брои некаде од 35 до 50. Очигледно ми е дека нив професорите ги гледаат како еден вид статистика. Не доаѓаат до некаков голем израз, оценките ги добиваат базирано врз тоа што ќе го напишат без притоа професорите да знаат каква е личноста која ја оценуваат, а со тоа автоматски се губи можноста за издвојување, и станува потешка борбата за да бидеш од најдобрите. Со таа голема група, професорите не ни имаат толкава комуникација со студентите. Самите предавања се повеќе однапред скоцкани и без разлика на кого и да му предаваат, предавањето ќе се одвива исто. Од друга страна, кај мене се малце. Во мала група, предавањето се адаптира во зависност на тоа на кого му предаваш. Ја гледаш групата, ги гледаш какви се луѓето кои те слушаат, изнаоѓаш начини да им објасниш поубаво. Се адаптира наставата, наставата зависи од слушателите, не е така однапред скоцкана, па кој сфати-сфати, никако. Комуникацијата помеѓу професор и студент е огромна и навлегува во подлабоки области, не си само бројче, се запознаваш на лично ниво. И кај мене не е лесно да се истакнеш, мора да поседуваш од старт некои квалитети, бидејќи во таа мала група професорите имаат можност секого да го запознаат многу убаво. Тука до израз многу доаѓа твојот карактер, и учењето секако, но најмногу можноста професорот да види како ти ги разбираш работите, како учиш, како доколку имаш работа би се залагал за истата, дали ти доаѓаш на факултет ради-реда за да положиш со некоја едвај пролазна оценка или сакаш да бидеш ефективен и да излезеш со богато знаење. Значи ти ако овие работи ги поседуваш, многу полесно би се истакнал во мала, отколку во голема група. А со тоа би имал многу помала конкуренција, па дури и можноста за работа да ти е поограничена, не е битно кога ти секако си прв. Од овие работи сметам дека лично фунцкионирам подобро во помала група, и полесно ќе се изборам за шанса така. Во голема група јас никогаш не би дошол до израз, не поради тоа што не би ме бивало, туку поради нечестите можности за истакнување. И самиот мој секојдневен карактер е таков, кога сум во толпа не сум од тие гласните кои се во центарот на внимание, но кога сум со само неколку личности, многу полесно развивам дискусии и најчесто сум во тој центар. Но, сите сме различни и не секој смета исто. Затоа секој треба себе да се анализира и да види во какви води е најдобро да се впушти.

Комбинирајте го ова со тежината на факултетите, вашата желба за успех, вашата лична преференца за работа, и сами ќе сфатите кое е најдоброто место за вас :)
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.501
Брат, колкав процент од девелоперите во Македонија вадат по три цифри во еден ден ? Јас би рекол 10^(-10).
Еве ја студирам информатика и сум во допир со доста луѓе кои работат во струката. Не можеш да речеш демек ако станеш програмер, животот ќе ти процвета.
Вистина е дека IT е сфера во која се нудат поголем број на вработувања, има поголема можност за напредување итн, ама во последно време некако премногу ја величат луѓево. Едноставно, се зависи од тебе. Ако те бива, ќе се снајдеш во било која струка. Ако не те бива и најперспеткивната да ја завршиш, пак нема ништо да стане од тебе.
Тоа е проблемот, затоа не вадат по три цифри дневно, пошто девелопериве кај нас сите гледаат што побрзо да се вработат некаде и да работат за плата, а не на нешто свое, кое подоцна може да го продаваат и да заработат 100 пати повеќе.

Јебига, таков е менталитетот кај нас. Колку и да има познавања, секогаш ќе гледа попрво да се вработи некаде.

Она што мене ме буни во постот на членот кој ја отвори темава, е дека од една страна тврди дека знае повеќе програмски јазици и се занимава со web-developing (повеќе години), а од друга страна тврди дека тоа го мрази.
Ако веќе со години правиш нешто што го мразиш, тогаш сигурно знаеш како ќе се чувствуваш ако истото го студираш. Па, размисли дали вреди.....
Ама гледаш, тој го има оној класичен македонски ментален склоп за кој што ти зборам. Тој во иднина се гледа како вработен во фирма, за плата, од 8 до 4 седнат пред компјутер, цел живот. И затоа кај него се јавува тој антагонизам кон оваа професија.

Затоа велам, кога работиш за тебе и на нешто свое, без авторитет над тебе кој ќе ти командува, и кога знаеш дека имаш неограничена слобода и простор за напредок (не си ограничен со плата), нема да имаш мржња кон тоа што го работиш, бидејќи сам си одлучуваш на што ќе работиш, кога ќе работиш и колку време ќе работиш.
 
Член од
28 мај 2015
Мислења
3
Поени од реакции
0
Брат, колкав процент од девелоперите во

Ајде вака многу душегрижници што тражат недоследности во мојот пост. Колку толку ги владеам C# и C++, а кога станува збор за web developing одлично владеам со HTML и по нешто PHP ,а во главно работам во Wordpress i Joomla.
Околу парадоксот како имам познавања од овие работи ,а ги мразам?
Уште како мал имав доста голем интерес кон информатиката и така почнав со курсеви уште од 5то одделение, одев некаде до кај 2ра средно, покрај курсевите учев и во слободното време. Но со тек на време почнав(некаде 1ва средно) да го мразам ова, зошто? Незнам зошто едноставно почна досадно да ми станува, можеби е период, којзнае.

Околу традиционалниот ментален склоп на еден македонец, незнам која е твојата дефиниција за тоа, јас не се стремам да работам за некого, туку мене ме фрустрира она седнат пред компјутер пишувајќи код, незнам зошто - едноставно ме фрустрира и го мразам.
Сум работел на неколку проекти, локални веб страни и имам заработено некој денар ,а да одговорам и на членот погоре што се интересираше зошто не работам како фриленсер, пред можеби 2 години пробав преку Fiverr и уште една незнам како се викаше да заработам по нешто али не ми тргна, можеби сеуште бев или сум неискусен и незнам правилно да ги изрекламирам своите услуги.

Ви благодарам на сите на одговорите и на мислењата сеуште сум во фаза на одлучување и да одговорам исто така, за што и да се одлучам освен ако не се занимавам со претприемништво(сите ја знаеме претприемничката клима во Р.М. и мислам дека тоа е дискусија за некоја друга тема :D) јас мојата иднина ја гледам надвор од овде.

Ви благодарам уште еднаш.
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
@bbson епа не се брзај де.
Подобро една година тргни се настрана и види шо навистина те интересира и сакаш да учиш, отколку да избрзаш и после да тупкаш во место или да потрошиш залудно време и пари во нешто шо не те интересира.
Тука како шо прочита, сите ти кажавме сопствени искуства и мислење и како шо гледаш на сите ни се различни.
Големата конкуренција не треба да те демотивира, туку да ти биде предизвик.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom