Океј насловот е премногу релативен и има милион променливи од кои зависи иднината но како и да е, да почнам вака:
Завршив средно училиште и треба да се запишам факултет.
Во кратки црти, ме фасцинира бизнисот, економијата, психологијата посебно интердисциплинарни студии од типот на невроекономија, еко или био - економија и т.н.(знам дека го нема тоа кај нас, се надевам на магистратура на страна), ова го учам и читам во слободно време и едноставно ме исполнува, се поврзано со економијата и бизнисот, маркетингот.
Но од друга страна „владеам“ неколку програмски јазици и се занимавам со WEB developing со години и од секогаш сум размислувал за кариера во ИТ секторот, но тоа воопшто не го сакам и стварно не можам и не сакам да се замислам себеси како седам пред компјутер со саати нервирајќи се зошто овој пат има грешка на ред 254. Не дека кариера во овој сектор ми гарантира сигурна и богата заработка но малку е поперспективно поле од економијата. Едноставно мразам да го работам ова и психички ме исцрпува, но пред се сум добар во тоа.
Сум размислувал со денови и знам дека е моја одлука но би сакал да слушнам и туѓо мислење.
Дали вие го сакате она што го работите? Дали ако можете пак да бирате би избрале различно? Дали се каете или пак сте задоволни со вашиот избор?
Би ви бил навистина благодарен ако ми помогнете.