За љубов или пари

Член од
28 мај 2015
Мислења
3
Поени од реакции
0
Океј насловот е премногу релативен и има милион променливи од кои зависи иднината но како и да е, да почнам вака:
Завршив средно училиште и треба да се запишам факултет.
Во кратки црти, ме фасцинира бизнисот, економијата, психологијата посебно интердисциплинарни студии од типот на невроекономија, еко или био - економија и т.н.(знам дека го нема тоа кај нас, се надевам на магистратура на страна), ова го учам и читам во слободно време и едноставно ме исполнува, се поврзано со економијата и бизнисот, маркетингот.

Но од друга страна „владеам“ неколку програмски јазици и се занимавам со WEB developing со години и од секогаш сум размислувал за кариера во ИТ секторот, но тоа воопшто не го сакам и стварно не можам и не сакам да се замислам себеси како седам пред компјутер со саати нервирајќи се зошто овој пат има грешка на ред 254. Не дека кариера во овој сектор ми гарантира сигурна и богата заработка но малку е поперспективно поле од економијата. Едноставно мразам да го работам ова и психички ме исцрпува, но пред се сум добар во тоа.

Сум размислувал со денови и знам дека е моја одлука но би сакал да слушнам и туѓо мислење.

Дали вие го сакате она што го работите? Дали ако можете пак да бирате би избрале различно? Дали се каете или пак сте задоволни со вашиот избор?
Би ви бил навистина благодарен ако ми помогнете.
 

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.039
Поени од реакции
935
За пари..Поубаво звучи.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.034
Поени од реакции
3.234
А забрането е да работиш и да студираш? ИТ може да работиш без факултет, значи пробај да си го работиш тоа а паралелно студира за твоја душа. Здравје во иднина ако сакаш и за ИТ да имш диплома може да одиш на двата паралелно или после завршените редовни студии на економија... едно е сигурно со што и да почнеш мислам дека двете ќе ги завршиш кога тогаш...
 

Vori

Шејтан на Махалата
Член од
23 март 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
5.531
Dude,listen....

Во Македонија си приморан да одиш на ограничен избор на факултети кога е во прашање да отидеш.Најголем дел од младите во Македонија се на Правен/Економски и Медицина . Кога ќе завршат се соочуваш со буквален ѕид.Преголем број на луѓе на премал број на слободни места.

Затоа приморан си да исклучиш од избор одма овие факултети што се спомнати,секако за наоѓање работа. Мораш да одиш на ниво потешки факултети како што се техничкиве Електро,Машински и даље слични. Тешки се,бараат математика доста да имаш основно добро знаење и да ги завршиш. Колку толку може одма да се најде работа зошто има премалку луѓе а премногу слободни места и добра плата за Македонија.Бонус е што со овие струки има уште поголеми шанси да те пуштат на Запад да живееш и работиш убаво и добро. Ти дадов основен совет од мој агол.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
11.835
Поени од реакции
13.167
Dude,listen....

Во Македонија си приморан да одиш на ограничен избор на факултети кога е во прашање да отидеш.Најголем дел од младите во Македонија се на Правен/Економски и Медицина . Кога ќе завршат се соочуваш со буквален ѕид.Преголем број на луѓе на премал број на слободни места.

Затоа приморан си да исклучиш од избор одма овие факултети што се спомнати,секако за наоѓање работа. Мораш да одиш на ниво потешки факултети како што се техничкиве Електро,Машински и даље слични. Тешки се,бараат математика доста да имаш основно добро знаење и да ги завршиш. Колку толку може одма да се најде работа зошто има премалку луѓе а премногу слободни места и добра плата за Македонија.Бонус е што со овие струки има уште поголеми шанси да те пуштат на Запад да живееш и работиш убаво и добро. Ти дадов основен совет од мој агол.
Medicina ne e ic tezok zatoa tamu idat, da zavrsat faks so lesno lugeto.:pos:
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.002
Поени од реакции
3.118
Повеќето тука ќе ти дадат совети да одиш по пари, јас ќе ти кажам, оди по љубов. Истото ми се дешаваше мене, и баш цел тој притисок, совети и влијаеше да се одлучам за парите, но иако еве сега веќе завршувам после макотрпни години, увидувам дека мене ова не ме прави среќен и мислам дека, да одберев она што го сакав, тоа беше географијата/биологија (пмф), ќе бев доста поуспешен во истото, барем во студирањето, за работа не сум сигурен. А кога би размислил, може ќе сум нашол и работа лесно, како метереолог, да ја читам прогнозата на Сител, барем сум поубав од тој стариот.Со 2-3 плакати залепени, и недела дена седење пред влада во шатор, одма ќе ме примеа. :ROFLMAO:
 

RickyLFC9

Модератор?
Член од
28 март 2012
Мислења
18.274
Поени од реакции
37.724
Апсолутно треба да го избереш тоа што го сакаш. Поготово чим е економија, немаш гајле. Истиот совет би ти го дал и да беше нешто многу по „банално“ (барем во очите на јавноста). Ако одиш по тоа што дава некаков „просперитет“, а не го сакаш тоа, ќе си го заебеш животот. Ретки се луѓето кои ги познавам, кои така отишле, а завршиле среќни. Ги има, ама се многу поретки. А успешните од нив најчесто се многу исфрустрирани лица кои се нервираат што го утнале животниот пат. Што ако ги бива, кога се мизерни и само шират негативна енергија? Не биди таква личност, тоа води до општа огорченост, а никој нејќе такви луѓе. Башка ако го избереш второто, секогаш кога ќе си изнервиран во главата ќе ти проаѓа тоа каење дека не требало ова да го избереш, и ќе ти ја направи работата уште потешка.

Јас сакам историја повеќе од било што, и го студирам истото. Среќен сум што го студирам, колку и да ми е ограничена иднината, знам дека сепак ме бива и те како, и колегите и професорите го гледаат тоа, на повеќето предавања идам со мерак, учам со мерак и со огромен интерес, дури се случува и да не се напињам со испити, забавно ми е да си го тестирам знаењето на тој начин. Башка гледам дека со малку напор од моја страна постигнувам многу, и имам сериозна шанса за успех, ама збориме сериозен успех. Да бев на било што друго што не го сакав, сега ќе си ја трескав главата од ѕид. Моментално имам све досега положено без ниеден паднат испит, пола факултет го пројдов без многу посериозни потресувања, а притоа имам стекнато огромно знаење, повеќе од што некои луѓе стекнале на тие нивни „јаки“ факултети. Па ако ти го сакаш тоа што го спомна колку што јас ја сакам историјата, верувај дека исто ќе се чувствуваш :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.143
Поени од реакции
8.537
Основен проблем е што кога имаш 18 години не знаеш што практично се работи во некоја професија
На пример: Многу млади велат: Не сакам медицина бидејќи таму има крв.
Или велат: не сакам да бидам учител бидејќи мразам мали деца и е здодевна професија.
Или: сакам економија за да се збогатам.
А суштината е сосема различна:ниту во медицината често има крв, ниту малите деца се здодевни ниту економистите се по правило богати.
Најдобро е направиш психо тест кои професии ти одговараат, па потоа да консултираш повеќе луѓе со таа професија и така да одбереш
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
За љубов, затоа што ако ја работиш секој ден работата што ја сакаш, ќе уживаш во неа. Но од друга страна треба да размилиш што посакуваш се во животот и со која работа можеш да ги постигнеш твоите цели.
Јас мојата работа ја работам со љубов, дури и кога сум слободен мислам на работата и на усовршување. Секако еден ден ќе ти дојде се преку глава, од секоја работа, но тоа е само на кратко.

Така да друже јас да сум на твое место би се одлучил за Економија.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.692
Поени од реакции
2.355
Kaj и да одиш, да бараш пракса и нешто каде шо ќе можиш реално да го примениш тоа што го учиш.
Ако амбициите ти се за некаде надвор, не ти треба нешто преголемо рационално размислување, па да споредуваш за работа ово-оно. Имам другарка сега замина Австралија,со економски факултет сакаше мастер да запиши и да остани таму,ама и рекоа дека немаат потреба од таков кадар моментално и да се одлучи ако сака нешто друго.
Кај нас нема да ти речат така, ама тука буквално сме сите како муви без глави, Сите излегуваме горе долу со исто знаење, ќе се сретнеш со предмети кои немаш ни потреба да ги учиш, така да све е до курсеви, интернети, пракси и лична надоградба.
Кога требаше да се запишам, плачев дома за архитектура да одам. Не ме пуштија, и две години си живеев во таква агонија дека направив грешка шо сум на економски. Сега кога почнав, курсеви и пракси нон стоп, сфатив дека уствари океј е, не жалам шо сум на економски ни малку.
Сега времето знае да ми биди одграничено, да немам време за ништо,ама од друга страна си во непосредна близина со твојата идна професија, шо ми е многу побитно него кафе во Мавровка.
 

Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
673
оди веп дивелопер до макс! има да цветаш!
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.832
Поени од реакции
2.387
Мое размислување е во професијата што ќе ја одбереш да го споиш и убавото и корисното. Зошто на пример да не учиш економски кој велиш дека те исполнува и да магистрираш на тоа што си го зацртал, а во слободно време да работиш со информатикава, еден вид на доходовно хоби. Шо би рекле, ако не тече, нека капе однекаде. На млад човек пари никогаш не му стигнуваат :D а поубаво е чувството кога и додека студираш ќе си имаш по некој денар.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
36.473
Одбери нешто што ти носи пари, но истото тоа нешто и да го сакаш, барем малку. Една работа, работена за големи пари, но без љубов, на некој начин те изморува, ја уништува твојата позитивна енергија и живци, исто како што една работа работена со љубов не носи пари.

Но сметај и на тоа дека ако немаш врски за некој да те вработи и да те бутка во кариерата, што и да учиш, нема да ти се исплати.

:)
 
На врв Bottom