Ајде, тогаш за ставовите на ЕУ и САД. САД викаат разговараме САМО за името, ЕУ е збирштина од нации и навистина не ми е јасно што кажуваат тие.
Сега тоа САМО за името, како би го објаснил?
Гледај Гоч. Факт е дека ние со Грција сакале или нејќеле, мора да направиме компромис, доколку нормално и во иднина приоритет ни бидат НАТО и ЕУ.
Е сега следи прашањето, како од ова ситуација да го извлечеме максимумот.
Да му ебем матер........врти сучи, се се сведува на надежта дека Америка ќе ни помогне во напорите да најдеме некаква формулација или компромис, со кој ќе се гарантира непроменливоста на Македонската нација.
Како би го направиле тоа.....?
Искрено незнам.
Но затоа нели имаме луѓе во ова држава кои се овластени и компетентни да мислат и барат решение.
Што имавме ние во изминатите три години ?
Наместо конечно разрешување на дилемата дали е можен компромис со кој ние ќе си останеме Македонци, натегања во тоа кој е поголем патриот а кој поголем предавник.
Значи наместо барањето предавници, редно е веќе некој да почне да си ја врши работата за која е платен, и доколку е можно, да најде решение за да конечно испаднеме од ова кал.
Во спротивно доколку решение не е можно, истото да го соопшти на пошироката Македонска јавност за да се фокусираме на алтернативно барање чаре.
Ситуацијата статус кво.....најмалку нам ни одговара.
Кралот Марко напиша:
Прво не си ме прашал до сега, а сега со ова ако ме прашуваш ќе ти кажам нема да го поддржам Груевски со било каков разумен компромис освен со името Македонија. Во овој момент сеуште го поддржувам затоа што мислам дека сеуште не покажал дека прави разумен компромис, од оној момент кога ќе почне да забегува, (дај боже да не забега) ќе ја изгуби мојата поддршка, затоа што сите сме минливи па и Гуевски и да не се прповторуваме само Македонија е вечна и верувам во тоа колку и да изгледа некому нелогично.
Фер одговор :smir:
Искрено, ЕУ воопшто не се конкретни во тој поглед. Тие велат дека треба да се градат добро соседските односи, дека треба да се постигне компромис,но тие не нагласуваат за каков компромис мислат.
Само велат компромис, а тоа е богами широк поим.
Тоа е затоа што ние сеуште немаме изградено државен став околу црвените линии на можниот компромис.