За филмски ентузијасти

Член од
22 август 2007
Мислења
550
Поени од реакции
16
Го гледав Fountain пред доста време и да се согласувам, многу чуден филм дефинитвино и бара да го тупиш мозокот :)
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.531
Поени од реакции
2.476
Е де, The Fountain, непознат филм? :)

Од интересни, не толку познати филмови, би издвоил :

Following (1998), црно-бел трилер, дебито на Нолан
13 Tzameti , уште еден добар црно-бел трилер
Tropa de Elite (2007), добар филм за пресметките на полицијата со бандите у Бразил, би го споредил со City of God (2002)
Primer (2004), малку потежок за сфаќање (филмов беше направен одматематичар :) , кој и го глуми на еден од главните ликови, колку што се сеќавам), лоу буџет СФ трилер
...од Вонг Кар Ваи ги спомнавте мислам In the Mood for Love , Chung Hing sam lam , би ги додал 2046 и Days of Being Wild , овие 2 со Ин Д Муд претставуваат неформална трилогија
Овој не знам колку е непознат - Thirteen (2003), интересна тин драма
Шведскава хорор драма - Let the Right One In (2008)
Breathless (1960) aka "А bout de souffle , Годар, Белмондо, за овој филм мислам дека и 10 е мала оцена :)
Blowup (1966), мистерија-драма од Антониони,

Pulse (2001) aka "Kairo'', јапонски хорор-трилер
Dragon Hunters (2008) aka "Chasseurs de dragons, француски цртан

Што се однесува до цртани би го спомнал Hayao Miyazaki ; ме импресионира кај него што за секој филм, создава посебен, богат свет со интересни карактери и до најмали детаљи, и одличната (рачна) анимација...

Па доста беше, мислам...не ми текнува на други у моментов :)
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
855
Les enfants du paradis (1945)



Познат како Children in paradise во Америка, е француски филм направен за време на нацистичката окупација на Франција. Направен како театарска сцена во 1820ти и 1830ти, раскажува приказна за убаvaта куртизана Гаранс, и четирите мажи кои се заљубени во неа на различен начин: пантомимичар, глумец, аристократ и криминалец. Филмот трае 3 часа и е поделен на два дела. Филм номиниран за најдобар француски филм на сите времиња.
Има неверојатно сценарио и дијалози, што не е воопшто чудно, бидејќи е напишано од генијалниот поет Превер.

Според мене, филмот е дефиниција за одлична романтична драма, најдобрата која сум ја гледала. Грев е да се спореди со филмови правени на база на книгите на Спаркс, на пример.

морам да издвојам еден цитат од филмот
Director: Act! Act! You have the wrong place. We are not allowed to act here. We walk on our hands! And you know why? They bully us. If we put on plays, they'd have to close their great, noble theaters! Their public is bored to death by museum pieces, dusty tragedies and declaiming mummies who never move! But the Funambules is full of life, movement! Extravaganzas! Appearances, disappearances, like in real life! And then-boom-the kick in the pants!
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.099
Поени од реакции
4.377
Нешто или ништо... Ќе ми треба доста лимит од кога ја посетив темава :vozbud:

Да дополнам слободно може тука да се сместат сите филмови на Аронофски.

П.С. ако ги има најдено некој неговите кратко-метражни филмови, линк на ПП
 
Член од
1 октомври 2009
Мислења
109
Поени од реакции
18
Ија, одлична тема. браво
Како за почеток, у името андерграунд би ја спомнал единствената Маја Дерен , како основач на cinema underground от. Нејзиниот Meshes of the afternoon е страшно добар филм, како зачетник на она што подоцна ќе го прават Ворхол, Брекиџ, и слично.
Втор по ред, врвот на филмскиот надреализам на Дали и Буњуел.

А од поновите, посебно го препорачувам Zabriskie Point На М. Антониони, како европско гледиште на бит генерацијата во Америка од седумдесеттите.
И да, се согласувам за Макавеев, страшно добар и храбар режисер.
Иначе кратките филмови на Линч исто така се на високо место во категоријава.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Ова ми стоеше на фејсбук ајде нека оди и тука, ваљда повеќе луѓе ќе го видат.

Кратка рецензија за Enter The Void
Филмов не е за секого, не е воопшто лесен. Дури и ако сте гледале трилери, драми, психолошки филмови пак ќе се почувствувате изморени и излудени после филмов. Долг е, вулгарен, навлегува во сите пори на денешното изопачено општество и смрди на трулост и грев. Ќе ви ги измеша чувствата, ќе отвори прашања, ќе ве инспирира, ќе ве остави без зборови. Го ставам во ранг со A Clockwork Orange од аспект на "скокотливоста" која ќе ја предизвика.

Искрено режисерот пред овој филм и не ми беше баш познат, читајќи рецензии на интернет сфатив дека човекот навистина има еден брилијатно изопачен ум и класа кога станува збор за режирање филмови. Брилијантноста на Кјубрик, изопаченоста на Линч, паранојата на Скорцезе, класата на Иствуд, ако успее да воспостави континуитет во снимање на филмовите може да стане уште еден во низата на споменатите великани. Не претерувам бидејќи во време кога сите се обидуваат да внесат што е можно повеќе компјутерски генерирани ефекти, маестрово со еден феноменален пристап во поглед на кинематографијата прави едно мало ремек дело и воведува еден нов стил во снимањето на филмови. Силни контрасти, невообично реалистичен кадар од прво лице, психоделични трипови зачинети со постојани премини меѓу животните портали. Можеби кинематографијата малку потсетува на онаа од 2006та Children of Man, но сепак според мене е далеку подобра и пореволуционерна. Границите на смимањето филмови се поместени, со пристапот кој го завзема Гаспар Ное, шокантен, насилен, вулгарен, луд, екстремен и провокативен. За разлика од Српски Филм, за кој слушав толку многу а го прекинав после 15 минути поради нечовечката, изопачена и дебилна суштина, немањето сценарио и поента овој го изгледав до крај и се импресионирав.

Дејствието е сместено во Токио, приказната е за младиот Оскар, кој во потрага по забава и заработка станува дилер на дрога. Постепено започнува да конзумира дрога, се додека не заврши на оние најопојните и евентуално е фатен во тесно од страна на полицијата кога треба да дила во еден клуб наречен Void. Полицијата го застрелува, ликот умира и тука започнува се. Неговиот дух го напушта неговото тело, се потсеќа на целиот негов живот, на неговата сестра, на неговите родители, на сообраќајката, на тоа како стигна до Токио, на дрогата. Филмот отвара прашања поврзани со Будизмот, задгробниот живот, реинкарнацијата, реалноста, семејството и неговата улога, инцестот и Едиповиот комплекс, психоделичните трипови, психотропните супстанции. Брилијантно е претставено она out of body искуство, главниот карактер додека е жив е претставен со кадар од прво лице со повремени кратки прекини за да се симулира трепкањето, говорот и движењата на истиот е феноменално симулирани а и трип-визијата за психоделичниот секогаш осветлен Токио е неопислива. Се на се, филмот вреди да се погледне јас само ќе ве испровоцирам со овој краток вовед па она другото останува на вас.




http://www.imdb.com/title/tt1191111/




Истотака скоро гледани не толку популарни а ми оставија впечаток, Timecrimes, The Aura и Pi. Особено последниот, не знам како толку време не сум наишол на филмскава класика. Перфекција, можеби и најдоброто од Аронофски.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.531
Поени од реакции
2.476
Ова ми стоеше на фејсбук ајде нека оди и тука, ваљда повеќе луѓе ќе го видат.

Кратка рецензија за Enter The Void

Се на се, филмот вреди да се погледне јас само ќе ве испровоцирам со овој краток вовед па она другото останува на вас.
Друже, кои кратка рецензија/вовед? :) Ти цел филм го кажа, не знам како би му бил на некого интересен после ова. Ја викам, овие ИМДБ ненормални, ставиле голем спојлер во содржината, момемт кој го очекуваш цело време да се случи, ама ти си бил бетер. :)

Иначе филмот, се сложувам дека вреди да се гледа, интересен, провокативен, прво лице камера, не е за секого, само предолг, ми се виде непотребно издолжен на крајот.
 
Член од
1 октомври 2009
Мислења
109
Поени од реакции
18
Ова ми стоеше на фејсбук ајде нека оди и тука, ваљда повеќе луѓе ќе го видат.

Кратка рецензија за Enter The Void
Филмов не е за секого, не е воопшто лесен. Дури и ако сте гледале трилери, драми, психолошки филмови пак ќе се почувствувате изморени и излудени после филмов. Долг е, вулгарен, навлегува во сите пори на денешното изопачено општество и смрди на трулост и грев. Ќе ви ги измеша чувствата, ќе отвори прашања, ќе ве инспирира, ќе ве остави без зборови. Го ставам во ранг со A Clockwork Orange од аспект на "скокотливоста" која ќе ја предизвика.
Треба да се погледне, али исклучиво од луѓе со живци и мерак за таков вид филмови. Филмот освен интересната тема, па и прво лице кадар, мислам малку повеќе изгуби логика при крај.Безпотребно нафрлање секс на места каде што не му текнува што да сними. Во секој случај, 5/10 за пристапот, несомнено револуционерен

а за Пи, но комент. Според мене еден од најдобрите лоу баџети, врв кој Аронофски не верувам го достигна повторно, со исклучок на последниов и Реквием.

--- надополнето ---

Супер тема, еве за почеток едно пакетче од одлични корејски трилери:
Memories_Of_Murder
Mother
The_Chaser
Oldboy
Mother е еден motherfaking заебан филм
 
Член од
2 февруари 2011
Мислења
26
Поени од реакции
5
Surveillance (2008) Jennifer Chambers Lynch
Following (1998) Christopher Nolan
Eraserhead (1976) David Lynch
Waking Life (2001) Richard Linklater
The Holy Mountain (1973) Alexandro Jodorowsky
The Grandmother (1970 Short Film) David Lynch
Mysterious Skin (2004) Gregg Araki___so Joseph Gordon-Levitt vo glavnata uloga
Abre los ojos (1997) Alejandro Amenabar ____Vanilla Sky e remake na ovaj film
Heavenly Creatures (1994) Peter Jackson
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
10.242
Поени од реакции
14.961
Little Buddha

Филм од 1993 г. кој сметам дека малку е спомнуван а стварно вреди да се погледне. Особено им го препорачувам на сите оние кои што ги интересира будизмот и спиритулаизмот, како и животот на Сидарта (Буда). Накратко се работи за три деца за кои се претпоставува дека се кандидати во кои се реинкарнирал големиот будистички учител Lama Dorje, будистичкиот учител Лама Норбу им раскажува за животот на Буда и притоа во филмот се реконструира животот на Сидарта кој го глуми Киану Ривс. Баш тие сцени се прекрасни и доста живописни, и поради тоа сметам дека филмов плаче за римејк.


А еве го и дијалогот помеѓу Сидарта и Мара

Mara: "You who go where others dare not; Will you be my God? The architect of my house?"

Siddhartha: "Finally I meet the illusion of self; Your evil house will not be built again."

Mara: "But you live in me; I am your house."

Siddhartha: "O, trickster; phantom of my own ego, you are pure illusion. You, self, do not exist. The earth is my witness to this Supreme Enlightenment."
 
G

grande-juve

Гостин
Неколку првокласни романтични комедии, нема утка

Trouble in Paradise (1932) http://www.imdb.com/title/tt0023622/
Bringing Up Baby (1938) http://www.imdb.com/title/tt0029947/
Ninotchka (1939) http://www.imdb.com/title/tt0031725/
The Shop Around the Corner (1940) http://www.imdb.com/title/tt0033045/
The Lady Eve (1941) http://www.imdb.com/title/tt0033804/
To Be or Not to Be (1942) http://www.imdb.com/title/tt0035446/
Adam's Rib (1949) http://www.imdb.com/title/tt0041090/
The African Queen (1951) http://www.imdb.com/title/tt0043265/
 
Член од
1 октомври 2009
Мислења
109
Поени од реакции
18
Лев Кулешов - Авантурите на е одличен филм од овој голем режисер. Подолго време го барам од него Луч Смерти -Death ray, интересен футуристички експеримент, ама тешко да се најде по нетов. Добар пример за почетоците на филмските експерименти воопшто .
Друго од руските големци Всеволд Пудовкин со епскиот Мајка . И како врв на оваа кинематографија, било кој филм на Сергеј.м Ејзенштајн

 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
855
Certified Copy (2010)



Филмот го гледав зошто ми се гледаше филм налик трилогијата Три бои, па и го најдов овој, и иако нема некој голема поврзаност меѓу темите, мислам дека на сите оние што им се допаднал Три бои, ќе им се допадне и овој. Кога сме веќе кај Три бои ме мрзи да правам рецензија на трите филма, така да само ќе кажам дека Црвено според мене беше најдобар, а по форумов колку што приметив за жал најчесто само Сино е гледан.
Е сега во "Оригилна копија" Ел е Французинка која живее во Италија, а Џејмс Милер е Англичанец кој доаѓа во Италија на промоција на својата книја "Оригинална копија", која е критика/ филозофија на уметноста. Со тек на филмот улогата нa Џејмс се менува за на крај да ја достигне спротивноста на таа улога што ја има на почетокот на филмот, што го прави филмот единствен. 90% од филмот е дијалог меѓу нив двајца каде што се обработуваат машко- женските односи. Во филмот се зборува на три јазици, и освен главната тематика се анализира и дел од уметноста, односно интерпретација на уметноста од страна на субјектот.
Ми се бендиса многу една критика која мислам дека убаво го опишува филмот

A remarkable meditation on the meaning of art, love, history, and the definition of reality.
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
421
Поени од реакции
421
Lilya 4 Ever (2002)
Една од најдобрите социјални теми. Лично за мене, овој филм има огромно значење, тотално ми го промени мислењето за светот и животот воопшто. Лично мое откритие.

Kitchen Stories (2003)
Уникатен филм за пријателството, за важноста на комуникацијата, за животот и за уште некои други работи.

Ме мрзи да пишувам повеќе, а и претпоставувам нема потреба, не верувам дека ќе има поплаки од оние што ќе ги гледаат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom