За сите почетници

  • Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Е па вака овде ке наведам неколку основни работи кој што треба да се знаат така општо ако сакате да направите малку подобра фотографија. Не е финатат само чкрапај со фотоапаратот

[FONT=M_Swiss]Една од можните дефиниции за фотографијата би била дека Фотографијата претставува забележување на светлоста, директна, или рефлектирана, врз медиумот. Под медиум тука подразбирам фото емулзија (филм), или пак дигитален сензор.
Доколку појдеме од една ваква дефиниција, тогаш се` што претставува контрола кај фотоапаратот, се` што ќе биде опишано како техника на фотографирање, всушност претставува контролирање на начинот како ќе биде забележана светлоста.

На крајот, на вас е да решите како сакате таа ”светлост” да изгледа на крајната фотографија и секако да го контролирате процесот на фотографирање со цел да го добиете саканиот резултат.

Да почнеме од најосновните работи:

1. Светлост

Веројатно во сите други области, освен фотографијата, светлоста се мери во луксови. Од повеќе причини, тоа во фотографијата не е практично. Некои од причините би биле дека станува збор за рефлектирана и директна светлост, дека количината на оваа ”комбинирана” светлост треба функционално да се поврзе со контролите на фотоапаратот и т.н.

Се на се, во фотографијата нивото на светлоста се мери (претставува) со т.н. EV (Exposure Value) вредности и се пишува EV -1; EV 0; EV 1 итн.

Претставувам дека забележавте дека постојат и негативни вредности на ЕВ. Тоа е затоа што ЕВ 0, всушност, не се однесува на тотална темница. Забуната да биде уште поголема, ЕВ 0 не се дефинира, иако може да се искаже преку единица мерка за светлост (lux), туку тоа е количина на светлост која поминува низ отвор на бленда ф/1.0 во време од 1 секунда.
За почеток звучи збунувачки, но ги дефинира основите на функционирањето на контролата над светлоста во фотографијата. Во крајниот изглед на фотографијата, количината на присутна светлост е само посредно битна. Она што го диктира крајниот исход е количината на светлост која ќе допре до медиумот. При тоа: Секоја следна ЕВ (”нагоре”), претставува дуплирање на количината на светлоста, а секоја последователна ЕВ ”надолу”, претставува преполовување на светлоста.
Во странската литература, за секоја од овие стапки на осветлување често пати се користи и изразот ”стоп”.

Чисто за ориентација, би претставил една ваква табела:
+ 3 EV = + 3 stops = 8x количина на светлост
+ 2 EV = + 2 stops = 4x количина на светлост
+ 1 EV = + 1 stops = 2x количина на светлост
+ 0 EV = Нормална Експозиција
- 1 EV = - 1 stops = 1/2x количина на светлост
- 2 EV = - 2 stops = 1/4x количина на светлост

Секоја следна вредност е дадена во однос на, условно наречената, Нормална Експозиција.

2. Контроли ја одредуваат количината на светлост која ќе допре до медиумот

Во основа, за да направите некаква фотографија, се што ви е потребно се:
1. херметички (за светлост) затворена кутија ;
2. отвор низ кој ќе помине светлоста и
3. медиум на кој ќе биде забележана светлоста

Ова е крајно поедноставување на работите, но во основа е сосема точно. Верувам дека од самиот почеток е јасна една работа... треба да има начин како да се одреди почетокот и завршувањето на процесот на снимањето.
Тоа се прави со помош на:


а. затворач (Shutter).

Оваа контрола во нашата литература честопати се нарекува завеса. Изразот е последица на конструкцијата која затворачите порано ја имале (платнени завеси), но и на основната функција која ја има, а тоа е да ја затскрие светлоста која доаѓа до медиумот.

Кај современите, аналогни, апарати Shutter-от најчесто се изработува од пластика или тенки метални листови чие движење електронски се контролира од фотоапаратот.

Функцијата на затворачот е да овозможи, точно дозирано (по времетраење) изложување на медиумот на дејството на светлоста која поминува низ отворот на објективот.

Иако дигиталните апарати немаат вакви затворачи, изразот сеуште постои од практични причини.

Времетраењето на изложувањето на медиумот на светлоста, во нашата литература, се нарекува време на експозиција (од англискиот збор exposure - изложување). За да нема забуни, во литературата пишувана на англиски јазик, терминот експозиција (exposure) се однесува на вкупното осветлување на медиумот и е функција на протокот на светлост во единица време и времетраењето на протокот. Соодветниот израз за ”време на експозиција” во странската литература е Shutter speed (брзина на затворачот).

Времето на експозиција се одредува во секунди и делови од секундата, и како такви ќе ги најдете на контролното копче на апаратот, или пак ќе можете да ги прочитате на дисплејот во окуларот/LCD-то.

Најчеста форма на пишување на овие вредности е:
1” – за експозиција од една секунда;
15” – за експозиција од 15 секунди;
1/2 – за експозиција од половина секунда, или на пример
1/2000 – за експозиција од една двеилјадетинка од секундата...


При тоа, доколку ги погледнеме основните вредности на времето на експозиција, тие се распоредени да можат ефективно да ја преполовуваат, односно дуплираат количината на светлост која ќе допре до медиумот. Така промената на време на експозиција од 1/30сек на 1/60сек, ќе ја преполови количината на светлост, или пак на промена од 1/250сек на 1/125сек ќе ја дуплира количината на светлост која допира до медиумот. Денешните фото апарати имаат можност да одредуваат и меѓувредности, па затоа еве ги набројани основните вредности на траење на експозиција:

1/2000сек; 1/1000сек; 1/500сек; 1/250сек; 1/125сек; 1/60сек; 1/30сек; 1/15сек; 1/4сек; 1/2сек; 1сек; 2сек; 4сек и т.н.
Многу логичен распоред би рекол
Колку да спомнам, постојат и експозиции од повеќе саати, а има фото апарати кои се способни за експозиции во траење и од 1/9000, па и 1/12000 од секундата.
Во некој од следните текстови ќе навлеземе и во креативната улога на брзините на експозиција при фотографирањето. Сега за сега, сметам дека е доволно на тоа да гледаме како еден од начините да се ограничи количината на светлоста која допира до медиумот.

На неколку места во текстов веќе е спомнат протокот на светлоста низ отворот, па дури и е спомнат проток на светлост во единица време. Ова не води до втората контрола над количината на светлоста која допира до медиумот:


б. Бленда (aperture)

Секој апарат, со одредени дамнешни исклучоци (во денешно време користени само како експериментални), има објектив.

Зборот објектив во денешно време е општо познат, но за да не биде прескокнато, ќе го објаснам едноставно како склоп на леќи, изработени и организирани на специфичен начин и поставени во метална или пластична цевка, чија работа е сцената која е пред нас да ја пренесат на најквалитетен можен начин до медиумот. Веројатно ова и не е некоја прецизна дефиниција, но за подобра ќе морате да посетите некој од курсевите за фотографија, или да купите книга од некој еминентен автор како што веќе препорачав во воведот

Објективот, во нашата литература најчесто нарекуван леќа, има одредени карактеристики и содржи повеќе контроли кои имаат влијание врз крајниот резултат на процесот на фотографирање.

Овде би се задржал на една од контролите, а тоа е блендата. Англискиот израз за бленда е aperture, иако понекогаш може да госретнете и изразот diafragm (во смисла на дијафрагма) . Во основастанува збор за конструкција која наликува на ирис составен одповеќе ливчиња, распоредени во приближно кружна форма, кој енаменет да ја контролира големината на отворот низ кој поминува светлоста. Нормално, поголем отвор значи проток на повеќе светлост во единица време и обратно.

[/FONT]
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
OK od sega ke si sredvam izvini so te izmaciv oti ne bev tuka jas da go sredam ;)
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Сакам да кажам само едно нешто јас на почетниците во фотографијата. Не почнувајте со прескап фотоапарат, земете нешто кое ќе ви биде компатибилно/аматерско но добро. Јес да ќе бидете ограничени со функции ама сепак ќе вадите добри фотографии доколку имате такво „око„:)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Да, ама тие кои можат да си дозволат, нема да им биде на штета да си земат и профи/полупрофи, хехе.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Епа тогаш не би ја осетиле маката на вадење убави фотки со полош апарат. И башка потрагично е да се разочараш од нешто многу поскапо и по професионално него од нешто што е аматерско. Сепак останувам на тоа за сите ептен тазе почетници да си земат апарат од аматерска класа а докоолку видат дека им иде да се апгрејднат
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Не значи дека ако имаш нешто по профи дека нема мака. Што повеќе подесувања, повеќе нервози. Ако почне да те секса, ќе те секса до крај. Ама кога ќе ти тргне, самиот си се чудиш како е можно ти такви слики да направиш.

Во секој случај, треба учење.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Муабетов го затеравме нешто како законот што е за автомобили во Италија. Луѓето што сакаат да полагаат полагаат, ама за обични автомобили. Доколку имаат повеќе пари и сакаат да возат појака кола Ламбурџини, Ферари, Порше, полагаат за тие коли. Значи сепак постои граница постои лимит до каде се' треба да оди. Јас не викам НЕ, НЕ КУПУВАЈТЕ СКАПИ АПАРАТИ НЕ ВЕ БИВА, купи ама имај предзнаење малце, прво магарето се јава па коњот, скалите се убави ако се наменети за искачување, а не за симнување. леле што праи ова алкохолов значи филозофски мисли:pos::pos:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
А јас викам дека со расен "коњ" ќе научиш побрзо и поубаво да јаваш :)
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Хахаха епа добро ај учи се да возиш прво во ферари ако не. По расен коњ од тој нема мислам. ОК кој како сака, најважна е основата да знаете како да стискате на копчето за сликање а тоа понатака е исто како запишување во средно, се запишуваш за да научиш повеќе, па факс па ово па оно. Ако ја имаш основата, и пред се желбата ќе стигнеш далеку. Ај толку од мене добра ноќ идам да се докусурам у биртија
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ако со години јаваш глуп коњ губиш време залудно, пошто си научил да го јаваш за еден ден и наместо да се апгрејдуваш, стагнираш. Затоа, иди директно у финале. Основните предзнаења се потребни, ама можеш да се запознаеш со нив и на некое поасално парче.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Е па ај и јас да се уклучам во дискусијата. Според мене ако аматер земи профи или полу профи апарат ќе се чуди како теле во шарена врата. Има еден тон опци од кои почетникот ќе нема појма зошто се или ќе му се иклучи на грешка и после ке пцуе по тој шо му го продаде дека нечини апаратот. Така да за почетници е многу подобро аматерски апарат , шо викам пуштај го и само чкрапај, вади фотки. Ем ке си биди задоволен ем ке си има поке пари во џебот :)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
FLiX напиша:
Е па ај и јас да се уклучам во дискусијата. Според мене ако аматер земи профи или полу профи апарат ќе се чуди како теле во шарена врата. Има еден тон опци од кои почетникот ќе нема појма зошто се или ќе му се иклучи на грешка и после ке пцуе по тој шо му го продаде дека нечини апаратот. Така да за почетници е многу подобро аматерски апарат , шо викам пуштај го и само чкрапај, вади фотки. Ем ке си биди задоволен ем ке си има поке пари во џебот :)
Па некогаш мора да го земе во рака и професионалниот и да почне да му ги учи опциите. И да има искуство со аматерски апаратчиња, кога ќе му дојде во рака професионалниот, пак ќе се чуди ко муле. Што побрзо ќе почне да го учи професионалниот, толку побрзо ќе го совлада. Мислам, која филозофија е да сликаш со апарат кој се ти штима сам? Што може да научи од таков апарат?
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
E pa zato i jas na toa pomisliv , so znam jas pocnav so amaterski nauciv se na nego i popoleka si se usovrsuvav i mnogu polesno se naviknav na profeionalnite iako ne rabotam cesto so niv :)
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Мистичен напиша:
Мислам, која филозофија е да сликаш со апарат кој се ти штима сам? Што може да научи од таков апарат?
Еве ја ќе ти кажам што ќе научи, зашто јас научив многу работи:) научив т.е. слушнав од многу луѓе пофалби за моите слики така да научив дека треба да почнам да се бафтам со таа ствар. Научив дека ИДИОТ апаратот ми е основа, и сега збирам пари молам роднини позајмувам за да купам нешто поново
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
19
Ако можеш да си дозволиш поскап (профи/полупрофи) апарат тогаш подобро би било таков да си земеш. Е сеа на почеток нема да знаеш кое копче за што служи ама ако сликаш со идиотче на почеток пак нема да знаеш :)...така да не се будалете, само со шкрапање неможе да се научат опциите на профи апарат :), земете си подобар на почеток и учете како се слика :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom