Дечки ми треба совет.
Со фотографија се занимавам бааги години, се разбира аматерска, не сум навлегувал многу во детали за композиции, сето тоа сум го правел интуитивно и најчесто со мобилен телефон
Се решив да си купам профи/полупрофи фотоапарат. Имам некои дилеми па ајде да ги кажам.
1) Дали и колку е паметно да се купува фотоапарат на старо?
2) Кој апарат е добар за 200-300е (се разбира на старо)? Налетав на многу апарати на нет од Никон и Канон, Олимпус помалку ама сепак сум речиси лаик.
3) Дали во МКД може да се заработи само со сток фотографии и има други начини?
Еве некои слики направени со обичен Нокиа
Прегледај го приврзокот 28529Прегледај го приврзокот 28531Прегледај го приврзокот 28532Прегледај го приврзокот 28533
Јас сите апарати кои сум ги имал сум ги купил на старо. Купувањето апарат на старо е исто како да купуваш кола на старо - можеш да направиш грешка, но можеш да направиш и многу добар избор и за солидна цена да купиш многу добар апарат, наместо некоја играчка од апарат на ново.
Конкретно за кој модел на апарат и дали Никон или Канон... според мене за кој и да е модел на D-SLR да се одлучиш нема да згрешиш. Апаратот е апарат, фотографот е фотограф. А нема ни да ти биде ни прв ни последен апарат.
За заработката... сток фотографијата е убав начин за почеток на твоето хоби да му дадеш и вредност. Дали ќе заработуваш добро зависи исклучиво од тебе и твоите фотографии. Што повеќе фотографираш и што повеќе твоите фотографии се употребливи, толку поголема е шансата за заработка. Имам пишувано за ова и мои лични искуства на темите за сток фотографија.
На старо незнам ич како одат цените, ама за тие пари можиш да најдиш нешто почетничко , плус за сток неможиш туку така да почнш ти требаат барем два блица софт бокс, чадори, и други глупости плус има премногу конкуренција и тешко е да се заработи , треба секој ден да сликаш и тешко е да успееш да правиш добра пара од тоа.
Нема врска, не го лажи. За сток ти е потребен само солиден (не којзнае каков D-SLR) и да ти работи мозокот да направиш фотографија која има комерцијална вредност. Ако имаш креативност еднаква на нула, никакви блицови и чадори нема да ти ја продатат фотографијата.
Моите сток фотографии се продадени стотици пати, а ниту една не е сликана со чадор или во бокс. Повеќето се направени на дневно светло, друг дел од нив со обичен блиц и тоа со кит објектив.
И да, за 200-300 евра се наоѓа сосема солиден половен D-SLR со кој може да се прават екстра добри сток фотографии.