За решението за името ќе одлучуваат граѓаните на референдум

  • Вкупно гласачи
    115
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
„Ние во 2008 година пред Букурешт не прифативме да се смени името, туку прифативме предлогот на Нимиц да се стави на референдум. Тоа е голема разлика. Ставањето на референдум е најголемата демократска придобивка што може да ја имаат граѓаните и се дава можност тие да кажат да или не. Да прифатат или да одбијат. Тоа е голема разлика но тоа е голем начин некои луѓе да ја манипулираат јавноста“
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Што е најголема придобивка бе ? Кога ќе гласаат и ќоро и сакато што не знаат Македонија на карта да ја покажат а ради х причини (300к косовари и остали тракатанци пошто чичко Сем не пуваше да сме пралее кампови) ќе треба и име да изгубиме?
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Има многу поделени мислења во врска со ова прашање. Баш ме интересира каков ќе биде резултатот барем после една недела. И јас `до вчера` бев за референдум мислејќи дека само народот има право да одлучи ама кога ќе се подразмисли малку повеќе, што знам, ми смрди на нешто.. посебно ми се примочва кога ќе го прочитам она, компромис, предлогот на некојси нимиц. :uzi:
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ова е тешко прашање. Тоа што сакам да го кажам е дека во никој случај не треба да се донесе решение за некаква си промена на име од страна на политичката елита без референдум (нешто што се случи при приемот во ООН). Е сега од друга страна дали е воопшто потребен референдум за ова прашање е друга тема затоа што лично мислам дека преговорите треба да се тераат про форма а да се гледа фактичката ситуација на терен во МК, ГР и ЕУ.
Гласав ЗА само затоа што мене ми личи дека доколку не постои оваа опција за референдум дека некој ќе ни го спакува името како што сака, вака изгледа дека има некаква надеж за името. Добрата вест е што на претходните избори и опозицијата се согласи со референдум.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Нека распишат веќе еднаш тој референдум, да смениме името па да влезиме во ЕУ и НАТО
Па нели во СФРЈ сакаше ти? Не заборавај дека ЕУ, НАТО и илуминатите ја уништија СФРЈ.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Ако притиснат странците, името ќе се смени, без разлика на тоа што сака и што ќе каже народот. Избори се местат, нема проблем и референдум да се намести.
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Вчера читав едно истражување кое вели дека на секој етнички Македонец кој е подготвен за правење компромис за името со Грција за влез на Македонија во ЕУ и НАТО доаѓаат тројца етнички Македонци, кои не сакаат ни да чујат за таков компромис. Но, на таков еден потенцијален референдум за промена на името, не гласаат само Македонците. Така што ако ги додадеме и Албанците, Турците, Ромите на кои ич не им чуе за името, а дел од овие малцински заедници се и лесно поткупливи доаѓаме до една изедначеност во однос на гласањето. Со еден таков потенцијален референдум што и да се изгласа ќе биде со многу тесно мнозинство, а многу е веројатно и да не се исполни кворумот за мнозинство.
 
А зошто мислиш дека Турците би гласале за промена? Или Ромите? Па еве и некои од Албанците? Или можеби Србите? Иначе да и ја мислам дека во моментов максимум да има 20% од Македонците кои се за. Најбитно за таков референдум е што ќе се договори политичката елита. Ситуација во која имаат разлиќни ставови двете најголеми партии е лоша а ако имаат ист став тогаш не ни има потреба од референдум (ист став во смисла ПРОТИВ).
 
За Албанците одамна се знае дека веднаш би го смениле името за влез во НАТО и ЕУ, се разбира дека можеби не сите, ама тешкото мнозинство да. Ич не им чуе, затоа што и така оваа држава не ја чуствуваат за своја.

За Ромите и Турците , ќе биде многу битно како ќе биде договорено со нивните политички претставници да гласаат. Ако македонските политички елити успеат да ги придобијат лидерите на турците и ромите да застанат на наша страна против промена на името во еден хипотетички референдум, тогаш има големи шанси да се задржи уставното име. Меѓутоа ако претежнат некои други струи и се наклонат нивните партии кон други идеи ќе биде ептен тесно.

Инаку да , се согласувам со тебе референдумот ќе биде работа на политички договор, исто како што беше претходниот за територијалната поделба.
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Ако притиснат странците, името ќе се смени, без разлика на тоа што сака и што ќе каже народот. Избори се местат, нема проблем и референдум да се намести.
еее ТОА смрди
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
За Албанците одамна се знае дека веднаш би го смениле името за влез во НАТО и ЕУ, се разбира дека можеби не сите, ама тешкото мнозинство да. Ич не им чуе, затоа што и така оваа држава не ја чуствуваат за своја.

За Ромите и Турците , ќе биде многу битно како ќе биде договорено со нивните политички претставници да гласаат. Ако македонските политички елити успеат да ги придобијат лидерите на турците и ромите да застанат на наша страна против промена на името во еден хипотетички референдум, тогаш има големи шанси да се задржи уставното име. Меѓутоа ако претежнат некои други струи и се наклонат нивните партии кон други идеи ќе биде ептен тесно.

Инаку да , се согласувам со тебе референдумот ќе биде работа на политички договор, исто како што беше претходниот за територијалната поделба.
не те разбирам за тој за територијална поделба. Тогаш само најголемата опозициска партија го поддржа референдумот и затоа не успеа.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
А зошто мислиш дека Турците би гласале за промена? Или Ромите? Па еве и некои од Албанците? Или можеби Србите? Иначе да и ја мислам дека во моментов максимум да има 20% од Македонците кои се за. Најбитно за таков референдум е што ќе се договори политичката елита. Ситуација во која имаат разлиќни ставови двете најголеми партии е лоша а ако имаат ист став тогаш не ни има потреба од референдум (ист став во смисла ПРОТИВ).
Зато шо и да го смениме името, ќе ни удрат блокада нашите стари окупатори, Блгари барајќи промени во политики истории ставови нации, па после нив ќе ни удри блокада Србија (која пред нас ќе влезе во ЕУ) барајќи да отпризнаеме Косово а истовремено ќе ни удрат блоката и Албанија барајќи да не пристанеме на Српски барања и да ја федерализираме Македонија.
Ако сега смениме името, одма ќе не примат во ЕУ негде до мај месец ќе бидиме полноправна членка, па после ние можеме да извадиме карти од Самоил времето и бараме да ни се вратат територии до Београд и Београд, па да се обединиме со Пирин и Егеј а коалициските сили да ги напуштат нафтените полиња во Ирак пошто тие беа дел од царството на Александар и ќе стамене богати и моќни и после ко ќе зависи европа и америка од нашата нафта лесно пак ќе го вратиме старото име.
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
не те разбирам за тој за територијална поделба. Тогаш само најголемата опозициска партија го поддржа референдумот и затоа не успеа.
Најголемата опозициска партија + албанскиот фактор за подршка на референдумот = политички договор. Толку е просто.

Нешто слично ќе биде и за името, ако дојде до референдум.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom