За првпат во Република Македонија е утврдена минималната плата

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
И што ќе се случи со тие што до сега земаа плата под минималецов.
Ќе добијата отказ или магично ќе им порасне платата?
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
имам едно прашање:
Како што наслушнав законов важи од 2012 а работодавците треба да ќе мораат да го спроведат во следните 3 години (т.е 2015) што значи дур има оФци ќе има и волна а тоа значи дека законот како задолжителна минимална плата од 8050 денари во 90% (ако не и повеќе) од случаите ќе стапи на сила во 2015 (што е неколку месеци пред избори ефтин трик за пред избори...) а во меѓувреме ако се пресмета инфлацијата и либерализацијата на пазарот за електрична енергија, растот на останатите енергенси и како иде целиот процес на поскапување на се и сешто епа тие 8050 денари во 2015 година сигурно нема да ја имаат ни половината од сегашната вредност... срамота... јас се израдував демек од 2012 ке било задолжително но ништо... срамота ме разочара веста дека од 2015 ќе е задолжително... :tapp:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Е значи се е политика! За момент заборавив дека се експерти за маркетинг и пропаганда.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
03.10.2011 - 16:29 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ имаше 15 години за утрдување на минималната плата

ВМРО-ДПМНЕ изрази жалење што СДСМ се реши да ја оцрни одлуката на Владата за утврдување минимална плата, нешто што беше поздравено и од синдикатите, и од работодовачите, и од пошироката јавност.

- Жалиме што СДСМ повторно неосновано го критикува секое постигнување и позитивно решение кое е во интерес за сите граѓани, изјави Лилјана Кузмановска, пратеник во Собранието на Република Македонија, реагирајќи на изјавата на Марјанчо Николов од СДСМ.
Таа додаде дека предностите од воведувањето на минималната плата се многубројни, како зголемување на животниот стандард на најсиромашните и најранливи слоеви во општеството, мотивација и охрабрување за вработените да работат повеќе, стимулирање на потрошувачката и зголемување на работната етика и намалување на сивата економија.
Одржливоста на решението за минимална плата, како што рече, е гарантирано од договорот за минимална плата како и со усогласените ставови на сите синдикати во државата како и работодавците.
Според неа, главното прашање на кое СДСМ денес требаше да одговори е зошто цели 15 години не донесе решение за утрдување на минималната плата.
- Нема ниту причина ниту простор за критика, особено поради фактот што со минималната плата се заштитуваат работниците и категориите на граѓани со најниски примања. Тоа е нешто за кое треба и СДСМ да се радува и безрезервно да го поддржи, истакна Кузмановска.

Извор СИТЕЛ ТВ: http://www.time.mk/read/b898c7d69a/bdceeb14d5/index.html
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
ВМРО-ДПМНЕ ( X ) * СДСМ имаше 15 години за утрдување на минималната плата ( 0 ) = 0
Или математички изразено:
X * 0 = 0
(секој број помножен во случајов спореден со нула дава резултат нула)
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
имам едно прашање:
Како што наслушнав законов важи од 2012 а работодавците треба да ќе мораат да го спроведат во следните 3 години (т.е 2015) што значи дур има оФци ќе има и волна а тоа значи дека законот како задолжителна минимална плата од 8050 денари во 90% (ако не и повеќе) од случаите ќе стапи на сила во 2015 (што е неколку месеци пред избори ефтин трик за пред избори...) а во меѓувреме ако се пресмета инфлацијата и либерализацијата на пазарот за електрична енергија, растот на останатите енергенси и како иде целиот процес на поскапување на се и сешто епа тие 8050 денари во 2015 година сигурно нема да ја имаат ни половината од сегашната вредност... срамота... јас се израдував демек од 2012 ке било задолжително но ништо... срамота ме разочара веста дека од 2015 ќе е задолжително... :tapp:
Покачувањето ќе оди етапно во периодот од 2012-2015 за конфекциите и кожарите, за другите сектори законот стапува на сила од јануари 2012 година.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
сега ќе видам колку ќе земам после 14ти, ама мислам дека овој закон од владата нема да важи за нас. бидејќи сум платен по ден, колку денови, толку плата
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
сега ќе видам колку ќе земам после 14ти, ама мислам дека овој закон од владата нема да важи за нас. бидејќи сум платен по ден, колку денови, толку плата
Највеќе ќе имаат оние вработените во текстилната индустрија, а ти на пола работно време си пријавен?
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892

8000 денари од кои работниците ќе бидат приморани 3000 да вратат. 8000 само ќе поминат на сметка!

8000! ДЕНАРИ АЛО!....Што ќе направите со 8000 денари. 3а тоалетна хартија нема да ви стигне...
 
М

Мартин`

Гостин
8000 денари од кои работниците ќе бидат приморани 3000 да вратат. 8000 само ќе поминат на сметка!
8000! ДЕНАРИ АЛО!....Што ќе направите со 8000 денари. 3а тоалетна хартија нема да ви стигне...
Со ваква напредна технологија секој може да го снима газдата ако им бара да ги вратат парите назад, или пак да речеме да ги обележи парите а предходно пријави во полиција. Ако се плаши народов да го направи тоа и ќути тогаш искрено не ни заслужува ништо подобро . 150~ евра е минимална плата во Албанија како што знам значи тука некаде.. сепак битно е од некаде да почне а чим почнало е бар нешто позитивно ..
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Па сестра ми е пријавена на пола работно време 4 часа дневно. Не знам баш многу околу тоа затоа нема да коментирам, ќе ја прашам утре. :)
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Па сестра ми е пријавена на пола работно време 4 часа дневно. Не знам баш многу околу тоа затоа нема да коментирам, ќе ја прашам утре. :)
ахм :) јас сум 8 часа на работа :) значи полно работно
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
ахм :) јас сум 8 часа на работа :) значи полно работно
Да полно работно време, и на дневница си просмена нагоре, во завод пријавен тече стаж уживај, само види во кој пензиски фонд ќе бидеш дека има многу заебанции во новите колку пари ќе ти стават, кога ќе се пензионираш толку ќе земеш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom