За моторите зелениот картон ќе чини 30 евра за цела година

Gixxer

Premier Сasual Dating - Verified Ladies
Член од
9 декември 2010
Мислења
131
Поени од реакции
89


НАШЕТО БАРАЊЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ЗЕЛЕНИОТ КАРТОН Е УСВОЕНА. ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА ОД ПРВИЧНОТО ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ЗЕЛЕНИОТ КАРТОН ВЛАДАТА КОНЕЧНО ПОЗИТИВНО СЕ ПРОИЗНЕСЕ ПО НАШИОТ ПРЕДЛОГ.

Тропнавме на многу врати, се јавивме кај многу пријатели, имавме поддршка од повеќе поединци, клубови и од МФМ и конечно на вчерашната владина седница пратениците се произнесоа по основ на нашето барање. Наместо досегашните 90 евра за зелен картон, од сега ќе плаќаме само 30 за период од една година. Во игра беа повеќе предлози, како намалување на периодот на кој ќе се вади зелениот картон, или да остане вредноста на истиот но да важи две години, за на крај Владата да одлучи зелениот картон за една година да чини 30 евра.

Со ова беше позитивно одлучено по основ и на последното барање кое го доставивме кон крајот на 2011 година, а до сега ни беа усвоени барањата за дозвола за увоз на мотоцикли од САД, регистрација на моторите на период пократок од една година и бесплатен паркинг за моторите во Општина Центар. Кампањата која ја започнавме со возење низ улиците на Скопје се покажа како успешна, иако чекавме подолго отколку што се надевавме.

Им благодариме на сите знајни и незнајни јунаци кои помогнаа во реализацијата на овие барања, на сите оние кои беа покрај нас и ни даваа поддршка во изминатиот период и кои не изгубија надеж дека можеме да ја истераме работата до крај.


Но ние не застануваме тука, продолжуваме понатаму, следен чекор е барањето за изградба на тркачка патека односно стази за натпревари во брзински мотоциклизам, супермото, крос, картинг и автомобилизам во близината на Скопје. Планот е веќе подготвен во соработка со МФМ, а со поддршка од Владата се надеваме дека до крајот на годинава ќе биде реализиран и овој проект.

Извор
 
Член од
30 ноември 2012
Мислења
96
Поени од реакции
90
Добра работа браво :) знам одамна за ова се залагате :)
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Честито. Ај сега и за автомобили да го намалат. :)
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
АЈде за убо да е :) .
Сега уште да купам појак мотор и бичиме по странство.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Браво конечно нешто добро .
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Редно беше да се случи нешто вакво, сепак треба да не стимулираат, не резервираме место по "патиштава", за оштетување нема потреба да се дискутира...
Во секој случај БРАВО !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom